Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Украински дрон оштети постројка во московската рафинерија за нафта, која е во сопственост на компанијата „Гаспромнефт“, соопшти денеска градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Собјанин на Телеграм наведе дека во нападот нема жртви и дека итните служби работат на терен, но не прецизираше дали е загрозено производството во најголемата рафинерија во московскиот регион. Од нашата мрежа Скалони: Првиот натпревар е важен, но не и одлучувачки 6 ...
Американскиот потпретседателот Џеј Ди Венс ќе отпатува за Швајцарија на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Иран, соопшти денеска претседателот на САД, Доналд Трамп. Трамп ова го кажа пред новинарите на маргините на самитот на Г7 на Женевското Езеро, за време на разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон, но не кажа дали самиот тој ќе има каква било улога во церемонијата на потпишување. Договорот веќе е дигитално ...
Државниот завод за ревизија изврши анализа на работењето на Врховниот суд на Република Македонија за 2024 година при што во делот на наодите се издвојуваат судски постапки со неизвесен исход, недостатоци во системот за оценување на одредени категории судски службеници и отсуство на судски администратор. Дополнително, се констатира дека буџетските средства за судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од БДП, што создава ...
Рускиот уметник и карикатурист Семјон Скрепетски, познат по делата во кои го исмева рускиот претседател Владимир Путин, беше убиен вчера во источна Полска. Полските медиуми јавија дека 44-годишниот руски државјанин, кој живеел во градот Бјала Подласка близу белоруската граница, бил убиен во напад кој наликува на егзекуција. Полицијата потврди дека 44-годишниот руски државјанин во понеделникот наутро бил застрелан на улица недалеку од центарот ...
Под мотото „Зора за планина. Ноќ за музика. Галичник за сите“, се подготвува петтото издание на фестивалот на електронска музика Галицко, кој ќе се одржи на 20 јуни. Галицко е фестивал создаден во чест на диџеј Ицко, чија голема желба беше токму на ова место да се одржува фестивал на електронска музика. Петта година по ред, неговата сопруга и пријателите, заедно стојат зад проектот кој е еден вид на аманет од прерано починатиот диџеј. ...
Со собрани вкупно 684.777 килограми отпад, 70.688 учесници, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и бројни компании, заврши шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – најмасовната еко иницијатива во земјава и на Балканот. За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони килограми отпад, со што од локална иницијатива прерасна во ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) останува на ставот дека секоја правосилна судска одлука мора да се почитува и дека никој не смее да биде над законот. Истовремено, сметаме дека довербата во правосудството и институциите се гради преку еднакви критериуми, правна сигурност и доследност во примената на принципите, велат од ЛДП „Во јавноста неизбежно се отвора прашањето како се толкува поимот „јавен интерес“ и дали за сите важат истите ...
Полска сè уште не испорачала дополнителни борбени авиони МиГ-29 на Украина, бидејќи преговорите за трансфер на украинска воена технологија во Полска сè уште не се завршени, изјави полскиот заменик-министер за одбрана Цезари Томчик. Во разговор за Радио ЗЕТ, Томчик истакна дека Варшава е подготвена да испорача борбени авиони од советско производство штом ќе се постигне договор за технолошка соработка. „Не ги испорачавме МиГ-овите на Украина. ...
Народната банка во соработка со Светската банка одржаа работилница за банките и другите даватели на платежни услуги и релевантните државни институции во земјава посветена на воведувањето на инстант плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС. Работилницата е дел од постојаните активности на Народната банка за подготовка на целата платежна заедница во земјава за воспоставување на националниот систем за инстант плаќања и за ...
„Случајот со хирурзите од Струга, кои протестно ги прекинаа планираните операции поради неисплатени надоместоци што им следуваат по закон и колективен договор, отвора сериозни прашања за тоа кој ја мери „продуктивноста“ во здравството или ако нема пациенти дали лекарите треба да останат без плата. Наместо институциите да утврдат каде е проблемот, јавноста добива политички квалификации за тоа кој е продуктивен, а кој не“, велат од партијата ...
УЕФА ги скрати ривалите и на Шкендија и на Силекс, кои ќе ја преставуваат Македонија ова лето во Лигата на Конференции. Така Шкендија може да ги добие за ривали Европа, Малишева, Уна Штрасен, Пенибонт, Рунавик и Номе Каљу. Силекс, пак, може да оди на мегдан со Астана, Пјуник, Динамо Минска, Дила Гори и Ескалдес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување ...
Во просториите на Општина Струмица денеска ќе се одржи работлиница на тема „Управување и рециклирање на пластична фолија за земјоделските култури во Македонија“. Работилницата се организира по повод завршувањето на истоимената анализа, која ги разгледува тековните практики, предизвиците и можностите за подобро управување со пластичниот отпад што се создава во земјоделското производство. Настанот, како што вела организаторите, ќе ги обедини ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчеравечер беше гостин во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, каде што говореше за следните чекори на државата во областа на вештачката интелигенција, дигиталната трансформација и заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор. Во гостувањето, министерот Андоновски најави дека Македонија го добива првиот центар за вештачка интелигенција – „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната ...
