
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Култниот режисерот, сценарист, музичар, глумец, фотограф, сликар и воопшто уметник, Дејвид Линч почина на 78-годишна возраст. Смртта на познатиот американски „оскаровец“ ја потврди неговото семејство. „Постои голема празнина во светот сега кога тој веќе не е со нас“, објавија тие. Линч, кој е најпознат по делата како серијата „Твин Пикс“ (Twin Peaks), филмовите „Син сомот“ (Blue Velvet), „Мулхоланд Драјв“ (Mulholland Drive), „Ѕвезден булевар“ ...
Поддржувачите на Јун Сук Јеол, на нов протест пред судот во Сеул. Се противат на одлуката на правосудните органи да издадат налог за апсење на отповиканиот претседател и отфрлањето на петицијата за негово ослободување. Јун беше приведен во неговата резиденција поради наводите за бунт поврзани со декларацијата за воена состојба донесена изминатиот месец. Претседателот го искористи своето право да се брани со молк и одби дополнително сослушување ...
Вчера во 13.30 часот во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, го лишија од слобода А.Б.Ш.(31) од Данска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.644 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 56,45%, а 43,55% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 69,20%, кон Итната медицинска помош 25,36%, а кон пожарникарите 2,54% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 724 повици за итни случаи на 112 за во ...
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени-9 степени, -8 било на Попова Шапка, -6 во Дебар, -5 во Штип и Крива Паланка, -4 во Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Виница и Тетово, -3 во Прилеп и Куманово, -2 во Скопје-Петровец, Битола, Гевгелија, Маврови Анови и Крушево, -1 во Скопје-Зајчев Рид и Велес, 0 во Охрид и Претор. Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 54 сантиметри на Попова Шапка, 48 во Маврови Анови, 31 во ...
Најмалку 27 лица загинаа во шумските пожари во областа на Лос Анџелес, додека над 30 лица се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Повеќе од 12.300 објекти се уништени или оштетени во пожарите, а над од 170 илјади луѓе беа принудени да се евакуираат. Иако ветровите ослабеа, а пожарникарите успеаја делумно да го локализираат пожарот, метеоролозите предупредуваат дека опасни временски услови се очекуваат веќе следната недела. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе ...
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по многу студеното утро кога температурите ќе се движат од минус 9 до 0 Целзиусови степени, во текот на денот тие ќе бидат во интервал од минус 1 до 8 степени. И во Скопје утрото ќе биде многу студено со услови за појава на магла, а преку денот ќе има ниска облачност која попладне ќе ослабне. Температурата ќе биде од ...
По повод завршување на градежните работи на делницата Куманово – Бељаковце (Коридор 8 Источна делница) премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце. Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со ...
Борби се водат по целата линија на украинскиот фронт. Руските сили сè се поблиску до Покровск. Украинците ги гранатираа Харков и Доњецк. Романија подигна борбени авиони откако Националниот воздушен простор бил нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, соопшти Министерството за одбрана во Букурешт. Хуманитарната ситуација во Украина и понатаму е катастрофална, заклучок од седницата на Советот за безбедност на ООН. Вкупниот број на ...
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска ќе одржи протест пред Министерството за финансии. Како што е најавено, протестот ќе трае од 11:00 – 12:00 часот. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски вчера, на предупредувачкиот получасовен протест пред Државниот завод за статистика, изјави дека 988 вработени сè уште немаат земено плата за декември иако е истечен законскиот рок. ...
Израелската влада го одложи состанокот за потврдување на договорот со Хамас за прекин на огнот. Средбата на кабинетот на Нетанјаху најверојатно ќе се одржи в сабота. Канцеларијата на Нетанјаху потврди дека договорот е финализиран, но вели дека владата нема да се состане за да го одобри до сабота, што ќе го одложи враќањето на првите заложници од недела до понеделник. Од Белата куќа претходно изјавија дека договорот стапува во сила в недела. ...
Папата Франциск ја повреди десната надлактица при пад во својата резиденција, но немаше скршеница, соопшти денеска Ватикан. Во соопштението се додава дека папата се здобил со контузија на раката, која била имобилизирана како мерка на претпазливост, пренесе Ројтерс. Папата Франциск исто така имаше операција на дивертикулитис во 2021 година, а две години подоцна и на кила. Сепак, во својата автобиографија, тој ги минимизираше стравувањата за ...
Седумнаесетгодишно момче од скопско Волково доживеал струен удар додека бил качен на цистерна – вагон. Но, цистерната се запалила и по здобиените повреди тој е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. „Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во ...
Пуштање во употреба на првите 40-тина километри од автопатот Кичево Охрид, изградба на мост на реката Вардар кај Велес, реконструкции на седум мостови по должина на коридорот 10 на железницата, реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром се дел од приоритетните проекти на кои ќе работиме оваа година, истакна вицепремиерот Николоски. „За мене најубавиот проект се новите авиолинии, каде за брзо ќе излеземе и со нови информации. ...
