Еруптираше вулканот Левотоби Лаки-Лаки, во јужниот дел на Индонезија. Два дена претходно имаше силна експлозија, која исфрли столбови од врела сива пепел до 10 километри височина. Индонезиските власти веднаш ја активираа највисоката фаза на тревога и ја проширија забранетата зона околу кратерот, на осум километри. За среќа нема жртви, потврдени или штети. Ова не е прва катастрофа поврзана со вулканот. Лани во ноември ерупцијата однесе девет ...

Во текот на летниот период, на околу 50 училишта низ Македонија ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи, со цел зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант во износ од 1,1 милион евра со Банката за развој при Советот на Европа. Средствата ќе се инвестираат во поставување соларни панели на училишни објекти низ државата. Од Владата ...

Врие на Блискиот Исток. Израел и Иран со нов бран меѓусебни напади. Техеран за првпат лансираше хиперсонична ракета, Тел Авив возвраќа. Погодени објекти за производство на ураниумски центрифуги и компоненти за ракети-соопшти израелската војска. „Борбени авиони летаат над местата за лансирање и складиштата за ракети земја-земја. Напаѓаме оперативци кои се враќаат и се обидуваат да изнесат муниција од местата што претходно беа цел“, изјави Ефи ...

Одбраната на градоначалникот на Струга Рамис Мерко денеска во Основниот суд во Струга треба да даде завршен збор за четирите споени предмети кои се водат против него за незаконско поставување директори во основните училишта „Гоце Делчев“ во Подгорци, два предмети, „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа и „Ашим Агуши“ во Радолишта. Судијата Јордан Јованов, на минатото рочиште информира дека со оглед на тоа дека се работи за четири предмети споени во ...

Вториот од трите блока на РЕК Битола сè уште е исклучен од електроенергетскиот систем, по активирање на заштитниот механизам. Од Електростопанство се сомневаат на саботажа. Блокот од системот бил исфрлен поради зголемена температура, по појава на опожарени дрвени елементи во близина до орманот за електронско управување. Првиот блок е на редовен годишен ремонт, а третиот е исклучен од мрежата поради намалената побарувачка од страна на ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски преку социјалните мрежи соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија, односно плазма збогатена со тромбоцити се третирани 10 лица повредени во пожарот во кабарето „Пулс“. Според Клековски, ова е голем чекор напред, бидејќи терапијата пациентите ќе може да ја примаат без да патуваат до Скопје. Интервенциите ги извршил тим од болницата „Свети Наум Охридски“ од Скопје. ...

Додека Русија продолжува со нападите низ Украина, Путин вели дека сака да ја заврши војната што е можно поскоро и да продолжи со преговори, не отфрлајќи ја можноста дури и да се сретне со Зеленски, но само ако Западот престане да ја притиска Украина да се бори. Ја предупреди Германија да не испорачува „Таурус“ ракети на Киев, предупредувајќи дека тоа би можело да ја вовлече во директен воен конфликт со Русија. Тврди дека делегациите на Москва и ...

Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за економски прашања, труд и социјална политика, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за економски прашања се три Предлог-закони во второ читање и тоа измените на Законот за волонтерство, измените на Законот за младински додаток и Предлог-законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт. Овие предлог законски решенија ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...

Вчера во 23.41 часот во Штип и во 19.54 часот во Берово, полициски службеници од СВР Штип и од ОВР Берово ги лишиле од слобода Х.П.(32) од Штип и В.П.(39) од Пехчево. Околу 23.00 на ул.„Маршал Тито“ во Штип, Х.П. со патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од В.Н.(63) од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските ...

Денеска се исплатени 341.536.000,00 денари кон 4.144 земјоделци, сооптуваат од Министерството. Исплатата е извршена по основ на дополнителни директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Се реализираше исплатата на подмерка 2.2 Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за ...

Десетици жртви и над 200 повредени по израелски тенковски оган врз толпа луѓе кои чекале помош во Кан Јунис. Нема безбедно место на Блискиот Исток, објави израелската армија и најави истрага за инцидентот. Сирени за воздушен напад одново и одново низ Израел по континуираните напади од Иран. „Нема повеќе безбедни засолништа на Блискиот Исток, ова не е мисија, ова е реалност. Она што важи за лидерите на Хамас во Газа, за Хезболах во Бејрут, сега ...

Киев потврди дека во вчерашниот напад во Киев загинале 21 лице, а над 130 луѓе се повредени. Заканата од Русија за трансатлантското единство и безбедност е проблем за секоја европска земја, и секој сојузник на НАТО мора да размислува за одбраната, вели шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. Во Стразбур, европратениците дебатираат за трошоците за одбрана и очекувањата за претстојниот самит на НАТО во Хаг. Во меѓувреме, Северна Кореја ...

Во Кочани ќе биде отворен иновативен центар, во кој граѓаните ќе можат да се дружат, но и да развиваат креативни идеи, најави министерот за здравство, Алиу. Се прибираат идеи, по што ќе следи реализација. Работна група треба да изработи акциски план за менаџирање на последиците од трагедијата во кабарето „Пулс“. Секој понеделник на состанок ќе се следи реализацијата на зацртаното. Министерот најави информативен портал на кој ќе може да се види ...

