Три малолетни деца – петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираа од СВР Куманово. Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10:40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак. Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово каде им била ...

Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Љубен Апостолов, од 7 до 16 јуни 1943 година, презема офанзива за уништување на партизаните и се нафрла и на мирното население. Кулминација на прогоните над цивилното население е масовното стрелање во Ваташа, на 16 јуни 1943 година, кога на роденденот на бугарскиот ...

Ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил. Поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била произведена во ...

Со 21 нова награда освоени на три престижни меѓународни вински натпревари – Balkans International Wine Competition 2026, Vinarium International Wine Contest 2026 и Concours Mondial de Bruxelles 2026 – Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа и еден од најуспешните амбасадори на македонското вино на светската сцена. На годинешното издание на Balkans International Wine ...

Натпреварот меѓу Аргентина и Алжир ќе ги отвори натпреварите во Групата Ј на Светското првенство. Дуелот е закажан за 15 часот во среда, по што ќе се игра вториот пар од 1. коло од групата, Австрија и Јордан. Навивачите на Аргентина и Алжир имаа „блиска средба“ на Тајмс Сквер во Њујорк. Дуелот меѓу Аргентина и Алжир, да ве потсетиме, ќе биде посебен за Лионел Меси, за кого тоа ќе биде 200-ти натпревар за репрезентацијата. Во својата ...

На 15.06.2026, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ј.(44) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 15.06.2026, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ј.(44) од Куманово. При претрес во ...

Организираме летен камп за учениците од средните училишта во Скопје. Ова лето, Охрид ќе биде место каде нашите средношколци ќе учат поинаку, ќе размислуваат послободно и ќе создаваат нови пријателства и искуства кои се паметат, сподели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Од 19 до 31 август, организираме летен наставно-научен едукативен камп за учениците од средните училишта во Скопје. Знаењето е најголемата инвестиција во иднината, ...

Дваесет и едногодишна девојка почина вчера на грчкиот остров Евија, откако претходно била касната од оса. Според извештаите во тамошните медиуми, таа била донесена во несвесна состојба во локалниот Здравствен центар во Псахна. Членовите на нејзиното семејство посочиле дека девојката наводно била касната од оса непосредно пред да се сруши на земја. Лекарите во Здравствениот дом веднаш започнале неколкучасовни обиди за реанимација, применувајќи ...

На 15.06.2026 во 07:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот во изграда Охрид – Кичево, кај селото Оровник, општина Дебарца, К.Ш.(32) од селото Корошишта, струшко, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во шахта, а потоа во Л.Ј.(46) од Народна Република Кина, со престој во селото Извор, кој извршувал работни задачи на автопатот. Во несреќата со тешки телесни ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави за денеска објавување на нова странска инвестиција во ТИРЗ Тетово, поврзана со автомобилската индустрија, која ќе произведува компоненти за светски познати брендови на автомобили. „Денес објавуваме нова странска инвестиција во ТИРЗ Тетово! Компанијата Џаво Отмотив e глобален производител за автомобилската индустрија со повеќе од 40 години искуство, ќе инвестира околу 20 милиони евра и ќе отвори до 412 нови ...

Министерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители. Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност. Преку редовна и ...

Од утрово Украина продолжи да ја напаѓа Русија со беспилотни летала со долг дострел, а во нападите се погодени објект за складирање нафта во рускиот регион Краснодар, како и најголемата рафинерија во Москва. Украина ја продолжува својата кампања „санкции за нафта“ против инфраструктурата за гориво и логистика на Москва. Според украинските медиуми, овие сè почести напади ја продлабочуваат кризата со снабдувањето со гориво во Русија и вршат ...

Во македонската јавност има личности чие присуство не се мери само преку функциите што ги извршувале, туку и преку впечатокот што го оставиле зад себе. Една од нив несомнено е Мери Младеновска-Ѓорѓиевска – правник, адвокат и поранешен министер за правда, жена која со години претставуваше синоним за професионализам, достоинство и префинет личен стил. Во период кога политичката сцена во Македонија ретко нудеше личности кои подеднакво ...

Нејмар нема да игра и на натпреварот против Хаити на Светското првенство во 2026 година. Според новинарката Раиса Симплисио, напаѓачот на бразилската репрезентација сè уште не се опоравил од повредата, но неговиот напредок е според планот. Натпреварот Бразил – Хаити во второто коло од групната фаза на Светското првенство ќе се одржи во сабота, 20 јуни. Нејмар претходно го пропушти првиот натпревар на Бразил на турнирот против Мароко (1-1). ...

На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија на биометриската регистрација, но и на одлуката да се постават модуларни контролни пунктови на Евзони со кои една сообраќајна лента се претвора во две, со цел да се скрати времето на чекање, се осврна заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија ...

Украински дрон оштети постројка во московската рафинерија за нафта, која е во сопственост на компанијата „Гаспромнефт“, соопшти денеска градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Собјанин на Телеграм наведе дека во нападот нема жртви и дека итните служби работат на терен, но не прецизираше дали е загрозено производството во најголемата рафинерија во московскиот регион. Од нашата мрежа Скалони: Првиот натпревар е важен, но не и одлучувачки 6 ...

Американскиот потпретседателот Џеј Ди Венс ќе отпатува за Швајцарија на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Иран, соопшти денеска претседателот на САД, Доналд Трамп. Трамп ова го кажа пред новинарите на маргините на самитот на Г7 на Женевското Езеро, за време на разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон, но не кажа дали самиот тој ќе има каква било улога во церемонијата на потпишување. Договорот веќе е дигитално ...

Државниот завод за ревизија изврши анализа на работењето на Врховниот суд на Република Македонија за 2024 година при што во делот на наодите се издвојуваат судски постапки со неизвесен исход, недостатоци во системот за оценување на одредени категории судски службеници и отсуство на судски администратор. Дополнително, се констатира дека буџетските средства за судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од БДП, што создава ...

