Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Пишува: Џабир Дерала Ова е процес на (повторно) заробување. Веќе не станува збор за идеолошки или – да бидеме посовремени – судир на вредносни системи, бидејќи идеологијата и вредносните системи исчезнаа од општествениот, јавниот и политичкиот дискурс. Не гледаме ниту судир на визии за иднината: погледот на општеството е закован во ретровизор – вкочането гледање во минатото, поточно во неговите илузии и лаги. Дали пишувам за земја во јужниот ...
Гледачите на емисијата „Впечаток на неделата“ во неделата, 3 мај, имаа можност за прв пат да слушнат неколку вознемирувачки тврдења за случајот „Натстрешница“, како и нови детали до кои дошла истрагата и покрај организираната опструкција што ја извршила највисоката власт во соработка со законодавните и судските власти. Прво, проф. д-р Владимир Обрадовиќ од ССП, кој бил член на независната Истражна комисија што се занимавала со случајот, ...
Скопје / Кијив, 5 мај 2026 – Ден 1532 од руската целосна агресија врз Украина е одбележан со нов масовен комбиниран напад со ракети и беспилотни летала, насочен кон критична енергетска инфраструктура и цивилни цели, при што загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и спасувачи кои пристигнале да помогнат. Според украинските власти, Русија во текот на ноќта лансирала 11 ракети и 164 дронови, погодувајќи повеќе региони низ земјата. Најтешко погодени ...
Кијив / Ереван, 2026 — Украинската амбасадорка Лариса Дир сподели објава од координациските состаноци со европските партнери во Ерменија, на кои претседателот на Украина Володимир Зеленски ги истакна трите клучни приоритети на земјата во тековната војна со Русија. Во Ерменија, за време на координациските состаноци со европските партнери, Председателот на 🇺🇦 Володимир Зеленски ги истакна трите клучни приоритети: pic.twitter.com/GQTCx4CZQj — ...
Балканот отсекогаш имал специфична геополитичка судбина: ретко бил центар, а речиси секогаш периферија. Прво на Рим, потоа на Византија, а подоцна и на Отоманското царство. Тоа е комплексна територија каде континуирано се прекршуваат јазични, етнички и други групи на народи, и токму во таа прекршеност се раѓа неговата сила, но и неговата ранливост. Последните големи империи што трајно ја обликуваа политичката и демографската матрица на ...
Тензиите во Блискиот Исток продолжуваат да растат, со паралелни кризи во Појасот Газа, Ормускиот теснец и поширокиот регион, додека дипломатските напори на меѓународната заедница засега не даваат резултат. Ситуацијата во Ормускиот теснец достигнува критично ниво. САД најавија операција што ја нарекоа „Project Freedom“ со цел да им помогнат на стотици блокирани бродови да ја напуштат зоната на конфликт, претставувајќи ја како хуманитарна ...
Светскиот ден на слободата на медиумите (3 мај) е воспоставен од ОН во 1993 година, врз основа на Декларацијата од Виндхук. Таа ја нагласува клучната улога на слободниот и независен печат за развојот на демократијата и економијата. Сепак, во 2026 година, овој ден за Македонија не е само јубилеј, туку сериозен потсетник за недовршените задачи. До јуни оваа година, Македонија мора да покаже „чисти сметки“ според ЕУ Реформската агенда поврзана ...
Блискиот Исток влегува во нова фаза на неизвесност и ескалација. Најновиот развој доаѓа од стратешкиот Ормуски теснец, каде што Иран повторно воведе строги ограничувања за поморскиот сообраќај, откако претходно кратко го отвори. Според лондонски Гардијан, иранските сили дури и отвориле оган кон танкер во близина на Оман, што дополнително ја зголемува напнатоста и ризикот од поширок конфликт. Преку теснецот минува околу 20% од светската нафта, ...
На социјалните мрежи утрово, профилот Meanwhile in Ukraine сподели кратко видео од елиминација на непријателска цел. Утрово, дрон погоди и објект во самата Москва, оддалечен шест километри од Кремљ. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин потврди дека се работи за напад со дрон. Според првичните извештаи, нема жртви. Во меѓувреме, Украина спроведува успешни „санкции“ кон Русија. На фотографијата се гледа облак од густ чад над ...
