Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинение и издаде наредба за продолжување на мерката притвор против 43-годишниот маж кој минатата недела насилно упадна во студиото на редакцијата „Инфомакс“ додека се одвиваше програма во живо. Според обвинението, тој се товари за насилство и спречување на службено лице во вршење службено дејствие. Од Обвинителството наведуваат дека обвинетиот извршил грубо насилство кон двајцата новинари и ...

На денешниот настан во тренинг центарот на Министерството за внатрешни работи беше промовиран проект за донација на фотоволтаична централа од страна на ОКТА. Главниот извршен директор на компанијата, Димитрос Пасхос, истакна дека станува збор за инвестиција од 40 киловати во обновливи извори на енергија, со која ќе се намалат трошоците за електрична енергија, ќе се редуцираат емисиите на јаглерод диоксид и ќе се даде значаен придонес кон ...

Некои секојдневни утрински навики можат значајно да го нарушат ноќниот одмор, дури и ако мислите дека правите сè како што треба. Прекумерен внес на кофеин на почетокот од денот Иако утринското кафе за многумина е неопходен ритуал, кофеинот може да влијае на тоа колку лесно ќе заспиете вечерта. Ефектите се чувствуваат веќе по 15 минути, а во телото кофеинот останува активен и до 10 часа. Затоа неколку шолји кафе или енергетски пијалаци наутро ...

Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Посочи дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство тековно се одвива и за ноември се исплатени над 6.600 породолни отсуства. – Правиме анализи и согледувања дали има заостанати, исплати бидејќи бројот на исплатени породилни отсуства секој ...

Научниците развијаа нов начин на лекување кој кај дел од пациентите успева целосно да ја поништи агресивната и доскорешно неизлечива форма на рак на крвта, акутна лимфобластна Т-клеточна леукемија. Третманот се заснова на прецизно уредување на ДНК во белите крвни клетки, трансформирајќи ги во т.н. „жив лек“ што активно го напаѓа ракот. Првата пациентка што го примила ваквиот третман, девојче со тешка форма на леукемија и денес нема никакви ...

Неинвазивен метод за мерење на нивото на гликоза во крвта, развиен на МИТ, би можел да ги спаси дијабетичарите од боцкање на прстите неколку пати на ден. Тим од Американскиот институт за технологија МИТ користел Раманова спектроскопија, техника што го открива хемискиот состав на ткивото со осветлување со блиска инфрацрвена или видлива светлина, за да развие уред со големина на кутија за чевли што може да ги мери нивоата на гликоза во крвта без ...

Посетата на уметнички галерии и изложената уметност може да ја подобри човековата благосостојба, а има и посебен ефект врз менталното здравје на современиот човек. Истражувачите од Кингс колеџот во Лондон, во нивната прва студија од ваков вид, откриваат дека гледањето оригинални уметнички дела може да го намали стресот, да го намали ризикот од срцеви заболувања и да го зајакне имунолошкиот систем. Одењето во уметнички галерии, и уметноста ...

Комитетот за безбедност на вакцините на Светската здравствена организација (СЗО) денес изјави дека најновите прегледи на научните докази потврдуваат дека не постои врска помеѓу вакцините и нарушувањата од аутистичниот спектар. Глобалниот советодавен комитет на СЗО за безбедност на вакцините анализираше два систематски прегледи што опфаќаат студии објавени од 2010 до август 2025 година, објави Ројтерс. Прегледите опфаќаат вакцини воопшто, како и ...

Хемикалија што се наоѓа во темното чоколадо би можела да помогне во забавување на стареењето, сугерираат научниците. Студијата ги испитуваше нивоата на теобромин – соединение кое се наоѓа во какаото – во крвта и ги спореди со маркери на биолошко стареење, кои покажуваат колку е старо телото во однос на здравјето и функцијата, а не годините на живот. Иако експертите не би ги советувале луѓето да јадат повеќе чоколадо, тие рекоа дека наодите би ...

Осумдневно бебе од Прилеп вчераутро било донесено без знаци на живот на детското одделение во Општата болница „Борка Талески“. И покрај обидите за реанимација, лекарите констатирале смрт. Основниот јавен обвинител во Прилеп, Стевчо Биноски, потврди дека е отворен предмет за случајот, а телото на починатото бебе е испратено на обдукција за да се утврдат точните причини за неговата смрт. Според информациите од СВР Битола, случајот во полицијата ...

Кај 14 јавни здравствени установи од кои две во Скопје се утврдени неправилности во работењето, покажала вонредната контрола на работењето и финансиското управување на службите за Итна помош и на Домашна посета на целата територија на државата, што ја спроведе Фондот за здравствено осигурување. – Од 37 јавни здравствени установи од кои 29 надвор од Скопје и осум во подрачјето на Скопје, кај 23 ЈЗУ не се установени недостатоци во работењето. Во ...

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) за прв пат во Македонија е изведена комплексна хируршка интервенција кај 4-годишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет (Sprengel deformity), во соработка со проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција. Интервенцијата претставува значаен чекор во јакнење на капацитетите на македонскиот ...

Вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а потоа и стручен надзор иницирал министерот за здравство Азир Алиу во врска со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство. -Министерството за здравство во врска со случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство најпрво изразува сочувство до родителите. Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, ...

Научници од универзитетите Пенсилванија и Мичиген успеале да создадат робот помал од милиметар, опремен со сопствен компјутер, мотор и сензори. Иако наномашините какви што ги познаваме од научната фантастика се сè уште далечна иднина, овој микроробот, помал од зрно сол, претставува револуционерен чекор кон таа цел. Првиот робот кој чувствува, размислува и дејствува Децении наназад научниците не успеваа да создадат микроскопски робот кој може ...

Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) официјално престанаа да препорачуваат вакцина против хепатитис Б за сите новороденчиња, според новите упатства од советодавниот панел на агенцијата. Наместо универзална доза при раѓање, CDC сега им советува на родителите да се консултираат со давател на здравствени услуги за да одлучат дали нивните деца треба да ја примат вакцината во рок од 24 часа по раѓањето, објави NBC. ...

На 13 декември 2025 година, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведено комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – опера која со својата духовитост, брза динамика и препознатливи арии со децении ја освојува светската и домашната публика. Изведбата ќе се одржи под диригентство на Маестро Џанлука Мартиненги (Италија), со режија на Урсула Хорнер (Австрија), сценографија на Марија ...

Пазарот на криптовалути е во криза во последните два месеци. Загубите се мерат во стотици милијарди долари, велат експертите. Според страницата CoinGecko, која 11 години следи сè што се случува со криптовалутите и дериватите, во втората половина од годината вкупната пазарна капитализација на криптовалутите се намалила од 3,75 трилиони долари на 3,1 до 3,2 трилиони долари, што значи дека повеќе од 600 милијарди долари се изгубени за многу краток ...

Почнувајќи од денес, 12.12.2025 година, со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Собранието на акционери, Стопанска банка а.д. Битола и официјално доби ново име АЛТА банка АД Битола или скратено само АЛТА банка. Успешната аквизиција на Стопанска банка а.д. Битола од страна на АЛТА банка АД Белград заврши во октомври 2025 година, со што банката доби нов мнозински акционер кој заедно со поврзаните субјекти поседува 93,2571%. ...

И овој декември, Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжи својата хумана мисија и традиција на општествена одговорност, реализирајќи ја 25-тата крводарителна акција. Акцијата се одржа во просториите на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје. Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст, компанијата уште еднаш ја потврди својата посветеност кон хуманите вредности и поддршката на доброволното крводарување. Оваа, ...

Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница (ЕЗ), наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ – посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на трибината посветена на предизвиците во енергетскиот ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, изјави дека нема да се стопираат исплатите, таа појасни дека трезорот функционира непречено и дека најавеното „заклучување“ се однесува на рокот за доставување на налозите од институциите. „Трезорот прима налози, велиме до 15 што велиме не значи ако некој задоцнил, но има исклучоци дека нема да ги примиме, како може, што затвараме и ќе одиме на скиање? Ќе го затвориме и заминува цел трезор, ...

Сериозни неправилности поврзани со нелогични и непостоечки трансакции и записи без соодветна финансиска документација се само дел од неправилностите што ги констатирале ревизорите кај Државната лотарија за работењето во 2024 година. Ова, според ревизорите, отвара сомнеж за злоупотреба на парични средства и незкаонско работење со благајната и платежните сметки. Во официјалната информација од ревизијата се наведува дека дневниот пазар по основ на ...

Од 1 јануари 2026 година во оптек ќе бидат пуштени нови евро-кованици, со кои Европската унија продолжува со освежување на дизајнот на заедничката валута. Новите монети ќе коегзистираат со постојните и ќе важат под исти услови за плаќање во сите земји од еврозоната. Промените главно се однесуваат на визуелниот изглед, при што е задржана препознатливоста на еврото, но со појасно истакнати симболи на европското единство, географската припадност и ...

Собранието денеска на продолжение на 76-та седница треба да гласа за Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел. Договорот беше потпишна во Ѓуешево на 6 ноември од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов. Со ...

Во рамки на проектот “Играј одговорно“, се одржа едукативно предавање со цел превенција и зголемена свесност кај младите луѓе за опасноста и ризиците од прекумерното играње на игрите на среќа. Со поддршка на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, Здружението на лекувани зависници, на 04.12.2025 одржа едукативно предавње за студентите на психологија на Славјанскиот универзитет во Битола. Говорници на предавањето беа прим. д-р ...

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс впиша важна победа над Филаделфија со 108-112, а мечот донесе и историски момент за Леброн Џејмс. Супер-ѕвездата се искачи на второто место на вечната листа по број на победи во регуларниот дел од сезоната, надминувајќи ја легендата на Бостон, Роберт Периш. Џејмс стигна до 1.015 победи во кариерата и сега пред него останува само Карим Абдул-Џабар, кој е на врвот со предност од 59 победи. Теоретски, Леброн може да ...

Екипите на Орландо Меџик и Њујорк Никс закажаа меѓусебно полуфинале во НБА Купот, откако славеа во своите четвртфинални средби. Никси како гости во Торонто триумфираа со 101-117. Со одлична игра во втората четвртина тимот од Њујорк направи висока предност која потоа во второто полувреме ја одбрани. Најдобар поединец на средбата беше Џејлен Брансон со 35 поени зад своето име, додека кај Рапторси се истакна Брендон Инграм со 31. Орландо Меџик ...

Кошаркарската Федерација на Македонија информира дека на 21. декември (недела), 2025 година. ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка. Планирани се три натпревари: Натпревар за македонските надежи (М20) – „Sвезди во подем“, Женски сениорски All Star натпревар, Машки сениорски All Star натпревар. Во двата сениорски натпревари ќе настапат ...

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на својот состанок во Ротердам во саботата, го отвори патот за нова ера на европскиот клупски ракомет. Веќе е познато дека Лигата на шампионите од следната сезона ќе се прошири на 24 екипи и ќе се воспостави нов формат, Извршниот комитет го потврди системот за распределба на местата за елитното натпреварување. Основата за распределбата е рангирањето на федерациите за клупските натпреварувања, ...

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се покажа како големо засилување за шпанскиот гигант Реал Мадрид, а тоа го докажуваат и бројките. Новинарот Фабрицио Романо објави статистика која покажува дека Мбапе постигнал дури 55,3 отсто од головите на „кралскиот клуб“ оваа сезона. Тоа значи дека Мбапе бил стрелец на повеќе од половина погодоци за шпанскиот клуб и дефинитивно е незаменлив во тимот на Чаби Алонсо. Мбапе оваа сезона настапи на 25 меча, а ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1031
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1027
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.96
80%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.15
93%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 9ᴼ
1.34
88%
1029
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
100%
1030
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
82%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
96%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Иридиум

145787.60

Паладиум

53788.20

Бакар

10.93

Рутениум

29192.88

Родиум

258813.51

Злато

139298.91

Платина

62683.26

Алуминиум

2.92

Кобалт

58.42

Калај

43.15

Сребро

2105.58

Цинк

3.04