
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Стручњаците објаснуваат како да утврдите која кардио-техника најдобро им одговара на вашите цели. Трчањето е одлична опција за здравјето на кардиоваскуларниот систем, бидејќи е многу практично – потребни ви се само добри патики. Од друга страна, возењето велосипед претставува вежба со мало оптоварување врз зглобовите, што ја прави понежна кон телото. Но за да ги почувствувате придобивките, најважно е да ја изберете активноста на која ќе ѝ ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Буџетскиот совет на чиј дневен ред, меѓу другото, е и Предлог на буџет на Собранието на Република Северна Македонија за 2026 година. Членовите на Буџетскиот совет ќе расправаат за Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година, за Предлог на стратешки план на Собранието на Република Северна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот вечерта (28 август) изјави дека рускиот напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, во кој загинаа најмалку 21 лице, бил „напад на Русија“ врз американскиот претседател Доналд Трамп, кој самиот рече дека „не е задоволен“ од тој напад. „Русија сега ги напаѓа сите во светот кои сакаат мир. Тоа е удар за Украина… И тоа е исто така удар на Русија врз претседателот Трамп“, рече Зеленски во ...
Откако претседателот Трамп, пред два дена ја отстрани гувернерката на американските Федерални резерви, поради наводна хипотекарна измама, Лиса Кук, таа денеска поднесе тужба до федералниот суд во Вашингтон против него. Кук во тужбата, меѓудругото вели дека претседателот на САД со неговата одлука, направил директен напад врз независноста на институцијата, со што го прекршил федералниот закон. „Претседателот се обидува да ме отстрани не поради ...
Претежно сончево и топло време најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата наутро ќе биде од 7 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 29 до 37 степени. И во Скопје денеска се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 13 степени наутро до 37 во текот на денот. За ...
Целосно е изгаснат пожарот во атарот на селото Церово во Општина Желино кој синоќа се ширеше во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во гаснењето на пожарот интервенирале територијалните противпожарни екипи од Тетово и Скопје. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор. Тој додава дека ...
Бурхан Бектеши е лице со попреченост кое вели дека било дискриминирано од возач на ЈСП. Јавниот превоз во Скопје му е единствената алтернатива за да стигне до своето работно место. Во повеќето случаи, граѓаните му помагаат на Бурхан да се качи во градските автобуси, а во некои случаи и возачите му помагаат кога уредите за пристап во автобусот не се автоматски за овие лица. „Возачите ретко ни помагаат, има еден возач на автобус број 20 кој ми ...
Кандидатот на ДУИ за Општина Чаир, Бујар Османи, нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ, гледајќи дека ДУИ е посилна од ВЛЕН, испраќа емисари со цел да ги стопли односите за идна соработка во Владата. Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ беше експресна, која го демантираше Османи. Според партијата на Христијан Мицкоски, ДУИ му ветува на очајното членство влез во Владата, за да го сокрие криминалот и корупцијата. ВМРО ДПМНЕ: „На Бујар Османи или не му било кажано, или ...
Бујар Османи од ДУИ демантира дека имало злоупотреби во организирањето на дводневниот Самит на ОБСЕ во Скопје, додека бил министер за надворешни работи. Според Османи, Министерството за надворешни работи по завршувањето на самитот го доставило записникот за изведување на работите. „Заводот за ревизија спроведе контрола во „Борис Трајковски“. Кога ја добиле опремата не ја запишале во своите тетратки. Тоа нема никаква врска со МНР. Во нашиот дел ...
Од септември 2026 година се враќа средното полициско училиште во земјава, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, откако предлог законот по скратена постапка веќе е доставен пред пратениците. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе функционира во пракса, Тошковски најави загарантирани вработувања за сите оние кои ќе завршат средно полициско училиште. „Секој еден кој што ќе се запише на полициската академија во иднина во ...
Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата, соопшти денеска Министерството за образование и наука. Обуката „AI во училница“ е наменета за наставници со основно познавање на дигитални алатки и активно владеење на англискиот јазик, и има за цел да им помогне да ја интегрираат вештачката интелигенција во сите фази на наставниот процес, од ...
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својата фејсбук страница објави дека експертски тимови од Љубљана ќе даваат поддршка за развојот на градот Скопје. „Остваривме извонредна и пријателска средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, господинот Зоран Јанковиќ. Средбата помина во пријателска атмосфера, при што разменивме значајни искуства и визии за идната соработка помеѓу Скопје и Љубљана. Добив ...
Премиерот Христијан Мицкоски не прифаќа дека владата е виновна што не го постигнала потребното мнозинство за измена на Изборниот законик. Според него, опозицијата ги користи обичните прашања за политички судири. Лидерот на СДСМ ја обвини владата дека не прави доволно за измени на Изборниот законик. Измените на Изборниот законик не беа усвоени пред две недели зашто немаше бандетерово мнозинство, по одбивањето на Европскиот фронт да гласа за ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити, посети едно од училиштата во оваа општина, од каде што соопшти дека завршила кампањата за чистење и подготовка на основните училишта за почетокот на новата учебна година. Тој рече дека образованието во Чаир е негов приоритет, а истовремено оствари средба со наставниците. „Наше задолжение е на учениците кои, за среќа, се многу во Општина Чаир, каде што за првпат во прво ...
Кандидатот за Чаир од редовите на коалицијата „Алијанса за национална интеграција“, Бујар Османи, оствари средба со вработените во образованието во оваа општина. Тој рече дека приоритет и фокус ќе му биде, подобрување на состојбата во областа на образованието во оваа општина. Униформите и намалувањето на бројот на ученици по одделениа се некои од проектите што се дел од неговата програма. „На првиот ден кога ќе ја преземеме одговорноста, на 20 ...
