
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Европската комисија во четвртокот предложи отстранување на царините за увезената американска индустриска стока во замена за намалени американски царини за европски автомобили, клучен дел од трговскиот договор што ЕУ и САД го склучија минатиот месец. Предлозите го означуваат првиот чекор на ЕУ во спроведувањето на рамковниот договор меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, на 27 јули, со кој ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир, од коалицијата Национална алијанса за интеграција, Бујар Османи, го презентираше планот за формирање на општинско претпријатие за чист Чаир. Според него, 120 лица ќе бидат вработени како дел од овој план за да се грижат за чистотата на јавните простори во Чаир секој ден. „Валканата општина е одраз на власта која не ги почитува своите граѓани, затоа денес излегувам со ветување дека од првиот ден ќе преземеме ...
Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за Чаир, Изет Меџити, изјави дека Чаир ќе стане нов културен, универзитетски и спортски центар. Тој денес се сретна со спортисти од Чаир, пред кои ги откри проектите за спортските терени, мултифункционалната сала во Чаир и информираше за работите што се изведуваат во салата Партизан. Ќе има нови базени во три главни населби на Чаир. „Изградба на мултифункционална спортска сала во Чаир со капацитет од 3000 седишта, ...
Вкупно 13 граѓани ја започнаа постапката за поднесување на независна кандидатура за градоначалник низ целата земја. 12 од нив ги исполнија условите, додека само кандидатот во Куманово е во процес на собирање потписи, иако се потребни само два потписа. Ова се најновите податоци што ги достави за Алсат Државната изборна комисија. „До вчера, вкупно 13 кандидати ја започнаа постапката за собирање потписи за градоначалници, по еден кандидат во ...
Околу шест месеци по кочанската трагедија, во која загинаа 62 лица а 200 други беа повредени, двајца пациенти и натаму се во тешка состојба. Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека еден пациент сè уште е во странство на лекување, додека шест други се во софиската болница Пирогов, на повремени прегледи на клиниката. Директорката на Општата болница во Кочани, изјави дека на 18 пациенти повредени во трагедијата во Кочани им ...
Засилени полициски контроли на улиците на Скопје. Синоќа, за само 8 часа, полицијата презеде мерки против 128 учесници во сообраќајот, од кои 94 беа возачи на мотоцикли. Полицијата најавува дека за време на оперативната акција „Безбеден сообраќај“ фокусот е ставен на возачите на мотоцикли, бидејќи оваа категорија постојано се соочува со неправилности при управување со своите возила. Возачите на други видови возила исто така не се поштедени, а ...
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, рече дека најновиот руски напад врз Киев е јасен доказ дека рускиот претседател Владимир Путин „се потсмева на секој напор за мир“. Нејзините коментари дојдоа еден ден по руското гранатирање на Киев, во кое загинаа најмалку 23 лице, а 48 други беа повредени. „Вчера ги видовме масовните напади врз Киев. Беше погодена и европска делегација. За среќа, никој не беше физички повреден, но сепак, ...
Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето на Сулејман Љамалари кој е осомничен за грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, откако на 11 јули годинава, како што се наведува во обвинението против него, ја нападнал Арсовска физички и вербално додека таа била на терен на територија на Општина Чаир. На денешното рочиште, меѓу другото, обвинетиот цврсто ги негираше обвинувањата дека ја нападнал градоначалничката и рече ...
Внатрешноста на една планета може да открие многу за нејзината историја, формирање и иднина. Затоа не е изненадувачки што научниците сакаат внимателно да ја проучуваат внатрешноста на нашите најблиски соседи. Значи, во студија објавена во списанието „Наука“, тие ја проучувале внатрешноста на Марс и откриле дека е доста густа. Анализата на акустичните бранови, собрани од сеизмографи како дел од мисијата „Марс Инсајт“, кои се шират низ ...
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска (29 август)побара што поскоро конституирање на Собранието и формирање на новата Влада на Косово. Таа оцени дека секое одложување на конституирањето на институциите е „изгубен ден за Косово, за народот на Косово и евроатлантската перспектива“. „Се надевам дека ќе се најде решение во согласност со Уставот“, изјави Османи откако положи венци на Споменикот на исчезнатите лица. По 57 обиди, косовското ...
Израелските власти денеска соопштија дека војската пронашла тела на двајца заложници, меѓу кои и еден убиен за време на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој започна војната. Според соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, телата на Илан Вајс и уште еден, засега неименуван заложник, биле донесени од Газа. Од вкупно 251 лице кои беа киднапирани од страна на милитантите предводени од Хамас пред речиси 22 месеци, околу 50 и ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека досега немало пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев за можни непотребни хируршки зафати. -До средата немаше ниту една пријава за евентуална постапка за непотребна операција. Ние повторно ги повикуваме сите пациенти кои се сомневаат, без разлика дали имаат материјали и документи или не, бидејќи најголем дел документите се чуваат во ...
Досега, 160 професори и соработници потпишаа петиција со која се осудува фактот што деканот на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Миливоје Алановиќ, ги држи вратите на високообразовната институција заклучени веќе четврти ден. Алановиќ влезе во зградата на факултетот со неколку професори и вработени на 26 август, ги избрка студентите на кои им беше блокиран влезот и ги смени бравите на влезната врата. Истиот ден, тој ја повика полицијата, која ...
Првиот вицепремиер и министер за живтона средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој е кандидат за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВЛЕН денеска го објави името на носителот на листата за советници за оваа скопска општина, со која коалицијата ќе настапи на локалните избори во октомври. Како што објави Меџити на Фејсбук, станува збор за докторот и активист од граѓанскиот сектор Мухамед Муртези. „Денес сакам да го претставам ...
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека при редовното сортирање на поштата во зградата на Владата е откриен плик адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, во кој имало три куршуми. Рендгенската проверка ја открила содржината, по што бил активиран безбедносен протокол. Истрагата утврдила дека пратката била предадена на 26 август во канцеларија на „Пошта Србије“ во Пожаревац. Полицијата го идентификувала ...
Рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Зборувајќи за можноста за средба меѓу Путин и Зеленски, Песков рече дека рускиот претседател не ја исклучува можноста за таква средба, но дека верува дека секоја средба на највисоко ниво треба да биде добро подготвена за да се финализира работата што прво мора да се заврши на ...
Подметнат е пожар на локалитетот Мушов Гроб, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Мобилизација на сите надлежни служби на терен, поради подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб. На местото веднаш интервенираат екипите од ТППЕ Кавадарци, кои со координирани активности работат на локализирање и целосно ставање под контрола на пожарот, соопштија од кабинетот на Јанчев. Оттаму подвлекоа дека ситуацијата е ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека државава почнува активности за проектот за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија од Коридорот 8. Тоа следи, посочи тој, откако беа отстранети пречките од минататото и Владата донесе одука да активира грант од Европската инвестициска банка како техничка поддршка за ревизија на основниот проект, по што ќе биде објавен тендер за градежните работи. – Третата фаза ќе биде од големо значење за нас ...
Во септември ќе се одржи 21-то издание на турнирот, кој традиционално започнува на 1 септември во 20:00 часот на игралиштето „Сокол“. Видеолотарија Касинос Австрија и годинава е верен партнер на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“. Со унапредувањето на досегашната соработка, компанијата од оваа година се јавува како насловен спонзор, со што турнирот официјално го носи престижното име Сокол–ВЛТ. „Изразуваме огромна ...
Во свет каде алгоритмите веќе одлучуваат кој ќе добие кредит, кој ќе биде повикан на интервју, па дури и кој ќе биде тргнат од листата на кандидати, прашањето не е дали вештачката интелигенција има моќ — туку дали има морал. И ако нема, кој е одговорен? Вештачката интелигенција одамна не е само технолошка алатка. Таа е систем што учи, предвидува и во некои случаи — одлучува. Но кога алгоритмот ќе направи грешка, кого обвинуваме? Програмерите? ...
Системот Save city или безбеден град и дефинитивно стартува за половина година, односно од 1 јануари 2026. Но, еден месец пред формално да профункционира ќе се отпочне со тест период каде што граѓаните и сите оние кои што сториле одреден прекршок ќе бидат информирани за тоа, најави денес од Охрид, министерот за внатрешни работи. „На ниво на цела држава е замислен да се стави во функција овој систем, со тоа што за почеток ќе започнеме со ...
