АНКАРА (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно пратил порака до началникот на Генералштабот, Ејал Замир: „Доколку не се согласувате со планот за окупација на целиот Појас Газа, треба да поднесете оставка“, известува Анадолу. Неименуван функционер од Кабинетот на премиерот Нетанјаху разговарал со весникот „Џерусалим пост“ коментирајќи ги потенцијалните идни чекори на Израел во врска со нападите врз Газа. Службеникот од Кабинетот на ...

РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Судијата на Врховниот суд на Бразил, Алешандри де Мораис, денес нареди поранешниот претседател Жаир Болсонаро да биде ставен во домашен притвор додека против него се води судски процес поради наводно планирање државен удар, јавува Анадолу. Одлуката е донесена откако Болсонаро, кој е под истрага за обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2022 година, преку видеопорака се обрати на протестот што во ...

АНКАРА (АА) - Јужна Кореја оваа година го забележа вториот најтопол јули досега, при што земјата ја зафатија интензивни топлотни бранови и тропски ноќи, соопшти денес Корејската метеоролошка управа (KMA), јавува Анадолу. Просечната температура на национално ниво во јули била 27,1 Целзиусови степени, што е помалку од рекордните 27,7 Целзиусови степени забележани во јули 1994 година, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на KMA. Во ...

- Мухамед Онур ЈАВРУТУРК Басенот на езерото Ван, каде што се наоѓаат некои од најважните мочуришта во Турција, нуди засолниште за стотици фламинга во текот на летните месеци, известува Анадолу. Со затоплувањето на времето, илјадници фламинга пристигнуваат и се сместуваат во подрачјето на езерото Ван, привлекувајќи го вниманието на посетителите со своите големи тела, елегантни вратови и долги нозе. Љубителите на природата и ентузијастите за ...

Осама ал-Хамдан, член на Политичкото биро на движењето Хамас, изјави дека израелската Влада е целосно одговорна за животите на затворениците во Газа, известува Анадолу. Во видеото што го објави Хамдан вели: „Владата на Нетанјаху е целосно одговорна за животите на сите заробеници. Ова произлегува од нејзината тврдоглавост, ароганција, одбивање да се согласи со прекин на огнот и нејзината политика на геноцид и изгладнување на нашиот народ.“ Хамдан ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,4 степени ја потресе покраината Керман во јужен Иран, известува Анадолу. Центарот за сеизмологија на Универзитетот во Техеран објави дека земјотрес со јачина од 5,4 степени, чиј епицентар бил во градот Зехкелут, во покраината Керман, е регистриран во 8:36 часот по локално време. Земјотресот се случил на длабочина од 28 километри. Засега нема информации дека има жртви од потресот. На веб страницата на ...

БЕРЛИН (АА) - Германската Влада денес неволно реагираше на плановите на градовите Хановер и Дизелдорф да примат трауматизирани деца од Појасот Газа, погоден од војната, јавува Анадолу. „Изведувањето на вакви иницијативи клучно зависи од безбедносната ситуација, можноста за напуштање на земјата и други фактори“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Ларс Хармсен, на прес-конференција. „Во моментов се развиваат конкретни ...

- Мухамед Онур ЈАВРУТУРК Басенот на езерото Ван, каде што се наоѓаат некои од најважните мочуришта во Турција, нуди засолниште за стотици фламинга во текот на летните месеци, известува Анадолу. Со затоплувањето на времето, илјадници фламинга пристигнуваат и се сместуваат во подрачјето на езерото Ван, привлекувајќи го вниманието на посетителите со своите големи тела, елегантни вратови и долги нозе. Љубителите на природата и ентузијастите за ...

СКОПЈЕ (АА) - Зголеменото ниво на реката Ганг во Варанаси, индиската држава Утар Прадеш, вчера предизвика значителна опасност од поплави во ниските делови на градот, поради што локалните власти започнаа со евакуација на населението кон безбедни зони, јавува Анадолу. Снимки од теренот покажуваат дека надојдената река поплавила неколку платформи, меѓу кои и познатата Маникарника Гат – едно од главните места за хиндуистичките кремирања. Како мерка ...

АНКАРА (АА) - Сто шеесет и пет камиони на турската Црвена полумесечина со приближно 3.000 тони храна, кои се пратени до жителите на Газа што се борат со глад, го преминале граничниот премин Рафа и почнале да влегуваат во регионот, известува Анадолу. Турската Црвена полумесечина, која работи на ублажување на хуманитарните страдања во Газа и покрај сите тешкотии, објави дека започнало преминувањето на камионите откако израелските сили привремено ...

