Кремљ ја поздрави измената во стратегијата за национална безбедност на администрацијата на американскиот претседател Трамп, во која Русија веќе не се наведува како директна закана. Во документот дури се остава можност за соработка во областа на стратешката стабилност. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за ТАСС изјави дека ваквиот пристап го сметаат за охрабрувачки чекор. Тој додаде дека Москва детално ќе ги анализира новите формулации и ...

Најмалку 25 лица загинаа, а повеќемина се повредени во тежок пожар што околу полноќ го зафати популарен ноќен клуб во Арпора, во индиската држава Гоа. Според првичните информации на локалната полиција, пожарот бил предизвикан од експлозија на плинска боца во кујната, по што огнот брзо се проширил низ објектот. Поголемиот дел од загинатите биле вработени во клубот, но властите потврдија дека меѓу жртвите има и тројца до четворица туристи. ...

Би било неприфатливо Украина едноставно да се откаже од територија во кој било мировен договор со Русија, изјави командантот на вооружените сили на Украина во ексклузивно интервју. Генералот Олександр Сирски предупреди дека Русија ги користи мировните преговори со посредство на САД како „покритие“ за да се обиде со сила да заземе повеќе територија на фронтот, објави Скај њуз. Во интервју снимено на импровизирана командна станица во источна ...

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски му порача денес на американскиот милијардер Илон Маск—кој повика на „ликвидација на Европската унија“—да „одлета на Марс“, бидејќи „таму нема цензура на нацистички поздрави“. Маск, откако неговата мрежа X доби казна од 120 милиони евра поради кршење на европските регулативи, најнапред повика на распуштање на ЕУ и враќање на „суверенитетот на државите членки“. Во следната порака праша ...

Кремљ ја оценува како позитивен сигнал промената во Стратегијата за национална безбедност на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во која Русија повеќе не се наведува како „директна закана“, а документот дури повикува и на можност за соработка во сферата на стратешката стабилност. — реклама — „Сметаме дека ова е позитивен чекор“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за агенцијата ТАСС коментирајќи ја изменетата ...

Четиринаесет лица загинаа, а триесет и четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа кога автобус со патници се преврте на релацијата меѓу Бешар и Тиндуф, во крајниот југ на Алжир, соопштија локалните служби за цивилна заштита. — реклама — Несреќата се случила во градот Тебелбала, околу 400 километри јужно од Бешар. На фотографиите што ги објавија локалните медиуми се гледа автобус превртен на покрив покрај патот, со значителни оштетувања на ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противавионските сили во текот на изминатата ноќ пресретнале и уништиле 77 украински беспилотни летала над неколку руски региони. — реклама — „Дежурните системи на противвоздушната одбрана пресретнаа и уништија 77 украински дронови“, стои во соопштението што го пренесоа руските медиуми. — реклама — Според истите информации, во Саратовската област биле уништени 42 дронови, додека во Ростовската област ...

Доха, 6 декември 2025 (МИА) – Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара го обвини Израел дека „извезува кризи“ во другите земји низ регионот со цел да го одвлече вниманието од неговите „ужасни масакри во Газа“, пренесе Тајмс оф Израел. - Израел се обидува да побегне од ужасните масакри извршени во Газа, и тоа го прави со обид да извезува кризи, рече Шара за време на Форумот во Доха во Катар. - Израел стана земја која е во војна против духови, тврди ...

Русија во текот на ноќта кон 6 декември изведе еден од најмасовните комбинирани напади врз украинската енергетска инфраструктура, погодувајќи трафостаници, производствени постројки и една од двете клучни линии што го напојуваат нуклеарниот комплекс во Запорижје. Според украинската Воздушна сила, Русија лансирала 65 беспилотни летала од типот „Шахед“, 36 крстосувачки ракети и 17 балистички ракети. Забележани се 60 погодоци на 29 локации низ ...

