Со години живеат со истата дијагноза, но повторно мораат да докажуваат дека се болни. Зошто лицата со траен инвалидитет минуваат низ бескрајни комисии и процедури? Дали системот им помага или им создава нов товар? Трајно болните повторно на комисии: неопходна контрола или непотребно понижување? АНКЕТА: Дали лицата со траен инвалидитет треба повторно да одат на комисии да ја докажат својата состојба? Да / Не Со години живеат со истата ...

Во делови од Македонија, граѓаните веќе се соочуваат со прекини во водоснабдувањето и слаб притисок, а летото допрва почнува. Сушата, високите температури и дотраената инфраструктура го отвораат прашањето дали нè очекува криза со водата. Дали знаеме да ја штедиме водата или таа наскоро ќе стане луксуз? АНКЕТА: Дали дома внимавате колку вода трошите? Да/Не Во делови од Македонија, граѓаните веќе се соочуваат со прекини во водоснабдувањето и ...

Лето, сонце, одмор… а наместо релаксација – нервози. Купишта ѓубре, гласна музика, бучни и поднапиени соседи, скара, а чадот ве гуши. Без разлика дали сте на плажа, на планина или на излетничко место, летото треба да биде време за релаксација и уживање. Но, се чини дека со порастот на температурите, честопати опаѓа и нивото на општа култура. Секојдневно сме сведоци на оставено ѓубре во парковите, гласна музика што не дозволува мирен одмор, па ...

Охридскиот регион повторно е пред сериозна опомена од УНЕСКО, кое предлага да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност поради ограничениот напредок во решавањето на долгогодишните проблеми – загадувањето, отпадните води, дивоградбите и неконтролираната урбанизација. Иако Македонија минатата година доби дополнителен рок, УНЕСКО повторно оценува дека нема доволно резултати. Зошто ниту една власт не ги решава овие проблеми, туку ...