Според официјалните информации од Министерството за здравство, најмногу пациенти се лекуваат во Србија. Земјата прими 30 повредени во несреќата, во Бугарија 15, а по 12 млади луѓе беа испратени во болниците во Грција и Турција. Австрија и Унгарија примија по шестмина наши сограѓани. Во Хрватска се испратени петмина. Во Словенија, Италија, Белгија и Литванија се лекуваат по четворица пациенти. Во Шведска и Полска по двајца. А најновата ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има ...

Македонија во тага. Денови на жалост. Помина најтешкиот ден во историјата на државата. 59 жртви и 196 повредени во страшниот пожар во дискотеката во Кочани. Светот сочувствува со Македонија. Полицијата и Обвинителството со брза истрага за трагичниот настан. Доцна синоќа приведени три лица, тројца градоначалници на Кочани. Се бара и продолжување на мерките притвор. Се очекува Обвинителството да соопшти дали ќе се отвори истрага за целиот случај. ...

Голем пожар изби во трафостаница во Лондон. Десет противпожарни возила и 70 пожарникари се борат со огнената стихија. Половина од трансформаторите сè уште горат. Поради прекин во електричната мрежа, британскиот аеродром Хитроу денеска ќе биде затворен. Без струја се и илјадници домови, а околу 150 луѓе мораа да бидат евакуирани. Воспоставен е кордон од 200 метри како мерка на претпазливост, а издадени е апели за жителите да ги држат прозорците и ...

Актуелниот НБА-шампион Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордна сума во историјата на лигата - 6,1 милијарди долари. Купувач ќе биде компанија предводена од Вилијам Чишолм, која дејствува со поддршка на приватниот инвестициски фонд „Sixth Street“, објави „Sportico“. Претходно, „Fadeaway World“ објави дека одлуката на семејството Граусбек да го продаде клубот би можела да биде поттикната од зголемените даночни казни за луксуз и внатрешни ...

По наредба на Основното јавно обвинителство Кочани приведени се поранешните градоначалници на Кочани Николчо Илијев, Ратко Димитровски, како и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации од Јавното обвинителство се очекуваат во текот на утрешниот ден. Љупчо Папазов по трагичниот настан поднесе неотповиклива оставка од функцијата, ...

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2.4 и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во 15 часот и 34 минути во Струмица и во околината. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 34 минути ...

Голем број граѓани се одзваа на повикот, меѓу другото, на студентите на социјалните мрежи за доброволно дарување крв за лекување на пациентите од Северна Македонија. Голем број граѓани пристигнуваат во Заводот за трансфузија во Белград. Од 7 часот утрово чекаат ред. Мирјана Кнежевиќ од Институтот вели дека од утрово има навистина голема гужва и дека околу 120 луѓе веќе доброволно дарувале крв. „На ред чекаат веројатно уште 50-60, што е навистина ...

На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета Македонска бригада“ во Скопје. По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се времено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на ...

Полициски службеници од СВР Скопје денеска на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје. При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба. По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена ...

30 милиони денари се донирани до сега на солидарната сметка на Црвениот крст за помош на настраданите семејства во трагичниот настан во кочанската дискотека, велат од институцијата. Во однос на материјалната помош од корпоративниот сектор се собрани постелнини, ќебиња и друго кои се донираат во болниците. Но, од Црвениот крст ги предупредија граѓаните да внимаваат да не уплаќаат пари на други сметки освен на валидната сметка на Црвениот крст, ...

Се стабилизира здравствената состојба на повредените во страотниот пожар во кочанската дискотека. Тројца пациенти заминале на домашно лекување, а уште тројца се подготвуваат да ги напуштат болниците. Кризниот штаб донесе одлука на сите повредени, пред да бидат испишани да им се прават токсиколошки анализи. Се подобрува состојбата и на покритичните пациенти кои се лекуваат во други држави – од 20, сега 10 се во потешка состојба, но надвор од ...

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот. Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти. Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои ...

Владата изразува најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај континуираните апели за почитување на етичкото новинарство, денеска ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за погребот во Кочани. Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на овие принципи. Сензационализмот и ...

Последно збогум за петмината штипјани денес на градските гробишта во Штип. Граѓаните се збогуваа со трагично загинатите во несреќата во Кочани – средношколците Дамјан Таневски и Филип Ивановски, врвните музичари Филип Стевановски и Александар Коларов и професионалниот фотограф Александар Ефремов. Штип ќе ги памети како врвни професионалци, ценети и почитувани граѓани. Беа погребани со почести од високи свештени лица од МПЦ. Нивното заминување ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска уште еднаш ги повикува медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани. При пренесувањето на информациите, вклучително и преку социјалните мрежи, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да им се дозволи ...

Со палење свеќи, положување цвеќе, во тишина и со солзи во очите, скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“. Жителите на главниот град се простија од 59-мината, кои смртно настрадаа во ужасната трагедија што се случи викендов и денеска беа погребани на гробиштата во Кочани, Штип, Пробиштип, Облешево, Струмица и во Скопје. Во вторникот во Скопје се одржа и собир, кога граѓаните со 16-минутен ...

