Њузлетер 10.03.2023 Анти-стрес активности, кој е „забеган“, каква вратоврска носи Артан Груби, станаа главни теми. Автопатиштата, убиствата, еврообврзницата, маргинални. Автопатишта со пречки Министрите од ДУИ се релаксираа со дриблање во кабинетот на вице-премиерот Артан Груби, а потоа, Груби дриблаше и на прес конференцијата ва Владата по потпишувањето на договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, за изградба на автопатите ...

Директорски функции на јавни претпријатија загубари, клиники со милионски долгови и една богата државна фирма би требало да наследи новиот владин коалиционен партнер Алијанса за Албанците. Овие функции ќе ги задоволат партиски апетити , вели аналитичарот Сефер Селими. Најновиот владин партнер, партијата Алијанса за Албаниците, освен што доби министерски и заменик-министерски места, своите членови и поддржувачи ќе ги смести и како директори. Како ...

Министрите од ДУИ објавија професионално измонтирано видео како играат фудбал во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби. Дел од граѓаните ги спорат нивните фудбалски вештини, но ДУИ е на власт безмалку две децении, па може да се заклучи дека добро дрибла на политичката сцена. Едно фудбалско видео три дена ја дрибла македонската јавност. Во втор план паднаа и мафијашкото убиство во скопската чаршија, и огромната инфлација, и обвинувањата за ...

Неповратен грант од 80 милиони евра од ветениот енергетски пакет на Европската Комисија ќе легнат на буџетската сметка на државата. Овие пари ќе се користат за субвенции за сметките за струја, за поддршка на малите и средни претпријатија, како и за инвестиции во енергетската транзиција. Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека парите не се само апстрактна бројка, туку директна помош за најранливите категории. Македонскиот буџет од денеска е ...

Русија започна масовен бран воздушни напади врз Украина, објавија украинските власти на 9 март. Нападите предизвикаа жртви и прекини на струјата низ целата земја. Запрено е и снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје. Во меѓувреме беснее и биткта за Бахмут. Руските сили напаѓаат цели ширум Украина, од Харкив на север, до Одеса на југ и Житомир на запад. Во Харкив и Одеса се нападнати згради и инфраструктура, а ...

Случајот со смртта на бебе со туберкулоза ги отвори старите рани- стигмата кон болеста од која годишно се разболуваат стотици пациенти во земјава. Семејството е етикетирано. Стигмата дополнително ја отежнува борбата со оваа болест, забележуват докторите. Смртта за деветмесечното бебе со туберкулоза ја вознемири јавноста, го впери прстот во здравствениот систем, но го изложи пред јавноста и неговото семејство кое сега се бори на два фронта- да ...

Забрана за работа на јавни места или работата надвор од нивниот дом. Жените во Авганистан со соочени со ограничувања на нивните права откако талибанците се вратија на власт во 2021 година. На Меѓународниот ден на жената Обединетите нации повторно повикаа правата на жените и девојките во земјата да бидат обновени. Талибанците го имплементираа најрепресивниот режим во светот за жените, се вели во соопштението на мисијата на Обединетите нации во ...

Владата издаде еврообврзница од 500 милиони евра по повисока камата, наместо пропаднатата еврообврзница од 600 милиони евра. За да ја компензира повисоката камата, зеде уште 100 милиони евра од Европската комисија по пониска камата. Сепак, треба да се обезбедат уште 500 милиони евра од странство. Опозицијата обвинува дека одложувањето на еврообврзницата за еден месец, поради тоа што немаше кој да ја потпише, ја чинело државата 18 милиони евра. ...

Автопатите што треба да ги гради Бехтел и Енка, уште не почнати, се соочуваат со скандали. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали. Но и покрај сомнежите од медиумите и од опозицијата за компаниите избрани за надзор, Владата и Бехтел и Енка ќе го потпишат договорот. Владата напладне на 8 март ќе ...

Дали е-мејл пораките со лажните закани за бомби доаѓаат од надвор, или овие активности ги координира штаб во Северна Македонија, допрва треба да откријат македонските институции. Полицијата утврди дека некои од дојавите што доаѓаат со VPN од надвор се од Иран и Русија, но според експерти за сајбер безбедност потребна е меѓународна поддршка да се стигне до крајната точка на истрагатата. Дел од лажните дојави за бомби доаѓаат од VPN адреси од ...

Телата на убиените во синоќешната престрелка во Старата скопска чаршија се предадени на обдукција, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот што ја вознемири јавноста. Според професорот за безбедност Стефан Буџаковски, само навремено и ефикасно дејствување на безбедносните служби може да не заштити од организиран криминал и вооружени пресметки меѓу криминалните банди Двајца мртви и еден ранет, кој е пуштен на домашно лекување. Ова е ...

