Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ќе учествува на дводневна Конференција за војување на копнените сили (Land Warfare Conference – LWC) во Лондон. За време на конференцијата ќе се образложуваат, анализираат и дискутираат теми од современото војување и други теми важни за современиот начин на војување на Вооружените Сили (ВС) на ОК, но и на сојузниците и партнерите на НАТО. Пред почетокот на конференцијата, ...

Војната во Украина продолжува. Генералштабот на украинските сили соопшти дека поголемиот дел од нападите биле извршени во секторот Покровск, а борбите сè уште се во тек во некои области. Пожар избувна во индустриско претпријатие во Запорожје на југоистокот. Според извештаите, погодена е руска фабрика за беспилотни летала во Татарстан. Украинскиот претседател ја обвини Москва за продолжување на војната. Зеленски е еден од гостите на Самитот на Г ...

Врие на Блискиот Исток. Иран и Израел продолжија со нападите со ракети и беспилотни летала. Жителите во страв и паника минуваат часови во засолништа. Двете страни објавија за успешни напади врз критична инфраструктура. Техеран таргетира цивили, обвинуваат властите во Тел Авив. „Ова е резултат на најновиот ракетен напад од страна на Иран врз нашите станбени заедници. Гледаме дека секој од овие напади се насочени кон станбени заедници, цивили во ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека си поставил цел да се натпреварува на Олимписките игри во Лос Анџелес. Единственото нешто за кое размислувам во моментов и единственото нешто што ме мотивира се Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Го сакам тенисот и сè уште сакам да фаќам рекет. Сè уште постои тоа дете во мене кое се заљуби во тенисот. Да ја немав таа страст и таа желба да се натпреварувам, немаше да продолжам. Но, сакам да ...

Полицијата во Минесота уапси 57 – годишен маж кој во саботата ја застрела и уби демократската претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг. Властите претпоставуваат дека зад делата стои политички мотив. Гувернерот на сојузната држава Тим Волц ја потврди веста за апсењето. Бегалецот бил фатен без употреба на сила, а кај него била пронајдено поголемо количество муниција, и список со имиња на неколку функционери, за кои властите стравуваа дека ...

Дваесет и двајца македонски државјани побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање, информираа од МНР. Од Министерството упатија итен апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да ...

Од денеска до четврток, тим од седум члена од Гетеборг, Шведска, ќе го посети Кочани. Шведскиот тим ќе го сподели своето искуство од пред 27 години, пожар во дискотека што се случи во 1998 година. Гетеборг ќе им ги пренесе на Кочани своите научени лекции со цел заедно да се создадат модели на солидарност, отпорност и споделена надеж. Седумчлениот тим го сочинуваат социјални работници, преживеани, пожарникари и координатор на центарот за ...

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 102 километри југозападно од Скопје, се регистрирани изутрината во 4 часот и 34 минути во охридскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската ...

Денеска во Собранието се закажани седници на комисиите за финансирање и буџет и за одбрана и безбедност. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се државната Фискална стратегија за 2026 – 2030 година, во второ читање, како и Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност во 2024 година. Комисијата за одбрана и безбедност, пак, треба да расправа за Информацијата за потребата од склучување Амандман на договорот за набавка на ...

Иран и Израел продолжија со нападите со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта. Сирени за воздушен напад се огласија во Тел Авив и други градови принудувајќи ги жителите да бараат засолниште. „Техеран гори, САД помагаат многу под одлучното водство на претседателот Трамп“, истакна израелскиот премиер Нетанјаху на третиот ден од воздушните напади. Францускиот претседател Макрон изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Пет нови гробници во карпа дооткрија археолозите при прилепскиот завод и музеј на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови кули од првиот и вториот век од нашата ера. Комплексот со децении е познат по уникатните гробници во карпа на видни граѓани, но сознанијата изненадуваат. Вакви гробници по неколку има во Битолско и Гевгелиско, но најмногу, 27, во Прилепскиот регион. Се врзуваат со античките градови Керамија и Колобаиса кај Трескавец. ...

Вкупно 22-ца македонски државјани побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во земјава. Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање, информираа од МНР. Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а министерството за надворешни активно работи на обезбедување на сите ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски и директорот на државни патишта Трајановски извршија вонреден надзор за изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Било констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така, беше утврдено дека наследените проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет, согласно ...

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Иран и Израел продолжија со размената на ракетни напади со беспилотни летала. Најмалку осум лица се убиени во Израел, а околу 200-те се повредени. Израелската војска ги нападна нафтените постројки во Шахран и Техеран, предизвикувајќи пожари. Според Тел Авив, Иран сè уште има арсенал способен да предизвика сериозна штета на Израел. Рускиот и американскиот претседател телефонски разговарале за судирот меѓу Иран и Израел. Путин ја осудил воената ...

Украинскиот фронт и натаму гори. Нападите на двете страни продолжуваат. Нови смртоносни руски удари во Херсон, соборени украински дронови над Русија. Наспроти борбите, нова размена на воени заробеници. 1.200 тела вратени во Киев. Путин подготвен да ги продолжи разговорите со Украина по 2-ри јуни, потврдија од Кремљ по телефонскиот разговор со Трамп. Зеленски во консултација со својот тим. „Руската страна изрази подготвеност да ги продолжи ...

