Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше казнет со пет секунди на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1. Седумктатниот првак доби казна бидејќи неколку пати визеше надвор од патеката. Хамилтон во Сингапур го освои седмото место, но поради казната заврши на осомото, а седми е Фернандо Алонсо. Во финишот на трката Хамилтон имаше предност од 4 секунди во однос на осмиот Фернандо Алонсо од Астон Мартин, но сопирачките на автомобилот ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за Големата награда на Сингапур. Британецот ја забележа втората победа оваа сезона (петта во кариерата), прва по Големата награда на Канада. Џорџ Расел, во победа го претвори брлијантниот крг в квалификации и рутински славеше на „Марина Беј“. Британецот создаде предност од 10 секунди во првите 15 кругови, а потоа не форсираше и дојде до победата. Зад него се пласираа Макс Ферстапен и Ландо ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја почнува новата авантура на Јадранот. И оваа сезона „штрковите“ ќе бидат дел од АБА-2 лигата каде ќе ја претставуваат Македонија заедно со ТФТ Скопје. Првиот меч аеродромци го играат на домашен терен. Во вторник во СЦ „Јане Сандански“ гостува тимот на Вршац, а дуелот започнува од 20:00 часот. Со цел да добијат максимална поддршка, управата ги отвори вратите за сите љубители на кошарката. Имено, ...
Фудбалерите на Манчестер Сити едвај го победија Брентфорд во седмото коло од Премиер лигата (1:0) со голот на Ерлинг Халанд. Со оваа победа Пеп Гвардиола, постави нов тренерски рекорд во Премиер лигата. Гвардиола стана тренер кој најбрзо во историјата на Премиер лигата стигнал до 250 победи. За 250-та победа во Премиер лигата, на Гвардиола му беа потребни 349 натпревари на клупата на „граѓаните“. Поранешниот тренер на Барселона и Баерн ...
Изненадувањето на денешните квалификации за Големата награда на Сингапур, беше освојувањето на пол-позицијата од страна на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел. Тој воедно постави и нов рекорд на патеката, возејќи ја за 1 минута и 29.158 секунди. Ова е седма пол-позиција за Британецот во неговата кариера, но прва на патеката под светлата во Сингапур. Дури и самиот Расел после квалификациите изјави дека е изненаден од освојувањето на првото место. ...
Ракометниот клуб Охрид се соочува со голем проблем пред серијата тешки натпревари. Средниот бек Ловро Јотиќ, искусниот 31-годишен хрватски ракометар, заработи повреда на коленото во последниот момент од дуелот со Тиквеш во рамките на петтото коло од домашниот шампионат и го чека пауза. Повредата на Јотиќ доаѓа во лош момент за охриѓани. Тимот овој викенд гостува кај еден од најсилните состави во македонската лига Е.Пелистер клуб во кој Јотиќ ...
Новак Ѓоковиќ вложи многу труд и на крајот успеа да се пласира во четвртото коло на Мастерсот во Шангај. Србинот, во третата рунда го победи Јаник Ханфман со 4:6, 7:5, 6:3. Новак Ѓоковиќ десет гема се мачеше во сервис гемовите на Јаник Ханфман, 150-от тенисер во светот. Германецот не му дозволи на Ѓоковиќ ниту една брејк топка. Кога Новак ја создаде првата, во 12-от гем во втроиот сет, тој ја презеде контролата врз мечот и се пласираше во ...
Во Премиер лигата повеќе нема непоразени тимови. Кристал Палас загиби на гостувањето кај Евертон (2:1) и го доживеа првиот пораз по речиси шест месеци, односно ја прекина серијата од 19 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Евертон стави крај на успешната серија на Кристал Палас со случајниот гол на Џек Грилиш во 93.минута. Палас сами се виновни за овој пораз, имаа предност од 37.минута псо голот на Муњоз, а пота промашија неколку ...
Во шпанската Примера повеќе нема непоразени тимови. Вечерва, Барселона и Елче доживеаја убедливи порази кај Севилја, односно Алавес. Севилја ја декласира фаворизираната Барселона на „Рамон Санчез Пихуан“ и им го нанесе првиот пораз оваа сезона со убедлив резултат од 4:1. Севилја ја забележа првата победа на домашен терен оваа сезна и воедно ја победи Барселона прв пат по 2015 година. Играчите на Севилја носени од публиката „летаа“ по теренот, ...
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Брентфорд со 1:0 во последниот натпревар од седмото коло од Премиер лигата. „Граѓаните“ беа големи фаворити пред натпреварот, добро го отворија натпреварот, делуваа сигурно во првиот дел, но во вториот не направија буквално ништо пред голот на противникот. Сепа за тимот на Гвардиола најважна е победата. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во деветтата минута, кога голманот на Брентфорд го ...