По масовните руски напади врз Киев во кои досега се потврдени 23 жртви, претежно цивили, остра осуда пристигна од високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Каја Калас. Таа вели оти овие напади се јасен показател дека Москва треба наскоро да биде соочена со нов бран економски санкции бидејќи изгледа дека она што го прави Владимир Путин значи дека тој нема намера да разговара за евентуално ставање крај на ...
Квалификациите во трите европски клупски натпреварувања завршија и познати се екипите ќе играат европска есен. По вторпат во историјата Македонија ќе има свој претставник во евро-куповите, откако Шкендија избори место во групите на Конференциската лига. Премиер Лигата има најмногу, претставмници, дури девет екипи, од кои шест во Лигата на Шампионите, две во Лига Европа и една во Конференциската лига. Шпанија ќе се натпреварува со осум, Италија, ...
Четвртото коло на Првата фудбалска лига ќе биде отворено денес со скопското дерби меѓу Шкупи и Вардар. Со оглед на тоа што Шкупи не ги исполнува потребните услови за организација на домашните натпревари на својот стадион во Чаир, како домаќин ќе игра во Струмица. Сепак, на „Младост“ во Струмица нема да има гледачи, бидејќи организаторот одлучи натпреварот да се игра без присуство на гледачи. Согласно извршената инспекција и извештајот за ...
Велика Британија, Франција и Германија го активираа таканаречениот механизам за повторно воведување на санкциите на ОН против Техеран. Европското трио, познато како Е3, го извести Советот за безбедност на ОН на 28 август да го започне процесот, кој трае 30 дена. Во соопштението, министрите за надворешни работи на Е3 рекоа: „Ќе го искористиме 30-дневниот период за да продолжиме да соработуваме со Иран во врска со нашата понуда за продолжување ...
Предложената билатерална средба меѓу претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, јасно е дека нема да се одржи, вели германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Денес повторно мора да се справиме со ова прашање, со оглед на фактот дека очигледно нема да има средба меѓу претседателот Зеленски и претседателот Путин“, рече Мерц пишува Ројтерс. Изјавата Мерц ја даде пред неговата средба со францускиот претседател Емануел Макрон ...
И покрај одличното свое издание, фудбалерите на Шкендија не успеаја да обезбедат настап во групната фаза во Лигата на Европа, откако дури по продолженија беа елиминирани од бугарскиот Лудогорец. Тренерот на „црвено-црните“, Јетон Беќири секако е задоволен од европското лето на неговиот тим нагласувајќи дека тимот ќе го даде максимумот за што поуспешна презентација во Европа оваа есен. „Честитки за Лудогорец за пласманот во Лигата на Европа. ...
Трите лица кои вчера до смрт претепаа 43-годишник пред казино во Кавадарци ќе одат на психијатриско вештачење и доколку тоа покажале дека свесно сакале да му го одземат животот, тие ќе се гонат за убиство. Ова го соопштија денеска од Обвинителството, од каде велат дека во овој момент трите лица се осомничени за – тешка телесна повреда со смртни последици. На тепачката со фатален крај им претходела расправија во казиното. Основно јавно ...
За осум часа скопската полиција констатирала вкупно 128 сообраќајни прекршоци. Контролата, како што велат од Министерството за внатрешни работи (МВР), била спроведена вчера во рамките на засилената акција „Безбеден сообраќај“ во периодот од 17 до 1 часот. За време на проверките акцентот бил ставен на учесниците во сообраќајот што управуваат мотоцикли. Кај мотоциклистите биле изречени 94 мерки, а најчести прекршоци биле возење без заштитна ...
Американскиот Стејт департмент го одобри првиот чекор кон можна голема воена продажба за Украина вредна околу 825 милиони долари. Оваа одлука, која сега чека зелено светло од Конгресот на САД, е објавена преку Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста. Украина во зделката би требало да добие 3 350 ракети од типот ЕРАМ со продолжен дострел, контејнери за ракети, држачи, резервни и заменски делови, потрошен материјал, опрема за поправка, ...