Денеска околу 08.00 во часот во СВР Скопје било пријавено дека било забележано дека на ул. „Цветан Димов“ во населба Чаир, од возило „ауди а3“ во движење со скопски регистарски ознаки биле испукани неколку куршуми во воздух, информираат од МВР. Полициски службеници го обезбедиле местото и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол, додека по преземени мерки, бил пронајден А.Д.(23) од Скопје, лицето кое го управувало возилото. Со него бил извршен ...

Над 61 процент од граѓаните би одговориле позитивно на референдумско прашање за влез на Македонија во Европската Унија, покажува анкетата која за емисијата Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС). Негативен одговор според истражувањето би дале 23.5 проценти од граѓаните. Поддршката за ЕУ е повисока кај испитаниците Албанци од кои над 77 проценти даваат позитивен одговор додека кај испитаниците Македонци позитивен ...

На 30.03.2025 во 01.50 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода М.Р.(35) од Делчево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Хјундаи“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно ...

Кај двајца пациенти од Солун во текот на вчерашниот ден има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија. Кај останатите пациенти состојбата е непроменета. Во клиниките во странство се лекуваат 89 пациенти. Надлежните се во постојана комуникација со колегите таму, велат лекувањето ќе трае додека е потребно. Пациентите коишто се лекуваат во Скопје се во добра состојба, бројот на ...

Социјалдемократите ниту демантираат ниту потврдуваат, дали претседателот Филипче на лидерската ќе оди со предлог до партиите – заеднички независен кандидат за градоначалник на Кочани. Од СДСМ кусо одговорија дека е потребна ваква средба за трагедијата, но и за други теми, откако министерот за здравство Таравари рече дека лидерска средба во моментов е непотребна и е губење на време. „Не би влегувал во таков вид на политикантство, за избори ...

Обиколницата на Крушево ќе овозможи градот да биде центар за развој на главно, авантуристичкиот туризам, по што е најпознат во светот. Тоа е еден од четирите проекти со кои градот бара средства од еден милион и 130.000 илјади евра од унгарскиот кредит преку Министерството за локална самоуправа. Ќе бидат поврзани скијачките терени и авантуристичките паркови. Крушево годинава очекува да го започне проектот со Грција преку Европската унија и да го ...

Сирени за воздушен напад во неколку области на Израел. Војската соопшти дека пресретнала проектил лансиран од Јемен. Израелската армија почна копнена офанзива во јужниот дел на Газа, наведувајќи дека ја проширува безбедносната зона. Израел потврди дека добиле нов предлог за примирје и ослободување на заложниците и додаде дека доставиле контрапонуда. Хамас се согласи на предлогот за прекин на огнот во Газа од посредниците од Катар и Египет. Од ...

Реисот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, во пораката по повод празникот Фитер Бајрам ја нагласи победата на доброто над злото, мирот над војната, солидарноста над поделбите, и човечноста над нечовечноста. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед. „Годинава во светиот месец Рамазан, ни се случи незапаметена трагедија којашто нè потресе како заедница и ...

Речиси сите 288 одобрени проекти од првиот повик на Владата со пари од унгарскиот заем се реализираат по општините во земјава. Ова е огромна поддршка бидејќи руралните општини немаат пари за реализација на големи проекти кажа градоначалникот на Ново Село каде се гради пешачко рекреативна патека до Мокриево. Во Општина Василево од првиот повик на Владата одобрен и се гради канализација во општинскиот центар. Конечно се решава најголемиот проблем ...

Повеќе пари на сметките од април за здравствените, просветните работници и пензионерите. Платите на здравствените работници се зголемуваат до 15 насто ако се земат предвид ноемвриското и декемвриското покачување. Во следните три години премиерот најавува зголемување и до 45 насто. За седум проценти повисоки априлски плати ќе добијат и вработените во образованието. Најниската нето-плата е 22.745 денари. МОН и СОНК потпишаа нова спогодба за раст ...

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба. Од нив по 6 се во стара градска и ГОБ 8 Септември и 4 во клинички центар. На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба. Во текот на ...

Чувствата на тага, гнев, себеобвинување, вина, се дел од фазите кои според психолозите ги поминуваат и директно погодените од траумата по трагедијата во Кочани, но и сите останатите жители. По првичниот шок и неверување, следува фазата на силни емоции, тагување. Но, не сите минуваат со истото темпо и можат да ја прифатат состојбата и продолжат со понатамошните животни активности. Поврзувањето велат е важно во процесот на исцелувањето. Наместо ...

Вчера во 17.00 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив без свест и за укажување лекарска помош било донесено тригодишно машко дете од Гостивар. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, родителите изјавиле дека во домот детето изело гумена бонбона, при што почнало да се гуши и изгубило свест. На детето му била укажана помош, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во ...

На 30.03.2025 околу 01.00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Доброшане во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.И.(21) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили ...

Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите граѓани од исламска вероисповед да Ви го честитам празникот Рамазан Бајрам и да ви посакам добро здравје, радост, среќа, мир и спокој во семејствата. Рамазан Бајрам е празник на солидарност и хуманост, кој ги учи богатите да се воздржат од личните удобвства и да не ги заборават сиромашните и сираците. Овој празник значи дека преку добри дела, заемно почитување, трпение и меѓусебно ...

Вам лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и на имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник ‒ Рамазан бајрам. Од сè срце Ви посакувам празничните денови да ги поминете во хармонија и благосостојба, исполнети со радост и среќа, споделувајќи љубов и внимание со најблиските. Годинава во светиот месец Рамазан, во месецот на пост, молитва и ...

