Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди го раскина договорот со Трабзон. Барди без обесштетување ќе го напушти клубот. Постои можност тој да се врати во Шпанија каде претходно успешно го носеше дресот на Леванте. Тренерот на Трабзон, Шенол Гунеш, на почетокот на ноември го исфрли Барди и уште неколку триги играчи од тимот. Подоцна Барди доби дозвола да трениера со првиот тим, но беше јасно дека во зимскиот преоден рок ...

Манчестер сити во 21. коло од Премиер лигата на гостувањето кај Брентфорд испушти предност од два гола во само 10 минути. Сити со головите на Фил Фоден имаше водство 0:2, но тогаш Виса и Норгард погодија за 2.2. Но, реалноста на Сити и по оваа пропуштена победа е дека се бори за четвртото место сезонава и за пласман во Лигата на шампионите. По ова реми, Манчестер сити е шести во Премиер лигата со 35 бодови, исто толку колку и петтопласираниот ...

Францускиот напаѓач Рандал Коло Муани ќе биде новото засилување на Јувентус. Напаѓачот на Пари Сен Жермен пристигнува во Торино на позајмица до јуни оваа година, без опција за откуп. Тиаго Мота, тренерот на „Старата дама“ сака да ја засили конкуренцијата во нападот, но се е исклучено Дуашн Влаховиќ да го напушти клубот. Коло Муани, во првиот дел од сезоната настапи на само 14 натпревари за ПСЖ. Постигна два гола и забележа една асистенција, а ...

Македонскиот ракометен голман Никола Митревски изјави дека атмосферата е одлична во националниот тим и дека сите со нетрпение го чекаат стартот на шампионатот. Според репрезентативниот голман треба да се гледа со почит кон Гвинеја, иако е за првпат на Светско првенство, сепак има ракометари кои играат во европските лиги. -Во завршна фаза сме на подготовките за СП. Атмосферата е одлична и сите со нетрпение го очекуваме првиот натпревар, знаеме ...

Кошаркарскиот клуб Партизан со скратен ростер отпатува во Франција, каде утре од 20 часот ќе игра против Асвел во Евролигата. Од клубот за „Спорт клуб“ потврдиле дека Американецот Двејн Вашингтон има сипаници и дека поради ќе го пропушти дуелот со Асвел, но веројатно и некои од следните натпревари на црно-белите. Колку долго Вашингтон ќе паузира? Тешко е да се каже, но за тренерот Жељко Обрадовиќ важно е инфекцијата да не се шири во тимот. Кај ...

Нотингем Форест и Ливерпул освоија по бод, откаково дерби мечот од 21. коло одиграа 1.1. Серија од шест последовни победи „Шумарите“ ја прекинаа против лидерот на табелата, иако ремито е добар резултат за нив. Нотингем Форест со 41 бод се наоѓа на второто место на табелата, Ливерпул е лидер со 47 и натпревар помалку, Арсенал со натпревар помалку е трет со 40 бодови. Нотингем Форест водеа од осмата минута, кога Крис Вуд го искористи додавањето на ...

Соработката на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј е во центарот на вниманието на светската и тениската јавност. Некогаш големите ривали барем засега функционираат добро и на теренот и надвор од него, што е видливо во нивната комуникација. Енди Мареј даде интересен одговор на прашањето зошто ја прифатил поканата на Ѓоковиќ да биде негов тренер. „Дојдов затоа што сакав да избегам од моите деца, во Новак добив едно големо дете“, се насмеа Мари, а потоа ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа победа на гости кај Далас од 112:101, иако домашните Маверикс имаа 19 поени предност на неполни 17 минути до крајот на натпреварот. Ослабениот Далас, кој остана без своите две ѕвезди Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, водеше со 86:67 во осмата минута од третата четвртина. Сепак, до крајот на тој период Нагетс ја намалија негативата на 10 поени (89:79), а за неполни три минути игра во последниот дел од натпреварот ...

