Пустошот кои се вгнезди во срцата по страотната трагедија во која загинаа 59-мина млади луѓе, остави длабоки рани кај жителите на Кочани. По првичниот шок, следуваат долги денови на тагување, но и барање одговори. На кочанчани како никогаш досега им е потребна психолошка поддршка за прифаќање на состојбата и продолжување на понатамошните животни активности, согласни психолозите. Стотина од нив веќе се обучуваат за кризни состојби и пружање ...

Синоќа околу 02.50 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Т.Ј.(44) од Република Турција. При контрола во возилото „Рено Клио“ со босански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет. Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде ...

Откако ги добиле лиценците, дел од правните субјекти престанале да ги исполнуваат условите за работа. Такви биле дури 15% од фирмите за проектирање и надзор, рече министерот за транспорт Александар Николоски. Од неговото министерство до сега се проверени над 640 лиценци од вкупно 1.100, а одземени се 97. Најголем дел се однесуваат за лиценца „Б“, односно за градби од втора категорија. Николоски рече дека во тек е проверка на сите лиценци кои се ...

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбеди зајакната психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде поинтензивна во општините каде голем број млади, во несреќата во Кочани, загубија браќа, сестри, другари и соученици, информираше денеска министерката за образование и наука ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција уште еднаш го потенцираше фактот дека нема веќе компромиси со правдата и дека јавноста ќе биде сведок на брза, ефикасна и праведна истрага. „Многумина избрзаа со заклучоци, некои со право се сомневаа, а некои сакаа да ја искористат оваа трагедија за други цели. Некои се обидуваа да судат и да бидат обвинители, истражители, морален, па и преку суд, иако ги немаа ...

Причината за смртта кај сите 59 настрадани е насилно задушување од пожарот во дискотеката „Пулс“, Институтот за судска медицина излезе со резултатите. Дел од нив имале изгореници од прв и од втор степен. Тројца, изгореници од четврт степен. Кај загинатите биле утврдени и скршеници на ребра, како и задушување поради притисок што се случува при стампедо. Се работат токсиколошките анализи за да се утврди што е присутно во крвта, но за време на ...

Речиси сите 162 лица повредени во пожарот во Кочани, се стабилни, информира Министерството за здравство. 10 пациенти коишто се хоспитализирани во земјава, се пуштаат на домашно лекување. Во странските болници во моментов има 115 пациенти и веќе нема да има нови упатувања од Македонија, информира министерот за здравство Арбен таравари. И пациентите донесени на Клиниката за токсикологија се стабилни, благодарение пред сè, на навремената реакција. ...

150 илјади денари, како првична еднократна помош, ќе добие секое семејство погодено од трагедијата во кое има починат или член кој е на лекување во земјава или во странство. Од Владата велат дека ова е само почеток на помошта и дека граѓаните треба да ги следат насоките на Владата и Црвениот крст за сметките на кои ќе донираат. Психолошката помош која ќе ја добиваат погодените од несреќата, веќе функционира во училиштата во Кочани и на ...

Во серијата посети на земјите од регионот и посетата од трагичниот настан во Кочани, министерот за надворешни денеска беше во Љубљана. Во моментов четворица повредени се на лекување во Словенија. Двајца од повредените се во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, а двајца се во Клиничкиот центар во Марибор. Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон се потпиша во книгата на жалост во Македонската амбасада во словенечката ...

Портпаролката на Влада, Марија Митева, заедно со доктор Игор Мерџановски и министерката за образование и наука професор, Весна Јаневска одржаа прес-конференција. Првиот е во делот на лекарската грижа за којашто ќе зборува доктор Мерџановски, а вториот е од аспект на психолошка поддршка на семејствата, пациентите за која повеќе ќе информира министерката, изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева. „Во делот на лекарската ...

Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел. Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања. На лице место се ...

МВР во соработка со надлежното Јавно обвинителство ја заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени. Поднесени со две кривични пријави против вкупно 34 физички и три правни лица за кривично дело-тешки дела против општата сигурност, а едно лице е пријавено и за примање поткуп, изјави на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски истакна дека ...

Просечната исплатена нето плата во јануари во земјава изнесува 43.050 денари и е повисока за 8,9 проценти во однос на јануари минатата година – објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи на просечната исплатена плата во секторите Уметност, забава и рекреација, Административни и помошни услужни дејности и Образование. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во ...

Осумнаесетгодишен тинејџер од Змајево, Војводина, кој беше тешко повреден при уривање на натстрешницата во Нови Сад на 1 ноември, починал утрово на Воено-медицинската академија (ВМА). Пациентот, по укажаната помош во Универзитетскиот клинички центар во Војводина бил примен на ВМА, а состојбата му била непроменета, но критична. Тинејџерот Вукашин Црнчевиќ, кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад во ноември 2024 година, ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Л.А.(42) од Струга, В.А.(59) од струшкото село Радолишта, А.М.(55) од Струга, В.П.(49) од Охрид и Ј.Б.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопшти МВР. Првопријавениот, во текот на 2023 година, во ...