Кијив, 1 мај 2026 — Во последните 48 часа, Русија продолжи со интензивни воздушни напади врз Украина, комбинирајќи масовни бранови дронови со ракетни удари, додека на дипломатско ниво се отвори нова контроверзија околу рускиот предлог за краткорочен прекин на огнот поврзан со парадата во Москва на 9 мај. Најголемиот напад беше изведен во ноќта меѓу 29 и 30 април. Според украинските воздухопловни сили, Русија лансирала една балистички ракети, ...
Кој е стилот на партијата на власт? Одговорот е релативно лесен. На секое суштинско прашање – за европските интеграции, уставните измени, меѓуетничките односи, дискриминацијата, економските предизвици или врските со авторитарни центри на моќ – ВМРО-ДПМНЕ и институциите што се под нивна цврста контрола, едноставно, не одговараат. Или целосно го игнорираат прашањето со молк, особено ако доаѓа од независни медиуми и јавни интелектуалци, или – ...
Пишува: Зоран Иванов Техничката влада е непродуктивен кабинетски бирократско партиски аферџиско оговарачки клуб за предизборна забава. Но, на актуелната партиска гарнитура на власт, нема никаква основа да ѝ се верува. Евидентирано е дека таа е до лакти извалкана во изборни нерегуларности. И има многу искуствени причини за сомнежи дека оставена без контрола, ќе ги репризира своите изборни криминалии и дека пак ќе ги злоупотребува заедничките ...
Скопје, 3 мај 2026 – По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ЦИВИЛ – Центар за слобода предупредува дека медиумската слобода во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан се трансформира во систем на контрола без формална цензура. Во време кога формално постојат илјадници медиуми, просторот за вистинско, независно новинарство е во фаза на исчезнување. Ова е модел. Наместо отворена репресија, денес доминираат посуптилни ...
Пишува: Оливер Андонов Живееме во време кога преку разни медиуми ни се пласираат слики и наративи кои треба да влијаат врз нашето поимање на светот до степен на регулирање на нашите животи и прифаќање на одредено општествено-политичко однесување. Тоа се прави директно и највулгарно со директни лаги, особено овде кај нас во Македонија и тоа со само една цел, создавање на јавно мислење заради зачувување на политичката моќ, односно власта. И тоа ...
Пишува: Џабир Дерала Во политиката никогаш не недостигаат конфликти, тоа е дел од секојдневниот политички живот во демократските, но и во хибридните режими. Тишина владее во авторитарните држави. Но овој текст е коментар за политичките стилови со осврт на случајот ВМРО-ДПМНЕ, а не е теоретска расправа за разликите меѓу режимите и политичките системи. Значи, политичките несогласувања, па и остри конфликти во јавниот и политичкиот дискурс се ...
Нов „бокс меч“ се отвори утрово меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, овој пат околу работата на Заедничката историска комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, откако опозициската СДСМ обвини за нетранспарентност и скриени договори, додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата и возврати со вообичаената остра, но неаргументирана реторика. Од СДСМ реагираа по изјава на заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски дека Комисијата ...
Пишува: Љубомир Костовски Нападот на радиоактивниот облак врз тогашните жители на Балканот најпрвин ја потврди тезата дека тукашниот народ никогаш не верувал во опасноста од една појава која ниту може да се види, ниту предизвикува некакви тактилни чувства, особено не непријатни. Паника имаше во мигот кога на 1 мај 1986 година, кој тогаш сѐ уште беше Први Мај, државен празник кој има уште три неработни денови како додаток, со споениот викенд, ...
Роман Шеремета, професор по економија на Case Western Reserve University и соработник на Centre for Eastern European Democracy постави едно добро прашање на социјалните мрежи. Прашањето е навидум едноставно: „Кому не му е потребна сала за балови за да се чувствува безбедно?“ Одговорот се наоѓа во зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски: „Русија веќе се обиде да ме елиминира неколку пати. Тоа е дел од мојот живот.“ Објавата ...
СКОПЈЕ, 28 април 2026 – Денеска, светот го одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, ден кој оваа година носи алармантни пораки под глобалната тема: „Обезбедување здрава психосоцијална работна средина“. Додека физичките повреди на работа традиционално се во фокусот на инспекциите, најновиот извештај на Меѓународната организација на трудот (МОТ) објавен во април 2026 година, открива дека „невидливите“ опасности стануваат ...
Работната група за реформите во Изборниот законик е составена од претставници на парламентарните партии и независни пратеници. Невладините организации кои работат на следење на изборните процеси се изоставени од работната група со можност да им ги испратат и презентираат своите препораки. На еден од состаноците на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор, на барање на организациите, Советот подготви официјално барање упатено до ...
