Избори нема да го решат проблемот со двотретинско мнозинство за уставни измени, само ќе го искомплицираат процесот, смета претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој очекува предлог текстот на измените на Уставот да се изготви до почетокот на летото. Дискусијата на утврдени предлог измени на Уставот може да почне во Собранието во септември, за да може евентуалното донесување да се поклопи со рокот во ноември кога треба да финишира европскиот ...

Борбата со нефункционалниот здравствен систем го принуди семејството Катушевски спас да бара во странство, каде има систем за лекување на децата со цистична фиброза. Во земјава со болеста живеат стотина пациенти. Има нов лек за третман на болеста, ама државата не го купува бидејќи и е скап. Пред да биде дијагностицирана кај неговата ќерка, Слободан Катушевски скоро и да немал слушнато за болеста цистична фиброза. Дијагнозата ја добиле на неколку ...

Тенковите „Леопард 2“ стануваат се поактуелни во барањата на Украина, но и меѓу државите од НАТО кои поддржуваат испорака на овие оклопни возила како помош за Киев во одбраната од Русија. Но, што е тоа што ги прави овие тенкови толку посебни и барани? Во исчекување на тешка пролет, Украина помош против руската инвазија бара во германските тенкови „Леопард 2“. Германија е под притисок - треба да даде амин за нејзините тенкови да бидат испорачани ...

Најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека е подготвен да работи на планот за нормализирање на односите со Косово донесе поделеност во српската политичка јавност. На Косово пак велат дека сега топката била кај премиерот Албин Курти. По средбата со дипломатите на европско-американскиот тим во Белград на 20 јануари, кој се уште не е објавен, претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека е подготвен да го прифати концептот и ...

Случувањата со Бугарија биле во фокусот на денешната седница на Советот за безбедност во претседателската вила Водно. Претседателот Стево Пендаровски изјави дека чествувањето на Гоце Делчев во Скопје на 4 февруари е настан од висок безбедносен ризик. Тој ќе предложи да се воведе забрана за влез во државата на бугарски државјани поради дејствијата кои ги преземаат против Македонија. Три часа зад затворени врати денеска заседаваше Советот за ...

Инцидентите и провокациите меѓу двете земји се намерно предизвикани од оние кои не сакаат да станеме членка на ЕУ, смета премиерот Ковачевски. Во Бугарија повик до Бугарите да го чествуваат Гоце Делчев во Скопје на 4 февруари. Последен пат ќе влезе во државата секој кој ќе ги нарече Македонците Бугари или ќе каже дека Северна Македонија е бугарска, категоричен е министерот Османи. Вчера од Софија, а денеска од Скопје, министерот за надворешни ...

Советот за безбедност попладнево ќе ја одржи првата седница во оваа година. Северна Македонија периодов се соочува со нарушени односи со Бугарија и со подготовки за процедурата во Собранието за донесување на уставни измени. На состанокот може да стане збор и за тензиите на северот на Косово. По пет и пол месеци од последната седница на Советот за безбедност на иста маса кај претседателот Стево Пендаровски ќе седнат нејзините членови, а на дневен ...

Ако еден блок во РЕК Битола работи 24 часа со полн капацитет, може да произведе над 5000 мегаватчаса струја. Во ноември и декември, Македонија увезуваше меѓу 1000 и 4600 мегавачаса струја дневно. По пристигнувањето на трансформаторот за Блок 3, кој доцнеше два месеци, земјава извезува струја. Додека доцнеше испораката на трансформаторот за пуштање во употреба на третиот блок во РЕК Битола, Македонија потроши над 40 милиони евра за увоз на ...

Трендот на социјалните мрежи наречен „синдром на среќна девојка“ го следат и Македонките. А има и такви кои и без популарниот хаштаг бираат позитивна страна. Експертите се согласуваат дека позитивната психологија има свoи позитивни страни, но ги посочуваат и негативните. Хаштагот #luckygirl или #luckygirlsyndrome e нов тренд на социјалните мрежи Инстаграм и Тик-Ток. Стана актуелен околу Нова година со десетици милиони објави досега, а го ...

ЕУ најави дека на седниците на Советот на министри и на Европскиот совет ќе се разговара за политичката и уставната криза во Црна Гора. Тоа според професорката Гордана Ѓуровиќ, значи дека ЕУ ја разбира сериозноста на ситуацијата во таа земја. Професорката Гордана Ѓуровиќ, во врска со јасната најава дека Европската унија може да иницира механизми за прекин на преговорите, оценува: „Европската комисија или третина од членките на Унијата може да ...

