
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Околу 70 пациенти заболени од рак немаат примено соодветна биолошка терапија. Ова денеска го потврди Ана Марјановиќ, пациентка која по средбата со надлежните обвинители од предметот Онкологија, рече дека станува збор за резултати од извршени испитувања на сите пациенти кои примале биолошка терапија или требало да примаат биолошка терапија во текот од 2018 година до 2023 година. Според Марјановиќ, дел од овие пациенти веќе починале. Истото го ...
Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со заканата за мирот што, како што е наведено, доаѓа од европските земји кои се обидуваат да спречат мирно решавање на конфликтот во Украина, изјави денес првиот заменик-постојан претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Пољански. Тој додаде дека очекува состанокот да биде закажан за 30 мај, како одговор на барањето од европските земји за седница еден ден порано, пренесува ...
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на средба во Москва разговараа за напорите за завршување на војната во Украина и развојот на настаните по разговорите во Истанбул, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извор од турското Министерство за надворешни работи. Фидан е во дводневна посета на Москва, каде што, според изворите, во понеделник се сретнал со Путин, како и со главниот преговарач на ...
Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 09.34 часот на железничкиот премин на Регионален пат Велес – Извор, во близина на поранешна фабрика „Порцеланка“ кај Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од 23 годишниот Ѓ.О. од Чашка и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од 39 годишниот К.З.од Скопје. Во несреќата нема повредени лица, информира утрово ...
Полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишиле од слобода А.Р. (56) од Скопје. Како што соопшти МВР, ноќеска во 00.44 часот тој на регионалниот пат Р-1205 во пробиштипското село Пишица управувал патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 101 километар на час во населено место каде што максимално дозволена брзина е 40 километри на час. -По целосно документирање на ...
Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката сцена и како да се етаблира како претседател на партија, отворено призна дека не му е грижа за граѓаните и дека не чувствува одговорност за Онкологија, реагираат денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното интервју на лидерот на СДСМ за „360 степени“. „Венко Филипче не се грижи што беше најлошиот министер за здравство. Филипче не се грижи што додека бил министер ...
Ламин Јамал денеска ќе потпише нов договор со Барселона, објави новинарот Фабрицио Романо, кој откри и детали од соработката меѓу двете страни. Јамал ќе заработува 20 милиони евра по сезона, а притоа ќе потпише договор до 2031 година и ќе има откупна клаузула од милијарда евра. Шпанскиот репрезентативец со овој договор ќе стане трет најплатен фудбалер во составот на каталонскиот гигант, зад Френки Де Јонг (23 милиони евра) и Роберт Левандовски ...
Локалните жители и туристите се уште возат по небезбеден пат до Охрид и Струга. Автопатот Кичево-Охрид кој цели 11 години се гради,според туристичките работници одврати илјадници туристи да одмараат покрај Охридското Езеро. Туристичките работници бараат итно завршување на оваа делница, додека како што велат не биде премнигу доцна. „Генерално инфраструктурата и патот од Кичево до Охрид не се задоволни од тој аспект.Инфраструктурните проблеми се ...
Судијата Африм Фидани е нов претседател на Врховен. Со осум гласа „ЗА“, судскиот совет му даде доверба на Фидани кој освои повеќе гласови од неговата противкандидатка, Беса Адеми, досегашната претседателка на Врховен, која не успеа да дојде до втор мандат. За поголемиот дел од членовите на судскиот совет, акцискиот план на Фидани за работата на Врховен кој вклучува поголема транспарентност и отвореност кон јавноста, бил клучен фактор тие да ...
Вкупно 27 лица се пренесени во болница, од кои две се наоѓаат во критична состојба, по вчерашниот инцидент кога маж со автомобил удри во толпа луѓе кои ја славеле шампионската титула на фудбласкиот клуб Ливерпул во истоимениот британски град, пренесуваат тамошните медиуми по прес-конференцијата на надлежните во врска со настанот. Меѓу двете повредени лица кои се критична состојба е и едно дете, објави британскиот национален сервис Би-би-си. ...
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од три до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 26 степени. ...
Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити синоќа најави дека на седницата на Централното претседателство на ВЛЕН, Арбен Фетаи ќе биде вклучен во партиското раководство и ќе остане вицепремиер за добро владеење, а Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција. Тој кажа дека нивниот предлог за министер за здравство ...
Финансиската полиција поднесе кривични пријави против двајца поранешни службеници во државната компанија за цивилнa контрола на летови, М-НАВ, поради сомнение за злоупотреба на службена должност и овластување, што резултирало со штета од речиси 1,5 милиони денари на буџетот на компанијата. И двајцата се осомничени за манипулирање со тендерските процедури. Според Финансиската полиција, првоосомничениот со иницијали, В.К., во својство на поранешен ...
Итна постапка од Јавното обвинителство, распит на сите лице вклучени во тендерот за набавка на униформи и расветлување на случајот, побара денеска опозицијата во врска со тендерот за набавка на униформи во Министерството за внатрешни работи. Опозицијата продолжува со обвинувањата дека тендер го добива фирма основана пред 20 дена, без искуство, и во сопственост на пријателка на сопругата на Тошковски, па сега бараат и надлежните да ја испитаат ...
