Националното студентско тело бара зголемување на сумата за субвенциониран студентски оброк. Ова тело, кое е претставничко на сите студенти во државата, денеска (2 септември) преку писмено соопштение бара сумата за субвенционираниот оброк да се искачи од 140 на 150 денари. Барањето доаѓа пред носењето на републичкиот Буџет за 2026 година. -Согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, износот се усогласува во согласност со инфлациската ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделник изјави дека разговарал за начините за завршување на војната во Украина со рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот во Кина и со украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефон, но дека страните „сè уште не се подготвени“ за состанок на лидерско ниво. Во разговор со новинарите во авионот враќајќи се од Кина, Ердоган рече дека разговорите во последните месеци меѓу ...

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија. При тоа, од зачленувањето очекуваат придобивки како што се отворени граници, слободна трговија и подобар квалитет на животот – покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар посветено на процесот на проширување на ЕУ. На прашањето „Кога сметаат дека Северна Македонија ќе стане земја членка на ЕУ“, 27 отсто одговориле „во следните ...

Основниот кривичен суд во Скопје денеска донесе пресуда со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Од Кривичен велат дека против ваквата пресуда странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје во рок од осум дена по приемот на пресудата. Во изречената казна, како што потврдуваат од судот, ќе се засмета и времето кое обвинетиот го поминал во куќен притвор ...

Целосно затемнување на Месечината ќе биде видливо во недела, 7 септември, а овој редок настан ќе може да се следи со голо око од 19:30 до 20:52 часот. Сите фази на затемнувањето ќе бидат видливи од Индија, Кина, централна Русија, Казахстан и Западна Австралија, а нема да бидат видливи од Северна или Јужна Америка. Според проценките, овој феномен ќе биде видлив за околу 77 проценти од населението на Земјата. За време на затемнувањето, Месечината ...

Федерален суд во Калифорнија во понеделник ја блокираше одлуката на администрацијата на Трамп за распоредување на Националната гарда во државата за да помогне во борбата против криминалот. Окружниот судија во Сан Франциско, Чарлс Брејер, ја одложи конечната пресуда за ова прашање до 12 септември, објави Ројтерс. Трамп нареди распоредување на 4.000 војници на Националната гарда и 700 маринци во Лос Анџелес во јуни, како одговор на протестите ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во четврток дека ќе ја предложи Женева како место за разговори за прекин на огнот меѓу Украина и Русија на состанокот на околу 30 земји во четврток, на кој ќе се разговара за повоените гаранции за Украина. „Женева би била соодветно место за договор за прекин на огнот. Задутре повторно ќе ѝ предложам на Коалицијата на волјата да упати покана за Женева“, рече Мерц на прес-конференција заедно со ...

Судењето за предметот „Адитив“ за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра, продолжува денеска во судницата на КПУ Идризово. Судењето, првично, требаше да продолжи на 21 август, но беше одложено за денеска. Причина за одложувањето, како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, беше одобрувањето на обвинителниот акт против Б.Н., како продолжение на истрагата, како и предлогот за спојување на обвиненијата. – ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе се обрати до нацијата од Овалната соба на Белата куќа. Обраќањето е закажано за 20 часот по централноевропско време, но сè уште не е познато за што ќе зборува претседателот. Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски пред три дена нагласи дека американскиот претседател ѝ дал на Москва „неколку недели“ да направи одредени чекори во преговорите, вклучително и да се согласи на ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да ...

Со извршената ревизијата на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на МОН за 2023 година Државниот завод за ревизија утврдил слабости во управувањето со капиталните инвестиции, недовршени објекти и неизвршени технички прием, несоодветно користење на средства за учебници за основно образование, како и ненаплатени побарувања по основ на студентски кредити стари повеќе од една деценија Во соопштението објавено на веб страната на ДЗР се ...

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, 11-годишно девојче било физички нападнато од страна на три девојчиња, а едно ...