Државниот инспекторат за животна средина нема поднесено кривична пријава против некој од големите загадувачи кои подлежат на А-интегрирана дозвола, бидејќи не направиле таков прекршок, вели Сретен Стојковски, директор на Инспекторатот. Но на пример поднеле кривична пријава за палење на трската во охридско. Од прекршочни пријави, пак, лани во Буџетот легнале 300 илјади евра. Господине Стојковски, свесни ли сте за недовербата на граѓаните во ...

Очигледно дека пензиите имаат голем ефект врз намалувањето на сиромаштијата, ефектот од другите социјални трансфери вклучувајќи ја социјалната помош која ги таргетира најранливите е незначителен и треба да биде зајакнат преку низа мерки, пишува Ивана Велковска, докторанка по економски науки. Пазарната економија и пазарните сили водат кон различни пазарни несовршености и резултираат во невработеност, сиромаштија и нееднаквост во доходовната ...

Заминувањето во пензија подоцна станува реалност во повеќето европски земји. Преку масовни протести Французите остро одговорија на зголемувањето на старосната граница за пензионирање за две години. Во Македонија нема такви најави, иако од Пензискиот фонд велат дека препораките на Светската Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд се во таа насока. Сојузот на Синдикатите е категорично против, а од бизнис заедницата велат дека реформата е добра само ...

Вагнер е приватна воена компанија основана од Евгениј Пригожин, близок до Кремљ. Основана е во годината на руската анексија на Крим, беше актуелна и во други дражави, а сега, по агресијата на Русија на Украина, повторно е во фокусот на јавноста. Подготвил Емил Златков Руската приватна воена компанија Вагнер повторно е во очите на јавноста по обидите за регрутирање во земјите од Западен Балкан, преку врски со десничарски организации. Локалните ...

Недоволна комуникација или намерно избегнување на институционална соработка во борбата против загадувањето? Град Скопје поднесе кривична пријава против Цементарница „Усје“, а Државниот инспекторат прекршочна. Но, законот не дозволува некој за иста работа два пати да добие казна. Македонското законодавство не дозволува некој да биде казнет два пати за исто дело, со што цементарница Усје може да се спаси кривичната пријава која Град Скопје ја ...

Стотици лица годишно се жртви во сообраќајни несреќи, што е далеку од европскиот просек. Најчеста причина за сообраќајките е пребрзо возење. Семејствата на жртвите реагираат на ниските казни за сторителите. Новите измени во кривичниот закон со построги казни се уште не се усвоени. Речиси секој трет ден на македонските улици гине по еден човек. Ова го покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи, според кои само во првата половина ...

Укинувањето на политиката на Кина за едно дете не дава плод. Ако порано политиките на кинеските власти беа да се забави растот на населението, сега се обидуваат да ги охрабрат семејствата за второ, па дури и трето дете. Во меѓувреме Индија е на чекор да ја претрка Кина во број на жители За прв пат по околу 60 години, Кина- најнаселената земја на светот бележи пад од околу 850.000 жители. Во 2022 година се родиле еден милион бебиња помалку отколу ...

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, изјави дека конечниот договор меѓу Косово и Србија ќе бара „тешки избори“ и „политичка храброст“. Коментирајќи ја последната одлука на косовските власти да не дозволат движење на автомобили со српски нелегални таблички - КМ, и со обновена регистрација, Шоле рече дека токму тоа е чекорот што не сакале да го видат. „Кога бев во регионот ...

Њузлетер 20.01.2023 Милионски отштети од буџетот, никој не е виновен Нема одговорност од никого за прекршување или поништување договори со компании а државата од буџетот исплаќа милионски отштети. Значи, некој со склучување на штетен договор, или пак со поништување на добар, го оштетил буџетот. Но, функционерите, и од власта и од опозицијата, како да имаат меѓусебен договор за општа амнестија, па никој за ништо не одговара. Така на пример, за ...

Додека светот ги затега забраните за пушење, во Македонија чадот од цигарите го има насекаде. Откако пред пет години беше либерализиран законот за забрана на пушењето, тоа се дозволи и на затворените летни тераси на угостителските објекти. Минатата недела инспекторите пишале 56 казни за пушење. Тешкиот мирис на цигари во косата и облеката, секој пат кога ќе отиде на пијачка во кафуле или во ресторан, е главната причина зошто младата Емилија ...

Во која насока ќе оди турската економија, каква улога може да има Анкара за да ги ублажи конфликтот во Украина и на Блискиот Исток се прашања кои ќе бидат одговорени со изборите во Турција што треба да се одржат на 14 мај. Светските новински агенции сметаат дека овие избори се голем тест за досегашниот дведецениски претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган. Поместувањето на часовникот за избори во Турција за еден месец понапред укажува дека ова ...

