Напаѓачот Маркус Рашфорд е достапен за избор за неделното гостување кај Арсенал во третото коло од ФА Купот. Ова го изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим на својата традиционална прес-конференција. Рашфорд (27) по одлука на Аморим пропушти четири последователни натпревари, потоа беше неискористена замена на мечот против Њукасл на 30 декември, а поради болест не играше во ремито 2-2 со Ливерпул минатиот викенд. Рашфорд има 426 ...

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрс турнирот во Најроби, Кенија што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Таа денеска во мечот од првото коло загуби од првата носителка Валерија Страхова од Украина со 2-0 во сетови (61 75) за 84 минути игра. Ова беше втор фјучрс кој нашата тенисерка го играше во Кенија. Првата фаворитка Страхова го освои првиот сет со 6:1 во гемови, откако по 1:1 направи серија од пет ...

Кошаркарите на Олимпијакос убедливо го совладаа Баерн во 20. коло од Евролигата, а мечот во салата „Мир и пријателство“ го одбележа феноменалниот Саша Вененков. Црвено-белите го забележаа петтиот последователен триумф, го декласираа Баерн со 112:69 и со учинок 14-6 се лидери во Евролигата. Баварците се во пад и по третиот неуспех во последните четири натпревари имаат скор 11-9. Неверојатниот Везенков натпреварот го заврши со 45 поени (10/10 за ...

Манчестер Сити ќе го комплетира првиот трансфер во 2025 година, откако актуелниот првак на Англија постигна целосен договор со Ленс за ангажман на Абдукодир Хусанов. Станува збор за дефанзивец кој е репрезентативец на Узбекистан, 20-годишен играч кој ќе стане прв играч од оваа земја што ќе заигра во Премиер-лигата. Со овој трансфер, Узбекистан ќе стане 119. држава во историјата со најмалку еден фудбалер што настапувал во елитното англиско ...

Фудбалерите на Лацио не успеаја да се опорават од неодамнешниот пораз од градскиот ривал Рома и вечерва пропуштија шанса да ја забележат првата победа во 2025 година. На домашен терен, Лацио одигра само 1:1 против Комо. Домашните тргнаа со водство во 34. минута кога Булаје Диа на додавање на Матео Гендузи донесе радост на трибините на „Олимпико“. Сепак, во вториот дел се започна лошо за Лацио. Комо имаше повеќе играчи на теренот по исклучувањето ...

Норвежанецот Бент Дал ќе биде новиот селектор на женската ракометна репрезентација на Србија. Ангажманот на Дал ќе биде официјализиран утре на седницата на Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Србија. Бент Дал со Ракометниот сојуз на Србија договорил соработка до крајот на квалификациите, со можност договоорт да му биде продолжен. Српската репрезентација во плеј-офот за пласман на Светското првенство ќе игра против Словенија. Дал важи за ...

Барселона стана најновиот тим кој се поврзува со левото крило Маркус Рашфорд за кого Манчестер Јунајтед бара нов клуб барем до крајот на сезоната. Според „Спорт“ и Барселона има намера да се вклучи во борбата за потписот на поранешниот англиски репрезентативец, со чиј агент веќе стапиле во контакт. Идејата на Каталонците е да го привлечат Рашфорд само преку позајмица до крајот на сезоната. Сепак, клубот ќе мора да ослободи средства од буџетот за ...

Центарфорот на Манчестер Ј., Џошуа Циркзе не планира да го напушти Манчестер оваа зима. Јувентус е сериозно заинтересиран да го врати 23-годишниот Холанѓанец на Апенините, но очигледно фудбалерот не сака назад. Засега Манчестер Ј. и Јувентус немаат напредок во преговорите за Циркзе. Самиот играч им потенцирал на луѓето од управата дека сака да остане во Премиер лигата и да се докаже во Манчестер Јунајтед. Џошуа постигна четири гола и има две ...

Астон Вила го елиминираше Вест Хем (2:1) во третото коло од англискиот ФА куп. На „чеканите“ во Бирмингем не им помогна ниту новиот менаџер, Грем Потер, кој дебитираше на клупата. Астон Вила триумфот го оствари по пресврт, откако Вест Хем стигна до предност со голот на Лукас Пакета во деветтата минута. Амаду Онана израмни за домашниот тим во 71. минута, но херој на вечерта на Вила беше Морган Роџерс, кој во 76. минута го совлада Лукас Фабијански ...

мериканскиот кошаркар Девонте Греам стана потенцијално засилување за Реал Мадрид. Како што објави инсајдерот Чема де Лукас во петокот, Реал внимателноја следи ситуацијата на 29-годишниот плејмејкер. Познатиот клуб активно го истражува пазарот со цел да ја засили надворешната линија. Греам одговара на профилот што го бара Реал Мадрид и доколку трансферт биде заклучен, тј ќе биде сериозно засилување. Греам во 2018 година дипломираше на ...

