
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Петтата сезона на хумористично-криминалистичката серија „Само убиствата во зградата“ ќе има премиера на 9 септември, објави стриминг сервисот „Хулу“. Тогаш ќе бидат емитувани првите три епизоди, а следните ќе одат еднаш неделно. Откако нивниот сакан портир Лестер умира под сомнителни околности на крајот на четвртата сезона, Чарлс, Оливер и Мејбл одбиваат да веруваат дека станува збор за несреќа. Нивната истрага ги носи во мрачните агли на Њујорк ...
Втората сезона на „Никој не го сака ова“ се ближи, а на првите фотографии од новите епизоди на хитот на „Нетфликс“, Ноа и Џоан се чини дека се многу блиски. Серијата номинирана за „Еми“ се враќа на „Нетфликс“ на 23 октомври. Првпат ја запознавме двојката во септември 2024, кога подкастерката Џоан (Кристен Бел) се вљуби во згодниот рабин Ноа (Адам Броди) и сериозно размислуваше да се преобрати за да биде со него. Длабочината на нивната врска ги ...
За спектакуларното “оживување”на Ѓоргија Пулевски преку моќната изведба на монодрамата Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ во најновото издание на ХоризонТелма разговараме со авторот на монодрамата Миле Бошњаковски и актерот Рубенс Муратовски кој ни откриваат за овој спектакуларен мултимедијален настан кој Галичник ,родното место на Пулески го направи центар на светот обединувајќи ја уметноста, културата, традицијата и историјата во едно. ...
Во најновото издание на ХоризонТелма зборуваме со Мина Јелушиќ-Јериниќ за убавината и предизвиците во актерската игра, за премиерата на “Лов на дива свиња” , но и за тоа каков е предизвикот на младиот уметник во новото време. Гледајте не! 🎙️ Премиерата на 35-та епизода од втората сезона на подкастот ХоризонТелма гледајте ја во четврток во 20 часот. 🎧 Слушајте ги сите епизоди на YouTube подкаст каналот на Телма или на Spotify. © 2020 ...
Полуневработен, полуразведен, полусреќен, но пред се неуспешен адвокат. Повеќе психолог отколку адвокат, Винченцо Малинконико секогаш има мисла надвор од темата во главата. Повеќе од сè, тој ги брани пријателите и роднините во спорови кои не се особено тешки и кои не секогаш ги добива разделен, со две деца, жени како него поради неговата несигурност, но не може да постигне исполнет љубовен живот. Винченцо Малинконико нè прави љубители на ...
Серијата „И едноставно така“ (And Just Like That), продолжението на хит-серијата од 1990-тите „Сексот и градот“ ќе заврши после третата сезона, објави „Ејч-Би-О“. Продуцентот Мајкл Патрик Кинг на Инстаграм објави дека додека ја пишувал последната епизода, сфатил дека тоа е совршен момент да заврши серијата. Именувана по препознатливата фраза на нејзината хероина Кери Бредшо, комедијата-драма ги следи животите на три од четирите оригинални ликови ...
Од Илинденското востание и Крушевската Република во 1903, до историските одлуки на АСНОМ во 1944 година – Илинден нè поврзува со најсветлите страници од нашата историја. Но, како денес навистина го чествуваме Илинден? Прославите сè почесто паѓаат во сенка на политички поделби, а младите сè помалку ја разбираат вистинската вредност на празникот. Што можеме да направиме за да го вратиме вистинскиот дух на овој празник? Нашите предци се бореле за ...
Хит-серијата „Венздеј“ на „Нетфликс“ го проширува светот на семејството Адамс, враќајќи се на екраните речиси три години по премиерата во ноември 2022. Втората сезона имаше светска премиера во лондонски Вестминстер, при што актерите и креаторите шетаа по виолетов тепих пред Централната сала и Центарот на кралицата Елизабета Втора. Во новата сезона, Венздеј Адамс, која ја игра Џена Ортега, се враќа во академијата „Невермор“ како херој, на нејзино ...
За филтрираните лица и нефилтрираните трауми во најновата епизода на ХоризонТелма зборуваме со М-р Маја Георгиева Павловски, лиценциран семеен и системски советник, основач на Mental Growth. Гледајте не! 🎙️ Премиерата на 34-та епизода од втората сезона на подкастот ХоризонТелма гледајте ја во четврток во 20 часот. 🎧 Слушајте ги сите епизоди на YouTube подкаст каналот на Телма или на Spotify © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. ...
Nothing Trivial (2011) или Ништо важно, е драма-комедија, симена во Нов Зеланд во 2011 година. Во серијата се раскажува за група од пет пријатели кои се сретнуваат паб во кој учествуваат во квиз, а сите имаат една заедночка судбина – несреќни се во љубовта. Мек е разведен татко со две деца, но сè уште се надева на нова врска својата поранешна сопруга. Мишел е сред разделба со својот партнер и е спремна на сурова одмаза. Кетрин е самохрана мајка, ...
