
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



ГРАД ГАЗА (АА) - Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа предупреди на лажните гласини за наводни договори за масовна емиграција на Палестинците од територијата, обвинувајќи го Израел дека ја предводи кампањата за „поткопување на националната свест и слабеење на палестинската непоколебливост“, јавува Анадолу. Канцеларијата соопшти дека ги следи објавите на социјалните мрежи и дезинформациите за наводните планови за масовна миграција водени ...
СКОПЈЕ (АА) - Синоќа светилките на Ајфеловата кула беа изгаснати во чест на починатиот папа Франциск, јавува Анадолу. Величествената париска знаменитост остана во темнина додека граѓаните и туристите му оддаваа почит на покојниот папа. Одлуката за гаснење на светилките беше донесена како симболичен чин на благодарност и почит кон животот и делото на папата Франциск, кој зад себе остави трајна порака за мир, сочувство и меѓурелигиски дијалог. ...
СКОПЈЕ (АА) – Во Појасот Газа продолжува кризата за храна и гориво поради израелската блокада на хуманитарната помош на граничните премини и континуираните напади во енклавата, јавува Анадолу. Палестинските деца собираат пластика и дрво меѓу купиштата ѓубре за да ги задоволат потребите на нивните семејства за огрев. Поради недостиг на општински возила, отпадот се акумулира близу до населените места, што го зголемува загадувањето на животната ...
КАРТУМ/ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 33 цивили се убиени, а десетици повредени во артилериски напад извршен од паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) врз градот Ел-Фашер, главниот град на сојузната држава Северен Дарфур, во западен Судан, соопшти денес суданската армија, јавува Анадолу. Според официјалното соопштение, милитантите на РСФ од вчераутро започнале со неселективно артилериско гранатирање врз населени области во градот. Од страна на Силите ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Речиси 600 деца се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од минатиот месец, соопшти денес Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), јавува Анадолу. Повикувајќи се на податоците на Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ), УНРВА информираше дека повеќе од 1.600 деца се повредени откако Израел ги продолжи нападите на 18 март. Во соопштението се вели дека хуманитарната криза во Појасот Газа сега е ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски предупреди дека тековниот конфликт во Украина може да прерасне во светска војна доколку Киев и неговите партнери не покажат цврст отпор кон натамошните напади од Русија, јавува Анадолу. Во интервјуто за американската емисија „60 минути“ на Си-би-ес, кое беше емитувано во неделата, Зеленски истакна дека безбедноста на целиот свет е загрозена како резултат на војната што трае повеќе од три ...
САРАЕВО (АА) - Над 500 камиони од цела Босна и Херцеговина денеска продефилираа низ улиците на Сараево. Според организаторите, овој симболичен чин го претставува обединетиот глас на секторот за патен транспорт, „кој повеќе не сака да биде игнориран“, јавува Анадолу. На овој начин, наведуваат, се обидуваат да ја зачуваат индустријата со 47.000 вработени. Главниот проблем со кој се борат превозниците се однесува на бројот на денови колку што можат ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ денес соопшти дека е „задоволен“ од ставот на американската администрација која ја исклучува можноста за членство на Украина во НАТО, јавува Анадолу. „Од Вашингтон на различни нивоа слушнавме дека членството на Украина во НАТО не доаѓа предвид. Ова е нешто што нè задоволува и се совпаѓа со нашата позиција“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите во Москва. Песков нагласи дека Киев не треба да има ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Европските лидери денес изразија длабоко сочувство поради смртта на папата Франциск, опишувајќи го како симбол на сочувство, социјална правда и морално лидерство, со глас кој одекнуваше далеку надвор од границите на Католичката црква, јавува Анадолу. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата Х напиша дека покојниот папа инспирирал милиони луѓе со „неговата скромност и чиста љубов кон ...
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) објавија дека Кина сега се соочува со нови царини до 245 отсто како резултат на мерките што таа ги возврати, се вели во соопштението на Белата куќа доцна синоќа, јавува Анадолу. Националната безбедносна истрага за увоз на витални ресурси е започната со најновата административна наредба на Белата куќа, што беше објавена доцна синоќа. Наредбата вклучуваше и објаснувања за реципрочните царини ...