Во 308-та епизода на македонско-бугарскиот подкаст „Коридор 8“, претседателот на ЦИВИЛ, уредник на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа и бранител на човекови права, Џабир Дерала, гостуваше во двочасовен разговор во живо со домаќинот д-р Георги Станков, психолог и психотерапевт со екстензивно искуство во продукција на дебатни програми. Фокусот на дискусијата беше ставен на геополитичките предизвици, хибридната војна и неопходноста од поврзување ...
Дали знаевте дека во Москва се користи сосема поинаков „превод“ за македонските политичари отколку дома? Дознајте како македонските политички актери се користат како „западни гласови“ за оправдување на руските воени злосторства. СКОПЈЕ, 28 април 2026 година — ЦИВИЛ МЕДИА на македонски јазик објави сеопфатно истражувачко досие во кое детално се опишуваат механизмите на руското малигно влијание во Северна Македонија. Извештајот, кој следи по ...
Пишува: Александар Иванов Во меѓународните односи, кога послаб актер се обидува да ги ревидира правилата на игра наметнати од инхерентно помоќен систем, исходот ретко се решава преку повикување на правдата. Најчесто, тоа е сурова лекција по реалполитика каде математиката на моќта ги гази идеалите. Во овој комплексен амбиент, не е доволно актерите само да знаат што сакаат, туку тие мораат правилно да разберат и во каква стратешка игра се ...
СКОПЈЕ, 28 април 2026 – По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува повик до институциите, работодавачите и граѓанското општество за итно унапредување на стандардите за заштита на работниците, со посебен фокус на менталното здравје и психосоцијалната безбедност. ЦИВИЛ – Центар за слобода нагласува дека работничките права, во чии рамки спаѓа и заштитата на здравјето, животот и достоинството на ...
СКОПЈЕ, 28 април 2026 – Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), во својот најнов Годишен извештај објавен денеска, открива загрижувачки податоци за безбедноста на работните места во Северна Македонија. Во текот на 2025 година се евидентирани вкупно 132 несреќи при работа, од кои дури 31 завршиле со смртен исход. Преработувачката индустрија е најопасна Според извештајот, најголем број од несреќите се случиле во преработувачката ...
Пишува: Џабир Дерала во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ) Она што започна како редовен дневен извештај на Тимот за мониторинг на хибридни закани на ЦИВИЛ (ЦХТМ) во средата навечер на 22 април, прерасна во длабинско новинарско истражување на една амбициозна пропагандна операција на Кремљ. Оваа операција, која има меѓународен опфат, не го заобиколува ниту Западниот Балкан — овој пат преку дејствувањето на ...
Пишува: Александар Иванов Во оваа колумна се обидувам попрецизно да ја именувам трагедијата на балканските народи. Се работи за тоа како од историски миг во кој се отвораше можност за сопствени држави, национална самосвест и чувство на достоинство, постепено влеговме во состојба на хронична несигурност, натпревар во жртвеност и политичка психологија на постојано загрозени заедници. Наместо зрелa национална гордост, која подразбира самопочит и ...
Пишува: Владимир Владимиров Дали вештачката интелигенција (ВИ) е опасна за човештвото? Пријател или непријател? Одговорот не е еднозначен, но ова е сосема легитимно прашање што денес ги загрижува многумина. ВИ носи потенцијал за огромен напредок во речиси сите области на човечкото знаење и наука. Истовремено, постојат сериозни грижи и проблеми утврдени при досегашната употреба на технологијата, кои не треба да се игнорираат или, уште полошо, ...
Пред четири децении, светот беше сведок на една од најголемите технолошки и еколошки трагедии во историјата – катастрофата во Чорнобилската нуклеарна електрана во 1986 година. Денес, наместо да остане само трагично предупредување од минатото, Чорнобил повторно се наоѓа во фокусот на глобалната загриженост – овојпат поради војната што ја води Русија против Украина. Во контекст на 40-годишнината од катастрофата, украинската амбасадорка Лариса ...
Пишува: Оливер Андонов Почитувани читатели, веднаш на почетокот на оваа неделна колумна се извинувам за нејзината обемност и истата ве молам да ја разберете како неделен Есеј за лагите кои во нашето политикантско секојдневие се пласираат. Се пласираат со цел да нѐ доведат во заблуда за да може со македонските граѓани полесно да се манипулира. Заблудите се надополнуваат со политички пропаганди и евтини ПР трикови кои треба да ги возбудат ...