ЛОНДОН (АА) – Ватикан денес објави дека кардиналите од целиот свет следниот месец ќе се состанат на тајна конклава за избор на нов папа, по смртта на папата Франциск, јавува Анадолу. Седницата зад затворени врати ќе започне на 7 мај во Систинската капела, на која ќе присуствуваат 135 кардинали. Процесот на избор, вкоренет во традиција стара со векови, следува по смртта на папата Франциск, кој почина за време на велигденските празници. Неговата ...

ЖЕНЕВА (АА) - Палестинскиот претставник во Меѓународниот суд на правдата (МСП) денес го обвини Израел за намерно напаѓање на хуманитарните организации и спроведување „геноцидна кампања“ против Палестинците во Газа, јавува Анадолу. Амар Хиџази, амбасадор и постојан претставник на Државата Палестина во меѓународните организации во Холандија, изјави дека израелските сили убиле над 408 работници на Обединетите нации (ОН), вклучително и речиси 300 ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес прогласи еднострано примирје во Украина, во време кога Москва се подготвува да ја одбележи 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија за време на Втората светска војна, јавува Анадолу. Во соопштението од Кремљ се вели дека Путин наредил прекин на сите воени дејства во Украина од полноќ на 7 и 8 мај до полноќ на 10 и 11 мај. „Русија верува дека украинската ...

ОВИЕДО (AA) – Голем прекин на електрична енергија денес околу пладне ги погоди Шпанија и Португалија, а причините сè уште не се познати, јавува Анадолу. Шпанскиот весник „Ел Паис“ извести за значителни прекини во патувањата на аеродромите, возовите, метроата и семафорите поради тоа што нема електрична енергија. Сериозно се погодени и бизнисите, а Анадолу потврди дека се затворени и одредени рафинерии за нафта. Надлежните ги истражуваат причините ...

АНКАРА (АА) – Израел денес го обвини Меѓународниот суд на правдата (МСП) за „антисемитизам“, велејќи дека нема да присуствува на расправата за неговите обврски да ја обезбеди итно потребната хуманитарна помош за палестинските цивили на окупираните територии, јавува Анадолу. „Обединетите нации (ОН) станаа гнило, антиизраелско и антисемитско тело“, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар. „Во овој момент Меѓународниот суд на ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије има повеќе од доволно капацитет за организирање на сите видови меѓународни спортски настани, вклучително и Олимпијадата, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Ердоган имаше обраќање на свеченото отворање на канцеларијата на УЕФА во Истанбул. Канцеларијата на раководното тело на европскиот фудбал во Истанбул ќе игра активна улога во подготвителниот процес за Европското фудбалско првенство на ...

КОЊА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турски државјанин на возраст од 67 години, кој добил згрутчување на крвта во мозокот и итно бил подложен на лекување во централна Туркије, започнал да зборува дански – јазик што не го користел со години – велат неговото семејство и лекарите, јавува Анадолу. Рахми Карадемир, кој живеел две децении во Данска пред да се пресели во турската област Коња пред десет години, минатата недела бил подложен на операција на коленото во ...

БЕРЛИН (АА) - Германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) денес ги именуваше министрите на Кабинетот, пред очекуваното формирање на коалициска Влада следната недела, јавува Анадолу. Идниот канцелар Фридрих Мерц ги избра искусниот политичар Јохан Вадефул за министер за надворешни работи, додека турско-германскиот пратеник Серап Ѓулер ќе биде заменик-министер за надворешни работи. Во претстојната коалициска Влада, ЦДУ ќе раководи со шест ...

АНКАРА (АА) – Најмалку 68 лица загинаа, а 47 други се повредени во американските воздушни напади врз засолниште за африкански мигранти во северната покраина Сада во Јемен, соопштија денес Хусите, јавува Анадолу. Министерството за внатрешни работи, предводено од Хусите, соопшти дека нападите биле насочени кон прифатен центар во кој биле сместени 115 африкански мигранти. Во соопштението се вели дека засолништето било надгледувано од Меѓународната ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг започна јавната расправа за испитување на обврските на Израел во врска со неговите активности на окупираните палестински територии, јавува Анадолу. Расправата се однесува на барањето за советодавно мислење за „обврските на Израел во врска со присуството и активностите на Обединетите нации, другите меѓународни организации и трети држави и во однос на окупираните палестински ...

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 26 Палестинци се убиени денес во непрекинатите израелски воздушни напади врз домови низ Појасот Газа, соопштија локалните медиуми, пренесува Анадолу. Израелските воени авиони рано утрово извршија напад врз куќа во јужниот град Кан Јунис, при што убиени се осум лица, објави палестинската новинска агенција Вафа. Уште две лица се убиени во друг напад во кампот за раселени лица Ал-Шафии западно од градот, соопшти ...

