
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Њузлетер 3 февруари 2023 - Како ќе се реши чествувањето на Гоце Делчев, кое стана безбедносен проблем? Како корупцијата, инфлацијата, аерозагадувањето... станаа македонски пандорини кутии кои прават големи проблеми? Има ли МВР план за мирно чествување на Делчев? И оваа недела чествувањето на Гоце Делчев остана безбедносен проблем. Колку се реални ветувањата на шефовите на бугарската и македонската полиција дека нема да дозволат да се распали ...
Граѓаните најмногу пари им должат на банките за потрошувачки кредит - 1 милијарда и 829 милиони евра. Со зголемувањето на основните каматни стапки на НБРМ, економистите очекуваат ново зголемување на каматите, но и на трошоците за оние кои веќе земале заем. Секој граѓанин веќе должи по 1.834 евра. Со зголемени каматни стапки банките им ја честитаа новата 2023 година на граѓаните. Преку електронска пошта тие ги известија своите клиенти дека сега ...
Како наближува роденденот на Гоце Делчев, се вжештуваат работите околу посетата на неговиот гроб во Скопје. Одбележувањето е означено како „настан од висок ризик“, по најавите за доаѓање организирани бугарски групи. Кога нема тензии и годишници, ретко кој знае каде е гробот на Гоце Делчев. Ако патот ве носи кон скопското Кале, пред угорницата од десната страна на улицата е сместена црквата „Свети Спас“. Тука се наоѓа гробот на познатиот ...
Северна Македонија останува без работна сила. Цели семејства се иселуваат во странство во потрага по подобар живот, а некои европски држави ги зголемуваат квотите за работници од Балканот. Македонските компании бараат итно олеснување на процедурите да увезат работници од Бангладеш и Далечниот Исток. Пред шест години Дафина од Струмица одлучила да ја напушти Македонија. Потрагата по подобар живот била причина да замине во Германија, каде сега ...
Студентка на универзитет во Архангелск е наведена како „екстремист“ и би можела да се соочи со повеќе од една деценија затвор откако колеги студенти ги пријавија нејзините антивоени објави на социјалните мрежи. Руската влада не чекаше да започне судењето на Олесија Кривцова, 19-годишна студентка во северниот град Архангелск, пред да ја додаде на својата листа на „терористи и екстремисти“ на 10 јануари. Назначувањето дојде откако Кривцова го ...
Додека експертите предупредуваат дека над 1 милијарда млади на возраст од 12 до 35 години ризикуваат да го загубат слухот поради продолжена и прекумерна изложеност на гласна музика, младите најчесто притискаат „ок“ ако уредот на кој слушаат на слушалки ги извести дека музиката е прегласна Кога слушам музика најчесто тоа е на слушалки, сакам да е пуштено гласно „до даска“ и ретко или воопшто не размислувам за можните последици врз слухот. Вака ...
Од договор за добрососедство, до вето за влез на Македонија во ЕУ, протести и остри изјави од двете страни. Како дојдовме дотука - Ова се дел од клучните настани кои изминатите неколку години ги одбележаа македонско-бугарските односи: 1 август 2017 Македонскиот и бугарскиот премиер Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје потпишуваат Договор за добрососедство, како обид за наминување на отворените прашања во делот на историјата и малцинствата. Во ...
„Вековниот апсолутизам во Русија, а особено нејзиното искуство од советскиот тоталитаризам, го оставија општеството длабоко трауматизирано. И сега оваа траума доби форма на војна“, вели истакнатиот руски романсиер Владимир Сорокин во интервју за РСЕ. Владимир Сорокин е меѓу најпознатите руски автори во последните 50 години, водечки постмодернист чии дела се преведени на десетици јазици. Со години, овој 67 годишник го делеше своето време меѓу ...
Електронската наплата на сметките за вода од скопскиот регион сега е во рацете на фирма која е основана само 4 дена по назначувањето на сега веќе разрешениот в.д. директор Марјанчо Митовски. Тој го потпишал договорот за јавната набавка, а по разрешувањето останува како втор човек во Водовод. Нова фирма чија основна дејност се интернет портали, ама нема своја веб страница, го доби тендерот за системот за електронска наплата за сметки во скопскиот ...