Голем скандал ја тресе фудбалска Шпанија. Дефанзивецот на Севиља, Кике Салас, е уапсен од надлежните институции, поради освновано сомнение, но и поседување на докази дека нелегално се обложувал. Поточно вршел уплати дека на мечевите на кои што игра неговиот тим ќе има одреден број на санкции односно жолти картони. Истрагата ја спроведува судот во Морон де ла Фронтера, пренесува „Ел Конфиденсијал“. Други две лица кои биле дел од најтесното ...

Манчестер сити испушти предност од два гола кај Брентфорд, Челси во 05.минута се спаси од пораз против Борнмут, а Вест Хем во малото лондонско дерби го победи Фулам со 3:2. Манчестер сити беа блиску до трет последователен триумф, благодарение на головите на Фил Фоден во 66. и 78. минута, но „пчелите“ успеаја да дојдат до бод во судиското надополнување. Домашниот тим намали во 82. минута преку Жоан Виса, а потоа Кристијан Норгард со глава го ...

Аталанта и Јувентус одиграа нерешено (1:1) во дербито во Серија А. Ова беше одлоѓжен натпревар од 19.коло. „Старата дама“ водеше во 54. минута со голот на Пјер Калулу, но тимот од Бергамо дојде до бод во 78. минута преку Матео Ретеги. Јувентус ја продолжи серијата на нерешени резултати, ова е 13.реми за четата на Тијаго Мота во 20.натпревар, односно седми нерешен резултат на последните осум натпревари. Аталанта е на третото место со 43 бода, ...

Фудбалерите на Милан забележаа победа во Комо 2:1 во 19. коло од Серија А. Многу важна победа за Милан, како и за новиот тренер Сержо Консеисао, за кого ова е прв триумф во Серија А. Милан со пресврт, во интервал од само пет минути успеа да дојде до победата во Комо. Домашните поведоа во 60. минута, кога Асан Диао лесно го соби дуелот со Тео Ернандез и го совлада голманот Мајк Мењан. Грешката Ернандез ја исправи во 71. минута, кога постигна ...

Фудбалерите на Кил во својата дебитанска сезона ја забележаа најголемата победа во Бундес лигата. Во 17.коло, Кил со 4:2 ја победи Борусија Дортмунд. По оваа победа Кил стигна до 11 бода, но се уште е во зоната за испаѓање, додека Дортмунд го забележа вториот пораз во новата година и се наоаѓа на осмото место со 25 бода. Дортмунд одигра катастрофално прво полувреме, кое го загуби со 3-0. Најпрво во 27. минута Машино му донесе водство на својот ...

Како што претходно беше најавено, Хвича Кварацхелија потпиша петгодишен договор со Пари Сен Жермен. Грузискиот фудбалер по три сезони го напушти Наполи, ПСЖ за неговиот трансфер издвои околу 70 милиони евра. ПСЖ во текот на летото се обиде да го доведе 23-годишниот крилен напаѓач како замена за Килијан Мбапе, кој замина во Реал Мадрид. Во август планот не успеа, но шест месеци подоцна фудбалерот побара од Наполи да му овозможи трансфер во Париз. ...

Норвешки Виперс Кристијансанд заминува во историјата. Клубот не собра доволно финансии за да продолжи, па претсанува да постои и прогласи банкрот. Тимот одигра натпревар во Лигата на шампионите за време на викендот, што беше последен меч за најдобриот тим на Стариот континент во 2021, 2022 и 2023 година. Заради згаснувањето, ќе бидат избришани сите резултати на овој клуб во шампионатот и во Лигата на шампионите. Виперс Кристијансанд беше ...

Рускиот тенисер Андреј Рубљов го заврши учеството на Австралија опен во првото коло. Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека (112. на АТП листата) го победи Рубљов со 3:0 (7:6(1), 6:3, 7:6(5). Од стартот искусниот Рус и 18-гдишникот од Бразил водеа голема борба. Немаше брејк во првиот сет, а во 13.игра, Фонсека го декласира Рубљов со 7:1 и го освои сетот. Борбата во првиот сет беше изедначена до крајот. Ниту еден од играчите не успеа да го избие сетот, ...

