Капитенот на Аргентина, Лионел Меси нема да настапи на претстојните натпревари против Уругвај и Бразил. Откако синоќа блескаше во победата над Атланта во МЛС лигата, Меси заработи повреда на мускулот, а по тестовите беше одлучено дека во овој прозорец нема да настапува за репрезентацијата. Аргентина веќе обезбеди пласман на Мундијалот, прва е во јужноамериканскиот поредок со 25 бода, пет повеќе од Уругвај, па Лионел Скалони не сакаше ништо да ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаја шокантен пораз на домашен терен од најлошиот тим во лигата, Вашингтон Визардс 123:126. Ова е втор пораз на Денвер од Вашингтон оваа сезона. Нагетс не играат добро оваа сезона и тоа е јасно. Премногу осцилираат, па им се случува да губат и кога Никола Јокиќ ќе постигне 40 поени. Србинот имаше и 13 скокови и девет асистенции. Џамал Мареј уфрли 24, а Расел Вестбрук 22 поени со кои ја префрли границата од ...

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, веројатно ќе го напушти Динамо Загреб по завршувањето на сезоната. Ристовски, еден од капитените на најтрофејниот хрватски клуб со доаѓањето на тренерот Фабио Канаваро остана без местото во стартната посатав. Договорот на Ристовски истекува на 30 јуни 2025 година, а потоа ќе стане слободен играч доколку, се разбира, во меѓувреме не потпише нов договор со ...

Пауло Дибала нема да биде во можност да настапи околу еден месец поради повреда на тетивата. Тоа значи дека и покрај репрезентативната пауза која што е веќе активна од денеска, ќе ги пропушти мечевите против Лече, Јувентус и римското дерби против Лацио. Покрај Дибала, на Рома ќе и недостасува и десниот бек Девин Ренш, кој заработи повреда на адукторот. Времето за опоравување на холанѓанецот е околу три до четири недели. Двајцата играчи се ...

Британскиот тенисер Џек Дрејпер, го оствари најголемиот успех во кариерата, го освои Мастерсот во Индијан Велс. Моментално 14. тенисер на АТП листата, во финалето го победи Холгер Руне, 13. на АТП листата со 6:2, 6:2. Дрејпер беше благ фаворит во финалето, но никој не очекуваше дека работата ќе ја заврши за само 70 минути. Британецот направи два брејка во двата сета, не дозволувајќи му на противникот ниту една шанса за брејк. Покажа дека ...

Македонските репрезентативци денеска се собраа за почетокот на подготовките за квалификациските натпревари за Светското првенство (СП) 2026 против Лихтенштајн и Велс, но фудбалот овие денови е во втор план по страшната трагедија во Кочани, во која животот го загубија 59 лица. Ужасната трагедија во Кочани ги потресе сите во Македонија, а тоа можеше да се забележи и кај фудбалерите за време на собирот во хотелот „Хилтон“, а потоа и на тренинг. – ...

Возачот на Дукати, Марк Маркез триумфираше на вечерашната спринт трка која се одржа во пресрет на трката за големата награда на Аргентина. Шпанскиот возач забележа нов сезонски триумф на патеката Тримас Де Рио Ондо, откако тој триумфираше и на предходната трка во Тајланд . Марк Маркез, исто како и пред две недели во Тајланд, славеше пред својот помлад брат Алекс, кој заврши на втората позиција со задоцнување од девет десетинки. Франческо Бањаја ...

ренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека поразот од Барселона со 2:4 ќе влијае на амбициите на неговиот тим во трката за титулата. Според него, по овој натпревар Каталонците стануваат главен фаворит за трофејот во Ла Лига. „Барса има еден натпревар помалку и не знам што ќе се случи. Тие имаат важна предност и тоа е реалноста. За нас останува да се бориме натпревар по натпревар, а сега треба да размислуваме за пресметката со Еспањол ...

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа уште еден тежок пораз од Словенија во квалифкациите за пласман на Европското првенство. Вечерва во Копер Словенија славеша со 38:27 (20:12). Натпреварот се одигра на денот кога Македонија ја потресе големата трагедија што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во пожар загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Европската ракометна федерација не го прифати барањето на Ракометната федерација на ...

Србија оваа недела ќе одигра два натпревари со Австрија, во борбата за опстанок во А дивизијата во Лигата на нации. Во пресрет на гостувањето во Виена, прес конференција одржа селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси. Пред почетокот на прес конференцијата, Стојковиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Пред да започнеме со конференцијата во врска со натпреварите, вчера се случи страшна несреќа. ...

Манчестер јунајтед и понуди на Барселона 70 милиони евра за 28-годишниот Бразилец Рафиња, објавија во понеделникот британските медиуми. На „Олд Трафорд“ веруваат дека со својата брзина, дриблинг и шутирање од различни позиции, Рафиња претставува идеално решение за проблемите во нападот на тимот. Бразилецот оваа сезона за Барселона постигна 27 гола и имаше 21 асистенција во сите натпреварувања. Неговите одлични настапи го привлекоа вниманието на ...