Бизнисмените се исплашија од новата канадска инвестиција во Штип. Се жалат дека ќе им ги преземе работниците и оти властите треба да спречат ваква конкуренција на пазарот на труд. Место да се жалите, пробајте со поголеми плати, може нема ви бегаат, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Немојте случајно да сте помислиле да ги зголемите платите. Подобро лобирајте властите да забранат отворање нови фабрики за да не ви бегаат работниците, ...

Количините на запленета дрога се намалуваат, нарко-пазарот се дигитализира и модернизира, а мрежите и групите од Западен балкан се битен дел од нарко-бизнисот во Европа, покажува извештајот на Европскиот центар за следење на дрога објавен на крајот на 2022. Подготвил Емил Златков Младите од земјите во Западен Балкан најмногу користат канабис, се вели во извештајот на Европскиот центар за следење на дрога и зависност од дрога, објавен на крајот ...

Украинските власти го ревидираа бројот на загинати при пад на хеликоптер со полицискиот врв во Украина во близина на градинка и станбена зграда. Станува збор за 14 загинати и 25 повредени, претходно беше соопштено дека има 18 жртви. Зеленски оценува дека станува збор за „ужасна трагедија“. Се истражуваат три потенцијални причини за пад на хеликоптерот при што загинаа министерот за внатрешни работи и негови соработници и едно дете. Украинскиот ...

Финансиски инспекции, ревизии и намален буџет се дел од притисоците на кои се жалат вработените во Младинскиот Културен Центар. Разрешениот вд директор на МКЦ Ванчо Богоев јавно посочи дека од Град Скопје му било вршено притисок да потпише вработување на Бени Шаќири, па откако не потпишал на неговoто столче утре ќе седне дипломиран детектив со неколку дена работно искуство во МКЦ. Ни Шаќири ни град Скопје не одговорија на ваквите обвинувањ на ...

Младата македонска актерка Сара Климоска вели дека од местото каде живееш зависи до каде ќе стигнеш професионално. Таа забележува дека наградата за една од најдобрите актерски таленти во подем во Европа ѝ отворила доста кастинзи, но ништо особено, бидејќи поинаку е кога си од Балканот Донка од „Врба“, Доста од „Кајмак“ или едноставно Сара Климоска од Македонија која Европа ја нарече актерска ѕвезда во подем, вели дека ако беше Сара од Њујорк ...

Со најавата за влез на Алијанса за Албанците во власта не се согласуваат дел од помалите партии од владејачката коалиција како и тројката пратеници од Огнената група на ДУИ. Засега само Павле Трајанов јавно истакна дека нема да поддржи реконструкција на, како што вели, непринципелна Влада. Забрзан пат кон Европа со проширување на владината коалиција со Алијанса на Албанците или ситнење на пратеничката група на ДУИ во Собранието. Што ќе донесе ...

Во последните петнаесет години 27 земји донеле одлука за повлекување на признавањето на независноста на Косово, соопштија српските власти. Повлекувањето на признавањето се „нерегуларни меѓународни акти“, кои имаат повеќекратни последици за Косово - вели експертот за меѓународно право, Гзим Висока. На 16 јануари министерот за надворешни работи на Того, Роберт Дисеј, најави повлекување на признавањето на Косово, по средбата со министерот за ...

По филмското бегство од Идризово, функцијата го чинеше само директорот на Управата за извршување санкции. Други лица од повисоките ешалони не беа „казнети“ од Владата. Само со суспензија на службеници завршија и низа други случаи. Со разрешување на директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски, но не и на директорот на затворот Идризово, Шпенд Тахири резултираше случајот со осуденикот Беким Мемети кој избега како на филм ...

Политичарите етикетираат медиуми, фелата осудува, а опозицијата вели дека власта им објавила војна на медиумите. И претходниците на сегашниот премиер Димитар Ковачевски „оценуваа“ работа на медиуми, а тоа жестоко го правеше некогашниот премиер Никола Груевски. Со оценки и етикетирање за уредувачката политика на одредени медиуми во рок од два дена излегоа и премиерот Димитар Ковачевски и најголемиот коалиционен партнер во Владата, Али Ахмети. Тоа ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
35%
1016
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
43%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
34%
1019
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
45%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.5
66%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
48%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.72
53%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
38%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
29%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.24
61%
1020
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
36%
1019
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
10.29
82%
1016
Currency

61.535

Currency

54.6226

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15372.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.87

Сребро

1050.40

Злато

107132.47

Бакар

9.24

Паладиум

30993.32

Платина

31450.19

Родиум

172810.26

Цинк

2.56