
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Куклите, препознатливи по својот влакнест изглед како чудовиште, станаа популарни благодарение на кинескиот производител на играчки Pop Mart и беа промовирани од познати личности ширум светот. Фалсификуваните кукли, нарекувани „Lafufus“, често имаат извиткани екстремитети, деформирани глави или погрешен број заби. Вистинските Labubu имаат девет заби. Фалсификатите, кои најчесто се продаваат преку трети продавачи и локални продавници, се слабо ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, како и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите истакна дека нема информации дали и тој бил прислушуван од страна на Агенцијата за национална безбедност. – Немам информации. Не сум се занимавал со оваа информација, рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во населбата Гази Баба. Вицепремиерот соопшти и дека се лишени ...
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, се сретна со Милорад Додик во Будимпешта денеска, обраќајќи му се со „г-дине претседателе“, иако неговиот мандат е официјално одземен. Унгарскиот министер за надворешни работи изјави дека Унгарија ја почитува волјата на народот кој „ги избрал своите лидери демократски на избори“. Додик повеќе не е претседател на босанскиот ентитет Република Српска (РС), по пресудата на Судот на Босна и ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Како што информираат од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека 26 земји се согласиле да учествуваат во повоените безбедносни гаранции за Украина и дека поддршката на САД за планот ќе биде финализирана во наредните денови. Макрон зборуваше откако беше домаќин на денот на хибридна дипломатија во Елисејската палата во Париз на 4 септември. Лидерите на околу 30 западни сојузници на Украина се сретнаа со претседателот Володимир Зеленски за да разговараат за ...
Четиринаесет набљудувачи на мисијата ОДИХР ќе ги следат локалните избори 2025 година. Нивните барања за акредитации за набљудување на локалните избори едногласно ги усвоија членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на денешната (4 септември) 133 седница. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, рече дека официјално утре ќе ја имаат и првата средба со претставниците на набљудувачката мисија, со што и официјално почнуваат со нивната работа. „Тие ...
Сите сме го почувствувале барем еднаш – главоболка без причина, тежина во телото, раздразливост или ненадејна малаксаност. И додека некои ги припишуваат овие симптоми на стрес или замор, за метеопатите тие се директна последица од промените во времето. Метеопатите се луѓе чие здравје и расположение се чувствително поврзани со атмосферските услови. Во време на засилени климатски промени, нивната борба станува сè потешка, а нивната реалност – сè ...
Имавте солидна и добра врска, но се случи „краток спој“ и раскинавте. Но, повеќе од очигледно е дека нештата не се завршени. Во вакви ситуации најпаметно е да се остави извесен период за партнерите да ги смират страстите, за да може да се разгледа објективно можноста за обновување на врската. Ова се петте знаци кои ќе ви помогнат да препознаете дали вреди да се даде втора шанса: 1. Причината за раскинување била банална Секоја причина којашто не ...
Високите температури, морската сол и ветерот ја сушат косата, па затоа бара посебна нега во лето. По враќањето од плажа или базен, косата треба да се измие и да се нанесе регенератор. Длабоко ќе ја нахрани косата и ќе спречи нејзино кршење. Најдобар избор е оној кој содржи протеини и церамиди бидејќи ја измазнуваат кутикулата на косата, а тоа особено се препорачува за фарбана коса. Боите за коса ги отвораат кутикулите, поради што влакната ...
Рускиот претседател Владимир Путин го враќа Интервидение (Интервизија), музичкиот фестивал кој некогаш, во ерата на Студената војна, фунцкионираше како музички ривал на Евровизија во источниот блок. На конференцијата за азиска безбедност, Путин нагласи дека натпреварот, кој ќе се одржи на 20 септември во Москва, треба да промовира „традиционални, културни и духовни вредности и да понуди алтернатива на модерната Евровизија“. Најавените земји се ...
Во статија објавена во списанието „Nature Antimicrobials and Resistance“, научниците од Универзитетот во Јужна Австралија објавија дека парацетамолот и ибупрофенот ја „засилуваат“ антимикробната резистенција, која ја опишаа како глобална закана за јавното здравје. Истражувачите рекоа дека нивниот труд дава докази дека лековите против болки како што се ацетаминофен (парацетамол) и ибупрофен, кога се комбинираат со антибиотикот ципрофлоксацин, не ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Вчера, на магистралниот пат А3 Битола-Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полициски службеници запреле и извршиле преглед на автомобил „Фолксваген голф“ ...
Доставени се осум случаи до Интерната комисија формирана по информациите за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции, а побаран е и надзор од Лекарската комора, информираше министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. – Пред неколку недели, јавноста беше вознемирена од информации за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции што се изведувале во здравствени установи. Како ...
НАСА бара волонтери за поддршка од Земјата за својата следна мисија. „Артемис II“, планирана за април 2026 година, ќе носи четворица астронаути на 10-дневно патување до Месечината, што ќе биде првпат луѓе да патуваат надвор од орбитата на Земјата од времето на програмата „Аполо“. Волонтерите што располагаат со добро опремени станици на Земјата можат да се пријават за следење на вселенското летало „Орион“ преку радиосигнали за време на ...
Француски европратеници од редовите на екстремната левица и екстремната десница најавија две одвоени иницијативи во Европскиот парламент за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен, јавува МИА. Ко-претседателката на пратеничката група Левица во Европарламентот, Манон Обри, која доаѓа од редовите на француската екстремно левичарска партија Непокорна Франција (ЛФИ) соопшти дека иницирале собирање потписи за изгласување ...
