Околу 110.000 вработени во јавниот сектор земаат плата која е скоро колку минималната во државата, а токму ниските плати се главна причина поради која работниците заминуваат во странство, вели претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во ваква ситуација администрацијата се повеќе останува без стручни кадри. Г-не Деаноски, дали последното зголемување на минималната плата на 20.000 денари ќе ...

По 12 часа средби Косово и Србија постигнаа договор за спроведување на европскиот предлог за нормализација на односите, соопшти Борел. Лидерот на Србија вели дека ништо не потпишал и дека денеска не бил денот „Д“. Косовскиот премиер вели дека сакал да потпише договор и анекс, но Србија одбила. Курти вели дека основниот договор е де факто признавање меѓу Белград и Приштина. Косово и Србија постигнаа договор за тоа како да го спроведуваат ...

Лидерите на Србија и на Косово, Вучиќ и Курти во Вилата Билјана во Охрид разговараат за за нормализација на односите, под покровителство на ЕУ. Дојдов за договор, но сè уште нема готов текст, рече Курти пред средбата. Вучиќ, пак изјави дека „не планира ништо да потпише“. Шефот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел вели дека се разговара за имплементација на анексот. Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени кон Охрид, оценува високиот ...

Средбата во Охрид на двајцата лидери, Вучиќ и Курти е историска шанса не само за двете земји, туку и за целиот регион, рече Габриел Ескобар, специјалниот американски пратеник за Западен Балкан во интервју за Радио Слободна Европа. Со Ескобар разговараше Дорунтина Балиу. Претставникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека очекува финализирање на анексот за спроведување на Договорот за нормализација меѓу ...

Невообичаено топли температури ја одбележаа зимата која календарски веќе одминува. Повозрасните граѓани велат дека не паметат толку топла зима како годинашната. Влијанието на климатските промени веќе се чувствува врз земјоделството, шумарството, здравството, инфраструктурата и други сектори. И во Европа е регистрирана втората најтопла зима од почетокот на метеоролошките мерења. Сонце и температури до дваесеттиот степен. Расцветани дрвја, штркови ...

Европската унија очекува лидерите на Србија и на Косово во Охрид да се договорат за планот за спроведување на договорот за нормализација на односите. Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека „не планира ништо да потпише“. Косовскиот премиер Албин Курти е оптимист за состанокот, но вели дека не зависи сè од него. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на 18 март се среќаваат во Охрид, во рамки на ...

Клучна година за македонските евроинтеграции ја нарече високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, годинава во која се очекуваат уставни измени за отворање на кластерите од преговорите со ЕУ. Европските дипломати очекуваат резултати од истрагите за корупција на високо ниво. Сите политички партии да ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување со чекорите по европската патека е пораката која денеска во Скопје ...

Замрзнувањето на цените е задоцнето, велат синдикатите кои сметаат дека заради тоа е незначително. Со новата владина мерка, цените се враќаат на ниво од септември минатата година, кога инфлацијата веќе беше висока. Додека власта се рекламира дека се бори против високата инфлација во земјава, последната владина мерка за замрзнување на цените наиде на критики од синдикатите кои сметаат дека овој потег е задоцнет. Нивниот став е дека последното ...

Во повеќе региони од Русија се испраќаат покани за регрутирање, со барање за ажурирање на податоците. Дел од експетрите во ова гледаат вовед кон нова мобилизација, иако Кремљ го негира тоа. Во Воронеж, јужно од Москва, воените канцеларии за регрутирање испраќаат наредби до мажи за регрутирање, со барање да ги ажурираат информациите за контакт. Слично на тоа, во регионот Пенза кон истокот, „се врши расчистување на личните податоци“, изјави ...

Њузлетер 17 март 2023 - Од македонските пекарски картели, руските ловци и американските дронови, па се до Оскарите... Кои беат главните теми изминатите седум дена... Пекарски картел Владата во два наврати замрзнуваше цени. Првин на стандардниот леб, а потоа и на млекото, сирењето, шпагетите, макароните... Меѓу две замрзнувања паднаа и сериозни обвинувања од министерот за економија Крешник Бектеши за пекарски картел во главниот град, или како што ...

Во Скопје денеска се оддржува состанокот за Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу премиерот Димитар Ковачевски и еврокомесарот за надворшени работи Жозеп Борел. Ова е 16-ти состанок по ред за договор кој земјава го потпиша прва во регионот во 2001-вата година. Изминаа 22 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Оваа спогодба која ќе биде главна тема на денешниот состанок во Скопје меѓу еврокомесарот за ...

