Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул. Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции. Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77). Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат ...
Бернардо Силва неодамна наговести дека би можел да го напушти Манчестер Сити кога ќе му истече договорот следното лето. Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Португалецот, јасно е само дека тоа нема да биде Манчестер Сити. Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан го контактирале Португалецот за да ги дознаат неговите намери на крајот од сезоната. Силва не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и јасно ...
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, кој сè уште не учествувал на тренингот на тимот, ќе отсуствува дополнителни три до четири недели поради ишијас на десната страна од телото, објави тимот во четврток. 40-годишниот Џејмс ги пропушти првите два натпревари на Лејкерс пред сезоната и сè уште не одработил ниту еден тренинг со соиграчите. Доколку Џејмс отсуствува три до четири недели, тој ќе го пропушти отворањето на сезоната против ...
Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави. Сполстрај го наследи Стив Кер на клупата на националниот тим, а целта е злато на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри една година подоцна во Лос Анџелес. Откако беше главен асистент на Кер за време на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што Американците го освоија златниот медал, Сполстра сега ...
Манчестер Јунајтед пред репрезентативната пауза го победи Сандерленд и на тој начин Рубен Аморим си купи време на клупата на англискиот гигант. Недолго по победата, ко-сопственикот на клубот, сер Џим ретклиф рече дека Португалецот е сигурен на клупата и дека нема да добие отказ. Сепак, многумина на кои Јунајтед им „чежи на срцето“ со задоволство би му го виделе виделе грбот на Аморим. Еден од нив е и легендарниот капитен Рој Кин. Тој тврди ...
Искусниот француски кошаркар Томас Ертел покренал судска постапка против Барселона. Кошаркарот бара отштета од 1.600.000 евра на име на трансферот што пропадна во последен момент, дознава „Мундо Депортиво“. Сè се случи во првите денови од тековната календарска година, кога Ертел практично се договорил за сите услови со Барселона, но веднаш по слетувањето во Каталонија, го пречекале непријатни вести бидејќи клубот го прекршил својот збор. За ...
Јанис Адетокумбо, кошаркарот на Милвоки Бакс, реши да се огласи по повод шпекулациите дека во блиска иднина би можел да ја напушти франшизата од Висконсин. Јанис Антетокумпо е жива легенда на Милвоки Бакс и, заедно со Карим Абдул-Џабар (Лу Алсиндор), оставија најдлабок белег во историјата на овој клуб. Токму двајцата ги донесоа единствените две шампионски титули. Јанис беше МВп на финалната серија против Феникс во 2021 година. Со денови се ...
Шпанскиот фудбалски клуб Еспањол од Барселона има нови сопственици. Од четврток, каталонскиот клуб официјално е во рацете на американската компанија „Velocity Sports Partners (VSP)“, која пак е дел од поголемата група „ALK Capital“, во сопственост на Американецот Алан Пејс. VSP го купи поголемиот дел од пакетот акции (99,66%) по цена од 130 милиони евра, според шпанските медиуми. Претходниот сопственик на клубот, кинеската компанија „RASTAR“, ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, изјави дека неговиот тим ќе биде аутсајдер на Светското првенство следното лето и дека нема шанси за успех ако тимот не се обедини. Репрезентацијата на Англија играше во две последователни финалиња на Европските првенства, но не стигнаа до финалето на светските првенства од 1966 година, кога ја освоија својата единствена голема титула во историјата. Англија ќе се квалификува за ...
Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Гент (20.45 часот) ќе и се спротивстави на Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Македонија во Белгија дојде како првопласирана селекција во групата, на што селекторот Благоја Милевски е посебно горд. Тој верува дека неговите избраници ќе го дадат најдоброто од себе. „Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не ...
Низ целиот свет, во тек се квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи следното лето во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. За потсетување, тоа ќе биде првото Светско првенство на кое ќе учествуваат дури 48 репрезентации, што е за 16 повеќе од сите првенства од 1998 година до денес. Кога станува збор за распределбата на местата на Светското првенство по континенти, ситуацијата е таква што Европа ќе има 16 ...
Самуел Асамоа, 31-годишен играч од средниот ред на Того, е во критична состојба и се соочува со „висок ризик од параплегија“ по сериозен судир со билборд за време на натпревар од втората кинеска лига. Асамоа играше за Гуангси Пинггуо против Чонгкинг Тонглијанглонг, а по дуелот со противничкиот играч, со главата удрил во билборд до теренот и паднал на тревата. Лекарите реагирале брзо, а клубот објави дека Асамоа претрпел повеќекратни фрактури ...
