
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Откако градот ги раскина договорите со двата приватни превозници, сите линии сега ги вози ЈСП. Автобусите се нередовни и преполни, а турканиците се големи. Приватниците бараат исплата на долгот кон нив, од Градот пак најавуваат нови индивидиуални договори со приватните автобуси. Последните препирки за скопскиот автобуски превоз, кои кулминираа со одземање на дозволите на двата приватни превозници, донесоа многу гужви и нервози кај скопјани. За ...
Како што тргнале работите, ќе треба да му се извинуваме на Мијалков што нè прислушувал, коментираат граѓаните на социјалните мрежи, откако Апелациониот суд Скопје пред неколку дена ја укина првостепената пресуда од 8 години затвор во случајот Трезор за набавката на опремата за прислушување. Скопска апелација ја укина првостепената осумгодишна затворска казна за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков во ...
Лебот ќе поевтини само тоа нема да биде денеска, туку во текот на месецот. Во повеќето продавници цената на зејтинот е веќе намалена. Цените на месото пак се условени од укинување на давачките на увезените суровини, а во некои маркети има минимално намалување на цената на млекото. Од Пазарниот инспекторат најавуваат засилени контроли на терен и казни за трговците кои нема да ја почитуваат одлуката на Владата за намалување на цените И покрај ...
Унгарската десничарска влада ги злоупотребила личните податоци за време на кампањата за изборите годинава, поткопувајќи ја приватноста и нарушувајќи го политичко поле за игра во корист на владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, се вели во извештајот на Хјуман рајтс воч. Премиерот Виктор Орбан и неговата партија го освоија четвртиот последователен мандат на власт во април со убедлива победа. Откако дојде на власт во 2010 година, ...
Додека македонски судии и обвинители во Брисел ќе реферираат за усогласеноста на македонските со европските закони, правосудниот систем го тресат афери. Една од последните е за стотици студенти кои положиле правосуден испит пред да завршат студии на правен факултет. Колку вкупно правници, кои треба да се грижат за спроведување на законите- незаконски исполниле услов за да станат адвокати, обвинители, државни правобранители или судии со „амин“ на ...
Граѓаните кои се поврзани на топлата Скопје-Север користат алтернативни начини на греење, бидејќи парно немаат. Од топланата очекуваат денеска да потпишат договор со АД ЕСМ со што ќе се реши проблемот со набавката на гас. Од АД ЕСМ велат дека е набавен гас за декември. Петти ден по ред радијаторите во домовите на жителите на населбите Чаир, Топанско Поле, Скопје Север и Бутел се ладни, бидејќи топланата „Скопје Север“ не им обезбедува топлинска ...
За две третини од регистрираниот имот во Скопје не се плаќа данок на имот, зошто Градот нема пристап до податоците на Катастарот, вели градоначалничката Данела Арсовска. Од Агенцијата за катастар велат дека податоците не можат да ги обезбедат бесплатно како што бараат општините. Ниту една Влада до сега не нашла решение праведно за сите граѓани да плаќаат данок на својот имот. Шеесет проценти од граѓаните во Град Скопје не плаќаат данок на имот, ...
Кинескиот лидер Си Џинпинг се соочува со еден од неговите најголеми предизвици додека десетици илјади луѓе излегоа на улиците да протестираат против строгите контроли на владата и задушувањето на слободата на говорот. Рид Стендиш Со ретки и зачудувачки сцени, демонстрациите започнаа на 25 ноември и оттогаш се проширија на најмалку 16 места низ Кина, вклучувајќи го главниот град Пекинг и неговиот финансиски центар Шангај. Изливот на несогласување ...
Германскиот претседател, Штајнмаер порача дека Македонија е пред важна одлука дали со уставните измени ќе продолжи кон членство во ЕУ. Ако преговорите се ЕУ не се базирани на историја тогаш ќе завршат во рекордно време, смета Пендаровски. Двајцата претседатели се воздржаа од прогноза дали Северна Македонија ќе влезе во ЕУ до 2030. Усвојување на уставните измени и реафирмација на поддршката на Германија за патот на Северна Македонија кон ЕУ е ...
Родители ширум светот обвинуваат дека нивните деца го загубиле животот поради следење на предизвик на Тик-Ток. Во Македонија не е пријавен таков случај. Но има примери во кои младите влегуваат во ризични ситуации за да направат уникатно видео или фотографија за социјалните мрежи. Популарноста на Тик-ток се повеќе расте. Таа е единствена платформа во моментов на која речиси се е дозволено. „Мислам дека на децава до 18 години треба да им се ...