Младите кои ги анкетиравме не знаат кои се Роза Луксембург и Клара Цеткин. Повеќето од нив, 8-ми Март го поврзуваат едноставно со љубовта за мајките и бабите. За тоа од каде ваква „дупка“ во знаењето, побаравме коментар од историчарот и наставник Васко Гичевски Цвеќарниците на цветниот пазар во Скопје oчекуваат турбо работа во пресрет на Интернационалниот ден на жената, 8-ми Март, кога често се избира токму цвеќе за подарок. И додека купувачите ...

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, студентите на Националната музичка академија Чајковски во Киев побараа отстранување на името на рускиот композитор од нивниот универзитет. Владата ги поддржа, но Академијата не го смени името. Дебатата „за“ или „против“ името Чајковски продолжи Дали да остане или да замине? Ова е прашањето што предизвика жестока дебата во Украина за човекот чие име го краси реномираниот конзерваториум во ...

Краткорочни придобивки или долгорочни штети врз прехранбената индустрија ќе предизвикаат владините мерки за замрзнување на цените на основните прехранбени производи? Власта вели дека го штити јавниот интерес, но бизнисмените сметаат дека до соодветни цени на храната може да се дојде и ако државата се откаже од даноци и царина. На меѓународниот пазар цените на храната се намалуваат веќе цела година, но тој тренд не го следат македонските ...

Мнозинството анкетирани македонски граѓани (55 %), сметаат дека преговори, а не победа на Русија или Украина се решение за војната. Од Институтот за демократија, ова го објаснуваат како резултат на кампањите со дезинформации, но и на неинформираност и разочараност од ЕУ. Над половината, 52 % , ги сметаат САД за фактор со најголемо влијание во Северна Македонија. Војната во Украина започна со силна осуда во македонската јавност. Тоа е и ...

Приватните автобуски превозници се враќаат во јавниот превоз во главниот град, откако се договориле со градоначалничката Арсовска да им го исплати долгот од 1,5 милиони евра, долг за кој градоначалничката тврдеше дека е резултат на криминал на превозниците. Но Арсовска тврди дека нема долг туку доспеани обврски. По петмесечни натегања помеѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и приватните превозници на автобус, Градот денеска распиша ...

Пријавени се стотици случаи на сексуално насилство од страна на руските војници во окупираните делови на Украина. Надлежните сметаат дека вистинската бројка е многу поголема, зашто жртвите ретко пријавуваат. Организации им помагаат на жртвите да соочат со психолошките проблеми. Судот во украинскиот град Чернихив во ноември, во отсуство, осуди двајца руски војници за „прекршување на правилата и обичаите на војување“ со тоа што повеќе пати ...

Дојавувачите стануваат веќе и дрски, оти не можеме да ги откриеме, па така имавме дојава за бомба и во претседателската резиденција, која е навистина обезбедувана. Тие едноставно сакаат ширење на тие гласини, а тие гласини веќе длабоко продираат во нашата свест, вели професор Злате Димовски, од Факултетот за безбедност. Професоре, изминатава недела се забележа рекорд – лажни дојави за бомби во 120 училишта во еден ден. Пет месеци има лажни ...

Московските платеници тврдат дека украинскиот град Бахмут е целосно опколен. Киев, пак, тврди дека одбиле бројни руски напади. Западот заклучува дека украинските сили се под сè поголем притисок. И додека траат борбите се најавува меѓународен центар за истраги за агресијата на Русија во Украина. Украинските сили одбија бројни руски напади во Бахмут во изминатите 24 часа, соопшти официјален Киев на 4 март, и покрај тврдењата на московските ...

Истражувањето на Институтот за демократија и Конрад Аденауер покажа дека две третини од испитаниците се против уставни измени, од власта на став дека ефектите граѓаните ќе ги видат подоцна. Но во истражувањето висок е процентот, 59 % испитаници симпатизери на СДСМ кои се против промена на Уставот. Анализата на Институтот за демократија и Фондацијата Конрад Аденауер за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ покажува дека евроскептицизмот во ...

По пет месеци лажни дојави за бомби, надлежните министерства дури сега објавија мерки како да се реагира кога тие се случуваат, една тајна од МВР и една од Министерство за образование за родителите, која и досега функционираше во поголем дел од скопските училишта. Родители не влегувајте во училиштата без претходна најава, е една од мерките што и досега функционираше во поголемиот дел од скопските училишта, а сега е дел од новите протоколи против ...

Неофицијални податоци велат дека по руската инвазија врз Уркаина, Русија ја напуштиле над 500 илјади луѓе, а има податок и дека таа бројка оди дури и до милион. Заминуваат од сите профили, а меѓу нив и многу просветни работници (Радио Слободна Европа, Татар-Башкир Сервис) Не долго откако Русија го започна својот напад врз Украина, Јелена Бајбекова, наставничка по математика во „Основното училиште 59“ во јужниот руски град Астрахан, беше ...