УЕФА ги формираше групите пред денешната ждрепка во квалификациите во Лигата на шампионите, и со тоа го скрати списокот на можни противници на Вардар за 1. коло. Така Вардар може да добие некој од следните ривали: Шамрок (Р.Ирска) Купс (Финска) Линколн (Гибралтар) Рига (Летонија) Флора Талин (Естонија) Ларне (С.Ирска) ТНС (Велс) Ждрепката ќе се одржи денеска во Нион со почеток во 16:00 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Речиси половина од сите деца во светот или околу 1,1 милијарда, се изложени на најмалку три преклопувачки климатски закани, се наведува во извештај на УНИЦЕФ. Во денеска објавениот документ насловен „Извештај за климатски ризици за децата 2026“ се истакнува дека најчестата комбинација на ризици се суша, екстремни температури над 35 степени Целзиусови и топлотни бранови, додека речиси секое дете во светот е изложено на барем една од ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата. ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со ...
„Вчера имав многу добар разговор со претседателот (Володимир) Зеленски и со претседателот (Владимир) Путин, и мислам дека можеби можеме да направиме нешто на тоа поле. Навистина го мислам тоа. Мислам дека двајцата се отворени за такво нешто“, изјави Трамп за новинарите во Франција, каде присустува на самитот на земјите од Г7 Американскиот претседател Доналд Трамп кој им се придружи на глобалните лидери на самитот на Г7 во Франција , соопшти ...
На 16 јуни (вторник) 2026, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи отворањето на изложбата „Архивски документи“ од реномираната македонска уметница Жанета Вангели. Првото самостојно преставување на уметноста на Жанета Вангели во Софија се реализира во соработка меѓу Македонскиот КИЦ во Софија и Националната галерија на Македонија. Изложбата се состои од објекти, дигитален ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи јавна расправа за Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба, со кои се предвидуваат нови решенија за статусот и правата на вработените во овие институции. Предлог-законот за судска служба го регулира статусот на вработените во судовите, вклучително и судските службеници, државните службеници, припадниците на судската ...
Во Скопје денеска ќе биде потпишана Декларација за намери за превенција на насилството кај младите, во рамки на Националната работна група предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка на ОБСЕ. Настанот ќе започне со обраќања на претставници на институциите и партнерските организации, по што ќе следува официјалното потпишување на Декларацијата. Предвидена е и панел-дискусија на тема „Превенција на ...
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија привремено ќе останат корисници во повеќе населени места и општини во скопскиот регион, информираат од ЕВН Македонија. Според најавениот распоред, од 8:00 до 12:00 часот без струја ќе биде дел од селото Сарај, на главната улица во близина на маркетот „ЕР Грос“ во Општина Сарај. Од 9:00 до 10:30 часот прекин во снабдувањето ќе има во селата ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон. Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе ...
Осум лица, вклучувајќи двајца вработени во Боинг, загинаа кога бомбардер Б-52 на американските воздухопловни сили се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во Јужна Калифорнија. Несреќата се случи во понеделник во 11:20 часот по локално време за време на рутинска тест мисија. По падот на бомбардерот се издигна огромен облак од црн чад во воздухот што можеше да се види од километри. BREAKING: A U.S. Air Force B-52 bomber ...
Инциднетот се случил вчера околу 11:20 часот по локално, односно 20:20 часот според средноевропско време, за време на рутинска тест мисија, пренесе Би-би-си. На видеата од местото на несреќата може да се види голем облак од црн чад како се издига во воздухот, кој според медиумските извештаи, бил видлив од неколку километри Засега сè уште не се утврдени причините за инцидентот, а според медиумските извештаи за тоа ќе биде потребно да се ...
Во Скопје денеска ќе се одржи настанот насловен „Денот на ИФЦ во Северна Македонија“ на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка, кој е фокусиран на улогата на приватниот сектор во поддршката на економскиот раст на земјата, приватните инвестиции и создавањето работни места. На настанот, како што соопштуваат од ИФЦ, воведни обраќања ќе имаат министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија NBC News и Financial Times. „Приказната дека САД му плаќаат на Иран 300 милиони долари е лажна вест“, тврди Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Иако го спомена износот ...
Саудиска Арабија и Уругвај одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од првото коло од Групата Х на Светското првенство. По нерешениот резултат помеѓу Шпанија и Зелено’ртските Острови, бодовите беа поделени и на овој натпревар, и сега сите екипи во групата имаат по еден бод. Абдулелах Ал-Амри им донесе водство на Саудијците, додека Максимилијано Араухо израмни за Уругвај. Натпреварот во Мајами започна со мало задоцнување, а првата закана ја ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција од компанијата „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места. Мултинационалната корпорација „Џаво Отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили. Освен во ...
Десетици студенти излегоа од церемонијата по повод доделувањето на дипломите на Универзитетот Стенфорд, додека извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, се качи на сцената за да го одржи својот говор по повод доделувањето на дипломите. Снимките покажаа како студентите протестираат против работата на компанијата за владата на САД. На еден транспарент пишуваше: „ICE шпионира со помош на вештачката интелигенција на Google“. Протестот следува ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија не претставува воена закана за Украина и му се извини на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговите претходни остри изјави. Лукашенко во интервју за Ал Арабија рече дека неговите изјави се одговор на она што го опиша како закани од Украина, вклучувајќи ги и тврдењата дека Киев идентификувал стотици потенцијални цели во Белорусија и знае каде се наоѓа тој. ...