Следната недела почнуваат едукациите на наставниците и психолозите во сите училишта низ земјава, за превенција и детектирање на облиците на врсничко насилство. Целта, на овој мулти институционален проект е преку заедничка работа да се одговори на се поголемиот број случаи на насилство во кои жртви се децата. На прес-конференција беа соопштени и бројки кои загрижуваат. Во 64 училишта низ земјава се евидентирани инциденти. Полицијата постапува. ...
Министерството за образование и наука започнува нов проект насочен кон рано препознавање и спречување на семејното и врсничкото насилство, со цел да се воспостави траен систем за заштита на децата преку образовниот систем. Проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ обединува повеќе институции, граѓански организации и училишта, а неговата реализација е ...
„Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е новиот проект на Министерството за образование и наука кој треба да генерира трајно системско решение за превенција на семејно насилство врз деца преку образовните установи и спречување на натамошна трансформација во врсничко насилство во училишните клупи. Станува збор за иницијатива која обединува повеќе институции, ...
Застрашувачки раст на семејното и врсничкото насилство. За 67% пораснале пријавите на семејно насилство од почетокот на годината до крајот на мај, споредено со истиот период лани. Во истиот период, енормен раст се бележи и на врсничкото насилство низ училиштата. „Оваа година регистрирани се 93 инциденти на врсничко насилство во 64 училишта. По преземените мерки поднесени се 46 кривични пријави за вкупно 52 кривични дела против 92 сторители. ...
„Се обидувам да не слушам, ги затворам ушите, но стравот останува! Понекогаш сакам да бидам сам, не затоа што сакам, туку никој да не знае што имам внатре во себе!“ „Другите деца се смеат и играат, јас мислам дали сè е во ред дома!“ Со овие пораки започна меѓуминистерската конференција за превенција на семејното насилство. Психолозите во 350 основни училишта низ целата држава ќе бидат вклучени со обуки за наставниот кадар за идентификација на ...

