
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Светската метеоролошка организација (СМО) денеска соопшти во САД е регистрирана рекордно долга молња од 829 километри. Молњата удрила на 22 октомври 2017 година за време на грмотевици. – Се протегала од источен Тексас до Канзас Сити, а покрила растојание еднакво на она помеѓу Париз и Венеција, соопшти СМО. Одбор составен од единаесет експерти од САД, Бразил, Германија, Шпанија, Израел и Непал го потврди овој рекорд. Претходниот рекорд го држеше ...
Британецот Лук Винтрип ѝ предложил брак на својата девојка (сега веќе сопруга) Сара Винтрип, 43 пати за седум години, пред таа конечно да рече: „Да“. Приказната за оваа „необична љубов“ го обиколи светот. Тој, инаку, првпат ѝ предложил брак на Јамајка по шест месеци врска. И двајцата претходно биле во сериозни врски, па таа, како што вели во интервјуто за „Кенеди њуз“ не сакала премногу брзо да се впушти во новите, не многу познати води… – Не го ...
Нема да има зголемување на висината на казните за сообраќајните прекршоци, но на оние кои возат безобѕирно, во алкохолизирана состојба, без возачка дозвола, со прекумерна брзина ќе им се конфискува возилото и ќе се донира на институциите, најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од ГП Табановце. – Со новиот закон за безбедност и со новиот закон за прекршоци, глобата којашто сега е утврдена на одредена висина нема да биде ...
Одличен намаз со парче домашен леб со семки. Состојки: Подготовка: Измијте го кељот и отстранете ги сите тврди делови и исечете. Накратко запечете ги оревите. Исецкајте го лукот и пржете го кратко во маслиново масло, само колку да се ослободи аромата. Ставете ги сите состојки во блендер, зачинете со сол и црн пипер, додадете масло и вода во еднакви пропорции и блендирајте додека не добиете мазна смеса. Совет: Покрај солта и биберот, можете да го ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР, по неколкумесечна истрага, го расчисти случајот во кој приватни фотографии на девојки од Гостивар, придружени со текст со вулгарна содржина, беа јавно споделени на лажен профил на социјална мрежа Инстаграм на 28.02.2025. -По преземени мерки, Секторот за компјутерски криминал го откри сторителот К.Н.(27) од Гостивар, по што против него, до Основното јавно обвинителство ...
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години ги загубија животите во сообраќајната несреќа денес околу 15.45 часот на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север“. Тие се наоѓале во патничкото возило „опел“ со тетовски таблици каде има и повреден сопатник. -Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „Ман“ со скопски регистерски таблици ...
До 13:00 часот има пет пожари на отворен простор на територија на цела држава, од кои четири се изгаснати. Активен е само пожарот во општина Берово, на планината Голем Готен кон Малешевските планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, бука и бор. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се пожарите во општина Радовиш: на планината Голем Готен над селото Подреш, пожарот меѓу селата ...
Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија, преку ветерниот парк на „Алказар енерџи“. Преговорите се во завршна фаза, а за кого станува збор ќе оставам да каже компанијата-инвеститор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница. Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање, кој ќе биде гигантот ...
Премиерот Христина Мицкоски е убеден дека земјава до крајот на годината ќе го достигне предвидениот раст меѓу 3,5 – 4 проценти. Како што рече денеска, одговорајќи на пратенички прашања, рекордни се резултатите на Царинската управа со реализирани над 12 милијарди денари, како и на УЈП, со преку 15 отсто наплата на ДДВ во јули. Македонија, дециден е премиерот, од фаза на консолидација, влегува во фаза на раст. Според Мицкоски, растат сите ...
Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 31.5 %, а реално за 22.5 %, во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е ...
Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Латвија, Естонија,… Ова не го велиме ние, туку „Фајненс тинк“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Мицкоски истакна дека земјава е некаде на средината ако се земат предвид најдорбото ниво на минималата плата споредено со трошоците ...
СВР Охрид информира дека вчера се случила тепачка помеѓу српска туристка и охриѓанец. -На 30.07.2025 во угостителски објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски” во Охрид, приведени се Т.С.(25) од Република Србија и Г.М.(49) од Охрид поради меѓусебна физичка пресметка, во која Т.С. со нож го нападнала Г.М.. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Од извори ...
Вчера ( 30.07.) околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП „Табановце” при влез во РСМ лишен од слобода е Х.О. (22) полски државјанин кој што со патничко возило „Рено меган” со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја. Лицето е приведено затоа што при дополнителна контрола врз возилото во истото била пронајдена пластична тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка. Пронајдената дрога со потврда за ...
Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се пополнат испразнетите места на Народниот правобранител и на претседател на ДКСК, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши. Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска донесе предлог одлука за избор на Народен правобранител и се постигне договор имајќи предвид дека за оваа функција е потребено гласање и со ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашањето од Митко Трајчулески од СДСМ, за неисполнетите ветувања во однос на евроинтеграциите, одговори дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската држава до денес, критикувајќи ја опозицијата дека направила стратешка грешка со прифаќањето на т.н. ...
Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и зголемување на интересот на странските туристи од западноевропските земји, пред сè, од Франција, Германија и Велика Британија, соопшти Министерството за култура и туризам кое ги анализирало најновите податоци за движењето на странските туристи во државава за првите пет месеци од 2025 во однос на истиот период во 2024 година. -Забележан е пораст од 23,6 отсто кај странските туристи и раст ...
Денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања на самиот почеток е прекината и ќе продолжи за еден час на барање на пратеничката група на „Левица“. Пратеникот Сашко Јанчев од „Левица“ во процедурална забелешка побара еден час пауза поради тоа што од јануари собраниските служби не и доставиле одговор на пратеничката Јована Мојсоска за патничките трошоци на пратениците за 2024 година. – Од јануари пратеничката Мојсоска има побарано ...
Отсуство на единствен интегриран систем за упати, лекарски извештаи и фактурирање и значајни слабости во спроведувањето на контролите во здравствените установи од страна на Фондот за здравствено осигурување, утврдиле ревизорите по извршената ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2023 година. Според ревизорите, контролните активности за вршењето на здравствените ...
Дванаесет грчки плажи останаа без наградата за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од меѓународната листа за 2025 година, поради лошата организација, додека пак квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“ соопшти дека без „Сино знаме“ останаа пет плажи ...
Државниот инспекторат на Република Хрватска издаде итно предупредување до потрошувачите поради повлекувањето на популарна бомбона од пазарот. Станува збор за производот elly Strip XL Assorted 300g – желе сламки од брендот Јин Јин, кој е итно повлечен од продажба бидејќи содржи прехранбени адитиви Е407, Е410 и Е415. Наведените адитиви не се дозволени според европските прописи за безбедност на храната, поточно според Регулативата (ЕЗ) бр. ...
На крајот од својот мандат, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов смета дека исполнил 90 отсто од својата програма, а градот го отворил за нови инвестиции, за што доказ е изградбата на два големи трговски центри. За опозицијата, Сарамандов значајно потфрли, а тоа што до сега е направено е со донаторски пари. За граѓаните, Гевгелија треба да биде отворена општина, каде што властите одлуките ги донесуваат во консултација со тие што ги ...
Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Утрово го потпишавме Договорот за петте нови авиолинии кои ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани од Македонија, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. “Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека ќе воведе царина од 25 проценти на индиската стока. Тој ја обвини земјата за претерано високи царини и блиски врски со Русија, прецизирајќи дека од 1 август ќе се воведе царина од 25 проценти на индискиот извоз, со дополнителни казни за купување руска нафта и оружје. Во моментов, основната царинска стапка на индиските производи извезени во САД е 10 проценти. Трамп ја опиша Индија како ...
Најавен како концерт на летото синоќешниот настап на Јелена Розга одржан во спектакуларната и амбиентална атмосфера на Античкиот театар во Охрид во целост ги оправда очекувањата. „Кога првпат го видов овој театар, знаев – еден ден морам овде да пеам. И еве, тој ден дојде”, изјави Розга пред настапот. А она што се случи вчера ги надмина очекувањата – публиката пееше заедно со неа од првата до последната песна, следејќи го секој тон на гудачкиот ...
Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Берово е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода. Несреќата се случила во 22:10 часот кај „Сарајска раскрсница“. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, иако поради летните одмори се бележи ...
Легендарниот музичар, фронтменот на групата „Блек Сабат“, Ози Озборн, беше погребан денес во Бирмингем. Во претходните денови, семејството се обидуваше да ги чува деталите од последното збогување во строга тајност, но не успеа. Обожавателите на Ози ја окупираа целата улица. Пред самиот погреб, беше организирана погребна поворка, за време на која обожавателите и пријателите се збогуваа и му оддадоа последна почит. Поворката со ковчегот на Ози ...
До крајот на 2027 година треба да биде завршена и пуштена во употреба Универзалната сала. До петок ќе биде распишан тендер за реконструкција на салата и градежните работи да почнат откако ќе заврши тендерската постапка односно кон крајот на септември. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за постапките и дека се завршени сите процеси што биле наследени од ...
По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -На 1 јули годинава, во вечерните ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе изврши избор на Народен правобранител. Изборот на нов претседател на ДКСК би можел да се поклопи со распишувањето на локалните избори на 8 август, а претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски за МИА вели дека ќе се бара мислење од ДКСК за пречекорување на ...
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) и А.Н.(46), двајцата од Велес и правно лице со седиште во Шуто Оризари поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” од член 230 од КЗ. -Тие во временски период од најмалку шест месеци, заклучно со 09.07.2025 на парцели во општина Шуто Оризари во сопственост на М.К. ...