Шест години земал плата без да оди на работа – незаконски му биле исплатени речиси 19 илјади евра на вработен во Агенцијата за храна и ветеринарство. 51 годишниот Р.Е. од село Слупчане, во период од 1декември 2018 година до 30 април 2024 година воопшто не доаѓал на своето работно место како помлад референт – архивар, во Агенцијата за храна и ветеринарство-Подрачна единица Куманово, а редовно земал плата. Полицијата поднесе кривични пријави ...
Според „Вашингтон пост“, републиканските конгресмени сметаат дека претходниот комитет бил пристрасен против тогашниот претседател Доналд Трамп. Тој комитет го обвини Трамп за повеќе прекршоци и препорача Министерството за правда да покрене обвиненија, иако тие препораки не се обврзувачки. На 6 јануари 2021 година, приврзаници на Трамп упаднаа во Капитол додека Конгресот ја потврдуваше изборната победа на Џо Бајден. Трамп тврдеше без докази дека ...
Кривична пријава е поднесена против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. – Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Русија не планира да разговара за распоредувањето на странски војници во Украина во кој било формат и тоа го смета за неприфатливо, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за новинарите. Тоа беше нејзиниот коментар за изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за плановите за испраќање европски сили во Украина, идеја што беше отфрлена и од Германија, објави Ројтерс. Во ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес, во Прага, изјави дека западните сојузници мора бргу да се вооружат за да ги спречат хегемонските амбиции на Русија, која ќе остане закана дури и по војната во Украина, и да постигнат мир преку сила. „Јасно е дека нашите сегашни капацитети не се доволни. Соочени сме со сериозни закани. Русија и Кина произведуваат оружје со невидена брзина. Ова не е демонстрација на паради, туку вистинска сила. ...
Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен моментално нема право да се кандидира на претстојните избори поради пресуда за измама, но таа има план да го стори тоа, според „Политико“. Доколку францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да одговори на политичкиот хаос во Франција со распишување нови избори, неговата крајнодесничарска ривалка Марин Ле Пен ќе се обиде да се кандидира со тоа што веднаш ќе поднесе жалба на нејзината забрана ...
Обвинителството во Битола отвори постапка против 36 – годишниот прилепчанец, кој вчера на патот Битола – Прилеп беше фатен со 32,5 килограми марихуана во автомобилот. Јавниот обвинител од Битола побара притвор за 36-годишен прилепчанец, поради опасност од прикривање или уништување докази, влијание врз сведоци, ризик од бегство и можност за повторување на делото. Во истрагата ќе се утврдува од кого ја набавил дрогата и кои се можните сведоци ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува Обвинителството до крај да го расчисти случајот со прислушувањето кое го вршеле лица од АНБ и АР, за, како што истакна конечно да се стави крај на злоупотребата на ресурсите на овие служби. -Традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата ВМРО-ДПМНЕ да биде следена. Тоа што можам да го кажам веќе го кажав во мојата изјава кога добивме информација за тоа што се случувало во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека се работи на измените на Кривичниот законик, за чие гласање во Собранието помина рокот од шест месеци што го даде Уставниот суд. Мицкоски, на новинарско прашан дали се направени измените на КЗ по посочувањето од Собранието дека Владата е компетентна да ги достави посочи оти „претходната Влада за да се амнесира за криминалот којшто го направи гласала во Парламентот здружно злоупотребувајќи го ...
Словените ја освоиле Европа без меч, но со корен. Тие се мешале со локалното население, открива студија на научници од Германија, јави Индекс. Статијата дава и интересна можност за геномот на Хрватите кој, според истражувањата е до 60% словенски, односно до 30% од домородното население. Наместо војски, Словените воделе семејства и родови, создавајќи силни заедници што ги промениле демографијата и културата на цели региони. Дошле од регионот ...
Поплавите што ја погодија источната пакистанска покраина Пенџаб принудија повеќе од половина милион луѓе да ги напуштат своите домови во последните 24 часа, соопштија денес официјални лица. Со најновите евакуации вкупниот број на раселени лица од минатиот месец се искачи на 1,8 милиони, изјави локалниот функционер Набил Џавед, според АП. Најпогодени области се Музафаргарх и Мултан, каде што повеќе од 3.900 села се поплавени откако три реки се ...
Трамвајот Глорија, кој е најпознатата атракција во Лисабон, излета од шините и удри во зграда, при што загинале најмалку 15 лица. Во Португалија е прогласен ден на жалост, а надлежните велат дека истрагата за несреќата ќе започне веднаш штом ќе завршат со операцијата за спасување. Меѓу жртвите и повредените имало и туристи. Трагедијата се случила вчера (03.09) околу 18 часот, кога трамвајот излетал од шините и удрил во зграда. Според ...
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори. За кандадат за градоначалник на општина Сопиште е избран Јане Мицески, за Кичево Александар Јованоски, за Крива Паланка Оливер Алексовски, за Маврово и Ростуше Омер Јакупоски, за Кривогаштани Сашо Ронковски, за Шуто Оризари Ерџан Демир, за Крушево Нико Чонески, за Валандово Ѓоко Камчев, за Виница Митко ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе продолжи да се залага за постигнување мирно решение меѓу Москва и Киев, и покрај зголемените сомнежи за можноста за директни преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски во блиска иднина. „Нешто ќе се случи, но тие (Путин и Зеленски) сè уште не се подготвени за тоа. Но, нешто дефинитивно ќе се случи. Ние имаме намера да го овозможиме тоа , рече ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, денеска побара да биде свикана итна седница на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) по наводите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година. Како еден од членовите на комисијата, Пренџов го повика претседателот на собраниското тело Скендер Реџепи да закаже итна седница за да се утврди точен ...