Фудбалерите на Наполи ја победија Џенова со 2:1 во натпреварот од 6-то коло на Серија А. Наполи успеа да ја оствари својата петта победа оваа сезона во Серија А, откако по пресврт ги победи гостите од Џенова. Џенова поведе во 33-та минута преку Екатор. Напаѓачот на Џенова постигна спектакуларен гол со петица. Во второто полувреме, Наполитанците ја обезбедија победата. Изедначи Самбо Ангиса во 57-та минута за израмнување и надеж дека Наполи ...
Фудбалерите на Јувентус и Милан одиграа без голови во натпреварот од 6-то коло на Серија А. Ова беше 245-та средба меѓу двата тима, која на крајот заврши со најнепопуларниот резултат. Милан петти меч по ред не успеа да постигне гол против Јувентус, последен пат росонерите, постигнаа гол против екипата од Торино во мај 2023 година. Кристијан Пулишиќ не ја искористи најдобрата шанса на натпреварот, промаши пенал во 53-та минута. Неколку минути ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се надева дека повредата на играчот од средниот ред Родри, здобиена против Брентфорд во неделата, „не е премногу сериозна“. Родри, освојувач на Златната топка во 2024 година, ја пропушти речиси целата сезона 2024/2025, поради сериозна повреда на коленото. Овој пат, тој го повреди задниот дел од десната нога и го напушти натпреварот во 22-та минута. Шпанскиот репрезентативец (29) подоцна се врати на ...
Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, не мкже да фати континуитет поради повредите од почетокот на сезоната. Норвежанецот беше заменет во првото полувреме, во победата на Арсенал над Вест Хем со 2:0. Мартин Одегард нема да биде со својата репрезентација, во квалификациите за пласман на Светското првенство. „Мартин Одегор се повлече од норвешката репрезентација откако претрпе повреда на медијалниот колатерален лигамент на левото колено“, се ...
Расел Мартин (39), повеќе не е тренер на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс, чии дрес од оваа сезона го носи македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски. Во седмото коло, „Полицајците“ одиграа 1:1 против слабиот Фалкирк. Ренџерс останаа на само една победа во сезоната. По седум рунди имаат 11 бода помалку од лидерот Хартс, додека нивниот најголем ривал Селтик е девет бода пред нив. На Ренџерс лошо му оди и во европските купови. Откако доживеа ...
Барселона, вчера доживеа дебакл на гостувањето во Севиља (4:1). Навивачите го најдоа виновникот за поразот во Роберт Левандовски. Освен поразот, уште позагрижувачки е слабиот настап на тимот на Ханси Флик, кој на крајот може да биде среќен што примил само четири гола. Левандовски, имаше шанса да го сврти моментумот,но промаши пенал во 76-та минута за 2:2. Полјакот ужасно шутираше, ја испрати топката крај голот. Lewandowski’s penalty, imagine ...
Управата на македонскиот суперлигаш МРК Куманово ја информира јавноста дека Аце Станковски повеќе не е тренер на првиот тим. Стратегот реши да поднесе оставка, а неговото место ќе го преземе Љубиша Димковски, кој минатата сезона го обезбеди опстанокот во најсилната ракометна конкуренција. Од МРК Куманово му се заблагодаруваат на Аце Станковски на досегашната соработка и неговиот ангажман, со желби за среќа и успех во неговата понатамошна ...
Славниот шпански тенисер Рафаел Надал ја доби титулата почесен доктор од Универзитетот во Саламанка, еден од најстарите и најпочитуваните универзитети во Шпанија и Европа. По овој повод, Надал влезе во историјата на оваа институција како прв спортист на кого му е доделена титулата „доктор хонорис кауса“, што уште еднаш го потврди неговиот придонес во спортот и општеството. По церемонијата, Надал се огласи на социјалните мрежи и ги сподели ...
Дербито меѓу Вардар и Струга, во деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига заврши без победник. Натпреварот на „Арена Тодор Проески“, заврши 2:2. Вардар од пораз се спаси со гол во судиското надополнување на времето. Гостите од Струга два пати водеа, но не успеаја да победат. Шабани во 19. минута, го постигна првиот гол. Во второто полувреме Мато промаши пенал, гостинскиот голман Ангелети го одбрани неговиот удар. Мато набрзо успеа ...
Во првиот меч од денешната програма во Серија А, во рамките на 6.коло, Удинезе и Каљари одиграа без победник, 1:1. Меч кој се одигра во ран термин, меч кој не донесе нешто специјално. Гостите поведоа со голот на Борели во 25.минута и тој резултат од 0:1 важеше се до 58.минута кога домашните со голот на Кабасели успеаја да израмнат. Во тој момент ретко кој очекуваше дека тие 1:1 ќе бидат конечен резултат, но така и беше на крајот. Со овој бод ...
