
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



ЛОНДОН (АА) – Велика Британија, Франција и Германија денес го осудија продолженото блокирање на хуманитарната помош за Појасот Газа од страна на Израел, барајќи итно обновување на непреченото доставување на помошта и повикувајќи на обновени напори за постигнување прекин на огнот, јавува Анадолу. „Израел веќе целосно го блокира влезот на хуманитарната помош во Газа повеќе од педесет дена“, се наведува во заедничката изјава на министрите за ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 39 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 51.305, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во болниците се пренесени 105 повредени лица, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 117.096 . ...
СКОПЈЕ (АА) - Шумски пожар кој брзо се шири зафати околу 8.500 хектари во близина на брегот на Њу Џерси, во Соединетите Американски Држави (САД), предизвикувајќи масовни евакуации, затворање на патишта и прекини на електричната енергија во округот Оушн, соопштија властите, јавува Анадолу. Пожарот, познат како „Џонс Роуд“, избувна вчера изутрина во областа за управување со диви животни „Гринвуд Форест“ во близина на Барнегат Тауншип и до вечерта ...
АНКАРА (АА) - Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, денес изјави дека добил поддршка од американските републиканци за неговиот предлог да се бомбардираат складиштата со храна и хуманитарна помош во Појасот Газа, јавува Анадолу. Министерот синоќа беше на вечера во одморалиштето Мар-а-Лаго на американскиот претседател Доналд Трамп, во Флорида. На вечерата присуствуваа и републиканци и бизнисмени. Во ...
СКОПЈЕ (АА) - Телото на папата Франциск денеска беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, каде што ќе биде изложено за последен поздрав на верниците во текот на следните три дена, пред погребот што ќе се одржи в сабота на 26 април, јавува Анадолу. Починатиот поглавар на Римокатоличката црква, кој почина на Велигден во понеделникот на 88-годишна возраст, ќе биде испратен со највисоки почести. На погребната церемонија ќе присуствуваат светски ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф остро го осуди бруталното убивање на над 50.000 невини Палестинци за време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во главниот град Анкара, јавува Анадолу. „Повикавме на итен прекин на огнот и непречен проток на хуманитарна помош за палестинскиот народ. Го повторивме нашиот повик за одржлива, независна и соседна палестинска држава со граници од пред 1967 ...
АНКАРА (АА) - Министерот за финансии на Израел и началникот на Армијата се судрија околу дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа, додека Тел Авив продолжува со задушувачката блокада на разурнатата од војна енклава, јавија денес израелските медиуми, пренесува Анадолу. За време на состанокот на израелскиот безбедносен кабинет синоќа, министерот за одбрана Израел Кац рекол дека Тел Авив ќе мора да продолжи со испораката на хуманитарна помош во ...
ПРИШТИНА (АА) - Конститутивната седница на косовското Собрание е прекината по четврти пат за именување на претседателот на деветтиот состав на законодавниот дом, јавува Анадолу. На седницата, пратеникот од Движењето Самоопределување, Глаук Коњуфца, рече дека за претседател го имаат истиот предлог, Албулена Хаџиу. Но, бидејќи, како што рече Коњуфца, политичките партии се изјаснија дека нема да ја поддржат Хаџиу за претседателка на Собранието, тој ...
СКОПЈЕ (АА) - Еден од најактивните вулкани во светот, Килауеа на Хаваи, повторно еруптираше вчера, соопшти Хавајската опсерваторија за вулкани, пренесува Анадолу. Ова е 18-та ерупција на Килауеа од 23 декември 2024 година наваму, што го потврдува неговиот статус како еден од најчесто активните вулкани на Земјата. Според податоците на Геолошкиот институт на САД, вулканот и натаму е во портокалово ниво на предупредување, што укажува дека ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелски напад врз училиштето Јафа, во североисточниот дел на градот Газа, каде што се засолнети раселени Палестинци, загинаа 10 лица, а повеќемина се повредени, според првичните информации, јавува Анадолу. Информации за нападот даде Дирекцијата за цивилна одбрана на Газа преку соопштение на платформата Телеграм. Во соопштението се наведува дека Израел го бомбардирал училиштето Јафа, каде што имало засолнето раселени лица во ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Иран соопшти дека техничките преговори на експертско ниво со Соединетите Американски Држави (САД) првично закажани за денес во Оман се одложени за 26 април, јавува Анадолу. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Бакеи, ја даде изјавата вчера, објави државната иранска новинска агенција ИРНА. „Одлуката се заснова на предлог на Оман и со заеднички договор на иранската и американската делегација“, истакна Бакеи. ...