Одлуката на Европската комисија да ја казни социјалната платформа X со 120 милиони евра предизвика жестока реакција од нејзиниот сопственик Илон Маск, кој директно ја нападна Европската унија и нејзината институционална улога. Маск преку објава на X порача дека Европската унија треба да биде укината, а суверенитетот да им се врати на поединечните држави, со цел владите подобро да ги претставуваат своите граѓани. „ЕУ треба да се укине и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер. „Украина е посветена да продолжи да работи во добра волја со американската страна со цел вистински да се постигне мир. Се договоривме за следните чекори и формати на преговори со Соединетите Американски Држави“, ...

Американскиот Стејт департмент даде зелено светло за неколку значајни меѓународни договори за продажба на воена опрема, соопшти Пентагон, наведувајќи дека меѓу купувачите се Данска, Јужна Кореја и Италија. Данска доби одобрение за набавка на интегриран систем за управување со битки, кој вклучува можност за индиректна огнена поддршка и дополнителна сродна опрема. Вредноста на потенцијалниот договор е проценета на околу три милијарди американски ...

Седум полицајци и еден искусен ловец мораа да интервенираат за да отстранат алигатор долг 4,2 метри и тежок над 270 килограми кој блокира автопат во Флорида. На снимките на социјалните мрежи е прикажан големиот напор на осумте мажи за скротување на алигаторот кого успеваат да го кренат и сместат во камионет. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со ...

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека нема да стои со скрстени раце пред прекршувањата на човековите права во светот. – Сакам да повторам дека Светата столица нема да стои настрана пред сериозните нееднаквости, неправдите и кршењата на основните човекови права во нашата меѓународна заедница, која е сè повеќе фрагментирана и зафатена од конфликти, рече папата. Папата ги даде овие изјави пред новите амбасадори во Ватикан на Узбекистан, Молдавија, ...

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ во јуни, заедно со Националниот одбор за безбедност на транспортот, дознава порталот Блумберг од неименувани извори. Индиските истражители планираат да ги споделат наодите, вклучувајќи ги сите информации собрани од црната кутија и податоците за летот во пилотската кабина на авионот, се наведува во ...

По неодамнешниот договор за прекин на огнот, Витлеем одлучи да ја одржи традиционалната прослава на Божиќ, вклучувајќи го осветлувањето на џиновската елка пред Црквата на Христовото раѓање. За време на двегодишната војна во Газа, сите јавни божиќни манифестации беа откажани, оставајќи го градот без туризам и активности. „Беа лоши две години тишина; нема Божиќ, нема работа, нема приходи“, вели градоначалникот на Витлеем, Махер Канавати. Тој ...

Украинските и американските преговарачи заеднички ја повикаа Русија да покаже „сериозна посветеност на долгорочен мир“ откако разговорите во Москва претходно оваа недела не донесоа напредок. Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и секретарот на Советот за национална безбедност на Украина, Рустем Умеров, го упатија повикот по дводневните „ преговори во Мајами. на кои како што рекоа, бил постигнат напредок во разговорите за мировниот план ...

Словенечката полиција денеска го уапси Јосип Оршуш (40), осомничен за стравичното убиство во Мурско Средишче, каде што во четврток навечер со огнено оружје тешко ја рани својата вонбрачна сопруга (29) и ја уби нејзината сестра (28). Помладата сестра им подлегна на повредите во болницата во Чаковец, а 29-годишната жена, која се бореше за живот, сега е надвор од животна опасност, пишува „Индекс“. По бегството, автомобилот „опел астра“ на Оршуш бил ...

Во центарот на Атина вечерва дојде до судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17 години од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а приведени се 38 лица, од кои 8 се уапсени. Тензии настанаа кога дел од демонстрантите се обидоа да тргнат кон квартот Егзархија, но полицијата ги блокираше. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја навредил новинарката на Си-Ен-Ен, Кејтлан Колинс, нарекувајќи ја „гадна и глупава“ откако таа го прашала зошто новата балска сала во Белата куќа ќе биде поскапа од претходно најавената. Трамп, кој ја бранеше инвестицијата од 300 милиони долари, истакна дека балската сала е „поголема и поубава“ од првично планираното, и додаде дека квалитетот на завршната обработка и ентериерот е подигнат на највисоко ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, последен пат ја посети Велика Британија на 24 октомври, каде што оствари средби со британскиот крал Чарлс Трети и премиерот Кир Стармер, за време на престојот што го вклучи и состанок на Коалицијата на подготвените во Лондон. За време на традиционалниот Воен Молитвен појадок, Зеленски истакна дека очекува попладнево да добие извештај од секретарот на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров, за ...

