СВР Штип – ОВР Берово поднесе кривични пријави против правно лице – угостителски објект од Пехчево и против С.П.(43) од Пехчево и против правно лице – угостителски објект од Берово и В.К.(32) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“. Пријавениот С.П., сопственик и управител на правното лице од Пехчево, на катастарска парцела во Пехчево во државна соспственост, без одобрение за градење издадено од ...

На 12.06.2025 во 12.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Дебар го лишиле од слобода Џ.Е.(54) од с. Џепиште, дебарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,69 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од ...

Федерален судија издаде привремена забрана со која му наложува на претседателот Трамп да ја врати контролата врз Националната гарда во Калифорнија. Наредбата не се однесува на маринците кои исто така беа распоредени на протестите во Лос Анџелес кои избувнаа поради имиграциските рации. Гувернерот Њусом, кој е од редовите на демократите задоволен од одлуката со која се потенцира оти распоредувањето на гардата било нелегално и биле надминати ...

Вечер ќе бидат доделени наградите со претстава во нивна чест со што ќе биде спуштена фестивалската завеса. Претставата „12“ на МНТ што публиката ја виде на отворањето е најдобрата на годинашниов македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Жирито реши да ѝ додели и специјална награда за колективна актерска игра. Во претставата „12“ во актерската работа има внатрешна вистина на преживувањето, психолошка праведност и актерство што плени. ...

Граѓанските иницијативи реагираат на измените на Изборниот законик. Велат, високиот праг за потребниот број потписи за кандидатури е оружје против независните листи. Пратеничките состави се менуваат, но тенденцијата да ги подметнуваат истите валкани сопки останува. Не затоа што независните не се доволно добри, туку затоа што се доволно опасни по нивниот монопол. Ова не е изборен закон. Ова е акт на страв. Страв од гласот што не го контролираат, ...

Идните локални избори треба да се спроведат според нов Изборен законик. Министерството за правда ги вметнало препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои за секој изборен циклус се повторуваат. Филков открива дека се испратени на мислење до регионалната безбедносна организација и се чека нејзиното мислење, пред да бидат поднесени во парламентот. „Се надевам, дека ќе го фатиме крајниот рок до јуни и ќе може да стигне до идните локални избори“, вели Филков. ...

Македонија тапка во место со евроинтеграциите, претседателката Сиљановска-Давкова која ќе ја предводи македонската делегација на претстојниот самит на НАТО во Хаг прифаќа да разговара и на пониско ниво со бугарскиот премиер за откочување на процесот. Искрена порака и од шефот на унгарската дипломатија, Сијарто, по средбите во Скопје – Будимпешта е меѓу малцинство земји – членки на ЕУ кои навистина поддржуваат проширување со земјите од Западниот ...

34-ца осомничени за пожарот во кочанската дискотека добија статус на обвинети. Истрагата заврши, до судот поднесено обвинение. На одговорност се повикуваат тројцата сопственици и управители на клубот, исто толку поранешни градоначалници, градежни инспектори, вработени во дирекцијата за заштита и спасување и во министерството за економија, во фирма за обезбедување имоти и лица. Се товарат за тешки дела против општата сигурност за што е предвидена ...

Во Скопје дневно има од еден до два мозочни удара, капацитетот на неврологија е 50 проценти исполнет со вакви пациенти. Најголем дел од нив имаат нарушување во говорот или афазија. На светскиот месец посветен на оваа состојба невролозите предупредуваат дека најголем проблем за овие пациенти е рехабилитацијата, особено на говорот, која некогаш трае и повеќе години. Од 241 испитаник, 68 проценти не слушнале за терминот афазија кој е всушност ...

Вчера во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш. Во 14.45 часот на крстосница од ул. „Плачковица“ и ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш. Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа ...

Во Скопје, втор ден состанок на заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Се разговара за учебниците за 7 одделение во земјава, како и за можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев. Досега се усвоени препораки за заедничко чествување на пет историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја ...

Индиските власти почнаа истрага за падот на патничкиот авион на Ер Индија што се урна кратко по полетувањето од Ахмедабад, а делови од него завршија во густо населена станбена област, предизвикувајќи пожар и голем број цивилни жртви. Во авионот со 242 патници и членови на екипажот кои тргнале кон Лондон, преживеа само еден патник кој е идентификуван и е вон животна опасност. Според него, авионот почнал да губи контрола кратко по полетувањето по ...

Јавното обвинителство ќе покрене обвинение за пожарот во Кочани. На прес-конференција државниот обвинител Коцевски ќе информира за собраните докази. Осомничени се 47 поранешни и актуелни функционери, лица од обезбедувањето. Неизвесно е колкумина ќе седнат на обвинителна клупа. Обвинителството за гонење организиран криминал ја продолжува истрагата за полициските службеници. Премиерот Мицкоски вели дека целосно ја препушта постапката во рацете на ...

