Македонија

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии

Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на законот за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Македонија за безбедносна зона, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, сите по скратена постапка.

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на законот за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Македонија за безбедносна зона, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, сите по скратена постапка.

На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, во второ читање, Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за волонтерството во прво читање и Предлог на законот за изменување на Законот за младински додаток во прво читање.

На Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на законот за претворање на побарувањето на РепубликаМакедонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување на Законот за заштита од вознемирување на работно место во второ читање, Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за волонтерството во прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за младински додаток во прво читање, Предлог на законот за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка, Предлог на законот за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Македонија за безбедносна зона, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка.

Најнови вести од Македонија

To top