ХЈУСТОН (АА) - Федерален судија во Соединетите Американски Држави (САД) вчера донесе одлука со која ѝ се наредува на администрацијата на Трамп да ја врати во функција медиумската мрежа „Гласот на Америка“, како и другите меѓународни новински сервиси кои беа затворени, јавува Анадолу. Судијата Ројс Ламберт од Окружниот суд на Колумбија пресуди дека обидите за укинување на овие државно финансирани медиуми биле веројатно незаконски и нареди тие да ...
СКОПЈЕ (АА) - Во срцето на јапонската префектура Јаманаши, скриено меѓу планинските предели, се издига „Wanitsuka no Sakura“ - црешово дрво старо околу 330 години кое нуди несекојдневна глетка, јавува Анадолу. Со заднина од силуетата на планината Фуџи, која се појавува како совршен облик на хоризонтот за време на залезот на сонцето, ова црешово дрво создава глетка што го отсликува складот меѓу природата и културното наследство на Јапонија. Ова ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го пофали ставот на Пакистан за палестинското прашање, истакнувајќи дека Пакистан е една од земјите што реагираа „најостро“ на геноцидот во Газа, јавува Анадолу. „Би сакал уште еднаш да кажам дека отсекогаш сме го ценеле цврстиот став на Пакистан за палестинското прашање. Пакистан е исто така една од земјите кои најостро реагираа на геноцидот во Газа“, рече Ердоган на заедничката ...
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет, јавува Анадолу. Средбата во Претседателскиот комплекс во Анкара беше затворена за новинарите. На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, и главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф ...
ГАЗА / АНКАРА (АА) - Палестинските пациенти во Појасот Газа стануваат едни од најтешко погодените жртви на израелската блокада, бидејќи недостигот од лекови и медицински материјали секојдневно става илјадници животи во опасност, пишува Анадолу. Поради затворените гранични премини од 2 март, болниците остануваат без основни ресурси, што создава животно-критични ситуации за пациентите со хронични болести и ранетите во воените напади. ...
ГАЗA / АНКАРА (АА) - Хуманитарната криза во Појасот Газа достигнува критична точка поради израелската блокада која го спречува влезот на основни намирници, предупредуваат локалните власти, јавува Анадолу. „Околу 2,4 милиони Палестинци се соочуваат со сериозна и катастрофална несигурност во храната“, изјави за Анадолу Исамил Тавабте, директор на Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа. Според него, повеќе од 90 отсто од населението во Газа ...
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес оствари средба со Ален Берсет, генералниот секретар на Советот на Европа, за разговори за соработката меѓу Туркије и Советот, јавува Анадолу. За време на средбата, Фидан нагласи дека Туркије им придава значење на односите со Советот на Европа, чијшто е членка основач, истакнаа извори од турското Министерство за надворешни работи. Фидан изрази поддршка за напорите на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Шефот на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), Филипо Лазарини, денес ја осуди израелската опсада на Газа, која продолжува од 2 март, и повика на продолжување на прекинот на огнот, јавува Анадолу. „Уште колку е потребно за празните зборови да се претворат во дела за да се стави крај на опсадата, да се продолжи прекинот на огнот и да се спаси она што останало од човештвото?“, напиша Лазарини на ...
СКОПЈЕ (АА) - Снимка со дрон ги прикажа расцветаните лалиња во една од најголемите цветни градини во светот, „Којкенхоф“, позната и како „Градината на Европа“, во холандскиот град Лисе, јавува Анадолу. Градината уште еднаш го претвори градот во живописна и шарена разгледница, додека лалињата, зумбулите, нарцисите и лилјаните создадоа неверојатен цветен тепих што го одзема здивот. Градината, која се простира на површина од 32 хектари, е отворена ...
СКОПЈЕ (АА) - Разнобојниот жив свет во аквариумите отсекогаш го привлекувал вниманието на посетителите поради можноста да се „нурнат“ во богатиот екосистем на длабоките мориња и океани. Фоторепортерот на Агенција Анадолу го сними аквариумот во главниот град на Туркије, Анкара, каде што може да се видат многу видови слатководни риби. Аквариумот на слатководни риби нуди визуелна „гозба“ со нивните видови перки, интеракции со светлината, ...