Македонската економија можно е да биде погодена по конфликтот меѓу Израел и Иран, а тоа ќе се почувствува врз цената на нафтата, велат економистите. Секој потрес на глобалните берзи може да доведе до несакани ефекти. Стопанството смета дека мора да имаме долгорочна стратегија, за да не се соочуваме со последици. Дополнителен проблем, според бизнисмените, е тоа што Македонија е увозно зависна земја. Од Владата велат дека ја следат состојбата и не ...

Идниот претседавач со Европската унија Данска со порака до Македонија, искористете го моментумот за проширување за да напредувате на евроинтегративниот пат до крајот на годинава. При специјалната посета во Скопје, министерката за европски прашања на Данска најави дека приоритет на данското претседателство е проширувањето врз основа на сработеното и реформите. Македонија очекува од Данска како претседавач да обезбеди проширување без билатерални ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека извршило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 23-годишник, на 02.01.2024 година, провалил во куќа на улицата „Востаничка“ во Скопје, така што со помош на пластична маса се качил на балконот од првиот кат на куќата и насилно го отворил прозорецот. Потоа пребарувал низ собите и одзел накит, шест ...

„Лавиринт“ е новиот музички хит на Тамара Тодевска и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Игор Џамбазов. Текстот на песната е напишан од Џамбазов, а музиката и аранжманот е на Роберт Билбилов (Just RB Production). Спотот се снимаше низ скопските улици, при крајот на мај, а е во режија и продукција на Зоран Зонде Стојановски, додека за камерата беше задолжен Кристијан Теодоров. Станува збор за еден динамичен видео запис, кој ја обединува ...

Италијанскиот фудбалски стратег Филипо Инзаги е новиот тренер на второлигашот Палермо, објави денеска клубот од Сицилија. Палермо објави дека Инзаги потпишал повеќегодишен договор и ќе се приклучи на тимот на 1 јули. Под водство на Инзаги, сицилијанскиот клуб, во сопственост на „Сити Фудбал Груп“, кој е сопственик и на Манчестер Сити, има за цел да се врати во Серија А. Италијанските медиуми објавија дека Палермо платил еден милион евра отштета ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на главниот дел од W75 ИТФ турнирот во Загреб, совладувајќи ја Ралука Георгина Шербан од Кипар со 2:1 во сетови (6:4, 3:6, 6:4). Мечот траеше речиси три часа, а Ѓорческа прикажа борбена игра, особено во третиот сет, кој го затвори на свој сервис без да ѝ дозволи поен на противничката. Ова е нејзина трета победа во низа, по двете триумфални средби во квалификациите. Во ...

Македонската кошаркарска федерација го именува Марјан Илиевски за нов селектор на сениорската репрезентација, на местото на Александар Јончевски. На официјалното претставување, Илиевски истакна дека ја прифаќа функцијата со јасна цел – напредок и стабилизација на националниот тим, нагласувајќи дека за тоа ќе биде потребна поддршка од клубовите и целата кошаркарска јавност. Новиот селектор најави разговори со сите потенцијални репрезентативци ...

Трката за Големата награда на Канада ќе остане дел од календарот на Формула 1 до 2035 година, по новото продолжување на договорот за уште четири сезони. Патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал, која е дел од шампионатот од 1978 година, е позната по возбудливите трки, а годинашното издание беше обележано со судир меѓу возачите на Мекларен, Норис и Пјастри. Претседателот на Ф1, Стефано Доменикали, го истакна значењето на трката како дел од богатата ...

На 17.06.2025 во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Д.(56) од Тетово. При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде ...

Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки. За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемиле бројот на стипендии за дуално образование на 1.570, а зголемен е и бројот на компании кои покрај теоретската настава во ...

Осум македонски државјани, меѓу нив и деца, безбедно се вратија во земјава. Прво по копнен пат со часови патуваа до Египет, а потоа со владиниот авион до Скопје. Останатите дваесетина нашинци ќе чекаат воспоставување на авионската линија од израелскиот аеродром. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи информираше за успешно завршениот процес на евакуација, нагласувајќи дека со оваа операција ...

Утрово, Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем. Причината е проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување. Со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагираа согласно оперативните протоколи. За ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Полициски службеници од редовниот состав на Секторот за внатрешни работи од Охрид утре ќе имаат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“. Пред почетокот на вежбовните активности предвидени за од осум часот, ќе бидат спроведени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. За медицинско обезбедување на ...

Во вчерашното гранатирање потврдени 21 жртва и над 130 повредени. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека нападот е еден од најтешките од почетокот на војната и дека Русија употребила повеќе од 440 беспилотни летала и 32 ракети. САД ја потврдија смртта на еден американски државјанин. По ЕУ, Велика Британија, Канада, и Австралија за прв пат воведе санкции врз 60 бродови од руската флота во сенка. На самитот на Г 7 САД се спротивставија на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
92%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
66%
1012
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.41
93%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
86%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.68
94%
1012
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
1.34
88%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 15ᴼ
0.51
100%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948