Фудбалерите на Баер Леверкузен славеа против Борусија во Дортмунд на „Вестфален“ (3:2), во дербито од 16. коло на Бундес лигата. Натпреварот доцнеше 15 минути поради метеж, а потоа навивачите без сведоци на луди 19 минути. Нејтан Теља постигна гол за актуелниот шампион по само 25 секунди игра. За работите да бидат уште поневеројатни, до 19. минута семафорот резултатот беше 3:1 за актуелните шампиони. Предноста на Баер ја зголеми во осмата минута ...

Искусниот бек на хрватската репреёзентација Домагој Дувњак истакна дека не смее да се случуваат падови во играта како на овој пријателски натпревар во кој нашиот национален тим во повеќе наврати се враќаше од негатива. – Победа си е победа, тоа не е за аларм, но мораме да играме многу подобро на Светското првенство. Ги повторуваме истите грешки како на Олимпијадата, поведуваме, имаме предност, а потоа губиме се. Македонија ни стигаше три гола ...

Барселона ја одби првата понуда на Јувентус за Араухо. Според информациите кои се појавија вечерва, Каталонците го информирале Јуве дека Араухо не е на продажба. Јувентус го направи првиот обид да го купи дефанзивецот, но Барса е цврста на ставот дека до продажба може да дојде само во јуни и тоа за сума не помала од 70 милиони евра. „Мундо Депортиво“ тврди дека торинскиот тим дал понуда преку агентот на играчот, но „блауграна“ категорично ...

Ерик Мекалум (37) до крајот на сезоната ќе игра за Фенербахче, соопшти турскиот клуб. Мекалум е добро познато лице во Евролигата каде последен пат играше пред четири години во дресот на Химки. За оние кои не знаат, Мекалум е постар брат на кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Си Џеј Мекалум. Во Фенербахче пристигнува од Каршијака, каде играше во претходните две сезони. Неговото доаѓање во Фенербахче е последица на лошата кадровска ситуација во ...

Голгетерот на Манчестер сити и репрезентацијата на Норвешка, Ерлинг Браут Халанд очекувано е избран за фудбалер на годината во Норвешка. Тоа е петти пат по ред како Норвешката фудбалска федерација (Noregs Fotballforbund), , го прогласува напаѓачот за најдобар во изминатата година. Халанд ја освои својата прва Златна топка во 2020 година како играч на Борусија Дортмунд, кој го наследи Мартин Одегард, и оттогаш се претплати на оваа награда. „Ова е ...

Македонската ракометна репрезентација синоќа во Вараждин загуби од Хрватска со 27:25 во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство 2026. Во меч во кој резултатот не беше во прв план, избраниците на селекторот Кирил Лазаров покажаа дека на Мундијалот можат да се надеваат на добри резултати. Тие го добија првото полувреме со 14:13, имаа свои моменти и во вториот дел, особено ова се однесува на голманот Марко Кизиќ кој одбрани три ...

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур ќе отсуствува во следните две недели, откако заработи потрес на мозокот на првиот натпревар од полуфиналето во Лига купот против Ливерпул кој патем неговиот тим го доби со 1:0. Бентанкур лошо падна при обид за удар со глава, а неговите соиграчи изгледаа загрижени додека тој лежеше неподвижен на теренот. Играчот од средниот ред беше изнесен од теренот на носилки по долга лекарска ...

Иако за тимот на Манчестер Јунајтед во моментов најважни се мечевите во Премиер лигата, сепак, „Ѓаволите“ ќе направат се за да го добијар дербито против Арсенал во рамките од третото коло од ФА купот кое се игра в недела на Емирати страдионот во Лондон. – Ова е многу стар турнир со многу богата историја. Се сеќавам дека гледав некои од финалињата, вклучувајќи го и она каде што ја освоивме тројната круна. Сега знаеме дека ни претстои многу тежок ...

Централниот дефанзивец на Ленс, Абдукодир Кусанов (20) ќе биде првото засилување за Манчестер сити во јануарскиот преоден рок. Информацијата доаѓа од добро информираниот Фабрицио Романо, кој наведува дека менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола дал „зелено светло“ талентираниот Узбекистанецда се пресели на „Етихад“. Наводно, Сити на францускиот клуб ќе му плати отштета од 50 милиони евра. Овој фудбалер, репрезентативец на својата земја, доживеа ...

Вчера во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, Реал Мадрид со 3:0 успеа да слави против Мајорка во еден тензичен меч. Сепак “кралевите“ ја покажаа сета своја сила и со тоа си закажаа финале со Барса кое е на програмата во недела. Во пресрет на уште едно „Ел Класико“, кое ќе се игра во С. Арабија, сој коментар имаше Карло Анчелоти: – Секое Ел Класико е непредвидливо. Во последно време се случуваше Реал Мадрид да победи со 4:1, ние двапати сме ...