Околу 20.000 лица ќе бидат опфатени со новиот закон за сезонско работно ангажирање, изјави претеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Бојан Стојановски. Тој вели дека со ваквото законско решение ќе се реши голем дел од сивата економија. Стојановски вели дека од законот ќе имаат корист и работниците, и работодавачите, но и државата преку наплата на придонеси и даноци. „Наши пресмети и претпоставки отприлика 20тина илјади луѓе би влегле под оној систем на ...
Вечерва во Тетово имало пукање од лице на мотор во движење. Инцидентот се случил на улицата 111, позната и како населба Теќе. Според првичните информации, овој случај може да е поврзан со убиството што се случи пред една година во истата населба. Исто така, можно е инцидентот да е поврзан со друг инцидент што се случил претходно, каде што имало престрелка меѓу лице од село Гајре и друго од градот Тетово, настан што се случил пред околу една ...
Греењето на домаќинствата е главниот фактор што придонесува за загадувањето на воздухот, заедно со горивата за автомобили. Ова е заклучокот на надзорната расправа за загадувањето на воздухот, на која петти ден се дискутира за ефектите од загадувањето и мерките за заштита на јавното здравје. Премиерот Мицкоски се согласува дека граѓаните горат што ќе им дојде при рака кога станува збор за греење на своите домови, но вели дека немаат други ...
Еден милион евра, односно фантастични 61.220.100 денари Видеолотарија Касинос Австрија во април, исплати кон играчите за ВЛТ добивки. Среќните статистики од овој месец покажуваат: 3 СУПЕР МИЛИОНЕРИ, нови 20 МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добитници и дури 2081 играчи кои освоија МИНИ џекпот добивки. Април ни донесе нови рекорди со ВЛТ добивки и многу нови среќни ВЛТ приказни. ВЛТ играчите на Видеолотарија Касинос Австрија изминатиот месец заедно поделија ...
Во основното училиште „Никола Карев“ на село Норово во Општина Крушево, започна втората недела од бојкотот на наставата. Децата и натаму ќе останат дома поради лошите услови за учење. Родителите повторија дека нема да ги пуштат децата во училиштето се додека надлежните институции не дозволат реализација на градежните работи, и легализација на новата училишна зграда која во моментов ја градат жителите на селото. Министерката за образование, ...
Од денеска државава ќе биде домаќин на воената вежба „Брз одговор 2025“ ккао дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025 со околу 12.000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа. Во вежбата што ќе се одржува во земјава ќе учествуваат повеќе од 2.000 војници од државава, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство. Северна Македонија ќе учествува со 950 припадници на Армијата, САД со ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави за поранешен Извршен директор во М-НАВ АД Скопје заради спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една и за Б.А. во својство на в.д. раководител на одделение за јавни набавки, заради сомневање дека пропуштила да направи должен надзор. Со ова пријавените го оштетиле Буџетот на М-НАВ АД Скопје за износ од 1.493.433,00 денари. ...
Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија и онкологија за несовесно лекување ...
„ВЛЕН изразува најискрено добредојде и благодарност до сите оние експоненти на Алијансата за Албанците кои, во важни моменти за иднината на Албанците во Северна Македонија, избраа достоинствено да застанат таму каде што им е местото: рамо до рамо со граѓаните и дел од проектот за промени“, велат од ВЛЕН. Во соопштението се додава: „Оваа нивна одлука не е само политички став, туку е чин на граѓанска одговорност, вреден придонес во процесот на ...
Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, изјави дека по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се откажал од идејата активистите и таа партија да ја блокираат зградата на судот во Нови Сад. Тој за телевизијата „Балкан њузмакс“ изјави дека Вучиќ му посочил дека нивната блокада „ќе ја отежни работата на судот уште повеќе, кој треба да одлучува и за други важни случаи за граѓаните“. На 20 мај, лидерот на ...
Откако од првата лига се откажаа Воска и Гостивар, кои заедно со Беса нема да играат во вторлигашката конкуренција, се ослободија три места кои ќе бидат пополнети со оние кои не успеаја да ги минат баражите. Поразени во баражите беа Осогово, Преспа и Големо Коњари, а се очекуваше со ждрепка да биде одредено кои две екипи ќе бидат во Втора лига за да ги пополнат местата кои ги ослободија Воска и Гостивар. Но, откажувањето на Беса значи дека ќе ...
Судскиот Совет денеска го избра Иван Џолев, претседател на Основен Кривичен суд Скопје, за судија на Апелациониот суд Скопје. Покрај Џолев, нови судии кои ќе постапуваат во кривичната област на скопската апелација се судијките Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова од Кривичен суд и Бетим Јахја од Основниот суд Тетово. На денешната 523-та седница, Судскиот совет избра и нов претседател на Врховен суд, судијата Африм Фидани. Додека, судијата ...
Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје. Како што потенцираат, нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX. -ИЈЗ претходните денови објави препораки до ...
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз и поранешен министер за здравство, Венко Филипче денеска соопшти дека не чувствува вина за случајот „Онкологија“, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од владејачката партија дека треба да се истражи неговата улога во предметот, како прв човек на ресорот здравство во тоа време. „Апсолутно не чувствувам вина. Добро е што има процес. Излезе обвинението. Започнува судски процес. Добро е да ја ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, ќе има аудиенција кај папата Лав 14, јави известувачот на МИА. По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова ќе има средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин. На средбата ќе присуствува и секретарот за односи со држави и меѓународни организации на ...
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 77,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден. и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 65,50 ден/литар. ...