
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Новиот извештај на Фондацијата за политика за глобално затоплување (GWPF) дава преглед базиран врз основа на податоци од набљудувања и докази за глобалните климатски трендови, а не од пресметки на климатски модели. Глобалната клима претставува многу сложен систем. Многу компоненти и нивните меѓусебни односи сè уште не се целосно разбрани или можеби дури и не се препознаени и затоа не се вклучени во климатските модели, наведува авторот Оле ...
Во експлозијата во комплексот Сазхаломбата на „МОЛ“, оддалечен дваесетина минути од Будимпешта, немало повредени лица, но најголемата рафинерија за нафта во Унгарија некое време ќе биде исклучена од погон. Оваа рафинерија ја преработува суровата нафта што Русија ја испорачува преку нафтоводот „Дружба“ и е клучен јазол во унгарската и во централноевропската енергетска мрежа. Нафтата рафинирана во Сазхаломбата главно ги снабдува домашните пазари, ...
Бројни студии покажуваат дека многу цицачи, вклучувајќи ги и луѓето, поседуваат биолошки алатки што се неопходни за состојба на успаност, но ни недостасува кодот што би можел да ги активира. Научниците притоа прават разлика помеѓу успаност и хибернација. Успивањето е краткорочно забавување на метаболизмот - ден или два, додека хибернацијата трае со недели или месеци. За време на успивањето, телото драстично ја намалува температурата, пулсот и ...
„Германија се врати!“ изјави Фридрих Мерц во мај, ветувајќи пред нацијата дека ќе ја изгради најмоќната армија во Европа, способна да ѝ се спротивстави на Русија. Повторно дозволи големи задолжувања и пренасочи трошоци кон одбраната. Потоа создаде специјален фонд од 500 милијарди евра за да ја зајакне критичната инфраструктура – патиштата, мостовите и пругите што се неопходни за брзо префрлање тенкови и војници кон источниот фронт, ако избувне ...
Имплантот е ултратенок безжичен микрочип со димензии од 2 на 2 милиметри и е двојно потенок од човечко влакно. Се вградува под мрежницата и безжично се поврзува со видеокамера на специјални очила. Уредот работи со видеокамера која ја снима сцената пред пациентот, а потоа вештачката интелигенција се користи за претворање на информациите во инфрацрвен сигнал кој се испраќа до имплантот. Тој ги ги стимулира неоштетените неврони на внатрешната ...
Ова беше важна недела за обидите на претседателот Доналд Трамп да ја заврши војната во Украина. По двочасовниот разговор со својот руски колега Владимир Путин тој во петокот во Белата куќа се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски. Во оваа битка за наклонетоста од Трамп победи реалноста, која е сурова за Зеленски. Украинската делегација дојде во Вашингтон со надеж дека претседателот Трамп ќе го поддржи нивниот план да ѝ се вратат во ...
Луѓето со векови развиваат технологија што им овозможува да го пребаруваат и да го слушаат небото, очекувајќи сигнал од вонземна цивилизација. Со копнени и вселенски телескопи и радио-приемници што следат милијарди ѕвезди и планети досега имаме откриено повеќе од 6.000 егзопланети поволни за развој на живот и на цивилизации со кои би можеле да комуницираме. Човештвото упорно испраќа пораки, но досега не стигнал никаков одговор. Постојат неколку ...
Министерството за државна безбедност во Пекинг тврди дека американската Агенција за национална безбедност извршила долгорочен кибернетски напад врз кинескиот Центар за време, се пробила во системите на персоналот и презела доверливи информации. Податоци и акредитиви за вработените биле украдени уште во 2022 година, а потоа биле користени за следење на нивните комуникации преку мобилните уреди и мрежите. Центарот за време е многу битен ...
Новиот предлог за промена на правилата за членство во ЕУ е во рана фаза и би требало да биде одобрен од сите земји, според тројца европски дипломати и еден функционер на ЕУ запознаен со дискусиите. Иницијативата би им овозможила на земјите што се на пат кон членство, како Македонија, Црна Гора, Украина и Молдавија, да добијат повеќето од придобивките од членството во ЕУ, но барем во почетокот да немаат право на глас додека Унијата не го заврши ...
Австралиските тропски дождовни шуми во Квинсленд станаа првите во светот што се префрлија од апсорбент на јаглерод во извор на емисии поради сè поекстремните температури и посувите услови. Промената, која се однесува на стеблата и гранките на дрвјата (не и на кореновиот систем), започнал пред околу 25 години, според ново истражување објавено во Nature темелено на податоци од 50 години. Дрвјата складираат јаглерод додека растат а го ослободуваат ...