СКОПЈЕ (АА) - Во главниот град на Белгија, Брисел, свечено е отворен 22. Меѓународен фестивал на цвеќето, јавува Анадолу. Изложбата, која ќе биде отворена до 2 мај, е поставена во замокот Гранд Бигар во близина на Брисел и привлекува голем број домашни и странски посетители. Во паркот „Флоралија Брисел“, кој се простира на површина од 14 хектари, се изложени различни видови цвеќиња меѓу кои и лалиња, зумбули и нарциси, нудејќи незаборавно ...

СКОПЈЕ (АА) - Стотици демонстранти се собраа на Плоштадот на Републиката во Париз вчера за да ја осудат исламофобијата и да му оддадат почит на Абубакар, муслиман кој беше убиен во напад во џамија во францускиот регион Гард, јавува Анадолу. Протестот беше организиран по повик на пратеникот на партијата Непокорена Франција, Антоан Леомон, кој повика на марш за солидарност преку социјалните мрежи. Тој ги повика граѓаните да се приклучат на ...

АНКАРА (АА) - Најмалку 65 отсто од Палестинците убиени во тековната израелска воена офанзива врз Газа се жени, деца и постари лица, соопштија локалните власти од Газа, јавува Анадолу. Во соопштението на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа се наведува дека израелските сили од 7 октомври 2023 година убиле над 18.000 деца и 12.400 жени, како и дека биле убиени вкупно 2.180 цели семејства. 5.070 други семејства останале со по само еден член. ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Северна Кореја денес за прв пат потврди дека испратила војници во Русија за да ја поддржи војната на Москва против Украина според договорот за меѓусебна одбрана, објави државната Корејска централна новинска агенција (KCNA), пренесува Анадолу. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одобри распоредување на вооружени сили во рускиот регион Курск, наведувајќи ја потребата од почитување на обврските од договорот, според соопштението на ...

МОСКВА (АА) - Русија и Соединетите Американски Држави (САД) објавија напредок во решавањето на украинскиот конфликт, истакнувајќи го појавувањето на условите неопходни за започнување преговори насочени кон воспоставување сигурен пат кон траен мир, јавува Анадолу. Според руското Министерство за надворешни работи, ова било истакнато за време на телефонскиот разговор одржан синоќа меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Осомниченото лице е обвинето за убиство откако со автомобил влета во толпа на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, на кој се одбележуваше филипинското наследство, при што загинаа 11 лица, објави полицијата, јавува Анадолу. Властите го товарат 30-годишниот Каи-Џи Адам Ло со осум обвиненија за убиство од втор степен по инцидентот во саботата навечер. Ло, локален жител, беше уапсен на местото на настанот од страна на полицијата ...

ВАНКУВЕР (АА) — Според првичните извештаи 9 лица загинаа, а неколкумина се повредени кога маж со автомобил влетал во толпа луѓе на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, известува Анадолу. Полициската управа на Ванкувер објави соопштение во врска со инцидентот на платформата X. Во соопштението се наведува дека според првичните информации 9 лица загинале, а неколкумина се повредени, кога маж со своето возило влетал во толпа луѓе на уличен фестивал ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, изјави дека не го прифаќаат изгладувањето или употребата на гладта против палестинскиот народ како оружје од страна на Израел, известува Анадолу. По состанокот со министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, во главниот град Доха, Ал Тани и Фидан одржаа заедничка прес-конференција. Ал Тани рече дека со турската страна разговарале за ...

ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинското Министерство за здравство во Газа објави писмено соопштение во кое ги сподели најновите информации за жртвите и повредените во тековните напади на Израел врз Газа, известува Анадолу. Во соопштението се истакнува дека најмалку 51 лице се убиени, а 115 лица се повредени во последните 24 часа. Министерство за здравство на палестинската енклава објави дека 2.151 Палестинец ги загубиле животите, а 5.598 се ...

ДОХА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, за време на посетата на Катар изјави дека ПКК исто како и ДЕАШ треба да го напушти системот во Сирија, самоволно, по мирен пат, известува Анадолу. Министерот Фидан за време на својата посета на Доха, главниот гранд на Катар, се состана со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, и со премиерот и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, соопштија извори ...

ГАЗА (АА) - Најмалку 12 Палестинци се убиени, меѓу кои има жени и деца, во нападите извршени од израелската армија врз различни делови од Појасот Газа ова утро, известува Анадолу. Очевидци изјавија дека израелските артилериски единици ги гранатирале квартовите Шуџаија, Зејтун и Туфах во градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа. Според информациите добиени од здравствени извори, 2 жени се убиени во артилерискиот напад врз областа Вади ...