Тие што сакаат да градат мали хидроцентрали не се откажуваат од намерите и покрај судирот со сите кои се борат за заштита на националниот парк. Ова продолжува и покрај донесениот Закон за прогласување на Шара за заштитено подрачје и помпезните ветувања на властите дека со тоа ќе запре изградбата на малите хидроцентрали. Иако Законот за прогласување на Шар Планина за националнен парк беше донесен пред две години, и натаму постои можност за ...

Жени страдаат од лекарски грешки, а правдата е бавна во случаите кога при „рутински“ операции остануваат и без неколку органи. Невладините алармираат за одолговлекувањето на случаите, но жените кои излегоа во јавност со своите случаи веруваат дека ќе добијат правда. На жена од Тетово и ги отстраниле двете гради, а потоа се утврдило дека и била поставена погрешна дијагноза и нема рак. Родилка од Дебар отишла на лекар за да се поради и „заврши“ со ...

Француско-германскиот предлог е првенствено договор за нормализација, а не за признавање на независноста на Косово, рече специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во Белград. Тој очекува в сабота во Охрид, „признание“ дека Заедницата на српски општини претставува „важен дел од односите меѓу Србија и Косово“. Очекувам оваа година да се постигне договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, рече на 16 март, ...

Во услови кога во Македонија има над 112 илјади невработени, власта повторно ја отвора дебатата за увоз на работници од странство. Велат дека недостигаат 10 илјади работници. Место да зголемат плати, тие бараат работници од Бангладеш, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Поевтино е да увеземе 100 политичари, кои можат да обезбедат работа за повеќе од 110 илјади невработени, отколку 10 илјади работници, коментираат граѓаните на социјалните ...

Последниот раст на цените на становите ги тера купувачите да се подзамислат за купување нов стан. Но и натаму парите наместо во банка, ги инвестираат во недвижнини. Годишно во земјава се градат по околу 5000 нови станови, додека третина од веќе изградените зјаат празни. Цените на становите се вивнаа „до плафон“, додека во земјава секој трет стан е празен, а годишно во просек се градат по околу 5000 нови станови. Прво пандемијата, а потоа руската ...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска потврди дека земјава ѝ донирала авиони и тенкови на Украина за да се одбрани од руската инвазија. Количините не се соопштуваат. Македонија имаше 4 авиони и 31 тенкови. Повеќе земји изразуваат подготвеност да испратат авиони во Украина, но досега официјално никој не испратил таква помош. Македонија е една од ретките земји која на Украина досега ѝ донираше воени авиони. Ниту една членка на НАТО, барем ...

САД и Русија со спротивставени ставови за вчерашниот инцидент со пресретнувањето на дрон над Црното море. САД смета дека Русија го крши меѓународното, додека Русија обвинува за провокација со летање дрон во близина на полуостровот Крим, кој Москва илегално го анектираше од Украина во 2014 година. „Дрско кршење на меѓународното право“ предизвикано од „небезбедно и непрофесионално“ однесување. Вака Соединетите Американски Држави го опишуваат ...

При пропаст на банка државата гарантира враќање на депозити до 30.000 евра, праг кој треба да порасне на 100.000, ама кога земјава ќе влезе во ЕУ. Спротивставени се мислењата за тоа дали овој праг треба да биде прескокнат порано, со оглед на инфлацијата и светските кризи во банкарскиот сектор. Пропаѓањето на две големи банки во САД, повторно ги разгоре стравовите за тоа што ќе се случи со парите на граѓаните при пропаѓање на одредена банка и ...

Најмалку тројца руски дипломати кои беа протерани од ЕУ по руската инвазија врз Украина сега се акредитирани руски дипломати во Србија. Двајца од нив се поврзани со руските разузнавачки служби. Неколку земји како причина за протерувањето ја наведоа наводната шпионажа. Во месеците по почетокот на руската инвазија врз Украина минатата година, стотици руски дипломати беа протерани од земјите членки на Европската унија (ЕУ) или беа ставени на црната ...

Учебната година за три месеци ќе заврши, а учениците се уште немаат добиено учебници по англиски јазик. Ниту учебниците за трето и шесто одделение по новата програма за следната година не стигнаа до учениците. МОН најавува нов закон, но наставниците се сомневаат дека тоа е решение. Учебникот по историја во кој беа откриени низа грешки во лекциите се уште не е повлечен. Ваквите пропусти, но и многу други што се појавија годинава, МОН планира да ...

Бугарија мора да ја прифати својата одговорност за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка и да се соочи со своето мрачно минато, вели за РСЕ Драги Ѓоргиев, копретседател на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања. Да се припишува вина на Бугарија за депортацијата, смета неговиот бугарски колега Ангел Димитров. Ниту во Бугарија, но и во Северна Македонија засега нема реакција од официјалните државни претставници ...

