
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Изминативе денови се направени вкупно 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева. Преземени се повеќе чекори. Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти (кафичи/клубови) по закон за угостителска дејност. Утврдено е дека 15 правни субјекти (од вкупно 23) кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимални технички услови и кај нив ќе бидат ...
Условите за продолжување на преговорите со ЕУ се утврдени со преговарачката рамка, но изразуваме загриженост дали ќе има нови по уставните промени, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Пристигнале првите 52,4 милиони евра од предвидените 750 милиони евра за поддршка на реформите за Северна Македонија, информираше Муртезани. До Европската комисија е упатено прво барање за ослободување дополнителни средства од над 17 милиони евра ...
Над 54 милиони денари се собрани досега преку Црвениот крст кои деновиве би требало да им бидат исплатени на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани. Во првата фаза ќе бидат исплатени 36 милиони денари, линеарно, по 150 000 денари за сите настрадани. Во другите фази пак, исплатата ќе се одвива по методологија утврдена од надлежни институции и стручни лица, вели генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. Исплатата е ...
Судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со искази на обвинетите Велибор Манев и Боре Видевски. Манев ги потврди наводите дека како главен обвинет, Палевски е директен извршител на двете убиства, но и оганизатор на групата која планирала злосторнички потфат. Обвинетиот Манев мислел дека жртвите ќе бидат грабнати и за нив ќе добијат 150.000 евра, а потоа ќе бидат ослободени. Но, кога се побунил после првото ...
Во текот на изминатиот викенд како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени вкупно 1.603 платни налози по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, информираат од МВР. Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките податоци по основ на пречекорување на брзината на движење евидентирани се 818 ...
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, над 60 литри на метар квадратен. Утре, како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 ...
60-годишниот Предраг Миленков од Софија кој измами 66-годишна кумановка за наводна сообраќајна незгода за 30.000 евра, доби 4 години и 10 месеци затвор, пресуди Основен суд Куманово. Судот смета дека измамата со која е нарушена приватноста и се повредени емоциите, заслужува висока казна, која можеше да биде до максимални 5 години. Во корист на семејството во истиот износ доколку лицето поседува материјални добра да му се одземат. За преживеаните ...
I. Кандидатите кои ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови: - да се државјани на Република С. Македонија, - да имаат високо образование, - да поседуваат знаење и најмалку 5 (пет) години искуство од областа на финансиското и сметководственото работење и - да ги исполнуваат условите утврдени во член 127 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. II. Кандидатите на Јавниот конкурс со пријавата треба да достават: - Уверение ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во споредба со претходната пресметка. ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по 68 ...
Денеска во Будимпешта ја посетив болницата каде што се згрижени шестмина наши сограѓани. Добив информации за нивната здравствена состојба, се сретнав и со нивните семејства, а во мое име и во име на државата упатив искрена благодарност до медицинскиот тим за нивната професионална и посветена грижа, рече министерот Муцунски. Справувањето со ваква несреќа е предизвик за секој здравствен систем, но унгарските лекари го даваат најдоброто од себе – ...
Се изврши исплата кон земјоделците во износ од 80.440.060,00 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопштија од Министерството. Исплатени се 32.596.860,00 денари за растително производство за: подмерка 1.8 за овошни насади исплатени се 19.679.962,00 денари кон 1.198 корисници; подмерка 1.11 за лозови насади исплатени се 12.916.898,00 денари кон 181 корисник. Исплатени се 47.843.200,00 денари за сточарско ...
„Сите ние сме незадоволни, и тука не треба да имаме дилема, работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Многу работи се решија од оваа Влада и за многу работи оваа влада беше браник. Тоа е проблем за политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен преку овие протести“ – вели премиерот Христијан Мицкоски. Се разгледува акционен план за прогласување мораториум со кој ќе бидат разгледувани лиценци и дозволи. Истрагата за трагичниот ...
Собранието на Република Северна Македонија ги откажува сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари поради трагедијата во Кочани, соопшти собранискатa прес-служба. Одлуката била донесена на денешната координација одржана во Собранието на која присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши, потпретседателката Весна Бендевска и координаторите на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, како и ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (24.03.2025) со почеток од 19.00 часот поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Протестниот марш ќе започне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул. „11-ти Октомври“, потоа по ул. „Филип Втори Македонски“, лево ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на прес-конференција по повод пристигнувањето на средствата од претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од страна на Европската комисија. „Траншата е во висина од 52,4 милиони евра, односно 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата, којашто како што знаете, изнесува околу 750 милиони евра. Оваа исплата е врз основа на барањето за претфинансирање, за ...