ИСТАНБУЛ (AA) – Повеќе од 600 поранешни шефови на израелски безбедносни служби упатија апел до американскиот претседател Доналд Трамп со барање да помогне во запирањето на тековната војна во Појасот Газа, јавува Анадолу. Во апелот упатен до Трамп во писмена форма, потпишан од поранешниот директор на Мосад, Тамир Пардо, поранешниот шеф на Шин Бет, Ами Ајалон и поранешниот заменик-началник на израелската армија Матан Вилнаи, се повикува ...

АНКАРА (АА) – Најмалку 60.933 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 94 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, а 439 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени се искачи на 150.027 во израелските напади. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Околу 3.200 висококвалификувани вработени во „Боинг“ одлучија да стапат во штрајк, објави денес синдикатот на Меѓународното здружение на машински работници и работници во воздухопловството (ИАМ), јавува Анадолу. „Во 'Боинг' 3.200 високообучени членови на синдикатот ИАМ на полноќ започнаа штрајк затоа што - беше доста“, соопшти синдикатот на социјалната мрежа X. Во неделата синдикатот објави дека неговите членови гласале против ...

ИСТАНБУЛ (AA) – Премиерот на Литванија, Гинтаутас Палуцкас, денес ја објави оставката од функцијата, со што автоматски следува и распуштање на неговиот Кабинет, соопшти државниот јавен сервис ЛРТ, јавува Анадолу. „Со одлуката да поднесам оставка од премиерската функција ја известувам јавноста дека деветнаесеттата Влада на Литванија поднесува оставка“, рече Палуцкас на владината седница. Тој официјално ќе ја поднесе оставката до претседателот ...

БЕРЛИН (AA) – Само 16% од Германците изјавиле дека „дефинитивно“ би се вооружиле за да ја бранат својата земја во случај на воен напад, покажува новата анкета објавена денес, јавува Анадолу. Истражувањето на Институтот Форса открива распространета неподготвеност кај германското население за воено ангажирање и покрај честите предупредувања од страна на политичарите и воените лидери дека земјата треба да се подготви за можен вооружен конфликт. ...

ИСТАНБУЛ (AA) – Кремљ денес соопшти дека Москва не ја исклучува можноста за средба на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, кој треба да ја посети Русија оваа недела, јавува Анадолу. „Не ја исклучуваме можноста за одржување таква средба“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот брифинг со новинарите. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави дека Виткоф ...

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, утре ќе биде домаќин на првиот состанок на Балканската мировна платформа во Истанбул, предводен од Турција, со учество на неколку балкански земји, известува Анадолу. Според информациите добиени од извори во Министерството за надворешни работи на Турција, се очекува министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија да ...

ИСТАНБУЛ (AA) – Јужна Европа се соочува со екстремни температури и суша, што значително го зголемува ризикот од шумски пожари во Франција, Шпанија и Португалија. Властите издадоа црвени и портокалови предупредувања и мобилизираа стотици пожарникари за справување со ситуацијата, јавува Анадолу. Метео-Франс ја стави јужната француска провинција Од под црвен аларм за шумски пожари, што претставува највисоко ниво на опасност. Според француската ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 30% од Палестинците убиени во израелските напади врз Појасот Газа се деца, известува Анадолу. Во писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство во Газа се наведени имињата на убиените Палестинци во израелските напади врз Газа заклучно со 31 јули 2025 година. Се истакнува дека до 31 јули загинати се 18.430 деца од 60.199 Палестинци убиени во геноцидот што Израел го спроведува од 7 октомври 2023 година, ...

СКОПЈЕ (AA) – Анадолу сними ексклузивни кадри со дрон од големата пустина Гоби во Монголија, величествениот споменик на Џингис-хан на коњ и традиционалниот начин на живот на монголските номадски семејства, јавува Анадолу. На снимките се прикажани каравани со камили кои бавно го преминуваат сувиот пејзаж на пустината, осветлени од златната светлина на зајдисонцето. Сцените нудат редок поглед на една од најпознатите и најнепристапни области во ...

СКОПЈЕ (AA) – Најмалку 55 Палестинци се убиени вчера, во нов бран израелски напади низ целиот Појас Газа, меѓу кои 27 лица кои биле застрелани додека чекале хуманитарна помош на неколку локации, соопштија медицински извори, јавува Анадолу. Во најновиот напад, седум Палестинци ги загубија животите откако израелската Армија отвори оган кон луѓе кои чекале помош во јужниот дел на Газа. Уште девет лица беа убиени во близина на пунктовите за ...