ГАЗА (АА) - Во екот на израелските воени операции низ Појасот Газа, палестинските рибари во градот Газа се борат да преживеат поради зголемените ограничувања, влошените услови на морето и постојаната закана од смртоносни напади, јавува Анадолу. Во крајбрежната енклава, каде што израелските воздушни напади и копнената и поморската блокада го блокираа секојдневниот живот, рибарите секојдневно ги фрлаат своите мрежи во морето, и покрај ризиците по ...

САРАЕВО (АА) - Сараево одамна е познато како мултиетнички, мултикултурен и мултирелигиски центар на Европа, поради што често се нарекува „европски Ерусалим“, јавува Анадолу. Градот е место каде што се среќаваат различни религии, култури, народи и традиции. Додека шетате низ „срцето“ на Сараево, се мешаат звуците на повикот за молитва од минарињата на џамиите и црковните ѕвона. Сараево го зачува препознатливиот дух на толеранција и меѓурелигиско ...

КОЊА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турски државјанин на возраст од 67 години, кој добил згрутчување на крвта во мозокот и итно бил подложен на лекување во централна Туркије, започнал да зборува дански – јазик што не го користел со години – велат неговото семејство и лекарите, јавува Анадолу. Рахми Карадемир, кој живеел две децении во Данска пред да се пресели во турската област Коња пред десет години, минатата недела бил подложен на операција на коленото во ...

АНКАРА (АА) - Бројот на загинати од разорната експлозија што се случи во пристаниште Шахид Раџаи во јужен Иран во саботата се зголеми на 25, објавија денес локални ирански медиуми, известува Анадолу. Иранската државна телевизија информираше дека најмалку 1.139 други се повредени во експлозијата. Пожарот избувнал околу 12 часот по локално време во саботата во пристаништето Шахид Раџаи, поточно во областа на пристаништето за контејнери, објавија ...

ТЕХЕРАН (АА) - Најмалку 4 лица загинаа, а 560 се повредени од силна експлозија во пристаништето Бандар Абас на брегот на Персискиот Залив во јужен Иран, известува Анадолу. Шефот на Организација за помош и спасување на иранската Црвената полумесечина, Бабак Махмуди, зборуваше за иранската државна телевизија во врска со експлозијата. Информирајќи дека 4 лица ги загубиле животите, а 560 се повредени во експлозијата во пристаништето Речаи Шехр во ...

ВАНКУВЕР (АА) — Според првичните информации има загинати и повредени откако маж со автомобил влетал во толпа луѓе на уличен фестивал во канадскиот град Ванкувер, известува Анадолу. Полициската управа на Ванкувер на платформата X објави соопштение во врска со инцидентот. Во соопштението се наведува дека според првичните извештаи, има загинати и повредени кога возач со своето возило влетал во толпа луѓе на уличен фестивал на филипинската заедница ...

ТЕХЕРАН (АА) - Заврши третата рунда разговори меѓу Иран и САД во Маскат, главниот град на Оман, известува Анадолу. Иранската државна телевизија објави дека се завршени разговорите меѓу Иран и САД во Маскат. Во Оман се одржаа и технички преговори на експертско ниво и дипломатски разговори на високо ниво меѓу двете земји. Страните сè уште не дадоа изјава за исходот од разговорите. - Процес на преговори меѓу Иран и САД Американскиот претседател ...

ВАТИКАН (АА) - Во Ватикан се одржа погребна церемонија за духовниот водач на католиците и претседател на Ватикан, папата Франциск, известува Анадолу. Мисата одржана на плоштадот „Свети Петар“ за папата Франциск, 266-от поглавар на Католичката црква, кој извесен период се бореше со респираторни проблеми и почина на 21 април, започна во 10:00 часот по локално време, а неговото тело беше носено на рамена до просторот каде се спроведуваше ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
35%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
5.14
37%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
44%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.5
57%
1015
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
57%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
35%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
53%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
42%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
74%
1017
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
4.47
36%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
36%
1017
Currency

61.535

Currency

54.1393

Currency

73.1202

Currency

34.9287

Currency

39.3928

Currency

65.6229

Currency

7.50501

Currency

0.68465

Currency

0.37557

Currency

0.52461

Currency

1.38221

Currency

0.63072

Алуминиум

2.46

Кобалт

42.99

Никел

15196.50

Рутениум

19708.41

Калај

31.40

Сребро

1110.77

Злато

108246.40

Бакар

9.75

Паладиум

31539.88

Платина

34532.60

Родиум

172006.49

Цинк

2.67