Продолжува бојкотот на основното училиште „Никола Карев“ од село Нoрово во Општина Крушево. Дашмир Јусуфи, наставник и жител на ова село во интервјуто за Алсат вели дека легализацијата на новата училишна зграда е неопходна поради зголемувањето на наталитетот во овој дел од Крушево. Тој додаде дека изградбата на новата училишна зграда е направена со почитување на сите стандарди за градба, особено за училишна установа. Според Јусуфи, за тоа ...

Според шпанските медиуми, до крајот на оваа недела Реал Мадрид ќе промовира дури четири нови фудбалери. Откако го објави доаѓањето на Чаби Алонсо, Реал Мадрид сега почнува да ги финишира трансферите на фудбалерите. Дури четворица ќе бидат објавени наскоро. Тоа е Нико Паз кој се враќа во Реал Мадрид. По одличните партии за Комо, кралскиот клуб одлучи да ја активира клаузулата и да го откупи. Ќе биде објавен Трент Александер-Арнолд кој доаѓа како ...

Светската фудбалска федерација ФИФА ја укина забраната за трансфери на францускиот клуб Лион, и така тимот сега може повторно да носи засилувања. Претходно беше објавено дека некогашниот француски првак не може да регистриа нови играчи во следните три преодни рока поради долг од неверојатни 2.238 евра. „Л’Екип“ пренесува дека долгот е платен, и сега Лион нема повеќе забрана. Екипата имаше забрана поради долг за трансферот на играчот Амин Сар од ...

Наскоро ќе биде објавена нова рунда разговори меѓу Русија и Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 13-тиот Меѓународен состанок на високи претставници за безбедносни прашања, пренесува Спутник. „На овие разговори, на 16 мај во Истанбул, инсистиравме на укинување на овие дискриминаторски закони (за ограничувања на рускиот јазик) и ќе продолжиме да го правиме тоа и во следната рунда директни разговори, кои ќе ги ...

Како е можно фирма основана 20 дена пред распишување на тендер, без седиште, вработени, без искуство, без капацитет, баш таква фирма да добие тендер вреден 4 милиони евра, прашуваат од СДСМ. Од партијата додаваат: „Освен со корупција, бизнис врски и лични интереси поинаку дали е возможно? Кога фантомски фирми добиваат милионски бизниси тоа е основа за системска корупција во врвот на власта. Смрди на корупција. И тоа во институција којашто треба ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес повтори дека решението за две држави, со Израел и Палестина, е неопходно за решавање на конфликтот во Појасот Газа. Зборувајќи во Џакарта, Макрон рече дека нема двојни стандарди во француската политика кон Блискиот Исток, објави Ројтерс. „Само политичко решение ќе овозможи враќање на мирот и обнова на долг рок. Заедно со Саудиска Арабија, наскоро ќе организираме конференција за Газа во Њујорк за да ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на тројна средба со Доналд Трамп и Владимир Путин, како обид да ја принуди Москва да ја запре инвазијата врз Украина. „Ако на Путин не му е удобно да има билатерален состанок или ако сите сакаат тоа да биде трилатерален состанок, немам ништо против. Подготвен сум за секаков формат“, рече Зеленски во коментарите објавени денеска. Тој, исто така, рече дека „многу би сакал“ Трамп да ги погоди ...

Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за надворешни работи, како и на 52. пленарна седница. По постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот ...

Кошаркарите на Индијана поведоа со 3:1 против Њујорк во финалната серија од плејофот на Источната конференција на НБА лигата, бидејќи победија дома во четвртиот натпревар со 130:121. Тајрис Халибартон беше најефикасен во тимот на Индијана со 32 поени, 15 асистенции, 12 скока, четири украдени топки и ниту една изгубена топка. Така тој стана првиот кошаркар кој забележал трипл-дабл како играч на Пејсерс со минимум 30 постигнати поени во текот на ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува да имплементира систем, со кој сите странски студенти што аплицираат за студирање во Соединетите Држави ќе се подложат и на проверка на социјалните мрежи, се вели во телеграмата што ја објави „Политико“. Како подготовка за таков задолжителен преглед, администрацијата им наредува на амбасадите и конзуларните одделенија на САД да го прекинат закажувањето нови интервјуа за ...

Дваесет и пет основни училишта од следната учебна година ќе имаат можност да го воведат францускиот јазик како изборен предмет во петто одделение, доколку кај учениците постои интерес за негово изучување. Ова е предвидено во анексот на меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Француската амбасада, што денеска го потпишале министерката Весна Јаневска и амбасадорот Кристоф Ле Риголер. Како што соопшти МОН, за ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ...

Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. Славевски е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а ...

Судскиот совет на затворена седница го разреши контроверзниот апелационен судија Енвер Беџети, кој пред пет месеци беше ставен на црната листа на САД заедно со сега веќе избеганиот поранешен вицепремиер Артан Груби, поради постоење докази дека е вмешан во корупциска афера за да му помогне на поранешниот шеф на Тајната полиција, Сашо Мијалков, да избега од правдата. Информацијата за неговото разрешување незаконски протече во јавноста од страна на ...

Од Обвинителството информираа дека во текот на 2020 година, тројцата првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија. Организаторите на групата носеле одлуки и давале конкретни насоки за цели, локации и начин на ликвидација на лица претежно од спротивставената криминална група. Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други ...

Длабоко под нас, Земјината кора врие, а благородните метали пронајдени таму го наоѓаат патот назад кон површината. Меѓу нив има и злато, открија германскит научници. Длабоко под нашите нозе, златото за кое се смета дека е изгубено во центарот на Земјата полека се издигнува на површината. Барем тоа е заклучокот од новата студија објавена во списанието Nature, спроведена од геохемичарите Нилс Меслинг и Матијас Вилболд од Универзитетот во ...