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (AA) – Околу 2.400 израелски уметници, дизајнери и архитекти потпишаа две одделни петиции во кои бараат итен прекин на израелската политика на изгладнување, присилно раселување на Палестинците и воени злосторства во Газа, објавија израелските медиуми, јавува Анадолу. Според медиумот „Вала”, околу 1.000 културни работници од Израел – меѓу кои и истакнати имиња од музиката, театарот, книжевноста и филмот – ја потпишале ...

САНА/ИСТАНБУЛ (AA) – Најмалку 55 нерегуларни африкански мигранти загинаа вчера кога чамецот што ги превезувал се превртел во близина на брегот на јеменската покраина Абјан, соопштија официјални лица, јавува Анадолу. Според безбедносен извор за Анадолу, чамецот, кој пренесувал десетици мигранти – најмногу од Етиопија – потонал на разденување поради лошите временски услови. Абдел Кадер Баџамил, директор на Здравствената канцеларија во Зинџибар, ...

СКОПЈЕ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја нагласи важноста на дијалогот меѓу Косово и Србија, пренесува Анадолу. Макрон, во објава на Х, истакна дека во разговорот ја осудил секоја еднострана акција што може да го загрози дијалогот меѓу Приштина и Белград. „Со земјите од Западен Балкан, Европа ќе се реализира и ќе ја прифати својата судбина - во единство, ...

СКОПЈЕ (АА) – Во Брисел, Белгија, се одржува 145-тото издание на панаѓурот „Миди“ (Foire du Midi), традиционален летен забавен парк што се одржува секоја година во белгискиот главен град, јавува Анадолу. Со над 120 возни средства и атракции, настанот привлекува над 1,5 милиони посетители секоја година. Овогодинешниот панаѓур привлекува зголемено внимание по запишувањето на белгиската и француската култура на саемскиот простор на листата на ...

ИГДИР (АА) – Солените Пештери во Игдир, Турција, лоцирани 80 метри под земја, ги разладуваат луѓето кои се погодени од жештините, пишува Анадолу. „Галериите“, кои се формирани како резултат на операциите за ископување сол од минатото до денес на Солената Планина во округот Тузлуџа, привлекуваат големо внимание во јуни и јули, кога температурите се високи. Пештерите, кои се отворени за туристите под името „Центар за терапија со сол“, пречекуваат ...

СКОПЈЕ (AA) – Израелските сили синоќа испукаа ракети над централниот дел на градот Хан Јунис, лоциран во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу. Ракетите го осветлија небото и беа снимени со камера од жителите во областа. Израел и натаму спроведува систематска политика на изгладнување врз околу 2,4 милиони Палестинци во Газа, со тоа што ги има затворено сите гранични премини за испорака на хуманитарна помош. Помошта е блокирана на границата ...

СКОПЈЕ (AA) – И покрај лошите временски услови и обилниот дожд, десетици илјади луѓе се собраа вчера на масовен протест во Сиднеј, Австралија, изразувајќи солидарност со палестинскиот народ и повикувајќи на прекин на израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу. Демонстрантите, носејќи палестински знамиња и транспаренти, маршираа по еден од најпознатите симболи на Сиднеј – Сиднејскиот заливски мост – испраќајќи порака за солидарност, мир ...

АНКАРА (АА) – Најмалку 60.839 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 119 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, додека 866 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени се искачи на 149.588 во израелските напади. Министерството соопшти дека бројот на жртви се зголемил откако 290 тела ...

ИСТАНБУЛ (АА) - По изјавите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев за нуклеарното прашање, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека двете нуклеарни подморници се распоредени „каде што треба да бидат“, известува Анадолу. Според весникот „Хил“, Трамп одговарал на прашањата на новинарите пред неговото патување за Вашингтон. На новинарското прашање за локацијата на нуклеарните подморници по забелешките на Медведев за ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
88%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
62%
1020
weather icon

Загреб

25ᴼ / 22ᴼ
1.03
50%
1021
weather icon

Софија

26ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.7
46%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
64%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
2.57
49%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
39%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.79
53%
1019
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
8.23
35%
1013
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.56

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14875.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.60

Сребро

1202.35

Злато

108435.32

Бакар

8.94

Паладиум

38645.20

Платина

42647.74

Родиум

221840.15

Цинк

2.74