Целта на хибридните закани со кои во изминатиов период се соочи регионот се за Русија да го шири своето влијание, а ЕУ и НАТО да се откажат од интеграција на земјите, вели во интервју за РСЕ, Џејсон Вајсмeн - Специјален советник за борба против тероризмот во Европскиот парламент. Регионот и земјава во изминатиов период се соочува со дојави за бомби во училишта, институции, трговски центри и станбени објекти. Иако се испостави дека се работи за ...
Почеток на „голем народен“ собир. Вака десничарските партии и движења во Србија ги опишаа своите идни акции насочени против француско-германскиот предлог за решавање на односите со Косово. Аналитичари во Србија велат дека тие нема да се проблем за претседателот Александар Вучиќ. Потпретседателката на српското движење Двери и пратеничка во српскиот парламент Тамара Миленковиќ Керковиќ за РСЕ изјави дека националниот собир значи лансирање на ...
Власта отвора нови случаи против корупција, но „фалинките“ во правосудството ги поткопуваат тие напори, наведува Транспарени интернејшнал. Годинава Македонија е на 85-то место, со 40 индексни поени на Индексот на перцепција на корупција. Подобри од нас во регионот се Црна Гора и Косово. Недостигот на интегритет при избор на клучни фигури во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција ги поткопува напорите во вистинска ...
Не смее да се дозволи инцидент на чествувањето на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по средбата со неговиот бугарски колега Иван Демерџиев. Тој, пак, изјави дека нема да дозволат некои луѓе и закани да го разгорат огнот меѓу двата народи. Македонската полиција нема да дозволи да се случи никаков инцидент на 4 февруари, кога во Скопје се одбележува 151 годишнината од ...
Децата се лесни жртви на социјалните мрежи и институциите и граѓанските организации се загрижени што за случаите доцна се дознава. Што се случува со децата жртви откако ќе се откријат злоупотребите и сторителите? Граѓаните на Велес уште се во шок дека четворица нивни сограѓани и еден од Тетово се во притвор откако полицијата открила дека со месеци сексуално злоупотребувале 14-годишно девојче. Според истражните органи, насилството започнало кон ...
Македонија има највисока инфлација во регионот, па затоа има и најголем пад на вредноста на просечната плата во регионот од над 5 проценти. Црна Гора има голем, а Албанија мал раст на реалните плати. Србија и Босна и Херцеговина имаат мал пад на вредноста на просечните плати. Реалните плати во Македонија во изминатата година се намалија за скоро 5 отсто, иако луѓето просечно добиваат повеќе пари. Главна причина за падот е зголемувањето на ...
„Мислам дека во моментов е очигледно оти има многу Руси кои се целосно свесни за тоа колку лошо минува војната во Украина“. Ова за Радио Слободна Европа го вели Лоренс Фридман британски историчар кој е специјализиран за меѓународни односи, надворешна политика и стратегија. Лоренс Фридман има напишано академски трудови за Студената војна, нуклеарното одвраќање и политиката на воените операции. Во 2019 година, Oxford University Press ја објави ...
Руската Федерација е еден од факторите на кои од интерес им е да се одржат живи конфликтите во овој регион, со цел полесно да може да се манифестира влијание. Па така и последната ескалација меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт, вели министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи за Радио Слободна Европа. Господине ...
ВМРО-ДПМНЕ најави херојска стража на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Организаторите на групата на граѓани од Бугарија кои сакаат да дојдат на чествувањето, повикаа тоа да е мирно и Бугарите да не одговараат на провокации. Скопје и Софија в понеделник треба да ги договорат активностите за роденденот на Делчев. Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ најавува стража на гробот на револуционерот Гоце Делчев на 4 февруари, денот кога се одбележува ...
Граѓани се жалат на проблеми при достава на пратки од Македонската пошта. Искуството на РСЕ го потврди проблемот, додека чекаме да стигнат новогодишните честитки, пошта ги поскапе дел од услугите. По цел месец е потребен за писмата кои патуваат во Скопје по пошта да стигнат до назначената адреса. Дел од нив и воопшто и не стигаат. Такво е искуството на редакцијата на Радио Слободна Европа со новогодишните честитките кои на 15 декември од поштата ...
Незавршени, и неставени во употреба патишта, како и локални улици се дел од листата на Владата за изградени нови 1300 километри патишта. За време на владеењето на премиерот Ковачевски, нов е само експресниот пат Крупиште-Кочани, а на останатите километри патишта е извршена реконструкција. Само знаците сведочат дека на автопатот Пријателство веднаш после наплатната рампа кај Петровец кон Катланово се врши реконструкција. Но, освен возилата на кои ...