На социјалните мрежи се појави наводна фотографија од соблекувалната на српските фудбалери пред мечот со Бразил на Светското првенство во фудбал на 26 ноември, на која се гледа пораката „Не се предаваме“ над картата на Србија, на која е вклучено и Косово. Људмила Цветковиќ, Маја Живановиќ „Знамето на кое Косово е дел од Србија во соблекувалната на српската репрезентација на Светското првенство во фудбал не е случаен настан или претерување, тоа ...
Премиерот Ковачевски излезе од сенката на Заев и со Францускиот предлог се персонализираше во лидер, оценуваат ПР стратезите. Последниот месец премиерот и СДСМ ја интензивираа кампањата, а тоа „мириса“ на избори, иако декларативно се против тоа. Но популизмот добро вирее во Македонија, па ниту една власт не сака да се откаже од сеприсутноста која носи поени. Премиерот Димитар Ковачевски и партијата на власт последниот месец „се спуштија“ до ...
Обвинителството по службена должност ќе ги гони насилниците кои ја загрозуваат безбедноста на новинарите и медиумските работници, доколку Собранието ги усвои новите измени на Кривичниот законикт. Истовремено, оние кои ќе нападнат новинар ќе се соочат со високи казни затвор. Напади со оружје и експлицитни смртни закани трпеле новинарите во Македонија само во оваа година. Создадена е атмосфера во која лесно кон нив се упатуваат погрдни зборови ...
Откако во новиот предлог буџет беа скратени многу пари за студентите, пратениците сега преку амандмани ќе го подобруваат студентскиот стандард. Во меѓувреме, премиерот си снима видео со студентите и порачува дека „никој нема да биде оставен сам“. Студентите наместо ова, бараат конкретни решенија. „Студентите никој не може да ги тргне од мене. Никој нема да биде оставен сам“. Ова е пораката од вчерашното видео на премиерот Димитар Ковачевски во ...
Утринава приватните превозници автобусите ги паркираа на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка во знак на протест. Сообраќајот во Скопје е речиси целосно блокиран. Приватните автобуски превозници бараат од премиерот да и се одземат ингеренциите на градоначалничката Арсовска. Продолжува хаосот со јавниот автобуски превоз во Скопје. Приватните превозници утринава ги паркираа автобусите на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка во знак ...
Во споредба со вкупната сума што се дава за да се откупат телевизиските права за светското првенство, за техничките потреби, мислам дека најмал трошок е еден или двајца коментатори да отидат на светското првенство. Гледачот го забележува тоа, вели долгогодишнито спортски новинар Златко Калински во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Господине Калински, на кого типувате дека ќе го освои Мундијалот? Бразил важи за најголем фаворит и во ...
Властите во Украина прават напори да ја вратат струјата и во останатите 6 од 12 милиони потрошувачи кои останаа без неа по рустите напади. Зеленски го критикуваше киевскиот градоначалник за пропусти во главниот град. Украинските власти се обидуваат да го обноват снабдувањето со струја и вода по неодамнешните руски воени напади кои нанесоа огромни штети на инфраструктурата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на милиони луѓе им ...
Бугарскиот културен центар во Скопје, по 20 години функционирање, доби нови простории во центарот на градот. Мирната атмосфера внатре, не одговараше на многуте полицајци пред објектот. Овој настан доаѓа во период на зголемени тензии по оштетувањето на бугарскиот клуб во Охрид. Под силно полициско обезбедување денеска беше отворен новиот објект на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје. Полицијата ги блокираше приодите кон кусата ...
Државниот архив кој се грижи за најважните документи од минатото на земјата постојано се соочува со поплави, а штетите се видливи. Водата сега пробила и до една од канцелариите во Уставниот суд, кој се наоѓа во истиот објект на подолните катови. Институциите алармирале до Владата, но безуспешно. Освен слики, ѕидовите на Државниот архив сега ги „краси“ и мувла. Плафонот е одронет, а некаде има и дупки. Неодамнешните дождови ги поплавија ...
„Гледаме дека сите овие злосторства имаат системска природа. Тоа е дел од културата на тоа како Русија води војна“. Ова во интервју за РСЕ го вели Олександра Матвијчук, шеф на организацијата која ја доби Нобеловата награда за мир оваа година. Матвијчук оценува дека извршувањето воени злосторства стана интегрален дел од тоа како Москва води војна и дека Киев не треба да чека да ги изведе наводните руски сторители пред лицето на правдата. „Со ...
