Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Кошаркарската федерација на Македонија со особено задоволство ја поздравува официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим. Оваа порака претставува значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што искрено му благодариме на ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција порача дека новиот ребаланс на Буџетот предвидува зголемени средства за образованието, здравството и социјалната заштита, оценувајќи дека економскиот развој треба да оди паралелно со подобрување на животниот стандард и јавните услуги. „Третата суштинска порака на Ребалансот е дека економскиот развој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри ...
Бројот на невработени во Германија значително се зголеми во јули и повторно ја надмина границата од три милиони лица – соопшти денеска Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг. Според официјалните податоци, во јули се регистрирани 3,007 милиони невработени, што е за 71.000 повеќе во однос на јуни и за 28.000 повеќе во споредба со истиот месец лани, пренесува „Ханделсблат“. Стапката на невработеност се зголеми за 0,2 ...
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 36 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година. Директорот на фондот Никола Мемов ги извести членовите на Одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информира дека во пензионерскиот дом Аеродром е оштетен кровот од невремето што го зафати Скопје. Тој додаде дека се преземаат мерки ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, упати апел до граѓаните за максимална претпазливост поради исклучително високиот ризик од пожари што го носи најавениот топлотен бран. Тој посочи дека во јули во просек биле регистрирани околу 15 пожари дневно, но сите биле успешно локализирани и изгаснати благодарение на брзата реакција на пожарникарите и поддршката од ер тракторите. „Доволна е само една искра за да настане ...
Поради рекордно нискиот водостој на Дунав, нуклеарната централа Пакс ќе биде целосно затворена првпат по 44 години, а бидејќи и централата Дунаменти во средата беше затворена поради технички дефект, од понеделник во Унгарија би можела да настапи енергетска криза. По тој повод на Унгарците им се обрати и премиерот на оваа земја, Петер Маѓар. Од нашата мрежа Дубаи стана дом на над 81.000 милионери 18 минути biznisinfo.mk Евростат: Грците ...
Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати, информира денеска директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов. Тој кажа и дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на бројот на ...
Топол воздушен бран ќе ја задржи Македонија под силно сонце до крајот на следната седмица каде што температурата ќе достигне надne 40 степени. Најкритичниот период се очекува од среда, 5 август, а особено внимателни треба да бидат постарите лица, децата, бремените жени, хронично болните и работниците на отворено. Македонија влегува во подолг период на сончево и многу топло време, во кој секојдневните обврски, движењето низ градот, работата ...
Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра, соопшти Министерството за финансии. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состобјата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6 процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници. Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи за видео надзор и алармна ...
Површина од околу 4.500 хектари, изгорела на отстровот Крит по пожарот кој избувна во средата, покажуваат податоците на метеоролошката служба Метео на грчката Национална опсерваторија. Изгорената површина е контатирана по обработената сателитска снимка со висока резолуција од сателитот Sentinel-2 на „Коперникус“, направена вчера напладне при неговиот прелет над Грција, се однесува на периодот 29 и 30 јули, а не е вклучена површината во новиот ...
Охрид, 31. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Tyla Laura Seethal или само Tyla, 24-годишната јужноафриканска музичка ѕвезда, со официјалниот спот за песната „That Girl“, кој доаѓа само доаѓа неколку дена по објавувањето на албумот, продолжува со промоцијата на својот втор соло албум „A*POP“. Во видеото, таа останува верна на препознатливата естетика што ја развила во текот на изминатите неколку години, комбинирајќи кореографија, силна самодоверба и ...
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,03 п.п., при што во јуни таа изнесува 2,17%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,36 п.п. и изнесува 4,67%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен – информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица за излез од државата и на Табановце за влез, но засега нема поголеми задржувања на македонската страна. Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите ...
Изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за ДУП Ј-05 „Барутана“ не ги расчисти дилемите околу овој спорен план, туку само потврди дека локалната власт останува решена да ја турка урбанизацијата на падините на Водно и покрај силниот отпор од јавноста. Нацрт-планот беше изгласан со гласовите на советниците на СДСМ и ДПМНЕ, додека Левица беше против, истакнуваат од Левица. Според нив, тврдењето дека планот е прифатлив ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во вестите на Канал 5 истакна дека Владата од првиот ден работи на решение што ќе ги зајакне позициите на државата, кои, како што оцени, биле лошо поставени од претходната влада. Тој нагласи дека целта е решението да биде достоинствено и да обезбеди предвидлив евроинтегративен процес. Муцунски посочи дека се води активен дијалог со земјите членки на ...