До крајот на неделата СДСМ ќе има работна верзија на декларација која треба да ги содржи црвените линии во евроинтеграциите, најави денеска лидерот на опозоциската партија Венко Филипче, посочувајќи дека иако е предизборие, политичките чинители треба да седнат заедно на маса и да се формализира како ќе се продолжи понатаму во евроинтеграциите. -Документот се изработува. Верувам дека до крајот на неделата ќе имаме една работна верзија. Ќе го ...

Бројот на жртви од земјотресот што го погоди Авганистан надмина 1.400, соопштија денес Талибанците. „Повеќе од три илјади луѓе се повредени“, изјави портпаролот на владата на Талибанците, Забихулах Муџахид, на платформата за социјални медиуми X. Претставници на Обединетите нации во Авганистан велат дека спасувачите во моментов се во трка со времето за да стигнат до оддалечената планинска област погодена од земјотрес со јачина од 6,0 степени ...

Осомничениот за убиството на пратеникот и поранешен претседател на Врховната рада, Андриј Парубиј, го признал злосторството за време на првото испрашување и го открил својот контакт со руски претставници. Новинарите од украинското Радио Слобода дознале дека осомничениот рекол дека неговиот син, припадник на вооружените сили на Украина, исчезнал во 2023 година на Бахмутскиот фронт, поради што почнал да ги следи руските групи на социјалните мрежи ...

Францускиот актер Жерар Депардје (76) ќе се појави на суд поради нови обвиненија за силување, откако во мај годинава беше осуден на условна казна затвор од година и пол за сексуален напад врз две жени на снимањето на филмот „Зелени ролетни“, објавува „Ле Фигаро“. Истражен судија нареди да се отвори судење во Кривичниот суд во Париз по обвинението дека силувал и сексуално ја нападнал актерката Шарлот Ана, која ги поднела обвиненијата во 2018 ...

Повеќе од милијарда луѓе во светот страдаат од ментални болести, при што анксиозноста и депресијата се најчестите дијагнози и ги засегаат сите заедници, луѓе од сите возрасти и приходи, според податоците објавени од Светската здравствена организација (СЗО). Во него се наведува дека иако многу земји ги зајакнале политиките и програмите за ментално здравје, потребни се поголеми инвестиции и активности на глобално ниво за проширување на услугите ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека САД треба веднаш да ја преиспитаат својата одлука да им одбијат визи на палестинските претставници и да им забранат да присуствуваат на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк подоцна овој месец. Ердоган им рече на новинарите по враќањето од Кина дека потегот на САД не е во согласност со причината за постоењето на ОН. „Оваа одлука треба итно да се преиспита. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ги повика премиерот на земјата Франсоа Бајру и другите политички лидери на состанок во Елисејската палата за да се обиде да најде политичко решение за потенцијалниот пад на владата по гласањето за доверба најавено за 8 септември. Покрај Бајру, Макрон ги покани и поранешните премиери Едуар Филип и Габриел Атал, како и францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретајо, објавува „Ле Фигаро“. Макрон ...

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Г. Витакер, изјави дека Соединетите Држави внимателно ја следат ситуацијата во Србија и во Босна и Херцеговина, со цел да не се дозволи развој на настани што би можеле да доведат до регионален конфликт. „Многу внимателно следиме сè што се случува и во Република Српска и во Србија. Моментално сме фокусирани на тоа да се осигураме дека ситуацијата нема да се претвори во потенцијален регионален конфликт“, ...

Цената на фјучерсите за злато за испорака во декември 2025 година на берзата Comex (дел од Њујоршката стоковна берза) достигна историски максимум, пробивајќи го нивото од 3.578 долари за три унци, според податоците од берзата. Според утринските податоци, цената на благородниот метал изнесуваше 3.578,4 долари за три унци (+0,92%). Подоцна наутро, растот на цената на златото забави, така што унцата чинеше 3.563,8 долари (+0,51%). Пазарите ја ...