Њузлетер 27.01.2023 - Како и зошто дојде до толкаво заострување на македонско - бугарските односи? Кому е од интерес разгорување омраза меѓу двата народа? Гоце Делчев стана безбедносен проблем Како го разбираат светот некои од денешните политичари и во Македонија и во Бугарија? Сигурно не како поле за културен натпревар меѓу народите. Да не зборуваме за оние најрадикалните, кои се закануваат дури и со атентати. Тензиите меѓу двете земји, ...
Евроамбасадорот Гир ги осуди изјавите на европратеникот Џамбаски со закани и територијални претензии. Главниот интерес на ЕУ е да продолжат преговорите по донесување на уставните измени и спроведување во пракса на реформите, велат извори од Унијата. Неприфатливи се неодамнешните изјави на европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски со изразени територијални претензии и коментарите кои може да се интерпретираат како закани кон македонскиот ...
Македонското МНР не добило официјална потврда дали повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е поради претепувањето на Пендиков во Охрид. Доколку причината е таква, тогаш бугарската реакција е непропорционална, вели за РСЕ македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи. Доколку повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е поврзано со инцидентот кој се случи во Охрид, тоа би го сметал за диспропорционална акција, бидејќи ...
Вооружените сили на Украина ќе добијат засилување откако Западот вети тенкови со супериорни способности. Тенкови можат подобро да забележат и да погодат цели на подолг дострел од руските, велат експертите. По неколкунеделен интензивен притисок од сојузниците на НАТО и Киев, Германија се согласи да и донира напредни борбени тенкови Леопард 2 на Украина додека таа се подготвува за пролетна офанзива против руските сили. Берлин им даде зелено светло ...
Во Штип и во Кочани се отпишале околу 1,5 отсто од учениците поради иселување само во текот на првото полугодие. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека ова повеќе личи на евакуација отколку на иселување. Бројот на ученици во Македонија во изминатите две децении е намален за 25 проценти. Секое второ одделение останало со по едно дете помалку во второто полугодие во штипските училишта. Само во првото полугодие, од септември до декември, ...
„Доколку се укине безвизниот режим, тоа за мене би значело дека рејтингот на земјата опаѓа и дека се оддалечуваме од Европската унија”, вели за Радио Слободна Европа, Владимир Трипиќ од Белград. Дека пред Србија била ставена можност да се укине безвизниот режим, но и стопирање на европската интеграција и инвестиции истакна пред деновиве српскиот претседател Александар Вучиќ. Ова било споменато, доколку Белград не го прифати француско-германскиот ...
За синдикалците е противуставен, за министерката Тренчевска е во ред, а според професорот Давитковски се работи за избрзано решение. Бројни забелешки за новиот Закон за плати во јавниот сектор. Наместо да стави ред, новиот закон за плати во јавниот сектор ќе отвори нови проблеми. Според експертите, не може под иста капа да се ставаат сите делови од системот кои земаат буџетска плата. За синдикалците пак, законот ги поништува колективните ...
Уставниот суд денеска донесе одлука со која се укинува Деталниот урбанистички план за Центар донесен пред 8 години со тензии во Советот на општината. Укинатиот ДУП - Ј07 беше дел и од судскиот предмет „плацеви на Водно“, од каде што Агенцијата за конфискација на имот веќе одзела дел. Градежната „Пандорина кутија на Водно“ се затвори со денешната одлука на Уставниот суд за укинување на Деталниот Урбанистички план ЈО7. Со овој план беа утврдени ...
Документи со доверливи ознаки беа откриени и во домот на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс. Ова е најновото во низата откритија на доверливи информации во приватни резиденции. Претходно, тајни документи беа пронајдени и во домовите на претседателите Џо Бајден и Доналд Трамп. Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд назначи двајца различни специјални советници кои независно ќе го истражат ракувањето со доверливите записи од ...
Владата денеска без одлука за забрана за влез на бугарски политичари кои го негираат македонскиот народ. Шефот на бугарската дипломатија не дојде во Парламентот во Софија да го образложи претепувањето на бугарскиот државјанин Пендиков во Охрид. Американската амбасадорка Агелер повика на смиреност. Министерството за внатрешни работи треба да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните ...