Француското Министерство за образование објави податоци за трендот на просечните нето плати на наставниците во 2023 година во таа земја, а според извештајот, просечната нето плата на наставниците изнесувала 2.920 евра месечно. Најниски плати им биле исплатени на наставниците во основните училишта, со просечна нето плата од 2.680 евра, додека платите на наставниците во средните училишта варирале во зависност од училиштето или предметот, објавува ...

Министерството за образование и наука (МОН) на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година. – Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели. Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот. Да бидат истрајни во справувањето со ...

Претседателот на Кина, Си Џинпинг денеска и утре ќе биде домаќин на лидерите на Русија, Индија, Иран и Турција, заедно со дваесет други евроазиски лидери, со цел да покаже дека, во ерата на американските царини и геостратешките тензии, можен е поинаков меѓународен модел на соработка, со Кина во центарот. Шефовите на држави и влади од околу дваесет земји и претставници на десетина меѓународни и регионални организации уште вчера почнаа да ...

Сончево со мала до умерена облачност е денешната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Утринската температура ќе биде од 8 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 25 до 34 степени. И во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Температурата ќе се движи од 15 степени ...

Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните ...

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи. Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, ...

Повеќе од 620 лица загинаа, а 1.300 се повредени во земјотрес со јачина од 6,0 степени што ја погоди суровата североисточна покраина Кунар во Авганистан, соопштија властите во понеделник, додека спасувачите пребаруваа низ урнатините на домовите за преживеани. Првичните извештаи покажуваат дека бројот на жртви е 30 во само едно село, соопшти Министерството за здравство, но додаде дека точниот број сè уште не е утврден во област со расфрлани ...

Се стравува дека стотици луѓе се мртви и повредени откако земјотрес со јачина од 6,0 степени ја погоди суровата североисточна авганистанска провинција Кунар, соопштија властите во понеделник, додека спасувачите пребаруваа низ урнатините на куќите за преживеани. Првичните извештаи покажуваат дека бројот на жртви е 30 во едно село, соопшти Министерството за здравство, но додаде дека точниот број на жртви сè уште не е утврден во регионот на ...

Неизвесно е како ќе стартува новата учебна година во струшките училишта, откако Општина Струга најави дека ги отстапува надлежностите на министерството за образование. Во меѓувреме локалните власти испратиле допис до сите струшки училишта, кои се соочуваат со големи долгови по разни основи, со кое ги известуваат за се понатаму да комуницираат со министерството. „Согласно барањето што општината го испрати до ресорното министерство за отстапување ...

Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје, информираат вечерва од Електродистрибуција, откако поради пожар во неколку скопски населби повеќе од три часа имаше прекин на струјата. „Нашите екипи го нормализираа снабдувањето со електрична енергија за сите корисници засегнати од денешниот прекин во одредени делови од Скопје“, соопштија од компанијата. Оттаму додаваат дека повторно се вратени во функција далекуводот и ...

Новиот почеток на учебната година е пред врата. Кога ќе заѕвони првото училишно ѕвоно, заедно со него почнува и трката по книги, прибор и облека. Родителите велат дека веќе започнале со подготовките, па ги прашавме, дали со воведувањето на владината мерка „Есенска кошничка“ се стабилизирале цените на училишните прибори. Дел велат дека цените се прифатливи и незначително повисоки од лани, додека други сметаат дека се навистина високи. „Да, купив ...

Едно повредено лице , паднати дрвја, пожари на неколку локации во главниот град и евакуација на учесници и гледачи на ракометен турнир во близина на спортскиот комплекс „Борис Трајковски“, е епилогот од вчерашното невреме кое го зафати главниот град. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во текот на вчерашниот ден примиле над 50 пријави за штети од невремето. „На бројот за итни повици 112 беа пријавени паднати дрвја, скинати кабли ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, го претстави проектот за Младинскиот центар, се вели во соопштението од ВЛЕН што го пренесуваме интегрално. Според Меџити, Младинскиот центар ќе биде организиран на четири функционални нивоа: Први кат: библиотека и сала за предавања, отворена за читање, истражувања и разни настани. Втор кат: Дигитален центар со лабораторија за вештачка интелигенција (AI), компјутери ...

54-годишен годишен затвореник вчера починал во притворското одделение во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако од претходно од затворските служби не му било овозможено лекување во болница, иако имал медицинска документација дека боледува од повеќе сериозни болести, а од пред некое време доживеал и мозочен удар, обвинуваат неговите роднини. Адвокатот Асмир Алиспахиќ кој е роднина на починатиот во јавноста го обелодени случајот, обвинувајќи ...

Лидерот на навивачката група „Шверцери“ апелираше до политичарите да не ја злоупотребуваат состојбата во Фудбалскиот клуб „Шкупи“ за политички цели, за време на кампањата за локалните избори. Како одговор на објавата на кандидатот на ДУИ за Чаир, Бујар Османи, реагираше првиот човек на „Шверцери“ Фатмир Јашари, повикувајќи дека клубот не е изборен леток, туку историја, крв и љубов. „Ова го кажувам особено за г-динот Бујар Османи, кого не го ...

По барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај Вардариште, превентивно е исклучен далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром” и „Исток”, информираат од Електродистрибуција. Оваа мерка, како што велат, е преземена од безбедносни причини, со цел да се овозможи гаснење на пожарот и да се спречат поголеми дефекти на мрежа. -Нашите екипи се веќе на терен и се подготвени да интервенираат, но чекаат официјално ...

СДСМ не се откажува од идејата за усвојување резолуција со црвени линии во Собранието во врска со процесот на европска интеграција. Откако премиерот вчера го отфрли таквиот предлог, нагласувајќи дека ова е само итроштина на СДСМ, Венко Филипче денес сепак нагласи дека ќе подготват предлог со цел продолжување на преговорите за членство во Европската Унија. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, исто така реагираше на предлогот на ...

Скопје веќе подолго време се соочува со длабока криза во управувањето со отпадот. Улиците, населбите, коритото на реката Вардар често се покриени со отпад, а на некои места се создадени и диви депонии како последица на нередовното собирање на сметот од службите. Во пресрет на локалните избори, главната тема на кандидатите за градоначалник на главниот град е токму нечистотијата во Скопје. Но според граѓаните, некои и револтирани, велат дека ...

Притвореник почина вчера во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека случајот го пријавил вработен во затворот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, откако притвореникот побарал лекарска помош. „Вчера околу 15:30 часот е пријавено дека М.П. од Долно Кочари, што бил во притвор во КПУ Затвор ‘Скопје‘, побарал лекарска помош. Лекар од Итната медицинска помош во ...

Кандидатот на АНИ за Чаир, Бујар Османи, денес пред родителите и семејствата кои имаат деца со попреченост го претстави својот план за оваа заедница. Според Османи, Чаир ќе има дневен центар за деца со попреченост, патната инфраструктура ќе биде адаптирана за нивен полесен пристап до јавните услуги, и ќе се работи многу за интеграција на децата со попреченост во општеството. „Многу е важно општеството да стане дел од помошта што им се дава на ...

Основните и средните училишта утре ќе ги отворат вратите за да се вратат на наставниот процес по речиси три месеци одмор за учениците. Според податоците од општините кои веќе се доставени до Министерството за образование, има 245.000 ученици кои ќе учат во основното и средното образование. Од нив, 17.250 деца почнуваат прво одделение, додека 17.230 почнуваат прва година во средните училишта. Министерката Јаневска потсети дека во новата учебна ...

Кандидатот на ВЛЕН за Чаир, Изет Меџити, им го претстави на младите од Чаир својот план за Младинскиот центар, кој, според него, ќе биде место за средба на новата генерација. Во врска со основното образование, Меџити го претстави планот за реформи, кој, според него, ќе започне утре, со едносменска настава во училиштата во Чаир, интерактивни активности, обезбедување субвенционирани оброци секој ден и нови дополнителни спортски и уметнички ...

Климатските промени веќе ни покажаа дека концептот на годишните времиња е значително променет. Зими без снег, жешки пролетни денови и летни невремиња станаа вообичаени настани. Дали е време за нова поделба? Годишните времиња конвенционално се поврзуваат со годишните промени на температурите и наклонот на Земјата во однос на нејзината оска. Како што е познато, половите не се совршено усогласени со орбитата околу Сонцето, па оската е наклонета за ...

Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а потоа одбива секаков предлог, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање коментирајќи го одбивањето на предлогот за заедничка Резолуција во македонското Собрание за црвените линии како механизам за заштита на државните и национални интереси од страна на премиерот Мицкоски. -Навистина ...

Последните изјави на владините претставници дека „една година не е доволна за уставните измени“ се доказ за недостаток на политичка волја и за неуспех на оваа влада да ја води државата кон европската интеграција и да го почитува самиот Охридскиот мировен договор, стои во соопштението на ДУИ, што го објавуваме интегрално. „Од првиот ден на мандатот, покрај блокирањето на европската перспектива, оваа влада и нејзините партнери ги напаѓаат ...

Украинските беспилотни летала нападнаа две големи руски рафинерии за нафта – Краснодар во јужна Русија и Сизран во Самара – во текот на ноќта на 30 август, предизвикувајќи пожари и експлозии во објекти кои се клучни за снабдување со гориво на руските воени единици. Според Генералштабот на Украина, операциите, спроведени во координација со Силите за специјални операции, имале за цел да го намалат офанзивниот потенцијал на Русија и да го отежнат ...

Министерката за образование на Велика Британија, Бриџит Филипсон, изјави дека е „засрамена“ од нивото на детска сиромаштија во Велика Британија и најави промени во бенефициите за да се помогне во решавањето на проблемот. Филипсон рече дека владата на Велика Британија разгледува „мерки за социјално осигурување“ како дел од својата стратегија за детска сиромаштија. Министерката за образование е копретседателка на работната група за детска ...

Замислете вселенска мисија на Марс која трае со месеци, а на менито е топла, свежо испечатена пица. Токму тоа е целта на експериментот на НАСА со 3Д-печатење на храна, со кој сака на астронаутите да им обезбеди поразновидна и нутритивно побогата исхрана. Уште во 2013 година НАСА додели грант од 125.000 долари на компанијата „Системс & материјалс рисчр корпорејшн“ предводена од инженерот Анџан Контрактор. Неговата задача била да развие ...

Висар Адеми, кој вчера ја најави својата кандидатура како независен кандидат за градот Гостивар, вели дека влегува во трката поради итноста за ред и да профунцкионираат институциите.. Според него, Гостивар мора на прво место да го стави граѓанинот. „Јас сум човек кој работеше на решавање на проблемите и спроведување на активностите и тоа го докажав и на локално и на меѓународно ниво, па сакам ова искуство да го ставам во служба на овој град кој ...

Портпаролот на вооруженото крило на палестинското милитантно движење Хамас, Абу Обеида, е убиен вчера во израелски напад, потврди денеска палестински извор, пренесе телевизијата „Ал Арабија“. Израел нападнал стан во Газа каде што престојувал Абу Обеида, портпарол на бригадите „Езедин ал-Касам“. Според палестинскиот извор, сите што биле во станот се убиени, што било потврдено и од членовите на семејството на Обеида и водачите на бригадите ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
42%
1029
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
54%
1029
weather icon

Загреб

22ᴼ / 17ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
42%
1030
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.65
38%
1028
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
78%
1029
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
42%
1023
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
28%
1024
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1026
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
40%
1026
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
0.51
61%
1027
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
35%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976