Две лица починале, а еден малолетник е повреден во инцидент што утринава се случи во скопското село Волково. Повредениот малолетник е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Денеска околу 9 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. ...
Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се обрати до општините кои се основачи и согласно процесот на децентрализација надлежни за работата на основните и средните училишта за проверка на исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти. Локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, План за ...
На денешната прес-конференција министерот Таравари со најнови информации за пациентите. Во моментот во Скопје се лекуваат 46 пациенти, 26 се во Клинички центар, 3 пациенти се во Карил, на Пластична хирургија 6, Токсикологија 11, Пулмологија 2, Детска хирургија 2, Торакална хирургија 1 и Офталмологија 1 пациент. Во Градска болница „8 Септември“ се 10 пациенти и во Градска општа болница сè уште 10 пациенти. Денеска се испишуваат 16 пациенти на ...
Следејќи неколку испреплетени приказни, кои ги поврзуваат последиците од погрешната употреба на модерната технологија, ПРЕКИНАТА ВРСКА е горчливо слатка алегорија за тоа како неможноста да комуницираме ги уништува нашите односи. Вредниот адвокат, кој не може без мобилниот телефон, нема време да комуницира со семејството. Отуѓена двојка користи Интернет за да избега од својот безживотен брак. Поранешна полицајка и вдовица се обидува да подигне ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Новиот канадски премиер Марк Карни распиша предвремени избори за 28-ми април, во позадина на трговската војна и решителниот став за анексија од Трамп. Тој истакна дека му е потребен силен мандат за да се соочи со заканите на Вашингтон. „Се соочуваме со најголемата криза во нашиот живот поради нефер трговските потези на претседателот Трамп и неговите закани за нашиот суверенитет. Затоа барам цврст позитивен мандат од моите сограѓани. Побарав од ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па ...
Израелските сили ја нападнаа болницата Насер на југот од Газа, при што загинаа најмалку две лица, меѓу кои и политичкиот лидерот на Хамас, Исмаил Бархум. Неговото убиство доаѓа неколку часа откако израелските сили ликвидираа уште еден член на политичкото биро и на палестинскиот парламент. „Она што го знаеме е дека зградата на хирургијата беше бомбардирана, и како што можете да видите, има повредени меѓу персоналот“, изјави д-р Мохамед Сакр, ...
Хаос во Турција откако продолжија протестите на приврзаниците на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу-главниот политички опонент на претседателот Ердоган, кој беше уапсен под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, само неколку дена пред да биде именуван за претседателски кандидат за изборите во 2028 година. Демонстрантите се судрија со силите на редот за време на протестот пред Градското собрание на Истанбул, по што ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште беше сослушуван Велибор Манев, еден од обвинетите. Тој рече дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо и дека сметал оти требало да извршат само грабнувања и се изненадил кога Палчо ги застрелал Вања и Панче. Манев беше испитуван од Љупчо Палевски и неговата одбрана при што му беа поставени повеќе прашања во однос на ...
По разговорите со Украина, американскиот тим во Џеда преговара со Русија. Целта на Вашингтон е да постигне итен делумен мир проследен со сеопфатен мировен договор. Украинскиот министер за одбрана Усмеров разговорите во Саудиска Арабија ги оцени како продуктивни и фокусирани. „Се осврнавме на клучните точки, вклучително и енергијата. Целта на претседателот Зеленски е да обезбеди праведен и траен мир за нашата земја и нашиот народ – и, како ...
Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија е стабилна, соопшти бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ. Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот. Министерот Кирилов кажа дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Радовиш каде ќе присуствува на реконструкција и пренамена на стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј во Општина Радовиш. – Објектот кој триесет години стоеше запуштен и занемарен, нем сведок на транзицијата, сега повторно ќе биде ставен во функција. Вкупната сума за реализација на проектот за реконструкција и пренамена на стоковната куќа во Радовиш е 223.075.612 денари, ...
Израел го нападна Либан со повеќе воздушни напади откако неколку ракети биле истрелани од либанска страна кон Израел, во најголемиот судир од ноември откако двете земји беа во примирје. Израелската војска истрелала повеќе ракети кон команден центар на Хезболах и милиција поддржана од Иран. 7 лица меѓу кои и едно дете биле убиени, а 40-ина повредени. Привремените сили на ОН во Либан ги повикаа сите страни да избегнат загрозување на постигнатиот ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 март попладне, на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Поради недоразбирање во сообраќајот, осомничениот управувајќи автомобил ...