Србите кои протестираат во етнички поделениот град Митровица во северно Косово, вчера подигнаа нови барикади, а од синоќа е затворен и најголемиот граничен премин меѓу Косово и Србија, Мердаре откако демонстрантите го блокираа на српска страна. До ова дојде неколку часа откако Србија соопшти дека ја ставила својата армија во највисока борбена готовност по неколкунеделните ескалации на тензиите меѓу Белград и Приштина. Српското Министерство за ...

По реферирањето на новиот директор на АНБ пред пратениците за случајот со контроверзниот Украинец Онишченко, за јавноста ќе остане тајна какви пропусти се направени. Опозицијата смета дека поранешниот директор Димовски е директно одговорен за скандалот и не треба да биде амбасадор во Франција. Под превезот на државна тајна помина денешната седница на комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за ...

Наместо пред компјутер, третооделенците учат предмет работа на компјутери и основи на програмирање, со молив и тетратка. Иако целите на предметот се да се стекнат со вештини, па да можат да креираат и едноставни програми, наставниците им диктираат дефиниции оти во училиштата, компјутери за нив нема. Постојат уредувачи на текст, тоа е Ворд. Се користи за изработка на документи со внесување на текст преку тастатура, а уредувањето е определување на ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ нареди Армијата и сите единици на Министерството за внатрешни работи да бидат на највисоко ниво на борбена готовност поради тензиите на Косово. Приштина решена да ги отстрани барикадите поставени од косовските Срби. „Претседателот на Србија, како врховен командант, вечерва нареди српските вооружени сили да бидат на највисоко ниво на борбена готовност, односно подготвеност до степен на употреба на ...

Болните од цистична фиброза бараат редовна терапија и набавка на новиот лек, од кој зависи нивниот живот. Пациентите, освен со болеста и нејзините последици, мора да се борат и со системот. Од министерот само добиле ветување, дека за проблемот ќе се разговара во Влада. Облечен како Дедо Мраз, Марио Маневски денеска напладне дојде на протест пред Министерството за здравство, за да побара од надлежните да им помогнат на луѓето со цистична фиброза. ...

Досега се поднесени само две кривични пријави за двајца малолетници. Но, се сомничат и дојавувач од Делчево и еден во Скопје. Денеска во училиштата во 4 македонски градови повторно дојави за бомби. Пратениците во Собрание за прв пат зад затворени врати дискутираат за лажните дојави за бомби. Пред нив ќе реферира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Единствената точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е информација ...

Дел од тинејџерите следат трендови на држење опасни диети. Лекарите и нутриционистите забележале дека најчесто девојчиња на возраст од 13 до 17 години држат импровизирани диети за да ослабнат преку ноќ, а некои завршуваат со булимија и анорексија, па дури и со сериозни заболувања на црниот дроб. За студентката Марија од Скопје ригорозните диети за намалување на килограми се бесмислени. Таа пешачи редовно и јаде здраво за да ја одржува линијата. ...

Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, соопшти дека „слушнала“ истрели во близина на една од нејзините патроли во Зубин Поток на северот на Косово. Српскиот претседател Вучиќ во неделата вечер го испрати началникот на Генералштабот на војската на границата со Косово. Настанот бил забележан во неделата вечер, а КФОР соопшти дека немало повредени или материјална штета. Оттаму додаваат дека се работи на утврдување на фактите. Косовската полиција ...

Со стопанските комори се води дискусијата за нов, вонреден данок на екстра добивка, по примерот на европските земји. Оние компаниите што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек, дополнително да им се оданочат екстра приходите, вели во интервју на Радио Слободна Европа, министерот за финансии Фатмир Бесими. Министре, пред неколку месеци најавивте голема даночна реформа со која во ...

Големо внимание предизвикаат вестите дека САД се согласија да испратат Патриот во Украина, нешто што претседателот Зеленски го бараше со месеци за одбрана на неговата земја. Но, експертите предупредуваат дека ефективноста на системот е ограничена и дека можеби нема да ја промени играта во војната. Ракетните системи Патриот долго време се посакуван противракетен штит особено во спорните области во светот. Во Европа, Блискиот Исток и Пацификот, ...