Над 1.600 луѓе загинаа, а илјадници се повредени во Мјанмар по земјотресот од 7,7 во петокот. Обединетите нации предупредија на сериозен недостиг на медицински материјали додека потрагата по преживеани продолжува. Оштетените патишта, лошите комуникациски мрежи и последиците од четиригодишната граѓанска војна, ги попречуваат напорите за пребарување и спасување. Во Бангкок, каде што 30 катница во изградба се урна како резултат на земјотресот, 12 ...

Во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински ќе ја посети Општина Ново Село и ќе одржи работна средба со градоначалникот Ѓорѓе Божинов и членовите на општинскиот Совет. По средбата, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и други владини претставници, ќе извршат увид во градежните активности на проектот изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево. ...

Од вечерва почнува летното сметање на времето. Македонија и оваа година, како и сите европски земји, ќе премине од зимско во летно пресметување на времето. Летното сметање на времето започнува оваа година на 30 март, ноќта меѓу сабота и недела. Вечерва во 2 часот по полноќ потребно е да ги поместиме стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно да ги наместиме часовниците на 3 часот, што во пракса значи дека граѓаните ќе имаат еден час ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски остварија работна посета на Центарот за обука на МВР, каде што е во тек сеопфатна реконструкција на постоечките капацитети. Овој центар е клучна алка во системот на безбедност, каде што се обучуваат и подготвуваат идните полициски службеници и токму затоа вложувањето во неговата инфраструктура е вложување во стабилноста и безбедноста на државата. „Со ...

САД продолжуваат со воздушните напади врз Јемен, насочени кон повеќе области контролирани од бунтовниците Хути. Од друга страна, израелскиот премиер Нетанјаху рече дека ќе продолжи да напаѓа цели каде било во Либан за да се спротивстави на заканите од Хезболах и да ја принуди групата да го почитува прекинот на огнот. Хамас можеби е подготвен да ослободи некои заложници во замена за прекин на огнот за време на празникот Рамазан Бајрам, објавија ...

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“, денеска го одржа првото Народно собрание пред парламентот. Со транспарентот „Собранието заседава ве молиме за галама“ и со поставување на столчиња пред законодавниот дом, организаторите реагираа на одлуката на пратениците да ги откажат своите активности. Тие побараа, отворање на платформа е-инспекторат преку која граѓаните ќе имаат увид во сите инспекциски надзори, телефонска линија за пријавување на ...

Во Прилеп почна инспекциска контрола за безбедноста на колективните згради. Надзорот ќе покаже колку и дали има безбедносна инсталација, хидрантски мрежи, ПП апарати, исправни лифтови и доволна заштита на станарите. Дел станари во прилепската населба Точила укажаа на состојбите кои не се розови, а уште помалку нудат безбедност. Според Агенцијата за одржување сето е одлука на советот на станарите, на сопствениците. Агенцијата може само да понуди ...

Два дена параметрите покажуваа подобрување, но состојбата на четворицата пациенти коишто беа во критична состојба, повторно им се влошила. Петмина од хоспитализираните одат дома, во Скопје ќе останат 16 пациенти, во странство 89, се враќаат по еден пациент од Литванија и Шведска. Од понеделник сигурно е дека пет пациенти ќе се вратат во земјава. На клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе бидат третирани повредените во кочанската ...

Петпати е зголемена побарувачката на противпожарни апарати во изминативе 10 дена. Само една компанија за три дена продала над 350 противпожарни апарати по цена од речиси 3.000 денари и 150 хидрантни системи по цена од 5000 денари. Цената ќе се зголемува и до 10 насто според најавите на добавувачите поради зголемената побарувачка. Најголем е интересот кај станбените згради, угостителските објекти, приватните компании и јавни објекти. Пред да се ...

Што ќе бара да се разговара на лидерската средба лидерот на социјалдемократите Венко Филипче ќе информира следната недела кога и формално ќе го испрати барањето за средба до премиерот Мицкоски и преостанатите партиски лидери. Од СДСМ велат дека пред сè, разговорот е потребен за трагедијата во Кочани, но на маса ќе бидат и други теми. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се подготвени за секоја иницијатива која е од помош за докрај да се расветли трагедијата ...

Кумановските училишта ги исполнуваат основните услови од законот за заштита и спасување. Контролите покажале дека располагаат со противпожарни апарати и обучени вработените за ракување со нив, но не сите установи имаат хидрантска мрежа. Од секторот за образование велат ќе реагираат за да се обезбедат сите услови. „Проблемот е од технички аспект, затоа што и секое училиште нема услови за да биде инсталирано, но согласно оние услови исправноста ...

Вчера околу 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани ги лишиле од слобода О.С.(18) од Куманово, М.А.(54) од Кочани, Е.М.(25) од Виница, Џ.А.(34) од Виница и С.М.(38) од Кочани, соопштија од МВР. Тие биле затекнати во патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. од Виница, и при преглед кај нив, кај С.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста ...

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“, денеска го одржува првото Народното собрание пред парламентот. Приоритетни барања на иницијативата се безбедни улици и градови, неселективен и правичен систем и едуцирана младина со морален компас во вистинската насока. Од Иницијативата „Кој е следен“, вчера преку соопштение се оградија од политичките партии. Граѓаните денеска имаат можност да го искажат својот став и мислење. Поради собирот пред ...

Американскиот потпретседател, Венс при посетата на американските војници во вселенската база на Гренланд ја обвини Данска дека не инвестирала во безбедноста на островот и во истовреме го запоставила. Според него, САД немаат друга опција, освен да заземат значајна позиција и да ја осигурат безбедноста на Гренланд. „Нашата порака до Данска е многу едноставна. Вие не завршивте добра работа за народот на Гренланд. Вие не сте инвестирале доволно во ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
94%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
60%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
43%
1016
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
56%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.74
80%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
81%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
64%
1012
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
57%
1013
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
50%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
59%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
46%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
69%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4012

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048