Новите податоци покажуваат дека странците сочинуваат значителен дел од луѓето што во Италија живеат во апсолутна сиромаштија. Во меѓувреме, сиромаштијата кај семејствата со двајца италијански родители се намалува. „Увезуваме сиромашни луѓе. Од вкупното имигрантско население, 35,6 проценти живеат во апсолутна сиромаштија. Оваа стапка е пет пати повисока од онаа на Италијанците“, пишува Маурицио Белпјетро од Ла Верита. Од 2,2 милиони домаќинства ...
Генералот Вилијам „Хенк“ Тејлор, командант на 8-та американска армија во Јужна Кореја, вели дека дека експериментира со генеративни чет-ботови со вештачка интелигенција за да го „изостри“ процесот на донесување одлуки. Тоа го прави при секојдневните обврски во канцеларија и се воздржува да ја користи на терен. Чет и јас станавме многу блиски во последно време. Како командант, сакам да бидам сигурен дека донесувам добри одлуки во вистинско време ...
Настанот се одржал со силно полициско присуство, додека про-палестинските демонстранти скандирале анти-израелски слогани пред зградата. Внатре, израелски адвокат зборувал за проблемот со сексуалното насилство поврзано со конфликти во неколку земји каде што жените биле цел на масовно силување и други видови сексуални напади. Една од организациите што повикале на откажување на настанот било феминистичкото друштво на универзитетот (?!). Ова не е ...
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон своевремено при посетата на Кина им порачал на кинеските власти: „Вие имате премногу инженери, а ние имаме премногу адвокати. Ајде да тргуваме!“. Ова повеќе не е шега. Кина денес има повеќе од 20 милиони инженери, повеќе од било која друга земја во светот. Педесет од нив се меѓу 200-те избрани делегати на Конгресот на комунистичката партија што имаат право да гласаат за новиот петгодишен план за ...
Германија е првата земја од Европската Унија што воспоставила врски со талибанските власти, иако официјално не ги признава за легитимни. По повлекувањето на американските сили од Авганистан, Берлин ги прекина дипломатските односи со Кабул. Наскоро ќе имаме договор што ќе ни овозможи да депортираме лица во Авганистан со редовни летови. Службеници веќе водеа технички разговори со властите во Кабул, изјави неодамна германскиот министер за внатрешни ...
Средовечната криза е период кога луѓето почнуваат да се плашат од стареење, но науката им дава утеха. Кај повеќето луѓе целокупното психолошко функционирање всушност достигнува врв на возраст помеѓу 55 и 60 години, покажува ново истражување. Луѓето во оваа категорија покажуваат најдобри резултати за решавање сложени проблеми и лидерство на работните позиции. Врвот на своите физички капацитети човекот го достигнува во средината на дваесеттите до ...
По неколкумесечни и жестоки политички расправи, гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом го потпиша контроверзниот Закон 715, со кој се воведуваат ограничувања во изразувањето во училиштата за да се спречи антисемитизам. Еврејското лоби тврди дека законот ќе ги заштити еврејските ученици од малтретирање и дискриминација, понекогаш и од наставниците. Според извештај на државното Министерство за правда, двојно биле зголемени инцидентите со ...
„Милитаризираната Русија претставува постојана закана за европската безбедност во догледна иднина“, наведува Европската комисија во Стратегијата за целосна ревизија на военото планирање и набавките. Амбициозниот петгодишен план на ЕУ за вооружување би требало да почне веќе во следните месеци, со заеднички проекти за беспилотни летала и за противвоздушна одбрана, а да заврши во 2030 година, кога Европа би имала капацитет воено да ѝ се ...
Автомобилите што возат и на електрични батерии и на мотори со внатрешно согорување (PHEV) се промовирани од европските производители на автомобили како „начин да се патува подалеку без запирање, за разлика од целосно електричните автомобили, а сепак да се намалат емисиите на штетни гасови“. Тоа е голема измама. Анализа на непрофитната група Транспорт и животна средина покажува дека овие хибриди испуштаат само 19% помалку CO2 од автомобилите со ...
Европската комисија најдоцна до вчера требаше да пресече кои членки се најоптоварени со новиот мигрантски бран и каква помош треба да добијат. Но, поради жестоката расправа, заклучокот е одложен. Новиот закон на ЕУ за азил и миграција – усвоен во 2023 година, мора да биде спроведен најдоцна до јуни 2026 година. Според договорената рамка, Комисијата треба да објави кои земји се под миграциски притисок, а владите на другите земји се обврзани или ...