СКОПЈЕ (АА) - По веста за смртта на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, утрово, бројни официјални претставници од регионот упатија пораки со сочувство и со заедничка мисла дека светот загуби голем миротворец и поборник за поправеден свет, јавува Анадолу. Со порака на сочувство се огласи словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, која истакна дека е длабоко погодена од веста за смртта на папата. „Неговиот глас за мир и правда ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство по повод смртта на папата Франциск, изразувајќи длабока тага, јавува Анадолу. „Со длабока тага дознав за смртта на папата Франциск, духовниот лидер на католичкиот свет и шефот на државата Ватикан“, истакна Ердоган преку платформата Х. Поздравувајќи ги напорите на папата Франциск во однос на геноцидот во Газа и за палестинското прашање, Ердоган нагласи: „Папата Франциск беше ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 39 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 51.240, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во болниците се пренесени 62 повредени лица, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 116.931. ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Судот во Москва му изрече на Гугл парична казна поради објавување лични податоци на руски војници кои загинале за време на војната во Украина, објави денес државната новинска агенција ТАСС, пренесува Анадолу. Според судската одлука, Руската Федерална служба за надзор на комуникации, информациски технологии и медиуми утврдила дека на платформата Јутјуб била објавена забранета содржина која открива идентитет и лични податоци на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Бајрактар ТБ2, првото беспилотно борбено летало на Туркије развиено на локално и национално ниво од страна на одбранбената компанија „Бајкар“, успешно го заврши својот втор тест лет со својот мотор ТМ100, јавува Анадолу. Според соопштението на „Бајкар“, Бајрактар ТБ2 полетал со моторот ТМ100 развиен од компанијата. Ова е втор лет на турското беспилотно борбено летало со овој мотор, кој е успешно завршен. Халук Бајрактар, ...
АНКАРА (АА) - Кина објави дека ќе воведе санкции против американски конгресмени, официјални претставници и шефови на невладини организации поради, како што го нарече, нивното „крајно неприфатливо однесување“ во врска со прашањата поврзани со Хонгконг, јавува Анадолу. „Хонгконг е кинески Хонгконг, а работите поврзани со Хонгконг не дозволуваат мешање од страна на САД. Секој погрешен потег од страна на САД во врска со Хонгконг ќе биде решително ...
ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) - Израелските власти ги поништија визите на 27 француски пратеници, градоначалници и избрани функционери, кои требаше да го посетат Израел и окупираниот Западен Брег, како одмазнички чекор кон францускиот претседател Емануел Макрон поради неговиот план за признавање на палестинската држава, јавува Анадолу. Француската делегација беше планирано да пристигне во Израел утре. Според израелскиот весник Хаарец, оригиналните визи ...
СКОПЈЕ (АА) - Православните христијани во регионот и светот денес го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден, јавува Анадолу. Како и секоја година, во црквите низ Северна Македонија се одржуваат велигденски литургии, а главната литургијата се одржа во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје со која богослужеше архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. На литургијата присуствуваа голем број христијански верници кои ...
ИСТАНБУЛ (АА) - На 88-годишна возраст почина папата Франциск по долга борба со тешка болест, соопшти Ватикан денес, пренесува Анадолу. Според претходно објавено соопштение од Ватикан, папата страдал од долготрајна респираторна болест слична на астма, поврзана со тромбоцитопенија. Франциск е роден на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, Аргентина, во семејство на италијански имигранти. Образованието го стекнал во Аргентина, а дел од студиите ...
ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) - Четворица министри во израелската крајнодесничарска влада на Бенјамин Нетанјаху повикаа на анексија на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу. Според израелскиот јавен сервис КАН, министрите го упатиле апелот за време на церемонијата на отворање на населба во нелегалното населено место „Хар Браха“ во близина на градот Наблус во северниот дел на Западниот Брег. Повикот за анексија го упатија министерот за одбрана ...
СКОПЈЕ (AA) - Десетици натпреварувачи учествуваа во трката „Донеси го своето големо тркало“ за Велигден, на Потреро хил во Сан Франциско, Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу. Учесниците во оваа необична трка, облечени во шарени костими и возејќи уникатни пластични трицикли, се тркаа едни против други, создавајќи вибрантен спектакл. Инаку, овој годишен настан привлекува стотици посетители кои ги бодрат децата и возрасните кои ...