Русија изврши нови напади врз Украина. Со 55 дронови Шахед и четири балистички ракети Искандер нападнати неколку региони. Руските сили пак објавија дека воздушната одбрана пресретнала 125 украински дронови над руските региони, од кои повеќето над Крим. Украинскиот претседател вели дека состојбата на фронтот не е променета, но ги потиснуваат руските војници во Суми. Зеленски одново побара меѓународен притисок кон Москва, санкции за руските банки ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Тел Авив почна напади врз цели во Иран. Израелските власти соопштија дека ги нападнале иранските нуклеарни постројки, фабриките за балистички ракети и воените команданти. Авиокомпаниите го евакуираа воздушниот простор над Израел, Иран и Ирак. Иранската државна телевизија објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер во земјата, е убиен во нападот. „Ја погодивме високата ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на земјава. Во фокусот на разговорите ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена, соопшти МНР. ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Л.Д.(26) од с. Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавениот Л.Д.-полициски службеник во Сектор за известување и координација на ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши оствари работна средба со генералниот директор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Жилбер Хоунгбо, на која се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Северна Македонија и МОТ. Министерот информираше за тековните реформи во областа на трудот, меѓу кои е и подготовката на пет нови закони, започнувањето на нов проект за унапредување на безбедноста и здравјето при работа, ...

На 10.06.2025 Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Член 251-б, ст.1, а во врска со Член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, поради тоа што во текот на месец февруари со намера за стекнување на противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа ...

Пропадна обидот на претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листи. За предлогот за измени на Изборниот законик доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата. „Не е фер гласовите на околу 30 до 40 илјади граѓани да одат во вода, само заради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост на гласот“, смета Зајкова. За разлика од ...

МПЦ-Охридска Архиепископија доби нов дебарско-кичевски митрополит. На седница на Светиот Синод едногласно е избран неодамна замонашениот јеромонах и подоцна игумен, Георгиј, кој ќе раководи со дебарско-кичевската епархија, на местото на митрополит Тимотеј кој почина минатиот ноември. Митрополитот Георгиј е поранешен декан на Богословскиот факултет и македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски. Тој бил единствен предлог за митрополит, што ...

Влезот на новите странски инвестиции, најавата за низа вработувања, како и изградбата на автопатите, влеваат оптимизам дека македонската економија се движи во добра насока, велат економистите. Единствен ризик, според Институт за економски истражувања е инфлацијата, која може во одредени сектори да создаде потешкотии. Во меѓувреме Владата преку мерки се обидува да го олесни работењето на институциите. Анализата покажува дека ветувањата во првата ...

Корупцијата со години ја разнишува довербата во институциите и ја загрозува правната држава, вели директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најавувајќи максимална поддршка за кампањата „0% корупција-Ајде да е вистина“. Кампањата, која има за цел зголемување на јавната свест за потребата од пријавување на корупција и охрабрување на граѓаните да ја пријавуваат, е финансирана од Европската унија, а во соработка со Министерството ...

Игуменот Георгиј е нов митрополит на дебарско-кичевската епархија. Одлуката за наследникот на Тимотеј, Синодот на МПЦ-ОА едногласно ја донесе. Новиот митрополит е поранешен декан на Богословскиот факултет и македонски амбасадор во Ватикан кој неодамна се замонаши. За позицијата, битка се водеше и за епископот Партениј, за кого имаше поддршка од верници кои во изминатите денови одржаа собири. Седницата на Синодот ја следеше Ирина Гелевска. ...

Патнички авион на „Ер Индија“, со 242 патници се урна непосредно по полетувањето во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад. Летот бил меѓународен и, според редовниот распоред, бил упатен кон аеродромот Гетвик во Лондон. Авионот од типот „Боинг 787 Дримлајнер“ превезувал 230 патници и 12 членови на екипажот. Од нив, 169 биле индиски државјани, а 53 британски, седуммина жители на Португалија и еден канадски државјанин, соопшти ...

САД му наредија на дипломатскиот персонал и нивните семејства да ги напуштат амбасадите на Блискиот Исток, поради растечките дипломатски тензии во регионот. Објавата следува откако Иран се закани дека ќе ги нападне американските воени бази во регионот доколку избувне конфликт. Стејт департментот соопшти дека наредил заминување на речиси целиот персонал од амбасадата во Багдад, Ирак и несуштинскиот персонал од Бахреин и Кувајт. Делумните ...

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, беа разменети меѓусебни мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот. Вицепремиерот Николоски го истакна ...

И ноќва нови напади во Украина. Гранатирана цивилна инфраструктура во Харков, има повредени, меѓу кои и деца. Вчера Москва ги предаде телата на 1.200 загинати украински војници во рамки на договорот постигнат во Истанбул. Денеска стартува итната размена на тешко ранети затвореници. Од Самитот на Југоисточна Европа во Одеса, Зеленски побара санкции за руските танкери за нафта и финансискиот сектор. Во меѓувреме, Путин објави модернизација на ...

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна комуникација со канцеларијата на премиерот ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози. Преку низа мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, соопштија од Владата. ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.0
91%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1012
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.8
93%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
87%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
82%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.24
88%
1016
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948