Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за спорниот Предлог-закон за спроведување на проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028 година (ЕПК)“ вели дека има жесток обид за дезинформација, дека станува збор за фондација и дека е проект започнат пред 10 години. -Владата кога дојде до ситуација да се соочи со еден предизвик на некој град да му биде одземена таа титула, влеговме во еден процес во кој што јасно ги дефиниравме ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на брзи депортации во согласност со законите на ЕУ, откако речиси 50.000 мигранти влегоа во малата шпанска северноафриканска територија Сеута од Мароко во изминатите неколку дена. „Сликите што доаѓаат од Сеута се неприфатливи“, напиша фон дер Лајен на X во петокот. „Не можеме да дозволиме никому да дојде во нашата Унија без да ги почитува нашите правила. Опасните премини ...

Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од ...

Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во однос на рекордните вредности забележани на крајот од првиот квартал. Овој тренд беше поттикнат од постепеното ублажување на геополитичките тензии на Блискиот Исток и намалувањето на загриженоста поврзана со прекини во снабдувањето. Иако цените на суровата нафта останаа значително повисоки ...

Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави „Евроњуз“. Според анализата на „Евроњуз“ на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) „Пензиите на ...

Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и човечност. „Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате голема одговорност и ја преземате честа да ја носите униформата која граѓаните ја препознаваат како симбол на ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја повика Шпанија брзо да ја врати контролата врз ситуацијата во Сеута откако десетици илјади мигранти влегоа на шпанска територија од Мароко, јави ДПА. „Заштитата на надворешните граници на Европската Унија е клучна во борбата против нелегалната миграција“, рече германскиот конзервативен канцелар. Тој, исто така, го повика Мароко „веднаш да ги прими назад нелегалните мигранти“, пренесе германската ...

ЈЗУ Клиничка болница Битола денеска пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски промовира нова медицинска опрема и инвестиции во здравствената установа. Директорката Ненси Лозанче ги информираше за нововоспоставените соработки со институции од државата. – Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со соработка со Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија. Наместо нашите пациенти со малигни ...

Словенечките власти прогласија црвена фаза на опасност од пожари во југозападните делови на земјата, а во останатите региони важи портокалово предупредување. Причината се екстремните температури, сувата вегетација и високиот ризик од брзо ширење оган. На целата територија е забрането палење оган на отворено, фрлање запалени предмети и организирање огномети. Полицијата и инспекциските служби најавиле засилени контроли. За југозападниот дел е ...

Општина Бутел ја активираше гаранцијата за санирање на штетите на коритото на реката Серава, со што започнува постапката за целосна санација на сите утврдени оштетувања, информираа денеска од локалната самоуправа. Од Општината посочуваат дека со активирањето на гаранцијата се преземаат конкретни активности за отстранување на недостатоците на коритото, согласно договорните обврски. Проектот за изградба на речното корито на Серава, во должина ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи разговараше со колегите од Бугарија и Кипар, барајќи нивните бази да не бидат користени во американскитевоени операции против Иран. Арагчи, според наводите на иранските државни медиуми, во разговорот со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова побара Софија да ја преиспита одлуката за привремено распоредување американски воени авиони во базата Безмер. Од нашата ...

Премиерот Еди Рама денеска, по повод испораката на првите 40 борбени возила за албанската војска, произведени во земјата, истакна дека една од клучните стратешки цели на Албанија во сферата на одбраната сега е постигната. Со пуштањето во употреба на првата група возила домашно производство, кои ги исполнуваат стандардите на НАТО, вооружените сили добиваат нова опрема. Според него, оваа испорака на возила, произведени од компанијата „Тимак ...

Мостот „Естакада“ се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел на Скопје. Тука секојдневно минуваат работници, ученици, семејства, компании и товарен транспорт. Санацијата на мостот опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, со гребење на постојниот асфалт и ...

Прашан за став по враќањето на пасошот на обвинетиот за злоупотреби Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече, соучесник во овој процес. „Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име ...

Група пратеници од „Европскиот фронт“ поднесoa до Собранието предлог-одлука за формирање на анкетна комисија со цел утврдување на сите факти и околности поврзани со сериозниот инцидент што се случи во просториите на Собранието, при кој член на владата употребил навредлив и понижувачки говор кон пратениците. Секое однесување што го нарушува достоинството на пратениците и авторитетот на Собранието претставува директен удар врз демократските ...

Во Секторот за внатрешни работи – Скопје денеска во еден часот по полноќ било пријавено дека на улицата „Павле Илиќ“ во градот било опожарено патничко возило „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки, сопственост на правно лице од Косово. Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираа дека повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од соседи. Како што се додава во соопштението, извршен бил увид. Во Секторот за ...

Финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен ја обвини Шпанија дека не успеала да ја заштити границата во Сеута, шпанската автономна енклава на северниот брег на Африка. Рантанен, членка на партијата Финци, во објава на социјалната мрежа X тврди дека Шпанија „потполно подфрли во заштитата на надворешната граница на шенгенскиот простор од илегални влезови“. „Ова не може да продолжи. Сите европски земји мора да го поддржат предлогот на ...

Во централна Грција во близина на градот Тива и крајбрежното место Агиос Василиос и на Пелопонез во непосредна близина на археолошкиот локалитет Микена, активни се големи пожари, кои поради ветерот брзо се шират, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација на жителите на неколку населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот во областа Виотија, во централна Грција, од приморското место Агиос Василиос во ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Битола, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека нема да користи класичен одмор, туку со семејството ќе замине на осумдневна екскурзија во Белгија. Тој посочи дека дел од престојот ќе биде во Бриж, а дел во Брисел. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наместо одмор, ова лето ќе има кратко патување со семејството во Белгија. Одговарајќи на новинарско прашање денеска во Битола, Мицкоски рече ...

Во лавината што се случи на еден од највисоките врвови во светот, Брод Пик на Каракорам, на границата меѓу Пакистан и Кина, загинаа четворица алпинисти, додека по шестмина сè уште се трага, објави денес Алпинистичкиот клуб на Пакистан. Во соопштението се наведува дека досега се пронајдени четири тела на загинати планинари, од кои двајца се идентификувани како Надира ал Харти од Оман и Пур Бахадур Гурунг „Џукта“ од Непал, пренесува Скај њуз. ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека премиерот Hристијан Мицкоски вчера избегал од можноста да му се постават пратенички прашања и дека циркусот што се одвиваше во Собранието бил оркестриран од потпретседателката Весна Бендевска. Тој нагласи дека е единствениот од опозицијата што успеал вчера да постави прашање, иако имало цела листа на пријавени, окарактеризирајќи ги случувањата како „дел од системот на целосно непочитување на ...

Фудбалерот Бенџамин Менди ја продаде својата реплика од трофејот на Светското првенство во 2018 година, освоен со Франција во Руската Федерација, за околу 54 илјади евра на аукција организирана од американската куќа „Голдин“. Поранешниот француски репрезентативец, кој моментално игра за полскиот клуб Погон Шчечин заедно со Дарко Чурлинов, го понуди трофејот од Светското првенство на настанот „Глобална фудбалска аукција дел 2“, специјализиран ...

Двајца полицајци се суспендирани од работа поради употреба на прекумерна физичка сила врз притворено лице во полициската станица во Струга. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Првопријавениот Т.М., полицски службеник во Полициската станица Струга и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и останатите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала сто пати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на Буџетот ќе ...

Индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6,5% во однос на јуни 2025 година, објави Државниот завод за статистика. Растот, според податоците, го обезбедила преработувачката индустрија која за една година обезбедила раст од 7,9%. Спротивно, производство во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни на годишно ниво бележи опаѓање од 3,8%, додека, пак, секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ ...

Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола. „Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, ...

Инфлацијата во еврозоната во јули, поттикната од повисоките трошоци за енергија и услуги, се зголеми за 0,1 отсто, покажуваат прелиминарните податоци од Евростат. Годишната инфлација, која во јуни изнесуваше 2,8 проценти, овој месец се искачи на 2,9. Основната инфлација, која ги исклучува волатилните цени на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се искачи на 2,5 проценти од 2,4 отсто претходниот месец. На месечна основа, хармонизираниот ...

Решителни деманти од претседателот на Владата во врска со актуелните јавни шпекулации околу иднината на пензиските столбови во државата. Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли гласините дека извршната власт планира чекори за укинување на вториот пензиски столб или префрлање на средствата со цел покривање на буџетскиот дефицит, ставајќи точка на неофицијалните дебати. Одговарајќи на новинарски прашања за време на ...

ЈП Лајка – Скопје, Europe House и Алпинистички клуб Скопје успешно ја реализираа креативната upcycling работилница на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето. На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 поводници, кои ќе се користат во секојдневната грижа, прошетките и вдомувањето на ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.32
34%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
42%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.86
48%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.07
42%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.09
41%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
1.06
76%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
56%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.47
74%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.34
32%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.34
64%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
1.79
47%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.43
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Платина

52855.83

Калај

54.92

Кобалт

56.29

Сребро

1853.71

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Злато

129943.67

Алуминиум

3.19

Родиум

265243.66

Паладиум

40381.34

Бакар

13.08