СКОПЈЕ (АА) – Метеорскиот дожд Лириди ја осветли ноќта над геолошкиот локалитет Караѓол во подрачјето Кизилџахамам, во близина на турската престолнина Анкара, овозможувајќи им незаборавно искуство на љубителите на ѕвездите, јавува Анадолу. Во раните утрински часови небесниот спектакл го претвори небото во вистинска сцена за набљудување на овој природен феномен што секоја година го обележува пролетниот период. Посетителите на локалитетот имаа ...
ЖЕНЕВА (АА) – Канцеларијата на Обединетите нации за координирање на хуманитарната помош (OCHA) денес предупреди дека хуманитарната криза во Појасот Газа ја достигнала најкритичната точка од почетокот на војната, како резултат на блокадата на хуманитарната помош 51 ден по ред, јавува Анадолу. „Во моментов ова е најлошата хуманитарна ситуација што сме ја виделе во текот на војната во Газа“, рече Јенс Лаерке, портпаролот на OCHA, на брифингот на ...
АНКАРА (АА) - Најмалку уште 26 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади во Газа во изминатите 24 часа, со што бројот на убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година наваму порасна на 51.266, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека уште 60 повредени Палестинци се префрлени во болниците, со што вкупниот број на повредени од почетокот на израелските напади достигна 116.991. ...
СКОПЈЕ (АА) – Ватикан ги објави првите фотографии и снимки од телото на починатиот папа Франциск, кое е положено во капелата Санта Марта, која тој ја користеше и како негова резиденција, јавува Анадолу. Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, ја посети капелата и се помоли покрај телото на папата. На видеото објавено од Ватикан денес се гледа отворениот ковчег на папата, положен во црквата. Дрвениот ковчег, украсен со црвено ...
СКОПЈЕ (АА) - Вулканот Поас во Костарика предизвика најинтензивна ерупција оваа година, исфрлајќи пепел и гас што достигна височина над 2.000 метри над кратерот, јавува Анадолу. Според податоците на Волканолошко-сеизмолошката опсерваторија на Костарика (ОВСИКОРИ), ерупцијата траела 10 минути, а пепелта достигнала 4.708 метри надморска височина. Поради силниот ветер пепелта се проширила и била забележана во неколку региони, меѓу кои Зарсеро, ...
ЛОНДОН (АА) - Погребот на папата Франциск ќе се одржи во сабота на 26 април, потврди Ватикан денес, јавува Анадолу. Ватикан соопшти дека погребот на папата ќе се одржи во 10 часот по локално време. Одлуката е донесена на состанокот на кардиналите рано утринава, а конклавата за избор на нов папа ќе започне на 5 мај. Во февруари папата Франциск беше примен во болница во Рим со бронхитис, кој премина во пневмонија. Тој беше отпуштен по 38 дена за ...
СКОПЈЕ (АА) - Децата во населбата Јоф во Дакар, главниот град на Сенегал, ги обоија своите лица и ги облекоа традиционалните костими со пердуви за да ја одбележат велигденската традиција позната како „Симб“, древен обичај што низ годините се претвори во симбол на храброст, сила и достоинство, јавува Анадолу. „Симб“, што во превод од локалниот јазик волоф значи „лав“, претставува уникатна културна изведба, при што децата преку специфична игра и ...
СКОПЈЕ (АА) – Обилните врнежи од дожд во регионот Џаму и Кашмир под индиска управа предизвикаа лизгање на земјиштето и удари од гром, при што има големи штети и загинати, јавува Анадолу. Според официјалните претставници, три лица, од кои две деца, загинале во лизгање на земјиштето во областа Рамбан. По инцидентот над 100 луѓе се евакуирани од безбедносни причини. Поради поплавите и одроните затворени се неколку патишта, со што се нарушени ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека Туркије стана една од единствените 11 земји кои можат да произведуваат сопствен комуникациски сателит, јавува Анадолу. Говорејќи на церемонијата на пуштање во употреба на ТУРКСАТ 6А, Ердоган рече дека со лансирањето на ТУРКСАТ А6, покриеноста на населението во светот со турски сателити ќе се зголеми од 3,5 милијарди на 5 милијарди. Туркије сега има значајна можност да основа ...