
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Непријатно ми е да коментирам вакви изјави, како што е непријатно да се даваат коментари за работа на уставен суд. Ова денеска го изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова прашана да го коментира писмото што шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев го испрати до своите колеги министри од ЕУ. Сиљановска-Давкова конкретно беше прашана да ги коментира наводите на Георгиев со кои тој ја оцени за непотребна провокација ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во однос на најавите за нов кривичен законик, денеска порача да се пополнуваат правните празнини и да се размисли во таа насока во идните уставни измени што ќе се концентрираат на проблемите што произлегуваат од досегашното спроведување на Уставот. Сиљановска Давкова, на новинарско прашање „дали е во контакт со институциите за надминување на проблемот со Кривичниот законик откако помина шестемесечниот ...
Вешто лице на одбраната со психијатриска проценка за обвинетиот Раде Трајковски-Штекли денеска сведочеше на судското рочиште за овој случај, во кој тој е осомничениот за учество во организирана трговија со дрога. Вештото лице на одбраната, Ѓорѓија Хаџи Ангеловски, на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд Скопје го процени Штекли како психотичен. На почетокот на излагањето рече дека го посетил Штекли во затворот „Скопје“, а разговорот со ...
Неколку десетици граѓани со свирежи и со транспаренти со натписи со кои се бара решавање на проблемот со „Вардариште“ втор ден протестираат пред мостот „Киро Глигоров“ кај паркот „Авионче“ во Аеродром. Граѓаните се собраа на крстосницата на булеварите „Србија“ и „АСНОМ“, а сообраќајот беше во прекин. „Смрдеата што доаѓа и гасовите што се испуштаат од ‘Вардариште’ прават неподносливи услови за живеење. Сето тоа се одразува врз здравјето не само ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од нова декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите што најголемата македонска опозициска партија СДСМ најави дека ќе ја поднесе. Сиљановска-Давкова денеска од Охрид им порача на сите политички партии да седнат во Парламентот и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата. – По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии, е ...
На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, пред Основниот кривичен суд Скопје треба да се соочат психијатриските вештачења доставени од одбраната и обвинителството за обвинетиот Раде Трајковски – Штекли. Одбраната тврди дека Трајковски страда од растројство со шизофрени карактеристики, има халуцинации и параноидни идеи, и не е способен да ја следи судската постапка. ...
Најмалку 21.000 палестински деца станале инвалиди од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, соопшти денес Комитетот на Обединетите нации за правата на лицата со инвалидитет. Во него се вели дека во тој период, околу 40.500 деца претрпеле „нови повреди поврзани со војната“, а повеќе од половина од нив станале инвалиди, објавува „Гардијан“. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека од почетокот на војната, 18.592 ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, против А.А.(19) и С.Д.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), С.С.(56), А.Д.(25) и А.Д.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 16.08.2025 во Скопје, по ...
Европската Унија одобри средства во износ од еден милион евра за хуманитарно финансирање на најитните потреби на населението засегнато од силниот земјотрес што во неделата го погоди североисточниот дел на Авганистан, јави МИА. Дополнително, ЕУ реши да донира и околу 130 тони хуманитарна помош од сопствените резерви. Оваа помош, која вклучува шатори, облека, медицински материјали и средства за прочистување на водата, ќе бидат доставени преку два ...
Израелската армија денеска влезе во густо населената населба Шеик Радван, во градот Газа, а војниците и тенковите сега се на само неколку километри од центарот на градот, и покрај меѓународните повици за запирање на офанзивата, јавуваат британските медиуми. Жителите на градот Газа изјавија дека армијата уништила домови и шаторски кампови во кои биле сместени раселени Палестинци за време на речиси двегодишната војна, додека здравствените власти ...
Мисиите на мировните сили на Обединетите нации се соочуваат со сериозни финансиски проблеми, а намалувањето на американските средства може да ја ограничи нивната способност да ги заштитат цивилите, особено во Јужен Судан и Демократска Република Конго, соопшти претставник на ОН за мировни мисии. – Без доволно ресурси, ќе работиме со помалку средства, што може да има сериозни последици по мирот и безбедноста во земји како Јужен Судан и ...
Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место, продолжува денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје. Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако обвинителството на изминатото рочиште врз основа на новоприбавени докази го ...
Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, во официјално писмо упатено до неговите колеги, министрите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ), изразува загриженост за, како што вели во него, континуираното одбивање на Северна Македонија да го спроведе Договорот со Бугарија и да ги исполни своите обврски, донесени на ниво на Унијата. Писмото на Георгиев, до кое дојде „360 степени“, е со датум од 1 септември, а покрај до министрите за ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека очекува таканаречената „Коалиција на подготвените “ утре да ја разјасни дилемата што може да обезбеди во однос на безбедносните гаранции за Украина на состанокот во Париз или кратко потоа. Британските медиуми пренесуваат дека Руте изјавата ја даде за време на заедничката прес-конференција со естонскиот претседател Алар Карис. Утре во Париз, Руте ќе разговара за можните безбедносни ...