ФБИ сè уште трага по 57-годишниот Венс Боелтер, осомничен за пукањето врз двајца државни демократски пратеници од Минесота и нивните сопружници. Тој првично ја уби истакнатата политичарка Мелиса Хортман заедно со нејзиниот сопруг во нивниот дом, а потоа продолжил во домот на државниот сенатор Џон Хофман кој заедно со сопругата го преживеаа нападот. Полицијата соопшти дека најверојатно се работи за политички мотивиран атентат, откако во неговиот ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Во главниот град и во околината максималната температура денес ќе се искачи до околу ...

По скоро три месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица, денес се одржа деветтиот по ред „Марш на ангелите“ со вообичаена рута од Паркот на револуцијата, преку трговскиот центар, општинската зграда, полициската станица и судот и обвинителството во Кочани. Долга поворка на блиски и познаници на загинатите и денес потсетија дека очекуваат правда и одговорност за сите кои придонеле за оваа ...

Се враќа пропишаниот годишен континуитет на ремонтните активности на трите термоелектрани во РЕК Битола. По успешно завршениот редовен ремонт претходниве месеци на блокот два, деновиве во планиран застој е првиот блок на кој во следните 60 денови ќе се врши капитален ремонт кој беше прескокнат минатата година. Согласно со предвидениот производен план во средината на Август во редовен ремонт влегува и третиот блок како во следната грејна сезона ...

Состојбата со цените под будно око на власта. Се планира носење на нови мерки, најави премиерот Мицкоски. Ќе се преземаат мерки доколку има непринципиелни однесувања од страна на трговците. Тој најави дека владата ќе го разгледа извештајот на Државниот пазарен инспекторат што го изготви за состојбата со цените по завршувањето на владините мерки, по што ќе излезе со став во јавноста. Според министерот за економија, Дурмиши, засега нема драстично ...

Работно лето за партиите пред есенските локални избори. Кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за Битола – Тони Коњановски, за Охрид – Кирил Пецаков, Штип – Иван Јорданов, Велес – Марко Колев, Кавадарци – Митко Јанчев, Гевгелија – Андон Сарамандов, Аеродром – Дејан Митески, Бутел – Дарко, Костовски, Ѓорче Петров – Александар Стојковски. Од партијата најавуваат дека кон средина на јули ќе ги обзнанат и другите кандидати, меѓу кои и фаворитот ...

Чест за најдобрите, слава за театарската уметност. Во Прилеп е спуштена завесата на најпрестижниот фестивал кој го следи мигот на театарската уметност кај нас. Најдобра е „12“ на МНТ. Наградите се потврда за работата на сцената и создавањето на театарската уметност Фестивалот донесе девет претстави во конкуренција, пет во независна продукција, настани и полни сали. Во чест на наградените, Театар комедија ја изведе претставата „Вистината“ ...

Стручните лица на Националниот конзерваторски центар на Македонија ја истражуваат црквата Св. Димитрија, лоцирана на влезот од Велес од правец на Градско, за утврдување дали има остатоци од оригиналниот, автентичен живопис. Стручњаците сметаат дека таа е нацртана при крај на 13 век, кога бил и изградена. Дилемата е дали со мануелните сонди може нешто да се открие, како ран ракопис, од времето кога црквата е живописана. Тоа е потребно, за да се ...

„Црната кутија“ од паднатиот авион на Ер-Индија пронајдена на покрив во близина на местото на несреќата. Се очекува таа да даде многу одговори на прашањата зошто се случи една од најтешките авионски несреќи во историјата на Индија. Министерот за цивилно воздухопловство истакна дека пронаоѓањето на уредот е значаен чекор напред. Како дополнителна мерка на претпазливост, индиската Агенција за цивилно воздухопловство и нареди на Ер-Индија да изврши ...

Почнаа уписите во средните училишта за учебната 2025-2026 година. Пријавувањето е електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk . Првото пријавување трае до вторник, а второто е на 30-ти јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2-ри јули. Како и во изминатите години, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната година процесот целосно да се дигитализира, ...

Празни чешми, полни буриња, канистери, шишиња. Ваква е сликата со месеци во радовишко Бучим каде вода нема ниту за пиење ниту за одржување хигиена. Водата или се купува или за неа се патува секој ден по 3 до 4 километри до планинарската чешма Жителите од Бучим кои се од турската заедница проблемот со немањето вода му го предочија и на амбасадорот на Турција во земјава. Тој неодамна со вицепремиерот Иван Стоилковиќ беа на селски собир. Од Општина ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. На 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата. Кога оштетениот паднал онесвестен му ...

Иран изврши повеќе масовни напади врз Израел во текот на ноќта, по претходните напади на неговите нуклеарни постројки и клучни воени цели. Според иранската револуционерна гарда, нападите биле насочени кон десетици воени цели и воздухопловни бази во Израел. Иран со своите напади врз цивилни цели ја премина црвената линија и ќе плати „многу висока цена“ за тоа, се закани израелскиот министер за одбрана. И Израел продолжи со гранатирање на Иран во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.0
91%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1012
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.8
93%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
87%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
82%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.24
88%
1016
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948