Фудбалерите на Рома ја победија Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“ со 2:1, во натпреварот од шестото коло на Серија А. Екипата на Џанпјеро Гасперини оствари победа по пресвртот во првото полувреме, а некако успеа да ја одбрани победата во вториот дел. Кен им донесе водство на „виолетовите“ во 14-та минута, но „волчицата“ набрзо возврати и, како што се покажа, го обезбеди триумфот. Изедначи Суле во 22-та минута и Кристанте во 30-та ...
Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во второто коло го победи Марин Чилиќ со 7:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 54 минути. Првиот сет Ѓоковиќ го реши во тај-брејк, откако ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка, додека Чилиќ пропушти две во 11-от гем. Чилиќ, кој играше можне добро во тај-брекот се распадна. Го освои првиот поен, на крајот 13-от гем му припадна на Ѓоковиќ со 7:2. Добрата игра од финишот ...
Новиот шампион во кралската класа, Марк Маркез, се здоб со повреда на рамото во инцидент за време на Големата награда на Индонезија. Возачот на Дукати ја заврши првата трка откако ја освои титулата веќе во првиот круг, по инцидентот со осовјувачот на пол-позицијата и победникот во вчерашниот спринт, Марко Бецеки (Аперилја). Италијанецот влезе во дуелот со возачот на Дукати премногу амбициозно и се удри во него, по што двајцата завршија на ...
Кошаркарот на Монако, Никола Миротиќ, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на второто коло во Евролигата, објави официјалниот сајт на натпреварувањето. Миротиќ одигра одличен натпревар во убедливата победа на Монако над Дубаи со резултат 103-81. За 20 минути поминати на теренот, тој постигна 19 поени, запиша седум скокови и четири асистенции, со шут од игра 6/9. Со индекс на корисност 32, Миротиќ по единаесетти пат во својата кариера ја ...
Хари Кејн блеска од почетокот на новата сезона. Два пати постигна хет-трик во Бундеслигата, а во првиѕе осум натпревари во сезоната постигна 17 голови. Неговиот договор со Баерн важи до 2027 година, а со оглед на тоа што има 32 години, никој во Баерн и не помислува на негово заминување. „Билд“ повикувајќи се на свои извори, тврди нешто друго. Ал Хилал изразија желба да го доведат Хари Кејн, а во текстот се зборува за неверојатната сума што се ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје со победа над Маџари од 77-70 ја отвори новата сезона во Првата кошаркарска лига каде и оваа сезона е главен фаворит за освојување на круната. Дебитантот се покажа во одлично светло, иако цело време беше во негатива, не дозволуваше МЗТ да се одлепи посериозно, со исклучок на третиот квартал кога аеродромци имаа единаесет поени позитива (53-42). Гил со 22 поени беше најдобар кај МЗТ Скопје кај ...
Фудбалерите на Партизан ја победија Војводина во дербито од 11-то коло од српската Суперлига и со тоа го прославија својот 80-ти роденден. Натпреварот мина во дивеењето на навивачите на црно-белите. Партизан сигурно ќе биде жестоко казнет. Партизан ја победи Војводина со 1:0, со голот на Милошевиќ од пенал во 18-та минута. Гостите од 30-та минута играа со фудбалер помалку, кога директен црвен картон доби Тањга. Верувале или не натпреварот ...
Возачот на Гресини, Фермин Алдегер, ја однесе првата победа во кариерата во кралската класа, славејќи на Големата награда на Индонезија, 18-та трка од сезоната на шампионатот во Мото ГП. Шпанецот стана втор најмлад победник во најсилната категорија, бидејќи убедливо победи во својата 18-та трка, во својата четврта сезона во Светското првенство. Алдегер триумфираше на патеката „Мандалика“ со седум секунди предност пред Педро Акоста од КТМ ...
Реал Мадрид ја забележа седмата победа во сезоната во Примера. Во осмото коло, Реа со 3:1 го победи Виљареал. Коненчниот резултат на „Сантијаго Бернабеу“ не го прикажува она што се случуваше на теренот. Виљареал „скапо ја продаде кожата“. Виљареал имаше свои шанси, чисти зицери. При 0:0 во 40-та минута, Олувасеџи го претрча Хаусен, излезе сам пред Куртоа, малку се двоумеше, а Куртоа покажа класа и излезе како победник од тој дуел еден на ...
Возачот на Априлија, Марко Бецеки, славеше на спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Индонезија, 18-та рунда од овогодинешното првенство во Мото ГП. Италијанецот триумфираше на патеката „Мандалика“ по сензационалниот пробив, кој следеше по лошиот старт од пол-позицијата, и го спречи Фермин Алдегер да стане најмладиот победник во спринт. На финишот, Алдегер заостана157 илјадити делови од секундата, а нему и на Бецеки им ...