Франција и Кина, заговорници на технологиите за зелена енергија, ја истакнаа желбата да продолжат да ја зајакнуваат соработката за да го забрзаат глобалното распоредување на обновливите извори на енергија, пренесоа француските медиуми. Париз и Пекинг сакаат „активно да ја проучат можноста за создавање работна група за климатските и еколошките предизвици“, се вели во заедничкото соопштение што двете земји го издадоа на крајот од повеќедневната ...

Eлон Маск денеска ја нападна Европската унија, откако Европската комисија изрече голема казна за неговата платформа за социјални медиуми Х. – ЕУ треба да се укине и суверенитетот да се врати на поединечните земји, за владите подобро да можат да го претставуваат својот народ, напиша Маск на Х. „Бирократијата на ЕУ полека ја задушува Европа до смрт“, додаде американскиот милијардер. ЕУ вчера го казни X со 120 милиони евра (140 милиони американски ...

Безживотните тела на 18 лица биле извлечени од морскиот дел југозападно од грчкиот остров Крит, откако потонал чамец со мигранти, додека пак спасени биле две лица, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, започната била спасувачка акција откако половина од потонатиот чамец бил откриен од товарен брод што пловел под турско знаме, а бил во близина. Несреќата се случила на 26 наутички милји ...

Додека се водат разговори зад сцената за мировниот план што го промовира Доналд Трамп, ситуацијата на украинското бојно поле станува сè потешка. Руските сили напредуваат на неколку фронтови, а претседателот Владимир Путин, охрабрен од успесите на терен, не се откажува од своите максималистички барања. Иако специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, одржа серија состаноци со украинската делегација во Мајами, кои двете страни ги нарекоа ...

На грчкиот остров Закинтос се случи голема трагедија кога семеен питбул уби 18-месечно бебе. Детето било во дворот на семејната куќа кога питбулот му се приближил и, од непозната причина, го нападнал, објави порталот „Прототема“. Според извештаите, детето било во дворот на својата куќа, откако заедно со родителите се вратиле од шопинг. Родителите во паника повикале служби за итни случаи и детето било однесено во болница, но веќе било предоцна. ...

Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија, Молделектрика, се соочува со сериозни предизвици поради синоќешните руски напади врз енергетскиот систем на соседна Украина и поради тоа побара итна помош од Романија за снабдување со електрична енергија. Во соопштението на компанијата се наведува дека „големата електрана е исклучена, а интерконекциите се приближуваат до својата граница. Поради надминување на планираниот проток, ...

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер изјави дека шансите за крај на војната меѓу Русија и Украина се значително подобрени. „Сегашниот момент е најдобра прилика досега за постигнување на мир. Би можело да се каже дека сме блиску до мир, поблиску од било кога. Ова нема да биде мир по секоја цена, бидејќи украинската страна на крајот ќе мора да го прифати секој постигнат договор, а руската ќе мора да покаже искрена желба за завршување на ...

Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше оштетена од руски напад со дрон, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). МААЕ вели дека оштетувањето е сериозно и дека дел од конструкцијата ги изгубила своите главни безбедносни функции – особено способноста целосно да го задржи зрачењето. Иако привремени поправки веќе се направени, директорот на ...

Британскиот 63-годишен пензионер Дерек Ричи се најде во тешка финансиска ситуација поради административна грешка што датира од 2014 година, кога непринципиелно добивал пензија што не му следувала. Сега, 11 години подоцна, надлежните служби му побарале да ги врати вкупно 28.640 евра, при што му било оставено да избере дали ќе ги враќа наеднаш или во рати. Ричи, кој веднаш побарал објаснување за ситуацијата, не добил никаков одговор, а по три ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.95
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
95%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
85%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
95%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
100%
1006
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Калај

40.49

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Паладиум

46361.38

Злато

134976.58

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.91

Цинк

3.22

Никел

473258.99

Платина

52864.82

Сребро

1876.20