СКОПЈЕ (АА) - Хуманитарни организации денеска дистрибуираа топли оброци за жителите на бегалскиот камп Нусејрат, каде илјадници луѓе се борат да преживеат среде продолжениот конфликт и влошената хуманитарна криза, јавува Анадолу. Снимки од теренот прикажуваат големи толпи Палестинци кои се собираат во обид да добијат храна, со многумина кои се движат напред во надеж дека ќе обезбедат оброк за своето семејство. Според извештаи на меѓународни ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „добро е да се види дека светот знае дека сме сериозни“ за справување со трговскиот дисбаланс со другите земји, нагласувајќи дека светските лидери и бизнис директори бараат ослободување од царините откако тие беа објавени претходно овој месец, пренесува Анадолу. Во објава на неговата платформа „Truth Social“, Трамп вели дека неговата објава од 2 април за „Денот на ослободувањето“ ...
ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) - Таткото на израелскиот војник, кој се држи во Газа, денес го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ги напуштил заложниците во корист на продолжување на војната за неговите политички интереси, пренесува Анадолу. „Ги слушавме зборовите на Нетанјаху од Плоштадот на заложниците [во Тел Авив] и сме длабоко разочарани“, изјави за дневниот весник „Маарив“ Хагаи Ангрест, татко на војникот Матан. „Во светот, сите велат дека ...
ГРАД ГАЗА/АНКАРА (АА) - Над 90.000 раселени Палестинци моментално се засолнети во 115 објекти управувани од Обединетите нации (ОН) низ Појасот Газа при хуманитарната криза предизвикана од 19-месечната офанзива на Израел, соопшти денес Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), пренесува Анадолу. „Веќе ужасната ситуација уште повеќе се влошува поради бомбардирањето и опсадата што го блокира влезот на хуманитарни и други залихи“, се вели во ...
СКОПЈЕ (АА) - Црквите Свети Маркос и Панагија Еритиани, на грчкиот остров Хиос, синоќа на Велика сабота беа домаќини на голем број посетители, јавува Анадолу. Велигденската ноќ на островот беше одбележана со уникатна огнена традиција позната како „Војна со ракети“. На годишниот традиционален настан во населбата Вронтадос, заедниците на црквите Свети Маркос и Панагија Еритиани лансираа илјадници рачно изработени ракети едни кон други врз ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Втора година по ред, палестинските христијани го одбележуваат Велигден без радост и веселби додека израелските напади во Појасот Газа и на Западниот Брег влегоа во 19-тиот месец, јавува Анадолу. Во Газа, десетици христијани се собраа во историската црква „Свети Порфириј“ на грчката православна заедница во срцето на стариот кварт на градот Газа. Црквата, која беше бомбардирана од израелските сили на 19 октомври 2023 година, при ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Кинеските истражувачи успешно спроведоа контролирано теренско тестирање на ненуклеарна експлозивна направа на база на водород, предизвикувајќи моќна хемиска верижна реакција, објави денес „Саут чајна морнинг пост“, пренесува Анадолу. Според неодамнешната студија, бомбата на база на водород со тежина од 2 килограми генерирала огнена топка која надминува 1.000 степени Целзиусови и ја одржала повеќе од две секунди. Експлозијата ...
ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот началник на Израелските воздухопловни сили, Нимрод Шефер, рече дека е разрешен поради неговото потпишување на петиција со која се бара прекин на војната за да се обезбеди враќање на заложниците од Појасот Газа, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу. Израелскиот Канал 12 го цитираше резервниот генерал-мајор Нимрод Шефер кој рече: „Бев отпуштен од резервниот состав поради петицијата“. Петицијата, ...
ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) - Илјадници Израелци демонстрираа синоќа во центарот на Тел Авив барајќи враќање на заложниците во Појасот Газа, дури и по цена да се стави крај на војната во енклавата, пренесува Анадолу. Весникот „Једиот Ахронот“ објави дека илјадници луѓе се собрале на плоштадот „Заложници“, меѓу кои и стотици членови на семејствата на заробениците. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, вчера потврди дека нема да стави крај на ...