Аматерските тенисери ќе имаат можност да освојат награда од еден милион австралиски долари (околу 565.000 евра) на натпреварот „Million Dollar One Point Slam“ пред јануарското Отворено првенство на Австралија. На овој уникатен турнир во Мелбурн Парк, 10 аматери ќе се соочат со 22 професионалци во нокаут систем, вклучувајќи го и светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз. Натпреварите ќе се играат по принципот на еден поен – играчите ќе одлучат ...
Белгиецот Себастијан Поконоли (38) сигурно ќе биде новиот тренер на Монако. Француските и белгиските медиуми пишуваат дека Монако веќе презел конкретни чекори за да ја започне сезоната со ново име на клупата по репрезентативната пауза. Сегашниот тренер Ади Хитер сè уште го води тимот, но, како што се наведува, само прашање на време е кога ќе добие отказ. Во клубот од Монте Карло не се најзадоволни од начинот на кој оди сезоната, иако ...
Фаиза Ламари, мајката на Килијан Мбапе, откри детали од приватниот живот на својот син, еден од најдобрите играчи на денешницата. Во вторникот, во Париз се одржа настанот „Demain le Sport“, каде што таа зборуваше за тоа колку е тежок животот на ѕвездата на Реал Мадрид. „Разговарав со него минатата година, кога работите не одеа добро. Го прашав дали сака да има девојка, а тој одговори: „Дали во овој хаос има место за некоја жена?““, рече Фаиза ...
Вељко Пауновиќ повеќе не е тренер на Реал Овиедо, објави шпанскиот клуб. Српскиот стручњак со тоа стана првиот заменет тренер во сезоната во шпанската Ла Лига. Иако го продолжи договорот до јуни 2026 година пред само три месеци, Пауновиќ ја загуби работата по серијата лоши резултати, две победи и шест порази во првенството досега. Клубот се реши за „шок терапија“ во обид да излезе од кризата. Со заминувањето на Пауновиќ, членовите на неговиот ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше големи физички и задравствени проблеми во осминафиналниот натпревар во Шангај против Хауме Мунар. Листот на левата нога го мачеше Ѓоковиќ во текот на целиот меч, а дополнителен проблем му правеше високата влажност во воздухот. Новак повраќаше неколку пати и во претходниот дуел, а го стори тоа и во дуелот со Мунар. За ова му се извини на својот ривал. „Извини што чекаше, морав да ја исчистам повраќаницата“, ...
Англискиот фудбалер Џејмс Тарковски го продолжи договорот со Евертон до крајот на јуни 2028 година, објави клубот од Ливерпул. Тарковски (32) е член на Евертон од 2022 година и во тој период одигра 128 натпревари и стана заменик-капитен. „Многу сум возбуден и горд што сум играч на Евертон и што го продолжувам ова патување. Беа луди неколку години со огромни падови и огромни подеми. Успеавме да ги надминеме тешките времиња и се надеваме дека ...
Еден од капитените на Барселона, Френки де Јонг, го крена гласот против одлуката натпревар од Ла Лига да се игра на американска почва. Како што е познато, УЕФА и Ла Лига конечно се согласија оваа недела и официјално објавија дека Виљареал и Барселона ќе играат натпревар на стадионот „Хард Рок“ во Мајами на 20 декември. Де Јонг смета дека таквата одлука е неприфатлива. „Не ми се допаѓа што ќе играме таму и не се согласувам со таквата одлука. ...
Јанис Сверопулос (58), грчки кошаркарски тренер повеќе не е тренер на Црвена звезда. Клубот реши да ја раскине соработката по двата порази во Евролигата и шокатниот пораз од Задар (79:85) дома во првото коло од АБА лигата. Сверопулос ќе води само уште еден натпревар од Евролигата против Фенербахче во петок, по што заминува. Српските медиуми пишуваат дека фаворити за негов наследник се Дејан Радоњиќ и Саша Обрадовиќ. Звезда инвестираше околу ...
Манчестер Јунајтед наводно се согласил да го продаде капитенот Бруно Фернандеш во Саудиска Арабија наредното лето. Како што објавија некои англиски медиуми, Ал Хилал ќе плати 115 милиони евра за Португалецот. Ал Хилал му понудил иста сума на Јунајтед ова лето, а Португалецот потоа изјави дека е подготвен да си замине доколку клубот смета дека е време да профитира од неговиот трансфер. Сепак, Јунајтед и Фернандеш, кои имаат договор до летото ...