Пред 10 години Никола бил средношколец кој сакал да направи пари како фриленсер. Инспириран од баба му научил да гледа на кафе. Така заработил пари за да развие нови вештини преку курсеви. Денес, тој е еден од ко-основачите на стартап кој високо котира кај инвестициските фондови. Битолчанецот Никола Бубевски е ко-основач на лондонско-битолски стартап за кој инвестициите се бројат во милиони евра. Но, патот до тука не бил прав. Сега има 27 ...

Њузлетер 03.03.2023 - Сомнителни богатења на политичари и функционери, народот, буквално, без леб, децата без образование. Обвинувања за криминал, институциите во зимски сон Партиите, минатиот месец, објавија повеќе афери за корупција, но не поднеле пријави до надлежните институции. Зошто? Тие си знаат. Антикорупциската комисија на сопствена иницијатива отворила предмети за проверка на имотната состојба на вицепремиерот Артан Груби, за дуќани, ...

Битолскиот владика Петар доби дозвола за отворање скопска телевизија за општ, претежно забавен формат, каква што имаат најголем дел од телевизиите. По успесите во градежниот и туристичкиот бизнис, црквата сега влегува и во медиумскиот бизнис, иронизираат граѓаните на социјалните мрежи. Предлагаат црковната телевизија да се вика Поп ТВ. По успесите во градежниот и туристичкиот бизнис, црквата сега влегува и во медиумскиот бизнис, иронизираат ...

Регулаторна комисија предложи нови цени за водата во Скопје, а Водовод и Град Скопје ќе донесат конечна одлука дали скопјани ќе добиваат повисоки сметки. Додека ЈП „Водовод и канализација“ и натаму се дави во долгови уште не може да ги реши големите загуби поради застарената водоводна мрежа. Цената на водата во Скопје може да поскапи до 30 денари месечно по сметка, доколку „Водовод и канализација“ ја прифати максималната тарифа што денеска ја ...

Самиот Владимир Путин ги испровоцира настаните што доведоа до руската инвазија на Украина во 2022 година, тврди Стивен Хедли, поранешен висок функционер во Белата куќа, отфрлајќи го аргументот на официјален Кремљ дека проширувањето на НАТО кон исток во 2000-тите било причина за војната во Украина Во говор пред руската јавност, една година по најголемата копнена војна во Европа од Втората светска војна, рускиот претседател Владимир Путин ги ...

Жените земјоделки не можат да остварат право на породилно отсуство. Воопшто не се споменати во законите со кои се регулира породилното, а Министерството за земјоделство повремено носи мерки да им исплаќа помош. Здруженијата бараат оваа дискриминација да престане со системско, а не „пилот“ решение. Детето во количка, а таа на нива, за да може да заработи да го прехрани, вака Соња Пусоска од Свето Митрани, крушевско раскажува за РСЕ дека ги ...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа во која загинаа најмалку 36 луѓе. Тој вели дека ќе ги дознаат причините за оваа трагедија и ќе направат сè за никогаш да не се повтори вакво нешто. Сочувство до Грција стигна од низа земји од Европа. Едно лице е уапсено за железничката несреќа што се случи нешто пред полноќ на 28 февруари во близина на грчкиот град Лариса, соопштија ...

Партиите минатиов месец објавија бројни афери за корупција, но не поднесле пријави до надлежните институции. Антикорупциската комисија на сопствена иницијатива отворила предмети за проверка на имотната состојба на вицепремиерот Артан Груби и на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари. Сомнежи за злоупотреби беа објавени и за премиерот Ковачевски и за лидерот на опозицијата Мицкоски, но пријави не се стигати ниту до Јавното обвинителство. ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
25%
1012
weather icon

Белград

37ᴼ / 35ᴼ
2.57
20%
1012
weather icon

Загреб

36ᴼ / 34ᴼ
2.57
40%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
25%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.34
16%
1011
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
4.12
44%
1014
weather icon

Атина

37ᴼ / 35ᴼ
5.14
21%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
30%
1014
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1012
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
7.2
28%
1011
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
6.69
35%
1013
Currency

61.535

Currency

53.0609

Currency

72.1226

Currency

34.426

Currency

38.5869

Currency

65.8407

Currency

7.38678

Currency

0.68042

Currency

0.36531

Currency

0.52501

Currency

1.33697

Currency

0.61696

Алуминиум

2.58

Иридиум

142715.99

Кобалт

42.99

Никел

14740.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.82

Сребро

1153.86

Злато

106738.29

Бакар

9.83

Паладиум

33886.89

Платина

42069.96

Родиум

174417.80

Цинк

2.69