До кога државниот имот ќе биде лесен плен за крадците, а никој нема да одговара? Два трансформатори, тешки повеќе од 30 тони, се превртени, бакарните намотки се извадени, подстаницата е уништена, а штетата се проценува на околу 5 милиони евра. Според пријавата, сето ова се случувало со месеци, без никој да забележи. Како е можно да се превртат трансформатори тешки по 30 тони? Кој може да изврши ваква операција, а никој од вработените ништо да ...
Недостигот на кадар станува сè посериозен проблем во јавните институции. Од полицијата и пожарникарите, преку здравството, па сè до домовите за стари лица – недостатокот на вработени директно влијае врз квалитетот и достапноста на услугите за граѓаните. До кога системот ќе може да функционира со празни работни места и зголемени обврски? АНКЕТА: Колку недостигот на кадар влијае врз квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните? а) Многу – ...
По најавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека сите средношколци од прва година во скопските средни училишта ќе добијат бесплатни униформи, повторно се отвора прашањето дали униформата може да биде решение за намалување на социјалните разлики меѓу учениците. Поддржувачите на идејата сметаат дека униформата создава еднаквост, дисциплина и чувство на припадност кон училиштето, додека критичарите велат дека облеката е дел од личниот израз ...
Државата може да доцни со исплата на субвенции, социјална помош, поврат на ДДВ, државна помош за компаниите или плаќање на обврските кон институциите. Но, кога станува збор за политичките партии – пари секогаш има и тие се исплаќаат навреме. Додека илјадници граѓани и фирми со месеци, а во некои случаи и со години, чекаат средства што им следуваат, партиските сметки редовно се полнат со милиони евра од буџетот. Кои се вистинските приоритети ...