На платениците, дел од групата Вагнер, која се бори на страната на Русија во Украина, им било речено дека нивните семејства ќе добијат исплата од 71 илјада долари, доколку бидат убиени. Но многу семејства не се информирани за смртните случаи на нивните роднини и не ги добиле ветените пари. Се шпекулира дека тое е можеби намерен потег на платеничката група. Пишува Андреи Красно. Првиот пат кога Виталиј Вотановски беше контактиран за да се дознае ...

Македонските граѓани ја живеат една од најтоплите зими. од проблеми со вода за пиење, намален принос на земјоделските култури, па се до зачестени невремиња - ова се дел од последиците кои се очекуваат од ваквото време. Топлата зима ги израдува граѓаните, но ги загрижи земјоделците и научниците. Македонија ја живее една од најтоплите зими во последните седумдесетина година, откако започнаа редовните мерења на температурите. Или како што ...

Јас сум убеден, ова е мој личен став, дека во градот Скопје во делот на производство на леб, четири, максимум пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб по големите супермаркети. Во внатрешноста на Македонија, цените се пониски од 32 денари, вели министерот за економија Крешник Бектеши во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој ја повикува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го испита ...

Косово и Србија досега успеваа да го „избегнат“ спроведувањето на договорите, оти немаше синхронизирано дејствување на САД и ЕУ, оценуваат експерти. Сега САД се „мотор на целиот процес“. Двете страни знаат дека ќе трпат последиците доколку не го прифатат предлогот. Но, специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, не очекува „церемонија на потпишување“ на договорот во Охрид. Пишуваат Сандра Цветковиќ и Беким Бислими. Сегашното инсистирање на ...

Владата донесе одлука за поевтинување на млечните производи и тестенините. Претходно ја замрзна цената на лебот. Опозицијата реагира дека со ова се нарушува пазарната економија, што е услов за ЕУ. Министерот Бектеши, пак, ги обвини скопските пекарници за картелско здружување. Макароните од 50 денари, од 16 март ќе се продаваат за максимум 43 денари, млекото од 78 поевтинува на 70 денари. Владата донесе одлука за намалување на цените на шпагетите ...

За дел од новите генерации 'кул' е некој македонски збор да се замени со негов превод на англиски среде реченица, сведочат младите. Проблемот со недостаток на зборови најмногу се забележува кога учениците одговараат усно, забележува професорката по македонски јазик, Татјана Алексиќ. „Се кажува 'рецни ме' или 'не ме рецка', на пример, ако некој не отвора порака“, ни посочи средношколката Софија С., за фразите кои ги користат нејзините врсници во ...

Веќе цела година ги нема дел од лековите за епилепсија, алармираат од здруженијата на пациенти. Лекарите препишуваат алтернативна терапија. Од Агенцијата за лекови велат дека проблемот е на глобално ниво, а се должи на недостаток на активни супстанции за повеќе лекови. Губење на свеста, грчеви, вкочанетост и тресење на телото, вака изгледа епилептичен напад кај пациентите со епилепсија. Со лекови состојбата се контролира и овие лица ...

Грузискиот парламент донесе одлука за повлекување на контроверзниот закон за „странски агенти“ по неколкудневните протести во Тбилиси. Демонстрациите беа обележани со насилни судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Критичарите сметаат дека нацрт-законот бил инспириран од руското законодавство и може да ја турне земјата кон авторитарен режим. Грузиските пратеници гласаа за отфрлање на контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“ за ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
25%
1012
weather icon

Белград

37ᴼ / 35ᴼ
2.57
20%
1012
weather icon

Загреб

36ᴼ / 34ᴼ
2.57
40%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
25%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.34
16%
1011
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
4.12
44%
1014
weather icon

Атина

37ᴼ / 35ᴼ
5.14
21%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
30%
1014
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1012
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
7.2
28%
1011
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
6.69
35%
1013
Currency

61.535

Currency

53.0609

Currency

72.1226

Currency

34.426

Currency

38.5869

Currency

65.8407

Currency

7.38678

Currency

0.68042

Currency

0.36531

Currency

0.52501

Currency

1.33697

Currency

0.61696

Алуминиум

2.58

Иридиум

142715.99

Кобалт

42.99

Никел

14740.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.82

Сребро

1153.86

Злато

106738.29

Бакар

9.83

Паладиум

33886.89

Платина

42069.96

Родиум

174417.80

Цинк

2.69