Рускиот уметник и карикатурист Семјон Скрепетски, познат по делата во кои го исмева рускиот претседател Владимир Путин, беше убиен вчера во источна Полска. Полските медиуми јавија дека 44-годишниот руски државјанин, кој живеел во градот Бјала Подласка близу белоруската граница, бил убиен во напад кој наликува на егзекуција. Полицијата потврди дека 44-годишниот руски државјанин во понеделникот наутро бил застрелан на улица недалеку од центарот ...

Под мотото „Зора за планина. Ноќ за музика. Галичник за сите“, се подготвува петтото издание на фестивалот на електронска музика Галицко, кој ќе се одржи на 20 јуни. Галицко е фестивал создаден во чест на диџеј Ицко, чија голема желба беше токму на ова место да се одржува фестивал на електронска музика. Петта година по ред, неговата сопруга и пријателите, заедно стојат зад проектот кој е еден вид на аманет од прерано починатиот диџеј. ...

Со собрани вкупно 684.777 килограми отпад, 70.688 учесници, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и бројни компании, заврши шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – најмасовната еко иницијатива во земјава и на Балканот. За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони килограми отпад, со што од локална иницијатива прерасна во ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) останува на ставот дека секоја правосилна судска одлука мора да се почитува и дека никој не смее да биде над законот. Истовремено, сметаме дека довербата во правосудството и институциите се гради преку еднакви критериуми, правна сигурност и доследност во примената на принципите, велат од ЛДП „Во јавноста неизбежно се отвора прашањето како се толкува поимот „јавен интерес“ и дали за сите важат истите ...

Полска сè уште не испорачала дополнителни борбени авиони МиГ-29 на Украина, бидејќи преговорите за трансфер на украинска воена технологија во Полска сè уште не се завршени, изјави полскиот заменик-министер за одбрана Цезари Томчик. Во разговор за Радио ЗЕТ, Томчик истакна дека Варшава е подготвена да испорача борбени авиони од советско производство штом ќе се постигне договор за технолошка соработка. „Не ги испорачавме МиГ-овите на Украина. ...

Народната банка во соработка со Светската банка одржаа работилница за банките и другите даватели на платежни услуги и релевантните државни институции во земјава посветена на воведувањето на инстант плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС. Работилницата е дел од постојаните активности на Народната банка за подготовка на целата платежна заедница во земјава за воспоставување на националниот систем за инстант плаќања и за ...

„Случајот со хирурзите од Струга, кои протестно ги прекинаа планираните операции поради неисплатени надоместоци што им следуваат по закон и колективен договор, отвора сериозни прашања за тоа кој ја мери „продуктивноста“ во здравството или ако нема пациенти дали лекарите треба да останат без плата. Наместо институциите да утврдат каде е проблемот, јавноста добива политички квалификации за тоа кој е продуктивен, а кој не“, велат од партијата ...

УЕФА ги скрати ривалите и на Шкендија и на Силекс, кои ќе ја преставуваат Македонија ова лето во Лигата на Конференции. Така Шкендија може да ги добие за ривали Европа, Малишева, Уна Штрасен, Пенибонт, Рунавик и Номе Каљу. Силекс, пак, може да оди на мегдан со Астана, Пјуник, Динамо Минска, Дила Гори и Ескалдес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување ...

Во просториите на Општина Струмица денеска ќе се одржи работлиница на тема „Управување и рециклирање на пластична фолија за земјоделските култури во Македонија“. Работилницата се организира по повод завршувањето на истоимената анализа, која ги разгледува тековните практики, предизвиците и можностите за подобро управување со пластичниот отпад што се создава во земјоделското производство. Настанот, како што вела организаторите, ќе ги обедини ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчеравечер беше гостин во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, каде што говореше за следните чекори на државата во областа на вештачката интелигенција, дигиталната трансформација и заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор. Во гостувањето, министерот Андоновски најави дека Македонија го добива првиот центар за вештачка интелигенција – „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната ...

УЕФА ги формираше групите пред денешната ждрепка во квалификациите во Лигата на шампионите, и со тоа го скрати списокот на можни противници на Вардар за 1. коло. Така Вардар може да добие некој од следните ривали: Шамрок (Р.Ирска) Купс (Финска) Линколн (Гибралтар) Рига (Летонија) Флора Талин (Естонија) Ларне (С.Ирска) ТНС (Велс) Ждрепката ќе се одржи денеска во Нион со почеток во 16:00 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Речиси половина од сите деца во светот или околу 1,1 милијарда, се изложени на најмалку три преклопувачки климатски закани, се наведува во извештај на УНИЦЕФ. Во денеска објавениот документ насловен „Извештај за климатски ризици за децата 2026“ се истакнува дека најчестата комбинација на ризици се суша, екстремни температури над 35 степени Целзиусови и топлотни бранови, додека речиси секое дете во светот е изложено на барем една од ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
5.27
36%
1019
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
52%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.48
47%
1021
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.64
43%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.75
40%
1018
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
0.89
52%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
47%
1014
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
1.96
30%
1017
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.01
37%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
43%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
46%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
6.36
57%
1015
Currency

61.645

Currency

53.1704

Currency

71.2651

Currency

37.3528

Currency

38.0121

Currency

67.0418

Currency

7.92221

Currency

0.73519

Currency

0.33318

Currency

0.52543

Currency

1.15389

Currency

0.56501

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

41442.31

Рутениум

48965.59

Сребро

2197.58

Родиум

257205.97

Калај

55.64

Алуминиум

3.42

Злато

137816.51

Бакар

12.86

Платина

55717.24

Цинк

0.00