Еден од најголемите шумски пожари во Турција оваа година ја зафати јужната покраина Денизли, при што 20 хеликоптери и повеќе од 2.000 луѓе се борат со огнената стихија, соопштија покраинските власти. Пожарот избувна на 29 август и се гасне четири дена без прекин, објави Анадолу. Според покраинските власти, 20 хеликоптери, 619 возила и 2.205 луѓе се борат со шумскиот пожар во регионот Булдан, при што интензитетот на пожарот се намалува, а ...

Руската и севернокорејската делегација ќе ја разгледаат можноста за средба меѓу двајцата шефови на држави дури откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе пристигне во Пекинг подоцна денес, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Работата е во тоа што Ким Џонг Ун пристигнува во Пекинг дури вечерва. А, по неговото пристигнување, ќе има можност директно да се разговара за можноста (за средба меѓу лидерите) со делегацијата, земајќи ги ...

Бројот на жртви од силниот земјотрес во источен Авганистан се искачи на 900, а 3.000 лица се повредени, соопштија денес локалните власти, додека спасувачките екипи го пребаруваат погоденото подрачје за преживеани. „Повредените се транспортираат, па овие бројки би можеле значително да се променат“, изјави Јусуф Хамад, портпарол на Националниот орган за управување со катастрофи, според АП. Тој додаде дека земјотресот предизвикал лизгање на ...

Белгија ќе се придружи на групата земји кои ќе ја признаат државата Палестина на овогодинешната сесија на Генералното собрание на ОН и ќе воведат санкции врз Израел поради војната во Газа, објави синоќа министерот за надворешни работи Максим Превост. Признавањето на Палестина ќе биде формализирано само ако Хамас ги ослободи сите преостанати израелски заложници земени во нападот на 7 октомври 2023 година и ако милитантната група „веќе нема ...

Во моментов во земјава се активни два пожари, додека три се ставени под контрола, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во изминатото деноноќие, заклучно со осум часот утрово, на територијата на државата биле регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои 13 се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Долнени и Липково. Во Општина Долнени, во подрачјето на селата Црнилишта и Долгаец, гори нискостеблеста ...

Бројот на работниците во индустријата во лули годинава е намален за 3.8% во однос на јули 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024, се намалил за 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %. Според главните индустриски групи, бројот на ...

Висока делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот генерал Ѓеоргита Влад, денеска е во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија. Како што информираат од Министерството за одбрана, романскиот началник на Генералштабот и неговата делегација ќе бидат пречекани со високи воени почести, по што предвидена е средба на двајцата началници. Од Министерството додаваат дека главни теми на ...

Најмалку 1 000 луѓе загинаа во лизгање на земјиште што уништи село во областа на планините Мара во Западен Судан, објави бунтовничката група Суданско ослободително движење/армија, а пренесува Би-би-си. Лизгање на земјиштето се случи по неколкудневни обилни дождови и го срамни со земја поголемиот дел од селото Тарасин. Објавено е дека засега има само еден преживеан. Движењето, кое ја контролира областа во регионот Дарфур, апелираше до ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умрена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде од 9 до 20 часот, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. И во Скопје времето ќе биде слично, со максимална температура до 34 степени. Утре и во четврток времето ќе стане променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи во форма на невреме. Потоа, до крајот на неделата ...

Голем број ученици од струшките основни училишта од денес се без организиран превоз, затоа што превозниците, кои со години ги носеа од дома до училиштата, одлучија да не возат, поради како што велат големите долгови кои Општина Струга и училиштата ги имаат кон нив. Некои од превозниците парите ќе си ги бараат преку суд. Од утре без превоз ќе останат и дел од учениците во средните училишта. Превозниците велат дека проблем е ниската цена, која ја ...

Со почетокот на новата учебна година, здравствената заштита на децата е ставена во преден план. Еден од главните услови за запишување во образовните институции останува целосната имунизација на учениците од основно училиште. Фиснике Пустина, психолог во основното училиште „Конгреси и Манастирит“, вели дека во последните години е зголемена свеста кај родителите за вакцинирање на децата. „Имаме континуирана соработка со здравствените институции и ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против Д.С., на работно место полицаец во ПС – Чаир при СВР – Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од КЗ, соопштија денеска од Министерството за ...

Северна Македонија се позиционира на 51. место на Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година, со резултат од 1,799, што претставува пад од четири позиции во однос на минатата година, според извештајот на Институтот за економија и мир (IEP). Оваа позиција ја става земјата во средината на листата од 163 држави во светот, а е во рамки на регионот Западна и Централна Европа, кој останува најмирен во светот, иако бележи благ пад од 0,57 отсто во ...

Астероидот Бену носи приказна стара милијарди години и мешавина од материјали не само од нашиот Сончев систем, туку и од далечни ѕвезди, открива ново истражување на неговите примероци. Мисијата OSIRIS-REx на НАСА, предводена од Универзитетот во Аризона, врати примероци од Бену во 2023 година, а сега откриваат како малиот астероид чува космичка архива на раниот Сончев систем. Наодите доаѓаат од три студии базирани на примероци од Бену, ...

Со Одлука за спроведување на Европската комисија за одобрување на првото ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан одобрена е првата исплата на средства за нашата земја во износ од осум милиони евра. Со оваа Одлука, информираше денеска Министерството за европски прашања, одобрени се 2.3 милиони евра како неповратна помош и 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни ...

Денеска стапија на сила новите правила за увоз на возила во земјава, кои се базираат на европски стандарди и имаат за цел да ја поедностават и да ја направат поекономична постапката за одобрување и увоз. Со стапувањето на правилникот, земјата конечно го почнува буквалното применување на Законот за возила по 17 години од неговото донесување. Клучни измени во новите постапки: Возила кои веќе имаат одобрение за тип според WVTA (Whole Vehicle Type ...