Њузлетер 25.11.2022 Медицинска опрема украдена во Македонија фатена на Косово Македонските здравствени установи имаат хроничен недостиг од опрема и апарати, а оние што се новонабавени, најчесто се од донации. Но, некои почнале и да исчезнуваат. Косовската полиција спречила украдена медицинска опрема од Македонија да заврши во косовската поликлиника „Авицена КС“ во сопственост на македонскиот бизнисмен Дритон Шуки. Како украдена медицинска опрема ...
За последниот напад на клубот во Охрид со огнено оружје е известена и ЕУ. Еврокомесарот Вархеји очекува истрага, но и да се најдат сторителите. За македонското МНР станува збор за вандалски чин, за бугарското, тоа е сериозно кривично дело. Три напади врз бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ за само месец и половина откако е отворен. За последниот напад, со огнено оружје, врз клубот во Охрид бугарските дипломати ги известиле и челниците на ...
Нема решение за проблемот со учебници по англиски јазик. Цели одделенија учат без учебници, родителите кршат закон, а наставниците импровизираат. Три години не се одобруваат учебници по англиски според новите програми, а министерските смени само го продлабочија проблемот. Многу основци и годинава останаа без учебниците по англиски јазик. Оние кои добија, се жалат дека се испокинати. Ама за „бељата“ да биде поголема, и нивното користење не е ...
Србите на југот на Косово се револтирани откако Белград во минатата недела вети финансиска поддршка за Србите кои ги напуштија своите работни места во спорот со регистарските таблички на северот на Косово. Сандра Цвековиќ и Бујар Трстена Скоро секој ден веќе девет месеци, очајни жители на Вербоц, или Врбовац стојат пред канцеларијата на српската самоуправа во југоисточното Косово барајќи работа за нив или за нивните возрасни деца. Нивниот ...
Д-р Орхан Зекири, педијатар со 35 годишно работно искуство и началник на детското одделение во охридската болница, кое се соочува со недостиг од лекари во интервју за Радио Слободна Европа вели дека комплетниот здравствен систем треба да се менува од корен. Одделот за лекување деца во охридската болница веќе со месеци врши само прегледи, не и хоспитализација бидејќи се соочува со недостиг од лекари. Во моментов има само двајца педијатри од кои ...
Во Буџетот за 2023 нема пари за усогласување на платите со порастот на минималната плата. Се крати од парите за студентски и ученички стандард. Најмалку пари за наука во последната деценија. Помалку пари ќе има и за животна средина и за општините, реагираат синдикатите, студентите и опозицијата. Нема да има пари за повисоки плати на вработените во јавниот сектор следната година, ќе има „трошки“ за наука и десеткуван буџет за студентски стандард, ...
Косовската полиција спречила украдена медицинска опрема од Македонија да заврши во косовската поликлиника „Авицена КС“ во сопственост на македонскиот бизнисмен Дритон Шуки. Косовските медиуми јавија дека станува збор за опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот истата наводно ја купил за 10 илјади евра. Како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во рацете на бизнисменот Дритон Шуки одговор треба да даде истрагата на ...
Непријателот повторно одлучи да се обиде со терор и убиство да го постигне она што не можеше да го постигне девет месеци и нема да може да го постигне, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски откако бебе загина во руски ракетен напад врз породилиште во регионот Запорожје. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека Русија е „терористичка држава“, која користи „терор и убиства“, откако во ракетен напад врз породилиште ...
Нивото на толеранција во земјава е многу ниско, покажува истражувањето на невладината МЦМС. Според социолозите главни виновници за оваа појава се слабостите на воспитно-образовниот систем, предрасудите во семејствата, но и пораките кои ги праќаат политичарите во јавноста Над 50 проценти од македонските граѓани не сакаат да имаат сосед кој е припадник на ромската етничка заедница, а исто толку не сакаат да живеат во близина на имигранти, на лица ...
Неуспешен беше и последниот обид на Брисел да постигне договор меѓу Србија и Косово. Се чини дека Вашингтон, кој досега не сакаше да го окупира првиот ред во регионот во кој ЕУ треба да доминира, мора да се засили, пишува Рикард Јозвијак По последниот неуспешен обид на Брисел да постигне договор меѓу Србија и Косово, сега е време да се постави прашање дали Европската унија навистина може да постигне „нормализација“ меѓу двете страни – и дали ...