Молекуларниот биолог Макс Ремпел, кој ги идентификувал ненаследните секвенци, смета дека тие имаат вонземно потекло, а луѓето што ги носат во себе ги нарекува хибриди. Ремпел анализирал генетски податоци од 581 семејство опфатено во Проектот 1.000 Геноми – јавно достапна база на податоци за човечки генетски информации. Во 11 од овие семејства, тој пронашол долги секвенци на ДНК кои не биле наследени од ниту еден од родителите. Вкупно биле ...
Последен пат кога глобалниот долг достигнал 100% од БДП било во 1948 година, кога големите светски економии беа исцрпени од шестгодишната светска војна и позајмуваа пари за обнова на опустошените земји. Заврши периодот на евтино задолжување помеѓу глобалната финансиска криза и ударот на пандемијата на ковид-19, а трошоците за сервисирање на долгот веќе ги оптоваруваат буџетите. Каматните стапки значително се зголемија на глобалните пазари, а ...
Молекуларниот биолог Макс Ремпел, кој ги идентификувал ненаследните секвенци, смета дека тие имаат вонземно потекло, а луѓето што ги носат во себе ги нарекува хибриди. Ремпел анализирал генетски податоци од 581 семејство опфатено во Проектот 1.000 Геноми – јавно достапна база на податоци за човечки генетски информации. Во 11 од овие семејства, тој пронашол долги секвенци на ДНК кои не биле наследени од ниту еден од родителите. Вкупно биле ...
Комитетот за транспорт на Европскиот парламент со 34 гласа за и ниту еден против ја усвои иницијативата за правата на патниците во авионските летови. Предложените мерки се спротивни на одлуките на Европската комисија и на Советот на ЕУ, кои се на страната на авиопревозниците, но со оглед на цврстата поддршка на мерките нема да имаат голем простор на преговорите што ќе траат со месеци. Организацијата А4Е, која ги застапува компаниите Луфтханса, ...
За извршниот директор на Форд, патувањето во Кина бил отрезнувачки удар на реалноста. По посетата на низа фабрики, Џим Фарли бил воодушевен од техничките иновации што се пакуваат во кинеските автомобили - од софтвер за самостојно возење до препознавање лица. „Нивната цена и квалитетот на нивните возила се далеку подобри од она што го гледам на Запад“, предупреди Фарли. „Ние сме во глобална конкуренција со Кина, а тоа не се само електрични ...
Децата на возраст од 9-10 години што се макар малку поактивни на социјалните медиуми од своите врсници, неколку години подоцна како тинејџери покажале послаби когнитивни способности, покажува студијата објавена во журналот ЈАМА. Клучно е да се разбере како користењето на социјалните медиуми за време на училишните часови конкретно влијае на учењето, особено затоа што толку многу училишта размислуваат за забрани за мобилни телефони, вели авторот ...
Министерката Шабана Махмуд предупредува дека неуспехот на Британија да ги контролира своите граници ја еродира довербата на јавноста во политичарите, но и меѓународниот кредибилитет на државата. Јавноста со право очекува нивната Влада да може да утврди кој влегува во нивната земја и кој мора да ја напушти, вели Махмуд. На состанокот со министрите за внатрешни работи од балканските земји таа денеска ќе повика на заеднички напори за запирање на ...
До сите тие млади луѓе на ТикТок, јас го спасив ТикТок и затоа вие сте ми должници, порача претседателот Трамп во својот прв пост на платформата откако ја потпиша извршната наредба за преземање од американски сопственици. Џек Адвент, 22-годишниот поранешен менаџер за социјални медиуми на претседателот, ја поддржува идејата Трамп да го постави својот 19-годишен син на раководна позиција во ТикТок, за да ја приближи уште повеќе платформата до ...
Некспериа ќе го продолжи своето производство во погоните во Нијмеген, но холандската влада ќе има моќ да блокира и да поништува менаџерски одлуки ако ги смета за „загрозувачки“. Директорот Џанг Сјуеженг бил суспендиран, а подоцна и отстранет од позицијата со одлука на Претприемничката комора на Апелациониот суд во Амстердам. За да ја преземе контролата, холандската Влада првпат во историјата се повика на Законот за достапност на стоки од 1952 ...
Ова е исклучително глупав потег Европа да го направи: холандската влада буквално украде водечка кинеска компанија за полупроводници, барем нејзините меѓународни операции. Тие веројатно дејствуваат во координација со Вашингтон, бидејќи тоа се случи истовремено со новото „правило од 50%“ на Трамп, кое ги додаде сите подружници на компаниите од „Листата на ентитети“ на американската листа санкционирани (што е случај со Wingtech Technology, ...