На сметките за струја владата почна да се фали дека да не биле тие, сметката ќе била уште повисока. Аналитичарите велат дека се работи за политички маркетинг, но премиерот Димитар Ковачевски вели дека граѓаните треба да знаат. Тоа не ниту пропаганда, ниту флаер, вели Ковачевски. Половина од новата декемвриска сметка за струја покрива владиното соопштение дека да не биле субвенциите, сметката ќе била за 73 отсто повисока. Слична порака има и на ...

Не е исклучено дека на „црната листа на САД“ да се најдат актуелни функционери велат првите луѓе на државата. Детали од власта не откриваат, освен дека за тројца фунkционери постои основано сомнение за злоупотреба на службена должност и одбиваат да ги соопштат нивните имиња. Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека не е исклучено на „црната листа“ на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери. Тој не сакаше да открие детали, затоа што ...

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Русија се обидува да ја „заврши војната“ во Украина и не одбива преговори со Киев, но американските власти го тврдат спротивното, односно дека Путин не покажал склоност за разговори. Рускиот претседател Владимир Путин, вчера, еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Вашингтон и зборуваше на заедничката седница на Конгресот, рече дека бара брзо решавање на војната. ...

Јаболкниците во земјава се прскаат меѓу 10-15 пати годишно. Во јаболката по бербата остануваат и по неколку вида пестициди, кои главно се под максимално дозволените концентрации. Мониторингот на храната останува проблем. „Едно јаболко на ден и не ви е потребен доктор“, вели народната поговорка. Но дали е така кога се работи за јаболко во кое има остатоци од неколку видови пестициди? Изјавите за квалитетот на македонските јаболки одат од една до ...

Њузлетер 23.12.2022 Анкета за отрезнување Политички земјотрес предизвика анкетата на ИРИ. Најмалку доверба, граѓаните, освен во политичките партии и во парламентот, имаат и во судството и јавното обвинителство. За двојно, во рок од една година, е зголемена и бројката на граѓаните кои сметаат дека државата оди во погрешна насока, односно, од ланските 30 отсто, на сегашни 58 отсто. „Креаторите на политики на национално ниво ќе треба да останат ...

Потребна е кристално јасна и чиста правна и политичка процедура за промена на Уставот, порача претседателот Пендаровски во својот говор пред пратениците, а притоа побара конкретни резултати во борбата против корупцијата и упати критика до правосудството за скандалозните одлуки. Европските интеграции, уставните измени и корупцијата беа централните теми на кои претседателот Стево Пендаровски обрна најголемо внимание во неговото традиционалното ...

Кинеските инвестиции и ковид-дипломатијата на Кина на Балканот резултираше со зголемено позитивно мислење кај македонските граѓани кон земјата. Според истражувањето на Меѓународниот републикански институт, расте позитивното мислење на граѓаните во земјата и за Турција, но тоа не е изненадувачки поради традиционалното стратешко партнерство меѓу двете земји. Кинеските инвестиции во инфраструктурата, телекомуникациите, медиумите и академските ...

Пратеникот Дарко Каевски беше „уловен“ како игра на мобилниот телефон за време на седница на собраниска комисија. За тоа ли земаат плата, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи. Други, пак, иронично бараат да им се набават флипери. Собранието да распише тендер и да набави флипери за на пратениците да не им е досадно на работа, иронично предлагаат граѓаните на социјалните мрежи, откако пратеникот Дарко Каевски од СДСМ беше „уловен“ како игра ...

Во обраќањето на заедничката седница на Конгресот на САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сите Американци да продолжат да ја поддржуваат неговата земја, предупредувајќи дека сè што е помалку од победа ќе го загрози слободниот свет, вклучувајќи ги и САД. За време на неговиот 22-минутен говор од говорницата на Претставничкиот дом на 21 декември, Зеленски истакна дека Украина може да победи во војната против подобро вооружената ...

Годинава има скоро двојно повеќе инсталиран капацитет во фотоволтаични централи, но тие ќе произведат само околу 1 процент од потребната струја во земјава. Македонија е сончева држава, многу погодна за искористување на сончевата енергија за производство на струја, но досега работите одат бавно. Учеството на соларната енергија во производството на струја и оваа година ќе биде занемарливо, и покрај големиот интерес за поставување на фотоволтаични ...