Австрискиот репрезентативец Марсел Сабицер нема да игра против Србија во бараж натпреварите за да опастанк во А дивизијата во Лигата на нации. Фудбалерот на Борусија Дортмунд се повреди во саботата на натпреварот на неговиот тим против Лајпциг. Тој мораше да ја напушти играта во 33. минута поради повреда на коленото, па на негово место во игра влезе Бенсебаини. „Марсел Сабицер доживеа повреда на коленото и ќе оди на рехабилитација во следните ...

На денешен ден во 1991 година започна падот на еден од најдобрите фудбалери во историјата Диего Армандо Марадона. dobivaj vesti na viber На 17. март на „Сан Паоло“, стадионот во Неапол кој денес го носи името на Марадона, се одигра натпревар помеѓу Наполи и Бари. Актуелните шампиони наполитанците славеа победа од 1:0 со голот на Џанфранко Ѕола. Сепак, она што го направи овој натпревар незаборавен не е нивниот триумф, туку она што следеше, ...

Руската тенисерка Мира Андреева (17) успеа да ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка со 2:1 во сетови и да го освои Индијан Велс. Андреева, која е 11. на ВТА-листата, за два часа и шест минути, ја победи светската тенисерка број еден со 6:2, 4:6, 3:6. Се чинеше дека Сабаленка ова ќе го реши „рутински“, Белорусинката одлично влезе во првиот сет и во четвртиот гем направи брејк кој го потврди за 4:1, а потоа во осмиот гем направи уште еден брејк ...

По поразот кој екипата на Ливерпул го доживеа во финалето на Карабао купот против Њукасл со 1:2, Арне Слот го даде своето мислење за натпреварот. – Натпреварот помина онака како што сакаше противникот. Ние не успеавме да го наметнеме нашиот ритам и тоа на крајот не чинеше победа. Тие беа многу агресивни и одлично се бранеа. Фудбалерите на Њукасл одлично играа еден на еден под голем притисок, тие имаат многу силни играчи кои се добри во играта ...

Лионел Меси се врати во тимот и постигна гол за својот тим Интер Мајами во победата од 2:1 во Атланта. Мајами, кој сега има скор од 3-1-0, славеше и покрај шестте одбрани на одличниот Бред Гузан, кој беше најзаслужен што Атланта го елиминира Интер на стартот од плеј-офот минатата сезона. Славниот Аргентинец го постигна израмнувачкиот гол во 20. минута. Меси ја демонстрираше класата. „Кога станува збор за Лео, тоа е гол што само тој може да го ...

Тренерот на Хајдук Џенаро Гатузо влезе во конфликт со поранешниот фудбалер, кој сега работи како фудбалски аналитичар, Јошко Јеличиќ по поразот на неговиот тим од Риека. Хајдук повеќе не е лидер во Хрватска, бидејќи во 26. коло од Првата хрватска лига, во дербито загуби од Риека со 3:0. Риека сега има два бода повеќе од Хајдук и пет од Динамо Загреб. Јошко Јеличиќ некултурно се однесувал однесувал кон гатузо, поради што Италијанецот не сакаше да ...

Ракометната федерација на Македонија извести дека барала одложување на мечот меѓу Словенија и Македонија во рамки на квалификациите на Европското првенство (ЕП), но не добила зелено светло. РФМ стапила во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и поради трагедијата во Кочани во која загинаа многу лица побара одложување на натпреварот во Копер. Но, истото не било одобрено. Според ЕХФ-регулативите доколку некоја од ...

Ибрахима Конате би можел да го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната. Францускиот дефанзивец е стандардна опција оваа сезона заедно со Вирџил Ван Дајк како централен бек, но Ливерпул би можел да направи целосен ремонт во одбраната. Челниците се во потрага и по лев бек, кој би го заменил Енди Робертсон. „Црвените“ ќе слушаат понуди за силниот централен бек, а цената која би била соодветна се движи околу 50 милиони фунти. Со Ливерпул се поврзува ...

Британскиот тенисер Џејк Дрејпер го победи Карлос Алкараз и се пласира во финалето на првиот Мастерс во сезоната, Индијан Велс. Џек Дрејпер го совлада фаворизираниот шпански тенисер со 6:1, 0:6, 6:4. Од понеделник ќе биде рангиран меѓу 10. најдобри во светот. „Играм тенис со левата рака, но јас сум деснак. Тоа е голем плус за мене, бидејќи постојано ги подобрувам моите удари, особено мојот форхенд и сервисот. Мојот бекхенд отсекогаш бил подобар, ...