„Би-Би-Си Спорт“ објави дека Арсенал одлучил да го награди својот голман Давид Раја со нов и подобрен договор за да покаже дека е меѓу најважните луѓе во клубот. Ова наводно се случило во текот на летото. Давид Раја е важен за Арсенал веќе неколку сезони, а лондонскиот клуб се погрижи да му даде подобрен договор. Страните се согласиле да го подобрат тековниот договор, со што Раја ќе добие значително зголемување на платата. Освен платата во ...
Тажни фудбалски вести ја погодија Аргентина, ненедејно почина тренерот на Бока Јуниорс, Мигел Анхел Русо. Поранешниот стратег на Бока имаше 69 години и долго време се бореше со рак на простата. Тој почина изминатата ноќа. Русој се сметаше за еден од најпочитуваните тренери во Јужна Америка, поради неговата кариера што траеше повеќе од половина век. Прво беше фудбалер, а потоа и тренер, освојувајќи бројни трофеи. Го крена трофејот на Копа ...
Најбогатиот Британец, ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, воедно задолежн за спортскиот сектор, Џим Ретклиф нема намера да му врачи отказ на Рубен Аморим, без оглед на лошите резултати на клубот. Сер Џим Ратклиф, во подкастот „Бизнис“, рече дека тренерот ја има неговата целосна поддршка. Повтори дека на Аморим ќе му се даде време да ги имплементира своите идеи во тимот и дека доколку мнозинскиот сосптвеник, семејството Глејзер побара да му ...
Португалскиот тренер Сержио Консеисао, кој е беше без работа откако во мај го напушти Милан во мај, го презеде Ал Итихад, актуелниот шампион на Саудиска Арабија. „Победата не е избор. Таа нè дефинира. Противниците можат да се менуваат, сојузниците да паѓаат, но шампионот останува. Тој е господар на играта. Јас сум Сержио Консеисао, дојдов да изградам слава со Ал Итихад“, рече Португалецот во видео објавата, во која не беа наведени деталите за ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека управното тело на европскиот фудбал никогаш нема да создаде или поддржи ексклузивно натпреварување, дополнително потврдувајќи го својот став против Европската Суперлига. Дванаесет од водечките европски клубови, вклучувајќи шест од Премиер лигата, потпишаа планови за формирање на Европската Суперлига во 2021 година. Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Тотенхем ја ...
Екипата на хрватски Нексе го претрпе клучниот пораз поради што наместо на првото групата од Европската лига ја заврши на третото место, откако загуби на гостувањето кај шведски Савехоф (28-34). Тоа беше возбудлив меч кој поради големиот влог се играше буквално „на нож“, за што говори и големиот инцидент на крајот кога еден од гостинските ракометари тргна да се тепа со домашните навивачи. Станува збор за 39-годишниот Фахрудин Мелиќ, кој во ...
Новак Ѓоковиќ го победи Шпанецот Хауме Мунар во осминафиналето на Мастерсот во Шангај. Два часа и 41 минута му беа потребни на Ѓоковиќ да слави со 6:3, 5:7, 6:2. Публиката во Шангај, која бурно го поддржува 38-годишникот од Белград, во осминафиналето, можеше да види неколку негови „лица“. Започна Ѓоковиќ фуриозно, со брејк во четвртиот гем, но тука и започнаа неговите проблеми. Србунот во третиот се пожали дека има проблем со дишењето, а во ...
Беше само прашање на време кога Кристијано Роналдо ќе стане првиот фудбалер во историјата со милијарда на својата сметка во банка. Поточно, Португалецот е „тежок“ 1,2 милијарди евра. Според „Блумберг“, водечкото американско финансиско списание, Португалецот ја преминал магичната линија благодарение на профитабилните повеќегодишни договори со компаниите „Најк“ и „Армани“, но овој финансиски скок му донесе продолжување на соработката со ...
Лошото момче на италијанскиот фудбал, Антонио Касано, во подкастот „Viva el futbol“, жестокот го криткуваше крлиниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао. Касно рече сена Леао „не знае правилно да ја шутне топката“. „Кога го гледам тој човек, не знае да игра кога со грб е свртен кон голот. Има само брзина и тоа е неговиот единствен квалитет. Не знае како да ја шутира топката ниту со левата ниту со десната нога. Мисли дека Роналдо Ил Феномено. Не е ...