Најмалку 4 загинати и 560 повредени од експлозија во пристаништето Бандар Абас на брегот во Иран
- Засега нема информации за евентуални жртви од експлозијата

ТЕХЕРАН (АА) - Најмалку 4 лица загинаа, а 560 се повредени од силна експлозија во пристаништето Бандар Абас на брегот на Персискиот Залив во јужен Иран, известува Анадолу.
Шефот на Организација за помош и спасување на иранската Црвената полумесечина, Бабак Махмуди, зборуваше за иранската државна телевизија во врска со експлозијата.
Информирајќи дека 4 лица ги загубиле животите, а 560 се повредени во експлозијата во пристаништето Речаи Шехр во Бандар Абас во иранската покраината Хормузган, Махмуди додаде дека продолжуваат напорите за гаснење на пожарот што избувна по експлозијата.
Сè уште се во тек напорите за гаснење на пожарот што избувна по експлозијата.
Силна експлозија се случи напладне во пристаништето Бандар Абас на брегот на Персискиот Залив во јужен Иран.
Засега сѐ уште не е утврдена причината за експлозијата.
Во инцидентот што се случи по експлозија на некои контејнери во пристаништето, првично беше објавено дека се повредени 47, за подоцна тој податок да биде обновен на 516.
Според вестите објавени во локалните медиуми, оштетена е зграда во пристаништето од силата на експлозијата, а скршени се и прозорците на зградите во околната.
Мехрдад Хасанзаде, генерален директор на Управата за управување со кризи во Хормузган, претходно соопшти дека упатиле предупредување до власта по прашањето за безбедноста во пристаништето.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.