Уставните измени се клучни за продолжување на преговорите со ЕУ, дипломатите за РСЕ велат дека се очекува тие да бидат усвоени до јуни. Аналитичарите очекуваат најбрзо напролет да влезат во собраниска процедура, кога треба да заврши процесот со објаснувачкиот скрининг. Уставните измени со внесување на Бугарите во Преамбулата би можеле да се усвојат до јуни, кога се очекува и да приврши европскиот скрининг на македонското законодавство, велат ...

ЕУ брзаше да воведе санкции врз Русија во првите денови од војната. Но, последниот деветти пакет откри повеќе разлики. Некои земји на ЕУ стравуваат од „колатерална штета“ за нивните економии. Русија вели дека нејзината економија е отпорна на западните санкции. Единството на Европската унија околу санкциите кон Русија почна да попушта, бидејќи нервозата за влијанието врз економијата на Европа ја ослабува решеноста да се казни Москва за војната во ...

Од 1 декември 2021 година се забрани употребата на пластични кеси за еднократна употреба во Македонија, но дел од активистите сметаат дека не се постигна намалување на отпадот од пластика како што се планираше. Пропустот, велат, е кај министерството за животна средина кое треба да најде решение. Производителите се жалат, еколозите не се задоволни во целост од примената, а пластичните кеси се уште се користат во маркетите и на пазарите. Една ...

Премиерот Димитар Ковачевски се откажа од бизнисот со фотоволтаици, но сега во него ќе се проба неговата сопруга. Бизнисите кај претходниот премиер Зоран Заев, пак се во машки раце. Колку бизнисменки беа сопругите на другите премиери? Не може да им се забрани на блиски на функционери да имаат бизниси, но треба да има механизам за следење, велат антикорупционери. Илјада евра удел во фирма за производство на струја од фотоволтаици има Елена ...

Најголем рејтинг меѓу граѓаните, според анкетата на ИРИ, нема ниту еден актуелен лидер на политичките партии во земјава, туку на врвот на листата е поранешниот премиер Груевски. Едно од објаснувањата е дека тоа се должи на безнадежноста и очајот на граѓаните од состојбата во државата. Веќе четири години не е во земјава и исто толку време не е во политиката, но поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има највисок рејтинг меѓу ...

Недостиг од лекови, храна и пари во банкоматите, вака Дејан Недељковиќ, публицист од Звечане, за Радио Слободна Европа ја опишува актуелната состојба на северот на Косово. Локалните Срби од 10 декември ги блокираат патиштата на север поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ. Главните сообраќајни патишта на север, кои локалното население ги користи за снабдување и движење, се блокирани со тешка механизација, а поради влошување на ...

Новиот извештај на Коалицијата за правично судење ги покажува истите проблеми кои се провлекуваат речиси две децении во работата на судовите, Судскиот совет и Советот за јавни оввинители. Систематизацијата и организираноста во овие инстанци останува проблематична, а збунува и тоа што казните за сериозни кривични дела се слични со казните во другите кривични постапки. Од една страна зголемена ажурност во делот на предметите што ги работи ...

Според најновата анкета на ИРИ, најмалку доверба граѓаните освен во политичките партии и во парламентот имаат и во судството и јавното обвинителство. За двојно во рок од една година е зголемена и бројката на граѓаните кои сметаат дека државата оди во погрешна насока. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ би добила најмногу гласови доколку сега би се одржале парламентарни избори, покажува најновата анкета на ИРИ, спроведена врз репрезентативен примерок од ...

За помалку од еден месец Апелација укина две пресуди во кои првоосуден е поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и неговите најблиски соработници. Најголемите предмети за аферата прислушување како и за купувањето и уништувањето на опремата за прислушување се враќаат пак во Кривичен суд каде што беа заглавени неколку години. Апелација три години во фиока го чува и предметот Транспортер со кој поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески ...

Нападите на Русија врз цивилната инфраструктура на Украина, вклучително и енергетските капацитети, според Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации и Амнести интернешенел, претставуваат можни воени злосторства. Скоро 10 месеци од нејзината инвазија на Украина, Русија користи ракети и беспилотни летала произведени од Иран за да ја загрози енергетската инфраструктура на Украина на национално ниво, како дел од очигледната ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
35%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
46%
1017
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
41%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
55%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.07
62%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
52%
1018
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
8.23
56%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
49%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1017
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
34%
1017
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
9.77
82%
1017
Currency

61.535

Currency

54.6226

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62