На сцена – олимписки дух, аплаузи, заедништво. Зад кулиси – домашни поделби, замерки и стари навики. Додека Европа ни честита за најдобриот ЕМОФ досега, ние дома бараме виновник. Зошто кај нас е полесно да се расправаме отколку да се радуваме? Дали условите беа пресудни младите македонски спортисти да не освојат ниту еден медал? Дали доволно се вложува во младите и спортот? © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да ...
Креаторите на „Саут Парк“, Треј Паркер и Мет Стоун, постигнаа договор за преселба на сатиричната анимирана серија на стриминг сервисот „Парамаунт+“. Според петгодишниот договор, на „Парамаунт+“ ќе се прикажуваат сите досегашни 26 сезони и ќе има премиера на 50 нови епизоди. Големите стриминг платформи неколку месеци наддаваа за „Саут Парк“, која досега се емитуваше на „Ејч-Би-О макс“. Според „Лос Анџелес тајмс“, зделката со „Парамаунт+“ е вредна ...
Во духот на Звездени патеки “ВСЕЛЕНАТА ПОСЛЕДНАТА ГРАНИЦА” таа останува по Земјата, океаните, атмосферата најголем предизвик на човештвото кое следејќи ја страста да ја открива и осознава , тежнее кон главната цел освојување на тој најмагичен, бесконечен , полн изненадувања простор исполнет со галаксиии, небески тела, созведија, темни дупки и нови форми на живот.Во најновото издание на ХоризонТелма со Радан Митровиќ еден од оснивачите на ...
Животната кошничка расте, платите мируваат! Синдикатот алармира – трошоците во јули скокнале за нови 630 денари. Едно четиричлено семејство месечно има потреба од над 65.000 денари, а со кирија – и до 80.000 денари. Дали пет различни кошнички се решение или само уште една статистика? Анкета: Дали пет потошувачки кошнички се: а) Многу, б) Доволно или в) Малку, треба уште некоја? © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее ...
„Ворнер брос“ објави дека серијата „Стјуарт не успева да го спаси универзумот“, спиноф серија на „Теоријата за Големата експлозија“, доаѓа на „Ејч-Би-О макс“. Според соопштението, новата серија ќе се фокусира на сопственикот на продавница за стрипови Стјуарт Блум, кој „треба да ја врати реалноста откако ќе скрши уред изграден од Шелдон и Леонард, случајно предизвикувајќи мултиверзумски aрмагедон“. Кевин Сусман го играше Стјуарт во „Теоријата за ...
„Нетфликс“ го објави првиот трејлер за последното поглавје на хит-серијата „Чудни нешта“, навестувајќи епска разврска во градот Хокинс. Нов лик во последната сезона е д-р Кеј, која ја глуми Линда Хамилтон. Во есен 1987, Хокинс изгледа како пекол, но нашите херои се обединети од една единствена цел: да го пронајдат и убијат Векна. Но, тој исчезна, каде се наоѓа и кои се неговите планови не е познато. Комплицирајќи ја нивната мисија, владата го ...
Овен Купер, 15-годишната ѕвезда на серијата „Адолесценција“, би можел да стане најмладиот актер кој ја добил престижната телевизиска награда Еми. Британскиот тинејџер е номиниран во категоријата најдобра споредна машка улога во минисерија или ТВ-филм. „Адолесценција“, чии четири епизоди следат 13-годишно момче обвинето за убиството на негова соученичка, доби вкупно 13 номинации, меѓу кои и за најдобра минисерија и за најдобар актер (Стивен ...
Инспекторот Умберто е човек кој е разочаран од светот и не верува во иднината на човештвото. Тој, заедно со неговата соработничка Алис, се повикани на увид на брод бидејќи од реката Тагус се извлечени безживотни тела на две млади девојки. Причината за нивната смрт не е позната. Дали се убиени или станува збор за самоуство? Дали се поврзани меѓусебе. Која е тајната што ја крие реката Тагус? Актерите преку неколку случувања ни ја доближуваат ...
Македонија е земја богата со природни богатства – од древните езера Охрид, Преспа и Дојран, до националните паркови Маврово, Пелистер, Галичица и Шара. Но, наместо да ги чуваме, дозволуваме тие полека да исчезнуваат. Нашиот однос кон природата зборува многу за нас – како поединци, но и како држава. Дали знаеме да ги заштитиме и зачуваме овие богатства за идните генерации? Анкета: Што е најголемата закана за природните богатства во Македонија? а) ...
Бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот парламент не е техничка корекција, и за нас е неправда, а за Бугарите дипломатска победа. Европа не реагира, иако зборува за еднаквост. Кога ќе дозволиш една земја-членка на ЕУ да одредува кој постои, се губи целата суштина на Европската Унија. Анкета: Ние не сме против ЕУ, но дали Европа е уште за нас? Да/Не © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не ...
Буџетските корекции со ребалaнсот розови на хартија, црвени во реалноста. Дали фискалниот план за прераспределба е финансиско оружје за политичка борба, кои се клучните предизвици за фискалниот крвоток на среден рок? Во Вин-Вин со Оливера Трајковска, интервју со пратеникот Фатмир Битиќи поранешен вицепремиер за економија. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без ...
Сара Џесика Паркер сака да ја држи политиката подалеку од своите социјални мрежи. За време на неодамнешното појавување во подкастот „Најдобрите луѓе“, ѕвездата од „Сексот и градот“ објасни дека избегнува да ги споделува своите политички ставови на социјалните медиуми, бидејќи верува дека постојат посоодветни форуми за дискусија за социјални прашања. „Честопати не зборувам на социјалните мрежи бидејќи не мислам дека тоа е место кое заслужува било ...
Што ќе смени амандманската расправа за ребалансот на Буџетот? Опозицијата напаѓа со 200 амандмани, власта нерасположена да ги прифати. Колку се реални проекциите, а колку критиките? Во Топ Тема со Боби Христов вечерва дебата со Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ и Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО- ДПМНЕ. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со ...
Светот нуди разни бенефити за раѓање деца – пари, даночни олеснувања, бесплатни градинки, зголемено платено породилно отсуство, па дури и субвенции за стан и автомобил. А, кај нас? Во петок Владата размислуваше за воведување данок за немажени и неженети, а веќе во недела премиерот Мицкоски појасни дека бил погрешно разбран и дека со изјавата сакал само да испровоцира јавна дебата за загрижувачката демографска состојба во земјава. Да му помогнеме ...
Двојни аршини, непоткрепени одлуки, пречекорени рокови. Што сѐ открија невладините и експертите во анализата на тајните дисциплински постапки? Додека работата на Судски периодов ја бранува јавноста, Советот на јавни обвинители закажа седница по два месеца пауза. Предметот за пожарот во “Пулс”, од Кочани се пресели во скопскиот Кривичен суд. Ќе се расчистат ли сите дилеми на судењето? На овие и други прашања, вечерва во Топ Тема дебата со ...
Џенифер Анистон ќе глуми во новата серија „Мило ми е што умре мајка ми“ (I’m Glad My Mom Died), заснована врз истоимените мемоари на Џенет Мекарди, кои беа на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. „Мемоарите се срцепарателно и урнебесно раскажување за борбите на Џенет Мекарди како поранешна детска актерка додека се справува со нејзината доминантна мајка“, велат од стриминг платформата „Епл ТВ“. Приказната ќе се фокусира на врската помеѓу ...
Изјавата на евро-пратеничката Марта Кос, која македонскиот идентитет го спореди со традиционални јадења, ја отвори темата: како нè гледа ЕУ? Дали сме сведени на фолклор и кујна или сме еднакви носители на историја, култура и вредности? Анкета: Дали евро-пратеничката Марта Кос треба да се извини за изјавата? Да/Не © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со ...
Холидеј дијализата треба подобро да се организира за да може да се опслужат што поголем број пациенти. Истовремено таа може да биде додадена вредност на туризмот во Охрид и Струга, но за да се валоризира потенцијалот кој несомнено го имаме, потребно е да се подобрат капацитетите и да се обезбеди соодветен медицински персонал. Потребна е и поголема промоцијата на холидеј дијализата во центрите во Охридско-струшкиот регион и нејзино ставање во ...
Пофалени, но и потсетени од ЕК што се треба да довршат од тоа што го ветија со реформските агенди, земјите од Западниот Балкан, во јули ќе ја чекаат исплатата за досега сработеното од Планот за раст. Од Самитот во Скопје ЕУ ја повтори пораката до Македонија – уставни измени па старт на преговорите без дополнителни политички услови. За ова, но и за другите пораки и очекувања испорачани на денешниот Самит Западен Балкан – ЕУ, во Топ Тема дебата со ...
Непресметана политичка тактика или разоткривање на грдото лице на Европа, како големата “гаранција” за јазикот и идентитетот стана најголема закана за негација? Живееме ли во нова ера на ПР реалност? Европските стандарди само на хартија – како четворица министри одработија загуба од 43 милиони евра неисполнувајќи ги обврските од реформската агенда? На какви темели се гради иднината? Во Топ Тема со Боби Христов, вечерва дебата со политичките ...