Додека власта сака да им каже на луѓето дека не знаат како живеат, дека цените не растат, дека не е се поскапено и дека тече мед и млеко сите податоци покажуваат дека граѓаните живеат сè потешко и посиромашно, истакнала портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално. -Синдикалната минимална кошница е поскапа за речиси 5.000 денари, само за една година. Во исто време, минималната плата ...
Продолжуваат политичките судири околу тоа дали економскиот стандард на граѓаните бил подобар со СДСМ или сега со ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ продолжува да обвинува дека се поскапува, а на граѓаните им се вели дека тече „мед и млеко“. Портпаролката на партијата, Богдана Кузеска, вели дека сите земји од регионот презеле мерки за амортизација на инфлацијата, само Македонија нема план. Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски вели дека владата на СДСМ ја ...
Кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) преводена од ДУИ за Општина Чаир, Бујар Османи денеска истакна дека договорот за Самитот на ОБСЕ веќе една година е објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки и оти двете најповикани институции Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не констатирале никакви забелешки. – Смешно е да се каже дека сте обезбедиле ексклузивен документ кој што е веќе ...
Ресторанот „Ла Попот“ во англискиот град Чешир, кој се гордее со препораката од Мишленовиот водич, претстави уникатно мени посветено исклучиво на вода, при што цените на одредени шишиња достигнуваат до 22 евра. Идејата за „мени со вода“ Џозеф Ролинс, сопственик на ресторанот, се здружил со Доран Биндер, еден од петте британски сомелиери специјализирани за вода, за да ја осмислат оваа необична понуда. „Ла Попот“ инаку е ресторан за француска ...
Секој сонува за финансиска независност, но малкумина го знаат најбрзиот пат до неа. Иако не постои магична формула, изборот на кариера е клучен, а одредени професии нудат многу побрз пат до статус на милионер. Затоа ја замоливме вештачката интелигенција да открие кои работни места можат најбрзо да ви заработат пари. Иако ова можеби не е најточниот одговор, анализата на GOBankingRates, врз основа на податоци од Бирото за статистика на трудот на ...
Еден пожар е активен, четири се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати од регистрираните осум пожари до 12:00 часот денеска, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во Општина Кратово во селото Соколица, мала Амбарци каде гори ниска вегетација. Пожарите кои се под контрола се лоцирани во Македонски Брод во повеќенаменско подрачје Јасен, во Гевгелија на планината Кожуф, во општна Желино кај село Мерово и во Гази Баба ...
Четириесетидеветгодишен Битолчанец се удавил вчера во водите на Охридското Езеро. Како што информираат од полицијата, на 27 август во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено ...
Се повеќе граѓаните тонат во сиромаштија, власта свесно одбива да интервенира за справување со инфлацијата и растот на цените, тие им го полнат буџетот и им ги зголемуваат профитите на блиските фирми, а граѓаните плаќаат , олигарсите заработуваат, обвинува претседателот на СДСМ Венко Филипче за економските политики на Владата. Тој бара раст на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на најмалку 500евра, како и намалување на ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, денес го посети Основното училиште „Васил Главинов“ во Чаир, при што информираше дека кампањата за чистење и подготовка на основните училишта за почетокот на наставниот процес на 1 септември е завршена, стои во соопштението на Министерството за животна средина и просторно планирање, што го пренесуваме интегрално. „Денес одблизу ги видов подготовките за ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти за нови санкции против Русија по синоќешниот ракетен и напад со дронови врз Киев, во кој беше оштетено седиштето на Делегацијата на ЕУ во украинскиот главен град. „Синоќешниот напад покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, неселективно убивајќи цивили – мажи, жени и деца, па дури и гаѓајќи ја Европската Унија“, рече фон дер Лајен во ...
Северна Македонија никогаш немала влада толку настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и порамнодушна кон „диктатот на српскиот свет“, од оваа влада што денес ја води државата, обвинуваат од Демократската унија за интеграција. Според ДУИ, јавните ставови на владини претставници против Охридскиот договор станаа пракса и обвинуваат дека не е случајно што од Владата велат дека е „време за укинување на ...
НОВИОТ PEUGEOT 308 И PEUGEOT 308 SW: СЕРИОЗНО ГО СФАЌА ВОЗЕЊЕТО Со децении, PEUGEOT е еден од главните играчи на европскиот пазар за седани и каравани во сегментот C, нудејќи модели познати по нивниот препознатлив дизајн, задоволство при возењето и динамично однесување на патот. PEUGEOT 308 е дел од ова наследство, рангирајќи се меѓу најпродаваните модели во сегментот во бројни земји. Денес, новиот PEUGEOT 308 го подигнува задоволството при ...
На 1 септември, во Куманово ќе се одржи изданието на балканскиот театарски фестивал „КУ-Фест“, пишува Алсат. Фестивалот, кој се очекува да трае пет дена, ќе вклучува претстави од земјата, Косово и Србија. Претставите секоја вечер почнуваат во 20:00 часот, освен првата и последната вечер во 19:30 часот, поради церемонијата на доделување награди и церемонијата на отворање. Фестивалот ќе го отвори трупата на Албанскиот театар од Скопско, со ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди. Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираа дека возилото „бмв“ управувано од П.А.(22) излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека го претепале и му нанеле смртни последици на кавадарчанецот пред казиното во Кавадарци. Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „телесна повреда со смртни последици“. – Осомничените, од кои двајца се на возраст од 27 години и еден 35-годишник, на 27 август околу 5 часот наутро, имале вербална ...