Британскиот премиер Кир Стармер денеска пристигна во Украина со ветување дека ќе помогне во обезбедувањето на безбедноста на земјата цел век. Британската влада објави дека Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе потпишат договор за „стогодишно партнерство“ во Киев, кој ќе вклучува области како што се одбраната, науката, енергијата и трговијата. Ненајавеното патување на британскиот премиер во Украина е негова прва посета на ...
Вчера во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле М.А.(34) од село Корешница, демиркаписко, кој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Неготино за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. М.А. бил спроведен во Казнено – поправната установа ...
За време на комеморацијата за жртвите од уривањето на настрешницата на улицата „Рузвелтова“ во Белград, девојче е повредено кога возач на автомобил ја удри на тротоар и ја носеше на покривот од возилото, по што таа падна на тротоарот. Возачот побегна од местото на настанот. Инцидентот се случи пред студентската кампања „Застани, Србија“ и петнаесетминутниот молк во кој студентите и граѓаните им оддаваат почит на загинатите во уривањето на ...
Утре со почеток во 12:30 часот по повод завршување на градежните работи на делницата Куманово – Бељаковце, Коридор 8 Источна делница, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце. Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30.8 километри и на неа се изградени 3 нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката ...
Комисијата за одликувања и признанија денеска ја одржа конститутивната седница, на којашто присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На седницата, членовите на Комисијата изразија благодарност за честа и довербата да учествуваат во вреднувањето и изборот на личности и институции што оставиле длабок печат и неизбришливи траги во македонското општество. Претседателката изрази задоволство за прифатеното членство, потенцирајќи дека ...
Полицијата во Сплит вчеравечер уапсила 19-годишен студент на Филозофскиот факултет кој најавил вооружен напад врз неговите студентски колеги, професорите и целиот факултетски кадар. Студентот пораката ја испратил во онлајн група, на која подоцна прикачил и фотографија на која држи пиштол, а нејзината вознемирувачка содржина загрижила група на лица кои настанот го пријавиле во полиција, пишуваат хрватските медиуми. По пријавата, полицијата веднаш ...
Со тешки телесни повреди се здобил пешак при удар од патничко возило ноќеска во близина на трговската зона кај Струга, соопшти СВР Охрид. Во 1 часот и 50 минути во полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од селото Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Советот за рамномерен регионален развој ја одржа 39. седница, прва во 2025 година, а втора откако со неа претседава министерот за локална самоуправа, Златко Перински. На денешната седница, Советот едногласно ги усвои одлуките со кои се одредуваат индикаторите за определување на подрачјата со специфични развојни потреби и листата со подрачја со специфични развојни потреби. Листата се ажурира на секои 5 години согласно законот. „Како што најавив ...
9-годишно дете почина на Клиниката за детски болести во Скопје откако претходно беше донесено во тешка здравствена состојба од штипската болница. Момчето од Свети Николе на Детската клиника починало пред два дена. Со брза помош од штипската болница било донесено со срцев застој и лоши витални параметри. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Сомнежите се дека причинител за лошата состојба била цревна инфекција – велат за МТВ од ...
Инспекторите сè уште не земале декемвриска плата, велат од синдикатот на УПОЗ. Пред државниот Завод за статистика дел од вработените во државната администрација продолжија со предупредувачкиот получасовен протест за зголемен додаток на плата од 30% и потпишување на колективни договори. Деаноски не сакаше да открие во кои министерства се врши притисок, а најави дека на средба со претставниците на синдикалните организации ќе решат во каква форма ...
Собранието ја прифати неотповикливата оставка што ја достави Илире Даути. Таа не е повеќе претседателката на Комисијата за труд и социјална политика. Настана кавга по нејзиното инсистирање веднаш да ја образложи оставката откако спикерот Гаши предложи тоа да биде на следната сесија. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија седницата пред образложението. Оставката беше прифатена од мнозинството, а Европскиот фронт дополнително ќе предложи ...
Бизнисот ќе бара цените да останат на стабилно ниво, трговците да не ги поскапуваат. Сепак, велат, без мерки од Владата не може да се очекува да поевтинуваат. Од Стопанската комора, за МТВ велат побарале да се намали бројот на продукти во кошничките, но да се зголемат попустите за да можат граѓаните реално да почувствуваат разлика. Предложиле и воведување на купони за најранливите категории, да се намали и ДДВ-то за храната. И власта со апел до ...
Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ја предвид пред сè вознемиреноста што во јавноста ја предизвика видеоснимка од мачење на куче во Момин Поток, веднаш по поднесувањето на кривичната пријава презеде дејствија и го прибра целокупниот доказен материјал и денеска поднесе обвинение против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на ...
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако денеска таа побара во рамки на 30 седница да ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок. Пред да ја образложи оставката, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија собраниската сала. Даути, образложувајќи ја оставката, посочи дека ...
Украинците имаат проблем, не со парите туку им недостигаат Украинци. И тоа што го направи Путин е неприфатливо, изјави на распитот во американскиот Сенат следниот државен секретар Рубио. Изрече, со дипломатски речник кажано, интересни ставови. „Вистината е дека во овој конфликт Русија нема шанса да ја заземе цела Украина. Украинците се храбри и се борат, земјата е преголема. Но, војната мора да заврши и Вашингтон тоа го посакува. Неопходни се и ...