Интер ја совлада Аталанта во Бергамо со 2:0 во 29. коло од Серија А и ја презеде лената позиција на табелата во Серија А. Ова беше еден од најважните натпревари за двата тима во трката за титулата, вториот против третиот на табелата и уште една во низата победи на Интер против Ла Деа“. Стрелци за гостите беа Карлос Аугусто во 54. минута и Лаутаро Мартинез во 87. Ова беше осма последователна победа на Интер против Аталанта во сите натпреварувања. ...

Њукасл јунајтед по седум децении освои трофеј во англискиот фудбал. Попладнево на „Вембли“, фудбалерите на Њукасл, во гиналето на Лига купот, го победија Ливерпул со 2.1. Њукасл поведе во големото финале во 45. минута. Ден Бурн скокна високо по корнерот што го изведе Трипие и го погоди подалечниот агол. Мрежата на Ливерпул се затресе во 51. минута по одличниот удар на Александар Исак, а славјето на фудбалерите на Њукасл беше прекинато поради ...

Атлетико и Барселона одиграа уште еден спектакуларен натпревар, овојпат на „Метрополитано“ во Мадрид. Во 28.коло, Барселона победи со 4:2 иако до 72.минута имаше негатива од два гола. Атлетико поведе со голот на Хулијан Алварез во 45.минута. Аргентинецот ја реализраше акцијата која ја започна Гризман, а Симеоне му асистираше на сонародникот. „Јорганџиите“ предноста ја зголемија во 70.минута преку Серлот. Ова е шести натпревар по ред на кој ...

Манчестер јунајтед забележа победа од 3:0 на стадионот „Кинг Пауер“ против Лестер. Повторно, капитенот Бруно Фернандеш имаше клучна улога во победата на „црвените ѓаволи“. Португалскиот играч за врска повторно беше движечка сила, дури и кога енергијата на теренот опаѓаше. Фернандеш му асистираше на Хојлунд во 28. минута за првиот гол на гостите. До тој момент, Лестер воопшто не остави лош впечаток. „Лисиците“ имаа добри шанси но беа лоши во ...

Јувентус доживеа уште еден тежок пораз во Серија А. На „Артемио Франки“ во Фиренца, во 29.коло, Фиорентина го победи Јувентус со 3:0. Ова е втор последователен пораз за „Старата дама“, по оној во Торино минатиот викенд од Аталанта (4:0). „Виола“, со блиц-криг во само три минути ги реши дилемите околу победникот. Робин Госенс во 15. минута го постигна првиот гол, а капитенот Роландо Мандрагора го зголеми водството во 18. минута по асистенција на ...

Руската сензација Мира Андреева избори пласман во финалето на Мастрсот во Индијан Велс. Во полуфиналето 17-годишната Андреева ја надигра Ига Шјонтек со 7:6, 1:6, 6:3. Ова е втор последовно финале за Андреева на турнирите од Мастерс серијата, откако пред три недели играше во финалето во Дубаи. Интересно и во Дубаи во полуфиналето ја победи Швјонтек. „Голема победа во тешки услови. Не успеав да ја искористам мојата шанса во првиот сет, но кога ...

Возачот на Мекларен Ландо Норис победи на трката од Формула 1 шампионатот возена утринава за Големата награда на Австралија. Британецот трката во Мелбурн ја заврши за еден час 42 секунди и 6,3 десеттинки. Макс Верстапен од Ред Бул беше на второто место со заостанување од 0,895 секунди. Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја заокружи првата тројка со заостанување од 8.481 секунди. Во првите десет се пласираа и: Александер Албон од Вилијамс Кими ...

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А. Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка. Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото. ...

Арсенал го победи Челси со 1:0, а Фулам запиша триумф над Тотенхем 2:0 во 29.коло во Премиер лигата. Арсенал го доби натпреварот со еден гол во првото полувреме и со тоа ја продолжи трката за титулата во Премиер лигата и Ливерпул кој е на првото место. Се играше 20. минута кога Микел Мерино погоди на асистенција на Мартин Одегард за водство на домашните од 1:0. Претходно, во 12. минута Деклан Рајс имаше одлична шанса да му донесе водство на ...

Младиот фудбалер на Реал Мадрид Ендрик го најде своето место во списокот на Бразил за престојните квалификации за Светското првенство и тоа како замена за повредениот Нејмар. Нејмар по подолга пауза се очекуваше одново да заигра во репрезентативниот дрес, но неодмана заработи нова повреда кој ќе го спречи да се најде на теренот против Колумбија и Аргентина. Бразил во моментот се наоѓа на петтата позиција во квалификациите со 18 освоени бодови. ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
46%
1018
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
38%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
0.0
47%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
32%
1020
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.69
29%
1020
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.51
69%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
8.23
52%
1014
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
48%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
0.51
39%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.12
36%
1020
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
39%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
11.83
42%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052