Септември носи позитивни вести за повеќето знаци во зодијакот, но некои ќе се најдат пред големи финансиски предизвици. Во која група сте вие? Прочитајте го финансискиот хороскоп за деветтиот месец во 2025 и откријте што ви носи септември: Овен Првиот дел од месецот ќе ви биде многу поповолен од вториот, па доколку планирате финансиски вложувања, направете го тоа по 15-ти. Ова е период и кога ќе можете да побарате нова, подобро платена работа ...
Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата во последниот случај е во тоа што ги злоупотребиле и ставија во служба на партијата едни од најзначајните институции кои треба да се грижат за безбедноста на граѓаните и државата, и тоа, поддржани и потпомогнати од судско обвинителската власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. „СДС ...
Повеќе лица се ранети, а дел од железничката и енергетската инфраструктура во неколку украински региони е оштетена во синоќешните нови масовни руски напади, пренесуваат светските медиуми, повикуваќи се локалните власти во погодените подрачја. Сирените за опасност од воздушен напад ноќеска се огласиле низ цела Украина, а експлозии биле регистрирани во девет од 24-те региони на земјата, од Киев до Лавов и Волин на запад, соопштија украинските ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини својот кинески колега Си Џинпинг дека заговорнички делува против САД заедно со рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Денешната изјава на Трамп уследи додека Кина беше домаќин на најголемата досега воена парада по повод Денот на победата, на која присуствуваа 26 шефови на држави, вклучувајќи ги Путин и Ким. „Пренесете ги моите најтопли поздрави на Владимир Путин и Ким ...
Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се однесува на злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра. Според судот, спојувањето би довело до непотребно одолговлекување и би ги ставило обвинетите во потешка положба. Согласно одлуката, Случајот „Адитив“ сега ќе се води преку две одвоени постапки. Првиот предмет опфаќа над 30 ...
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе југоисточен Авганистан, два дена откако во земјотрес со јачина од 6 степени во истиот регион загинаа повеќе од 1 400 луѓе и повреди илјадници, пренесува Ројтерс. Земјотресот што во неделата се случи во Авганистан се смета за еден од најлошите земјотреси што се случил во земјата во последните години, срамнувајќи со земја цели села во регионот. Сè уште не е познато ...
Вишото државно обвинителство во Подгорица издаде наредба за спроведување истрага и предлог за притвор против 18-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски, кој е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша Кан (56) од Будва. Според полициските податоци, Кан е висок член на криминална група од Будва, која е тесно поврзана со Шкаљарскиот криминален клан. Според Обвинителството, Танасковски на 7 август, на базенот од хотелскиот комплекс ...
Рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Владимир Путин, како и лидерите на Кина и Северна Кореја, Си Џинпинг и Ким Џонг Ун, никогаш не помислиле да коваат заговор против САД. Ушаков ја коментираше изјавата на Трамп дека на воената парада во Пекинг, на која присуствуваа тројцата лидери, се крои „заговор“ против Вашингтон, според новинската агенција Тас. „Сакам да ...
СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува претседателот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук. – СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушување. За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да биде достапен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе нареди интервенција на федералната полиција за борба против криминалот во Чикаго и Балтимор, и покрај силното противење од државните и локалните власти во тие градови. „Чикаго е многу интересен, бидејќи ги гледав како велат: „Не ни треба помош, безбедни сме“, но пред две недели, шест лица беа убиени, а 24 лица беа застрелани“, рече Трамп без да прецизира точен датум за испраќање на ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од нив нема ниту еден активен, под контрола се ставени пет, додека 13 пожари се изгаснати. Како што стои во соопштението од ЦУК, под контрола се ставени пожарите во општина Долнени кај селата Долгаец и Стровија каде гори нискостеблеста вегетација, во општина Гази Баба кај депонијата Вардариште, во општина Гевгелија ...
Двојните стандарди на Европската Унија и Западот во врска со војните во Украина и Газа се закануваат да ја поткопаат нивната глобална позиција, а одговорот на Европа на војната во Газа може да се опише како „неуспех“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез. Санчез за Гардијан изјави дека одговорот на Европската Унија на израелскиот напад врз Газа е една од најмрачните епизоди во меѓународните односи во 21 век и дека одговорот на Европската Унија ...
До вчера на полноќ до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје. – Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, заедно со евидентираните потписи ...
Критериумите од Копенхаген во минатото овозможија успешно надополнување на ЕУ и процесот на прифаќање на нови земји-членки треба да продолжи да се базира на нив, бидејќи владеењето на правото и демократската цврстина се од огромна важност за кредибилен процес на проширување, изјави денес еврокомесарката за надополнување Марта Кос. “Нашата Унија е отворена и тие врати ќе останат отворени за оние кои целосно, праведно и транспарентно ќе ги ...
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ги отфрли наводите дека сегашниот премиер Христијан Мицкоски бил нелегално прислушуван и следен од страна на Агенцијата во периодот кога беше лидер на опозицијата. Димовски го повика актуелниот директор Бојан Христовски веднаш да ги објави документите за јавно да се види дали некој бил прислушуван или не. „Одговорно тврдам дека тој како лидер на тогашна опозициона ...
Денеска нè очекува променливо облачно време со нестабилност, пороен дожд и грмежи на повеќе места во државата. Нестабилноста ќе биде во форма на невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 22 до 35 степени. Времето во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а ...