Голема победа на Пелистер на гостувањето кај МЗТ Скопје од во натпревар од 4. коло во Топ 6 фазата во Супер-лигата. Битолчани славеа со 74-85. Избраниците на Боро Даскаловски ги заслужија бодовите, беа подобар противник во голем дел од натпреварот. Одиграа одличен меч и со цел плен се враќаат од Скопје. Актуелниот првак остана без шанса да се бори за првото место пред плеј-офот, што значи дека против истиот ривал ќе игра во полуфиналето. ...
Кошаркарите на битолски Пелистер впиша нова победа во Супер лигата. Во последниот натпревар од претпоследното, 4.коло, на ТОП-6 фазата, Пелистер славеше на гостувањето кај шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 74-85. На почетокот аеродромци отворија подобро. По нецели три минути МЗТ имаше двоцифрена предност 11-1, а потоа и 14-1. Битолчани тешко стигаат до кошот на противникот, а по четири минути игра постигнаа само три поени, сите од линијата за ...