Шефот на канцеларијата на регионалниот обвинител во Лавов, Микола Мерет, изјави дека е поднесено обвинение против 52-годишен жител на Лавов во врска со убиството на поранешниот претседател на украинскиот парламент, Врховната рада, пратеникот Андриј Парубиј. Мерет лично го потпиша обвинението, истакнувајќи дека „обвинението се заснова на објективни докази што укажуваат дека осомничениот го извршил убиството на пратеникот“, соопшти ...

Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува и работи во периодот до завршување на изборите. Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, вели дека се разговара дали Советот комплетно да застане со работата или пак може некои фази од постапките да ги работи и постапува, а само изборот да биде за по завршување на изборите. -Се уште разговараме со колегите и на првата наредна седница ќе донесеме и соодветна ...

Им се извинувам на родителите што пред повеќе од 15 години зборувавме за компјутер за секое дете а денес после 15 години зборуваме за учебник за секое дете. Ова, меѓу другото, го порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето во Основното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во скопска Кисела Вода по повод почетокот на новата учебна година. Тој ова го кажа додавајќи дека првпат по седум години, алудирајќи на периодот на минатата власт, ...

Над 1,2 милиони туристи ја посетуваат Македонија секоја година, а нивната потрошувачка се проценува на околу 722 милиони долари, вели економистот Буњамин Беља. Според него, еден турист дневно остава меѓу 35 и 75 долари, што во просек годишно изнесува од 570 до 1.300 долари по лице. Додава дека приходите од туризмот, според проценките, може да достигнат и до 988 милиони долари. Беља вели дека во минатото туристите трошеле најмногу пари во хотели ...

Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил ...

Турските медиуми утрово тврдат дека Дарко Чурлинов е пред потпис со суперлигашот Коџаелиспор. 25-годишниот Чурлинов веќе две години нема настап за премиерлигашот Барнли и беше јасно дека тимот од „Трф Мур“ ќе се обиде да го продаде ова лето. За услугите на нашиот репрезентативец имаше интерес од повеќе страни. Се шпекулираше за враќање на Чурлинов во полска Јагјелонија, каде што ги мина последните шест месеци од ланскиот шампионат. Сепак, нова ...

Европските сојузници на Киев работат на „доста прецизни планови“ и „јасна патоказна мапа“ за можно распоредување трупи во Украина доколку се постигне мировен договор меѓу Киев и Москва – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Фон дер Лајен, во коментари објавени во „Фајненшл тајмс“ на 31 август, додаде дека секое такво вложување би имало целосна поддршка од САД, кои во изминатата година се колебаа околу можноста за ...

Неколку стотини автопревозници од БиХ започнаа протест во понеделникот рано наутро. Блокирани се главните сообраќајници и царински терминали. На влезовите во поголемиот дел од градовите во Босна и Херцеговина, сообраќајот се одвива отежнато по една лента поради колони од камиони. За патничките возила на граничните премини нема поголеми потешкотии, според извештајот на БИХАМК. Превозниците се одлучија на протест и блокади изразувајќи ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека е мобилизиран тим на Обединетите нации во Авганистан за да им помогне на погодените од земјотресот. „Тимот на ОН во Авганистан е мобилизиран и ќе вложи максимални напори за да им помогне на оние на кои им е потребна помош во погодените области“, рече Гутереш во објава на социјалната мрежа X. Генералниот секретар на ОН, исто така, изрази целосна солидарност со народот ...

Вистинска драма се одвива пред Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад утрово откако студентите во блокада објавија дека деканот Патрик Дрид, заедно со маскирани лица, насилно влегол во зградата на факултетот околу 5 часот наутро. Според студентите, тројца маскирани мажи скршиле прозорци и влегле во зградата додека студентите биле внатре, од кои многумина спиеле. Двајца од маскираните мажи потоа избегале, додека третиот бил ...

Родителите на учениците од Петтата белградска гимназија денеска излегоа на протест барајќи, како што соопштија, да се почитуваат правата на наставниот кадар и учениците. „Повеќе од 20 отсто од наставниот кадар во ова училиште се соочува со сериозни последици поради нивната ангажираност во поддршка на студентските протести и блокади“, соопштија родителите Петтата во пресрет на собирот. Тие наведоа дека дека со одлука на в.д. директорката на ...

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во северниот кинески град Тјанџин денес. Во руската делегација се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин, портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за транспорт Андреј ...

Драги ученици, родители и наставници. По повод почетокот на новата учебна година, ВРЕДИ ви посакува просперитетна, успешна и полна со достигнувања година. Ова е посебен момент, особено за сите деца кои денес за прв пат седат на училишните клупи. За нив започнува ново патување исполнето со емоции, знаење и соништа, кое ќе ја одреди не само нивната иднина, туку и иднината на нашата земја, порачуваат од ВЛЕН. Во соопштението се додава: ...

Новата учебна година ќе биде проследена со стари проблеми и покрај предупредувањата на надлежните институции дека сите подготовки за успешна учебна година се завршени. Ова го оценува професорот Авзи Мустафа, потсетувајќи дека одредени училишта се соочуваат со недостаток на услови за учење. Во интервју за Алсат, професорот Мустафа рече дека недостатокот на наставен кадар во училиштата, кој често се заменува со несоодветни наставници, останува ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
42%
1029
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
54%
1029
weather icon

Загреб

22ᴼ / 17ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
42%
1030
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.65
38%
1028
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
78%
1029
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
42%
1023
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
28%
1024
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1026
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
40%
1026
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
0.51
61%
1027
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
35%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976