Сите капацитети на ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување се на терен, а координацијата се врши преку бројот за итни повици 112. Надлежните со внимателност ги следат коритата на реките од евентуално повторно излевање. Добра вест е дека се нормализира состојбата во Битола. Известува Ружица Ѓоршевска. Сите капацитети на ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување се на терен, а координацијата се врши преку бројот за итни повици 112. Надлежните ...

Јавните комунални претпријатија во Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и месното население со заеднички напори ги ставија под контрола надојдените води на Кочанска и Оризарска река. Градоначалникот на Кочани вели дека дел од каналите и речните корита биле претходно исчистени. Расчистени се и одроните свлечиштата на патот меѓу селата Бели и Нивичани и кон брана Градче. Реките од Брегалничкиот слив и понатаму се со зголемен водостој, но се со ...

На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се ...

Фудбалерите на Реал Мадрид се изборија за финале во шпанскиот Супер куп откако синоќа во второто полуфинале го совладаа градскиот ривал Атлетико Мадрид со 2:1. На тој начин тие се изборија за финалето против Барселона кое ќе се игра на 11.јануари во недела. Каталонците претходниот ден убедливо со 5:0 го совладаа Атлетик Билбао. Најзаслужен за победата на Реал е Валверде, кој во 2. минута донесе водство за својот тим, а во 55. минута му ...

За првпат во својата кариера легендата на НБА лигата Леброн Џејмс може да остане без индивидуално признание. Тоа ќе се случи доколку пропушти уште само еден натпревар. Според регулативите за еден играч да биде во конкуренција за индивидуална награда мора да одигра 65 натпревари од 82. Леброн Џејмс го „пропушти“ дуелот со Сан Антонио и веќе има 17 „отсуства“, а тоа значи дека ќе мора да игра на сите натпревари до крајот на регуларниот дел од ...

Победа на стартот на „Јелоу куп“ за македонските ракометари, кои на отворањето го совладаа Бахреин со 32:28 (15:13). Утре во дуелот од второто коло од турнирот македонскиот тим ќе игра против Украина (почеток 17:45). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првиот дел имаа постојано водство, а на полувреме беше 15:13. На почетокот на вториот дел Бахреин го имаше и единственото водство од 20:19, но тоа како да беше сигнал за македонските ...

В недела ќе се гласа за градоначалници на повторените избори општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Денеска на полноќ почнува предизборниот молк, а утре гласаат болни и изнемоштени лица, најмногу пријавени во Гостивар 146. Според информациите од Државната изборна комисија, гласачките ливчиња и апаратите за биометриска идентификација. Денеска се дистрибуираат до општинските изборни комисии, а оттаму ќе бидат подигнати од ...

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г.г. Стефан денеска по повод неговиот именден традиционално во неговата резиденција ќе одржи прием за државниот врв. Како што информирираат од Кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, на приемот се поканети претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски. На приемот ќе присустуваат и митрополитот ...

Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13.000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје. Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2.200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Во текот на последниот месец од минатата година, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Времето денеска ќе биде ...

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10.01.2026 г. до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе ...

Зеленски побара нова средба со Трамп, откако претставници на Вашингтон и Киев повторно разговараа за најспорните прашања во планот за завршување на војната. Украинскиот претседател истакна дека е потребен поголем притисок од САД, во момент кога Москва продолжува со воздушни напади врз градовите и енергетската инфраструктура. За време на церемонијата за старт на шест-месечното претседателство на Кипар со Европскиот совет, Зеленски рече дека ...

Изборната кампања за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа влегува во завршница и завршува утре, 9 јануари, на полноќ, кога започнува предизборниот молк до затворањето на гласачките места во недела во 19 часот. Кандидатите ги користат последните денови за засилени теренски активности и средби со граѓаните. Повторените избори ќе се одржат во недела, 11 јануари, во четирите општини. Според ...

На 07.01.2026 во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето ѝ ги побарало парите и откако се ...

Претседателот Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендира поддршката на САД за 66 организации, агенции и комисии, по прегледот на неговата администрација за учеството и финансирањето на сите меѓународни организации, вклучувајќи ги и оние поврзани со Обединетите нации. Државниот секретар на САД, Рубио, вели дека Вашингтон се повлекува од „антиамерикански, бескорисни и расипнички меѓународни организации“. Администрацијата на Трамп веќе ...

Дождовите сега не се многу пожелни за есенските посеви, посебно на лебното жито. Земјоделците посакуваат снег како заштита на посевите кои се во вегетација. Климатските промени, посебно дождовите, за 30 насто ја оневозможија есенската сеидба. Тоа ќе влијае на родот. Според агрономите неизвесноста останува за тоа какво производство ќе имаме годинава. Многу ќе зависи од пролетната клима. Климата стана главен фактор во земјоделското ...