Вицепремиерот Арбен Фетаи ќе треба да го координира членството на Алијанса за Албанците, кое ја напушти соработката со нивниот поранешен лидер, Арбен Таравари, за тоа како ќе дејствуваат во рамките на коалицијата ВЛЕН. Фетаи останува вицепремиер, додека Азир Алиу ќе биде назначен за министер за здравство. Заменик-министрите за земјоделство и одбрана, како и заменик-директорот на царината, ќе бидат назначени во наредните денови. “Деновиве, овие ...

Многу судски предмети во Македонија со години застаруваат, се тактизира со носење на одлуки за личности кои се или биле на високи функции, поради што нема не само политичка, туку и кривична одогворност, велат универзитетски професори. Многу од политичарите кои се најдоа и на црната листа на САД, се уште се на високи позиции во државата. Таков е случајот и со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за кого сеуште нема ниту една пресуда за 11 ...

Високиот претставник на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека воените акции на Израел во Појасот Газа повеќе не се опфатени со принципот на самоодбрана според меѓународното право. „Зборуваме за протерување кое е многу, многу сомнително“, изјави Турк за австриското радио, осврнувајќи се на ефектот од војната врз цивилното население. „Она што го видовме во последните месеци нема никаква врска со почитувањето на основните принципи на ...

Од пет до шест пациенти неделно бараат помош на инфективното одделение за убоди од крлежи и други инсекти, соопштија денеска надлежните од општа болница Куманово. Во овој период поради бујната вегетација, наизменичните врнежливи и сончеви денови, зголемен е бројот на инсекти. -Периодов, почнувајќи од мај до крајот на август, се јавуваат пациенти за убод од крлежи. На инфективното одделение доаѓаат за антитетанична профилакса која во суштина не ...

Иднината на земјава е во Европската Унија и сите напорно работиме со цел тоа да се постигне, порача евроамбасадорот Михалис Рокас денеска во Велес, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на пораките кои високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност ги упати за време на посетата на Скопје, во врска со механизмите кои ги има на располагање Брисел за деблокирање на евроинтеграциите на државата. -Единствената работа, ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити информира дека се работи на предлозите за министри и дека тие деновиве ќе бидат доставени до Владата. Како што истакна Меџити, се комплетира листата и со членови на Владата и со заменици и со други позиции. Првиот вицепремиер смета дека Азир Алиу е најдобар предлог за министер за здравство, како и дека новиот директор на Центарот за управување со кризи од ВЛЕН ...

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје, соопшти Јавното обвинителство. Сослушувањата, како што се наведува во информацијата од обвинителството, се одвиваат согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата „Support Kocani“. На 24 мај ...

Уставните измени како услов за почеток на преговорите со Европската Унија беа главна тема на дискусијата во Националниот совет за евроинтеграции, на кој покрај пратениците, учествуваа и министри, професори и претставници на граѓанскиот сектор, за да се разговара за спроведувањето на Реформската агенда за периодот 2024–2027. Реформската агенда предвидува серија закони за реформи во дигитализацијата и судството. Според опозицијата, сето тоа е во ...

Европските министри денес го одобрија создавањето на фонд за одбрана од 150 милијарди евра, поради загриженоста за иден руски напад и сомнежите во врска со безбедносните обврски на САД кон ЕУ. Одобрувањето на министрите беше последниот правен чекор во воспоставувањето на шемата „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), која е поддржана од заедничко задолжување од ЕУ и ќе доделува заеми на европските земји за заеднички одбранбени проекти, објави ...

Крит како да се претвори во Сахара, откако огромен бран прашина го погоди островот во последните 24 часа, особено над Хераклион. Градот беше покриен со прашина што пристигнала од пустината Сахара, а небото беше исполнето со ситни честички што допатуваа од Африка. The island of Crete in the Mediterranean Sea was covered by a cloud of sand from the Sahara Desert pic.twitter.com/tuMtI9WOpD — Sprinter Observer (@SprinterObserve) May 26, 2025 The ...

Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на изминатите денови спречиле обиди за нелегален влез на мигранти. При контроли спречени биле и повеќе обиди за криумчарење шамивчиња за потенција, чанти, и паметни часовници. Од Царинската управа денеска соопштија дека службата за мобилни скенери спречила обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од земји од Блискиот Исток и Северна Африка. – Мигрантите се откриени при детална ...

ЕУ и Велика Британија не треба да го користат Балканот како „магацин“ за мигранти – е пораката којашто ја испрати организацијата „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), којашто се вклучи во дебатата за можните „центри за враќање“ од трети земји за барателите на азил. Реакцијата следи откако ЕУ и Велика Британија презедоа чекори за преселба на потенцијалните имигранти надвор од нивните граници. Британскиот весник „Тајмс“ неодамна објави дека владата на Велика ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска посочи дека мнозинството останува стабилно и оти Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет. Во однос на тоа кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши напомена дека премиерот е тој што треба да го предложи, тој предлог да биде ставен на дневен ред, и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието. -Ставилно е мнозинството. Нема никаква дилема околу тоа ...

Во Скопје синоќа во 23.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(49) од Скопје, соопштија денеска од МВР. При извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По насоки од јавен обвинител, С.Н., соопштија од МВР, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
54%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
5.66
40%
1021
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
5.14
35%
1022
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
6.69
32%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
9.5
24%
1014
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
49%
1022
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.14
38%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
37%
1016
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
33%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
6.69
45%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1021
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
69%
1013
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60