
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Директорот на Центарот за анализи на СДС, Јон Фрчкоски не беше единствениот кој беше фатен во нарко афера, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваат дека втората нарко афера во оваа партија беше на водачот на Шарената револуција и нивен пратеник, Павле Богоевски. Тоа беше афера каде на снимка чија автентичност Богоевски ја потврди, се гледаше како нарачува психотропна наркотична супстанца. Од друга страна Јон Фрчкоски, порано и помошник директор во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Милвоки со 127:117. Најефикасен во тимот на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој во првиот натпревар откако се врати на паркетот по повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Јокиќ ги пропушти претходните пет натпревари на Денвер поради повреда на зглобот. Во редовите на Милвоки поради повреда отсуствуваа Јанис Антетокумпо и Демијан Лилард. ...
Генералниот секретар на НАТО, Руте апелира за единство додека европските нации се вооружуваат и ги зголемуваат своите одбранбени индустрии. Довербата меѓу 32-те земји-членки на алијансата е на ново ниско ниво откако Соединетите Држави предупредија дека Европа мора да се грижи за сопствената безбедност во иднина. „Кога станува збор за безбедноста на Европа и Северна Америка, нема алтернатива за НАТО. Без САД, Обединетото Кралство, Турција, ...
Во Париз, состанок на европските лидери за безбедноста и одбраната на Европа. Францускиот претседател Макрон, заедно со премиерот на Обединетото Кралство, Стармер, ги поттикнува напорите да изгради коалиција на нации кои ќе го поддржат распоредувањето на вооружени сили во Украина, со цел да се обезбеди траен мир со одвраќање на Русија. Во Франција е и украинскиот претседател. Зеленски ја истакна важноста од странски контингент во Украина кој би ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го посетат основното училиште „Партенија Зографски“ во Скопје. Како што информираат од ресорното Министерство во училиштето започнати се активности за поставување на фотоволтаичен систем, како дел од проектот за подобрување на енергетската ефикасност и поставување фотоволтаици на сите училишни објекти во рамки на општината. ...
Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на Алијансата. Со тоа, земјата реализираше една од нејзините стратешки цели која е зацртана и во Резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година. Денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со амбасадорите на земјите-членки и партнери ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес оствари работна средба со директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски. Меџити разговараше со првите луѓе на Шара и Пелистер за инвестиционите планови на министерството, како што е изградбата на нови објекти – инфо центри за потребите на јавните установи, национални паркови Шар Планина и Пелистер, кои ќе ги исполнуваат сите ...
На 25.03.2025 во 22.30 часот во с. Живојно, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија го лишиле од слобода Т.Н.(42) од с. Живојно поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 242 од Кривичниот законик. При контрола на патничко возило „шкода“ без регистарски таблички, кое го управувал, биле пронајдени повеќе пластични туби со нафта и масло за ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ...
„Минатата недела остварив средба со директорките за да ги увидиме сите работи во училиштата. Тие се на високо ниво. Минатата година, Црвениот крст направи обуки за евакуација на наставниот и стручниот кадар, а сега дополнително се прават обуки и за евакуација на учениците. Проверени се сите хидранти, ПП апарати, дополнително и електричната инсталација во самите училишта со цел нашите деца да бидат што побезбедни. Можат да бидат спокојни ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Киргистанската Република, со седиште во Анкара, Руслан Казакбаев. На церемонијата на предавање на акредитивите, амбасадорот Казакбаев изрази сочувство по повод трагедијата во Кочани. Тој истакна дека ќе вложи максимални напори за зајакнување и развивање на пријателските односи меѓу двете земји. Претседателката Сиљановска-Давкова се заблагодари ...
Во текот на вчерашните активности на полициските службеници во насока на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 674 платни налози. Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 252, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 175, како и прекршоците по основ на ...
Постигнат е голем напредок во обидот за прекин на огнот меѓу Украина и Русија, уверува Вашингтон. По одвоените преговори на САД со тимовите на Киев и на Москва во Ријад, договорена безбедна пловидба во Црно Море и запирање на нападите на енергетската инфраструктура. Трамп потврди дека во процесот на следење на примирјето ќе бидат вклучени и трети земји. „Во длабоки разговори сме со Русија и Украина. И јас би рекол дека оди добро, но тоа е ...
Министерството за внатрешни работи е одговорен за сите пиротехнички средства што се увезуваат и употребуваат во земјава. Тие издаваат дозволи за увоз но и за безбедносна употреба. Вака тврди Ефтим Митрев од Струмица лиценциран пиротехничар, а поранешен раководител во Дирекцијата за заштита и спасување. Во земјава пред очите на целата јавност се продаваат пиротехнички средства за огномети. Митров го посочи Бит пазар во Скопје. Во земјава постојат ...