На крајот на декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 63,1 милион евра, информира Народната банка Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2%), по што следуваат монетарното злато (16,5%) и валутите и депозитите (9,3%). На крајот на декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова до Собранието достави предлози за свои членови во Судскиот совет. Како што информираат од Кабинетот на претседателката доставени се два предлога, но не соопштуваат повеќе информации. Ве информираме дека по истекот на vacatio legis и стапувањето во сила на новиот Закон за Судскиот совет, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова достави предлог за кандидати за членови на Судскиот совет, велат од ...

Белата куќа го зголеми притисокот врз Данска во последните неколку дена, постојано истакнувајќи дека САД треба да го преземат Гренланд. Потпретседателот Венс потврди-Трамп е подготвен да оди „онолку колку што е потребно“ за да ги одбрани американските интересите во врска со Гренланд. Не е исклучена можноста за употреба на воена сила. „Претседателот на крајот ќе ја донесе конечната одлука, но имаше многу реакции од Европа, а таа не успеа да се ...

Индексот на трошоци на живот во минатата година, споредбено со 2024-та бележи пораст од 4,1%, покажуваат последните податоци на Државната статистика. Декември вообичаено го празни џебот на граѓаните, а според статистика, инфлацијата минатиот месец споредбено со ноември, изнесува 0,4%. Борис Грујоски известува. Индексот на трошоци на живот во минатата година, споредбено со 2024-та бележи пораст од 4,1%, покажуваат последните податоци на ...

Пловилата од т.н „Флота во сенка“ која Русија, Иран и Венецуела ги користат за заобиколување на меѓународните санкции одново ги разгоруваат тензиите. САД запленија два танкера поврзани со венецуелска нафта во операции во Северниот Атлантик и Карибите. Танкерот „Маринера“ претходно познат како Бела-1 пловел под руско знаме од 24 декември. Бродот „Софија“ пак пловел без државјанство во меѓународни води. Потезите следуваат откако Каракас и ...

„Божиќен натпревар“ ја следи Елизабет Берд (Малин Акерман) дома за празниците, каде што нејзиниот шеф ја испратил да го купи малиот, запуштен локален скијачки центар Ски Алто. Таа се надева дека ќе го склучи договорот и ќе замине истиот ден, избегнувајќи го своето чудно семејство, но случајно наидува на својата сестра, Лин Флин (Ејми Смарт) и е принудена да остане до Божиќ. Улоги: Малин Акерман, Ејми Смарт Режија: Шеин дакс Тејлор „Божиќен ...

По 12 години пасторално блаженство, г-дин Фокс (Џорџ Клуни) го прекршува ветувањето дадено на својата сопруга (Мерил Стрип) и ги ограбува фармите на нивните човечки соседи, Богис, Банс и Бин. Попуштањето на неговите животински инстинкти го загрозува не само неговиот брак, туку и животите на неговото семејство и нивните пријатели животни. Кога земјоделците ги принудуваат г-дин Фокс и компанијата длабоко во подземјето, тој мора да се прибегне ...

Демонстрациите во Иран продолжуваат. На 310 локации во 28 од 31 провинција во Иран граѓаните масовно излегуваат на улиците секој ден од 28 декември. Новинската агенција „Активисти за човекови права“ со седиште во САД објави дека во судирите со властите загинале 36 лица. Меѓу жртвите се 30 демонстранти, четири деца и двајца припадници на иранските безбедносни сили. Врховниот командант на иранската армија, ги обвини САД и Израел за мешање во ...

Танкер за сурова нафта стана центар на глобални тензии откако со денови беше следен од американските сили и на крајот запленет во Северниот Атлантик. Американската војска објави дека „Маринера“ претходно познат како Бела-1 пловел под руско знаме и ги прекршил санкциите. Москва внимателно ја следи ситуацијата и потврди дека на танкерот му била доделена привремена дозвола според руското и меѓународното право. Британскиот министер за одбрана ...

На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, којашто го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да ја прослават Неа, која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено наспроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета ...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ чија изградба чинеше 56 милиони денари, во Општина Гевгелија. Потоа премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните работи на Старата градска чаршија која е инвестиција од над 40 милиони денари. Како што најавија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски ќе изврши увид и во ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец (над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и услови за слаб снег, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени, а во Скопје и околината температурата ...

Американскиот претседател Трамп и неговите советници разгледуваат низа опции од однос на воспоставување контрола врз Гренланд, соопштија од Белата куќа. Според Вашингтон, употребата на војската на САД е секогаш опција во остварувањето на стратешките цели. Демократите изразија загриженост за ваквите ставови, републиканскиот претседател на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, изјави дека сепак ваквите изјави за употреба на воена сила се ...

Mинистерството за внатрешни работи отвори истрага по фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа свештеник како врши верски обред и осветување на службени полициски возила во кругот на министерството. Oд МВР информираат дека одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди презема активности за целосно утврдување на околностите и дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на постапката. ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Злато

130856.75