Околу 49.000 мигранти преминале од Мароко во шпанската северноафриканска енклава Сеута во последните 24 часа, според проценките на тамошните власти. Илјадници мигранти ја препливале границата до шпанската енклава Сеута во Северна Африка во четврток, а локалните медиуми објавија дека пристигнувањата продолжиле и во текот на ноќта, објави Би-Би-Си. Ceuta amanece sumida en el caos, decenas de marroquíes asaltan una tienda de comestibles. ...
На 2 август, на големиот христијански празник Свети Пророк Илија – Илинден и Денот на државноста на Македонија, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи традиционалната 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како една и единствена Семакедонска средба Трново 2026. На Семакедонската средба 2026 се очекуваат ...
Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Лани ...
Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген ќе биде новиот голман на славниот холандски Ајакс. Ајакс успешно го заврши второто коло од квалификациите за Конференциската лига. Ја елиминираше Војводина и ќе ги продолжи квалификациите против ирскиот Шелбурн. Се очекува за тие натпревари, на голот да биде Тер Штеген, кој пристигнува од Барселона. Германецот утре ќе пристигне во Амстердам, кога ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор. ...
Добивај вести на Viber Македонски Телеком го продолжи нагорниот тренд на раст и на инвестиции во иновации и инфраструктура во првата половина од 2026 година, потврдувајќи го своето лидерство и преку Ookla®признанија за најдобрата мрежа и национално признание за одржлив развој. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на првата половина на 2026 изнесуваат 895 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација ...
Евростат објави поразителни податоци, Македонија е со најнизок животен стандард во Европа. На самото дно, велат од СДСМ. Тоа, според нив, граѓаните го знаат многу добро. „Најниски плати. Празни џебови. Празни фрижидери. Но што говори објавата на Евростат за Христијан Мицкоски? Говори многу. И потврдува пет факти: Неговите економски политики се целосен дебакл. Лаже. Бајките за „трета економија во Европа“ се чиста измислица по рецепт на Вучиќ ...
Соопштение на СДСМ: Христијан Мицкоски побегна. Граѓаните останаа без одговор на ниту едно прашање. Без одговор за труењето на цела Македонија. Без одговор за економскиот колапс. Без одговор за изолацијата. Без одговор за неисполнетите ветувања. Вчера се сокри зад својот сателит ЗНАМ за да избега од пратеничките прашања. Кога требаше да одговори на дополнителното прашање од претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче, ЗНАМ ја одигра ...
Доскорешниот селектор на Македонија, Марјан Илиевски, ќе го предводи вицешампионот Маџари во текот на новата натпреварувачка сезона. Ваквиот развој на настаните е сосема очекуван ако се знае дека токму Илиевски е еден од основачите на овој успешен кошаркарски проект, кој сега ќе застане на кормилото на играчкиот кадар, во обид да го повтори ланскиот успех со пласманот во големото финале, под водство на Миодраг Тодоровиќ кој летово се пресели ...
Островската држава Науру во Пацификот официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име – потег за кој властите велат дека има за цел да го зајакне националниот идентитет и да го зачува културното наследство. Во мај, парламентот на Науру усвои уставен амандман за промена на името на земјата и првично планираше да спроведе национален референдум. Сепак, претседателот Дејвид Адеанг вчера на ...
Добивај вести на Viber Со нова платформа за економско зајакнување на жените, Diamond Mall годинава го одбележува својот трет роденден, продолжувајќи ја традицијата роденденската прослава да биде повод за иницијативи што создаваат трајна вредност за заедницата. Во рамки на платформата „Diamond Mall - Центар за економско зајакнување на жените“ ќе се реализира првата програма за едукација и менторство, наменета пред сè за жени од ранливите ...
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 58-годишен жител на селото Равен, гостиварско, поради сомнение за неовластено производство и трговија со наркотични дроги. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела бела прашкаста материја, марихуана и куршуми за пиштол. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на ...
Новото најавено зголемување на дневните температури, кое според метеоролозите во одредени региони ќе достигне 40 степени, ги зголемува ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволни количини безбедна храна и вода за пиење. Како што велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за да се спречи ...
Жител на струмичко село предивикал пожар во дворот и на улицата на која живее, по што е уапсен. - На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил ...
Најмалку 18 лица загинаа во мигрантската криза на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута, каде илјадници мигранти и натаму се обидуваат по морски пат да преминат на шпанска територија и покрај засилениот надзор на мароканските безбедносни сили. Мароко во последните часови ги засили контролите на патиштата, железничките станици и во пограничниот регион, со цел да го намали приливот луѓе кон северниот дел на земјата. Сепак, илјадници ...