На судското рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски заврши исказот на обвинетиот Боре Видески. Тој повтори дека не бил вмешан во убиствата, а претходните признанија му биле изнудени под полициската тортура. Судијата Ивица Стефановски го испрашуваше Видевски ги негираше сите наводи од обвинението, рече дека не може да наведе посебна причина зошто го изнел пиштолот од дома и дека првообвинетиот Љупчо Палевски никогаш не му ...
Се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени да се вратат од странство во Македонија. Министерот за здравство рече дека се подготвуваат 4-ца од Шпанија и еден од Грција. Со 5-темина кои се враќаат, ќе останат 108 пациенти кои се на лекување надвор од државата. Во земјава се лекуваат вкупно 23, а над 20 се пуштени дома. Во странски болници во моментов се лекуваат 113 пациенти. Сите кои се лекуваат дома се стабилни и во добра состојба, рече ...
Поради јавашлук и корупција, немање свест и совест се заобиколуваат законите, а за жал погубна за нас е трагедијата од Кочани каде инспекторите не само што замижале на неправилностите туку и свесно потпишале дека се е во ред, тврди деканот на Градежниот факултет, Марковски. Како што вели, можеби е најдобро ние граѓаните да вршиме притисок врз институциите за контроли и заштита, за да бидеме безбедни. Во развиените земји каде постои ЕУ кодот ...
Дискотеката „Пулс“ во Кочани работела нелегално, што е документирано и потврдено. Истрагата треба да утврди одговорност кај институциите чии пропусти се очигледни, велат од СДСМ. Повикувајќи се на податоците објавени во Бизнис мрежа, од партијата додаваат дека фирмата-сопственик на дискотеката работела со блокирана сметка дури 217 дена и сè уште не е тргната. Време е конечно да има целосна и неселективна, дисциплинска, кривична и политичка ...
Последен поздрав за Сара Пројковска-Николовска, еден од пратечките вокали која трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со групата ДНК. На комеморацијата во нејзина чест, последен поздрав за Сара од колегите, соработници но и ученици во Музичко балетскиот училиштен центар во кој таа беше вонреден професор. Сара дипломирала во 2.000 година со највисок просек 10. За време на своето образование учествувала на ...
Во општеството присутна е генерална партизација на институциите, тоа го ослабува нивниот капацитет, а државата ја прави нефункционална, истакна претседателот на МАНУ Живко Попов во неговото излагање. Со вака конципирани институции, државата многу тешко ќе се справи со предизвиците при отворањето на поглавјата за членство во ЕУ – укажа Попов. Имало периоди кога во МАНУ македонските академици не биле мнозинство. Во овој изборен циклус, МАНУ ќе се ...
Пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, информираше на денешната прес- конференција владината портпаролка Марија Митева. Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот. Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите ...
На покана на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес беше дел од редовното годишно Собрание на оваа највисока научна институција во земјава. Настан кој, покрај резимето на академските достигнувања, ја отвори и неопходната дебата за системските предизвици и реформите кои ни претстојат. Академската заедница е еден од клучните столбови врз кои треба да се ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади го осудува секој чин на насилно однесување или било која друга форма на однесување со која физичката и психичката состојба на вработените во центрите за социјална работа е ставена во ризик. Земајќи ја предвид сензитивноста на работните задачи на вработените во центрите за социјална работа кои се секојдневно изложени на ризик по сопственото здравје и живот, а во насока на нивна заштита ...
По спроведената анкета за задоволство на корисниците за 2024 година, средна оценка од задоволството на сите компании корисници на ТИРЗ изнесува 4.48 од максимум 5.00. Ова претставува позитивен тренд и раст во однос на 2023 година, кога просечната оценка изнесуваше 4.42, што укажува на континуирани подобрувања во квалитетот на услугите и поддршката што ја нуди Дирекцијата за ТИРЗ. Како што информрираат од ТИРЗ, анкетата ги опфати сите главни ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство“ по член 260 од кривичниот законик. Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а после тоа договарале за себе несразмерна противправна имотна корист и со присилба им ...
Вчера од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лаптоп компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во ...
Во моментов на скопските клиники се лекуваат 23 пациенти повредени во трагичниот настан во Кочани, а над 20 се испратени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Од хоспитализираните, четворица се на скопските клиники, двајца на Клиниките за пластична хирургија, двајца на токсикологија, во хируршкиот клинички центар „Св. Наум Охридски“ има шест пациенти, во „8 Септември“ девет, додека во приватната болница ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...