Португалецот Кристијано Роналдо стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал гол во секоја од 24 последователни календарски години. Напаѓачот на Ал-Наср го постигна својот прв гол во 2025 година против Ал-Окдуд во победата од 3:1. Погоди од пенал по шести пат оваа сезона, со што дојде до 11 го во првенството на Саудиска Арабија. Од 2002 година кога дебитираше во дресот на Спортинг од Лисабон, Роналдо постигна 917 гола, 782 за ...

Шпанскиот фудбал изминатите две недели се занимаваше со сагата околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор. Се и сешто се случуваше, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација одбија да ги регистрираат фудбалерите, на крајот Високиот спортски совет (ЦСД) на општо изненадување пресуди во корист на Барселона. ЦСД издаде привремена дозвола за регистрација на фудбалерите, а конечната одлука ќе ја донесе во март. Барселона доби право на жалба, што ...

Арсенал мора да донесе класична „деветка“ доколку сака да биде конкурентен во борбата за титулата во Премиер лигата. Александер Исак е профил на напаѓач кој би се вклопил во системот на Микел Артета. проблем е што газдата Стен Кроенке нема намера да издвои пари за евентуалниот трансфер, кој не би требало да биде помал од 100 милиони евра. Артета има план како да собере пари, прашање е само дали ќе успее да го направи тоа до крајот на преодниот ...

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, подоцна и спортски директор, Хорхе Валдано откри дека не му се допаѓа како Винисисус униор се однесува на теренот. Славниот Аргентинец смета дека однесувањето на Бразилецот не е во склад со неговиот рејтинг и статус во клубот. Винисиус ја загуби контролата втор меч по ред. По натпреварот против Валенсија кога го нападна голманот Столе Димитревски и доби црвен картон, не можеше да се контролира и против ...

Кошаркарскиот клуб Џокер од Сомбор донесе одлука да ја напушти АБА 2 лигата на половина од сезоната. Како што е објавено на веб-страницата на натпреварувањето, Џокер ја донел шокантната и неочекувана одлука откако обезбеди место во Топ 8 фазата, како најдобар во својата група во првата фаза. Тимот на Сомбор беше пред екипите на Подгорица, Широки Бријег и Пелистер. На веб-страницата на АБА 2 лигата се наведува дека клубот се заблагодарил на ...

Кливленд Кавалирс ја продолжија победничката нза во НБА лигата. Откако пред 48 часа го добија дербито со Оклахома, Квалирс славеа и во дуелот со еден од најлошите тимови во лигата, Торонто Репторс. Кавс се во серија од 12 победи. Кливленд Кавалирс против Торонто славеа со 132:126 ја забележаа 33 победа во 37.натпревар од почетокот на сезоната. Лидерот во лигата го има петтиот најдобра старт во историјата на НБА. Дариус Гарланд ги предводеше ...

Емотивниот испад на тренерот на Барселона, Жоан Лапорта во средата навечер во Саудиска Арабија може да му донесе санкција. „Марка“ објави дека новоизбраниот претседател на шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лосан, размислува каква казна би можел да добие шефот на Блауграна по неговото непристојно однесување на трибините на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда за време на полуфиналето против Атлетик Билбао во шпанскиот Супер Куп. Лапорта го ...

Роберто Карлос преку социјалните мрежи ги демантираше гласините дека спиел на стадион. Пред неколку дена се појавија вести дека тој наводно се преселил во спортските објекти на Реал Мадрид по разводот со Маријана Лукон, според Естадио Депортиво. Тој напиша објава на Твитер во која се осврна на ваквите наводи. – Последниве денови се шират штетни и лажни приказни за мене и моето семејство. Ја ценам мојата приватност, но морам да ги демантирам ...

Квича Кварацкелија е чекор поблиску до трансфер во ПСЖ тврдат медиумите на Апенинскиот полуостров. Крилниот напаѓач има желба да се пресели во француската престолнина, а Наполи ја означи неговата замена. Според медиумите претседателот на клубот ја намалил цената која треба да ја плати клубот од Париз. ПСЖ од летото се обидува да го ангажира најдобриот грузиски фудбалер. Тренерот Луис Енрике го означи како идеална замена за Килијан Мбапе кој како ...

Роналд Араухо (25), уругвајски репрезентативец и централен бек на Барселона, наскоро би можел да стане играч на Јувентус. Италијанскиот гигант веќе подолго време преговара со Барселона, а каталонски „Спорт“ вчера објави дека Араухо им кажал на соиграчите дека до крајот на овој месец ќе го напушти клубот. Араухо ја започна својата кариера во уругвајските клубови Рентистас и Бостон Ривер. Барселона го донесе во 2018 година за пет милиони евра и ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
73%
1015
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.22
61%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
1.54
34%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
53%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
75%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61