Министерството за здравство попладнево ги објави имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со што можеме да ги искажеме болката и тагата што ги чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите и замолуваме да не се шпекулира со невистинитите информации“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство. Оттаму изразија најдлабоко сочувство ...

Владата апелира медиумите да се придржуваат до етичките принципи. Во овие тешки моменти, уште еднаш го повторуваме упатениот апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар кој настана во кочанската дискотека да се придржуваат до етичките принципи. Најголем дел од медиумите не емитуваат и шират фотографии и видеоматеријали од семејствата на настраданите, а оние кои објавиле такви содржини уште еднаш ...

30 милиони денари се донирани до сега на солидарната сметка на Црвениот крст за помош на настраданите семејства во трагичниот настан во кочанската дискотека, велат од институцијата. Во однос на материјалната помош од корпоративниот сектор се собрани постелнини, ќебиња и друго кои се донираат во болниците. Но, од Црвениот крст ги предупредија граѓаните да внимаваат да не уплаќаат пари на други сметки освен на валидната сметка на Црвениот крст, ...

Со аплауз и песна вработените од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, го испратија својот колега Ѓорги Ѓеоргиев кон вечниот дом. 25 годишниот музичар кој настрада во Кочани, ја сакаше сцената, музиката, ја сакаше публика, кажаа директорката на музичкото, Клара Патарова на комеморативната седница во Струмица. Музичкото училиште во Струмица беше претесно за сите почитувачи на ликот и музиката на Ѓорги. На комеморативната присуствува членови ...

Последно збогум за петмината штипјани денес на градските гробишта. Река народ се простува од трагично загинатите во трите православни храмови и на нивните вечни почивалишта. Погребот закажан за 11 часот се оддолжи заради големиот број присутни и се очекува да започне во секој момент. Штип денес се простува со средношколците Дамјан Таневски и Филип Ивановски, со врвните музичари Филип Стевановски, Александар Коларов и професионалниот фотограф ...

ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица. Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои ...

Основното јавно обвинителство информираше за возраста на трагично загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Податоците се доставени до ОЈО од Институтот за судска медицина. Во големата трагедија животот го загубија и шест малолетни лица на возраст од 16 и 17 години. 16 години – тројца загинати 17 години – тројца загинати 18 години – четворица загинати 19 години – еден загинат 20 години – двајца загинати 21 година – шестмина ...

На градските гробишта во Кочани се погребуваат загинатите од пожарот во дискотеката што се случи во неделата рано наутро. Погребните церемонии ќе ги предводи поглаварот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија г.г. Стефан, заедно со неколку владици од синодот. Сите улици во Кочани се полни со луѓе кои се упатени кон градските гробишта за да им оддадат последна почит на загинатите. Поворката од роднини, пријатели, граѓани и ...

Шефот на накедонската дипломатија Тимчо Муцунски утрово го посети Загреб, каде што се наоѓаат пет повредени во страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 176 се повредени. Тој се заблагодари на Хрватска што примила на лекување петмина повредени, истакнувајќи дека Скопје меѓу првите повици со изрази за солидарност и понудена помош ги примил од Загреб. Тука сум како претставник на држава која тагува за 59 изгубени животи, ...

Пожар зафатил кровна конструкција на напуштени објекти во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Бедиње во Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Три противпожарни екипи и шестина пожарникари интервенирале вчера на пожарот во периодот од повеќе од два часа. Објектот чиј покрив бил зафатен од пожар се наоѓал во внатрешноста на поранешната касарна. На просторот на поранешната ...

Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. „Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и ...

Регионот и светот сочувствуваат со Македонија за настраданите во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Српските медиуми пренесуваат за погребната церемонија на 59-те жртви. Известуваат и за состојбата на повредените, како и за истрагата на Јавното обвинителство и МВР. За трагедијата во Кочани континуирано известуваат и медиумите во Бугарија. Јавуваат и за крводарителската акција во Благоевград каде што десетици жители даруваа крв за ...

Состојбата на повредените пациенти во трагичниот настан во Кочани е стабилна и добра и истата се подобрува, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Арбен Таравари. Од 20 критични пациенти, сега само 10 се во критична состојба, но со стабилни параметри. Кажа дека во земјава се лекуваат 72 пациенти, од кои на Клиничкиот центар 34, во ГОБ „8 Септември“ има 15, во старата градска болница 11, во Штип има еден пациент, а 11 ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
77%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
71%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 14ᴼ
1.03
57%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.07
92%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
0.46
86%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
60%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
73%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
50%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
64%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
55%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
78%
1012
Currency

61.54

Currency

52.6656

Currency

71.3284

Currency

34.2016

Currency

38.162

Currency

65.2485

Currency

7.33004

Currency

0.65425

Currency

0.35625

Currency

0.5243

Currency

1.2883

Currency

0.60315