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, кои како соизвршители сториле тешки дела против општата сигурност. Овие физички и правни лица од 2012-та година до трагичниот настан во неделата наутро во кабаре-клубот „Пулс“ заеднички, но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности не постапиле според мерките ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. Тој соопшти дека од досега извршената проверка констатирано е следното: „Од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат ...

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и Д.Ј.(37) од Кавадарци, управител на правното лице, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик. Пријавените, во периодот од 01.12.2023 до 31.12.2023, имале обврска како даночни обврзници да извршат уплата на данок од личен доход на добивка од игри на среќа во износ од ...

Црвениот крст на Северна Македонија информира дека досега се собрани 43.149.360 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства. Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани. Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за ...

Денови на жалост во земјава за 59 млади кои загинаа во трагедијата во Кочани и беа погребани вчера. Од 196 повредени, повеќе од 115 лица се во странство, останатите на скопските клиники. Добра вест е дека 10 лица заминуваат на домашно лекување. Министерот за здравство во одговор на новинарско прашање изјави дека лекувањето на повредените во странство е бесплатно. Генерално во 99 проценти е бесплатно лекувањето и нема потреба никој да собира ...

Управата за финансиска полиција активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности. На располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, која има за цел да открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти. Акцијата ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите. Повиците за напади на медиумите и медиумските работници директно ја загрозуваат безбедноста на новинарите и претставуваат напад врз слободата на изразување, се наведува во денешното соопштение од АВМУ. Истовремено, Агенцијата повторно ги потсетува медиумите при креирањето на својата програма да ...

Министерот за здравство Таравари утрово одржа средба со странските доктори кои помагаат во третманот на повредените, како и со Аким Али, претставник на СЗО во државава. На средбата, како што соопшти Министерството за здравство, Таравари изрази благодарност за силната поддршка од странските медицински тимови од Чешка и Израел кои заедно со амбасадорите на овие земји, активно помагаа во третманот на повредените од трагедијата во Кочани. ...

По завршување на состанокот на кризн штаб, министерот за здравство Таравари излезе со најнови информации за состојбата на повредените од трагичниот настан во Кочани. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти, од кои 115 се надвор од државата. Добра вест е тоа што денеска ќе бидат испишани 10 пациенти хоспитализирани во земјава, и тоа еден пациент од Штипската болница, еден од Детската клиника, тројца од Торакална, и пет пациенти од приватните ...

Трошоците за лекување како и сместување за семејствата се на товар на Владата. Од Службата за општи и заеднички работи на Владата информираат дека досега за 142 лица од семејствата на повредените од пожарот на лекување во странство се обезбедени авионски билети и потрошени се почетно околу 3,5 милиони денари. Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кој деновиве направи обиколка низ државите и посети дел од повредените кои се наоѓаат во болниците ...

Во овие најтешки моменти за македонската држава и народ од нејзиното осамостојување, како Министерство надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење, апелираме на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници, соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација. Недопустливи се заканите упатени кон новинари, уредници и медиуми, кои имаат за цел да спречат непристрасно, ...

Тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози денеска ќе одржи состанок со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот и спасување на децата. Досега, како што информираат од Комората, ангажирани се 32 психолози за активности поврзани со последиците од пожарот во дискотеката на Кочани. Тимот за кризни интервенции во соработка со Центарот за ментално здравје при ЦК, од раните утрински часови на 16 март беа присутни на ...

Шеесетгодишен кумановец синоќа почина во експлозија на плинска боца во семејната куќа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. „На 20.03.2025 во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца. Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово“, информираат од Секторот за внатрешни работи. Смртта на човекот ја констатирал ...

Москва и Киев со жестоки борби на фронтот додека и двете страни го потврдија продолжувањето на мировните разговори со делегациите на САД в понеделник во Саудиска Арабија. Во истовреме, европските лидери во Брисел одново не успеаја да постигнат консензус околу предлог-заклучоците за Украина. Камен на сопнување и натаму стои Унгарија која одбива каква било воена помош за Киев. Францускиот претседател Макрон по самитот најави нов состанок на ...

Европската унија ги одложува тарифите што ги најави како контрамерки на американското воведување царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ. Причината за ваквата одлука е да се добие повеќе време за консултации во блокот за усвојување нов пакет контрамерки за американскиот извоз во средината на април, но и да се даде дополнително време за преговори со САД. Целта на одложувањето е да се минимизира потенцијалното негативно влијание врз ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
77%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
2.68
71%
1016
weather icon

Загреб

20ᴼ / 14ᴼ
1.54
56%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.07
92%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
85%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.54
60%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
73%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
57%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
3.09
63%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
3.6
59%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
78%
1012
Currency

61.54

Currency

52.6656

Currency

71.3284

Currency

34.2016

Currency

38.162

Currency

65.2485

Currency

7.33004

Currency

0.65425

Currency

0.35625

Currency

0.5243

Currency

1.2883

Currency

0.60315