Август 2025 ќе остане запаметен како месец на рекорди! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 72.821.604 денари (околу 1.200.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија. Овие бројки не се само статистика – тие претставуваат илјадници нови среќни приказни! Среќни бројки од август: • 4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → заедно поделија 18.945.367 денари • 22 МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 25.756.557 ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна прислушувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е удар врз него и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата. – Нашата држава се соочува со нов скандал – нелегално прислушкување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години. Јас лично, тогаш како претседател на најголемата опозициска партија, денеска како премиер заедно со новинари, ...

Најновото истражување на НАСА повторно го привлече вниманието на светската научна заедница кон Јужноатлантската аномалија (SAA), огромна зона на ослабена магнетна заштита на Земјата што се протега над Јужниот Атлантик и делови од Јужна Америка. Овој феномен, кој овозможува опасното космичко зрачење да продира поблиску до површината на Земјата, сега се шири и претставува прилично сериозна закана за сателитите, астронаутите и технолошките системи ...

Научници од Јужна Кореја и Јапонија открија нов вид кристал кој се однесува речиси како жив организам, способен да „вдишува“ и да „издишува“ кислород. Овој метален оксид, направен од стронциум, железо, кобалт и кислород (SrFe0.5Co0.5O2.5), е способен да ослободува кислород кога се загрева во гас, а потоа повторно да го апсорбира, без да ја изгуби стабилноста. За разлика од веќе познатите метални оксиди кои постигнуваат слични ефекти, овој ...

ВЛЕН дојде на власт со големи ветувања и со строги рокови за уставните измени. Прво ветија дека тоа ќе се случи пред формирање на Владата. Потоа рекоа во првите 100 дена. Потоа во три месеци. На крај, во шест месеци. Денес, по една година, Албанците слушаат само оправдувања од Изет Меџити и неговите соработници дека „времето не било доволно“, се вели во соопштението од ДУИ. Во него се додава: „Вистината е едноставна: немаат ниту визија, ниту ...

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски утрово излезе со одговор на својот Фејсбук-профил за наводите за злоупотреби во Агенцијата што биле правени во периодот додека тој раководел со службата, а се однесуваат на следење и прислушување на тогашниот лидер на опозицијата, а сега актуелен премиер Христијан Мицкоски, како и на бизнисмени и новинари. Во објавата, Димовски без да наведува имиња, вели дека во ...

ДУИ е во очај, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, за коешто се вели дека е реакција на ставови на Али Ахмети. Во него се наведува: „Штом Ахмети се враќа 24 години наназад со тезите откако да се потсетиме во тие 24 години, 23 беше на власт и е учесник во целото газење, компромитирање и корумпирање на институциите. Сега после 23 години власт му текна да зборува за 2001 година, конфликт чии бенефити и ...

Заврши петдневниот процес на тестирање на мостот „Хуаџијанг голем кањон“ во Кина. Ова е истовремено и последниот чекор од подготовките пред официјалното отворање, кое е планирано за крајот на септември.  Тим од експерти постави 96 камиони истовремено на специфични точки на мостот за да ја провери неговата структурна цврстина и безбедност. На висина од 625 метри над реката, по завршувањето, овој мост ќе стане рекордер и ќе биде највисокиот ...

Во село Неровo, во Крушево, учениците од второ и петто одделение денес почнаа да учат заедно во една училница, поради тешките услови и недостатокот на училници во старата училишна зграда. И покрај ситуацијата, Министерството за образование и наука не презеде никакви конкретни мерки за подобрување на условите, а досега не е забиенa ниту еднa шајка во старата училишна зграда, вели Дашмир Јусуфи, жител на село Нерове. „Бидејќи работиме во две ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
42%
1029
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
54%
1029
weather icon

Загреб

22ᴼ / 17ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
42%
1030
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.65
38%
1028
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
78%
1029
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
42%
1023
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
28%
1024
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1026
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
40%
1026
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
0.51
61%
1027
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
35%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976