Кристофер Енкунку реши во овој преоден рок да го напушти Челси. Францускиот репрезентативец нема по добро да се сеќаваа на ангажманот во Лондон. Имаше проблеми со повредите, а кога се рехабилитираше од повредите, предност во нападот кај Енцо Мареска има Николас Џексон. Според бројни извори, Французинот ги договорил лични услови и чека дозвола од клубот за да го реализира трансферот во Баерн Минхен. Според медиумите, Баерн сака да го откупи ...

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако со 3:2 во сетови го совлада Тајланѓанецот Кесидит Самреи. Медведев, петторангираниот тенисер во светот, за три часа и осум минути го победи 418. рангиран на АТП листата со 6:2, 4:6, 3:6, 6:1, 6:2. Рускиот тенисер одлично го отвори мечот и првиот сет го доби рутински со 6:2. Сепак, Самреи успеа да направи пресврт. Тајланѓанецот успеа да го добие вториот сет со ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос доживеа пораз во првото коло на Отвореното првенство во Мелбурн, каде беше совладан од Британецот Џејкоб Фернли, а по натпреварот за медиумите изјави дека веројатно никогаш повеќе нема да настапи на овој Грен-Слем. – Искрено, не сум сигурен дали се гледам на уште едно издание во сингл-конкуренција. Едноставно, не сакам да излезам повреден и само да ги предавам мечевите. Навивачите со нетрпение го очекуваа моето ...

Вечерва од 21 часот на „Сити Граунд“ во Нотингем, се игра дербито на 21.коло во Премиер-лигата меѓу Нотингем Форест и Ливепул, меѓу третиот на табелата и првопласираниот. Ретко кој очекуваше дека „Шумарите“ во оваа фаза од тековниот шампионат ќе бидат така горе на табелата и дека така одлично ќе играат. Токму затоа во пресрет на вечерашниот меч, стратегот на “Редси“, Арне Слот и тоа како во суперлативи говореше за утрешниот противник. – Секогаш ...

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, поради повреда ќе отсуствува од терените две до три недели, објавија италијанските медиуми. Чалханоглу се повреди минатата недела во финалето на италијанскиот Суперкуп. Одигра 30 минути против Милан (2:3). Теренот го напушти поради повреда на бутниот мускул. Исто така Чалханоглу има проблем и со мускулот на потколеницата. „Скај спорт Италија“ објави дека турскиот фудбалер се очекува да биде надвор од ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и неговата сопруга Кристина Сера се разделија по 30 години врска, ексклузивно откри „Ел Периодико“. Според информациите на каталонските медиуми, шпанскиот тренер и неговата сопруга одлучиле да се разведат минатиот декември. Истиот извор наведува дека тие се разделиле на пријателски и срдечен начин и дека побарале од најблиското семејство и пријателите да не зборуваат за тоа во медиумите. Дека нивната ...

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото на натпреварот против Манчестер Јунајтед во третото коло од ФА Купот, а британските медиуми објавија дека Бразилецот ги скинал лигаментите. Жесус го започна дуелот против Манчестер јунајтед, кој Арсенал го загуби по изведувањето пенали, а теренот го напушти на носилки во 42.минута. Тренерот Микел Артета истакна дека нема официјална потврда, но дека ситуацијата ...

Се играше 51.минута кога Такефуса Кубо успеа да го матира гостинскиот голман и со тоа да му донесе победа на својот Сосиедад на мечот против Виљареал кој се одигра вечерва во Сан Себастијан во рамките на 19.коло. Еден гол доволно за три бода. Сепак не беше се така лесно за домашниот состав ако се знае дека гостите во неколку наврати опасно се заканија по домашниот гол, но херој на мечот беше домашниот голман Ремиро кој секогаш беше на своето ...

Попладнево започнува 29.Светско првенство во ракомет. Мундијалот, чии домаќини се Хрватска, Данска и Норвешка, во 17.30 часот ќе го отвори натпреварот меѓу Италија и Тунис. Македонија првиот меч на СП ќе го одигра утре во Вараждин против Унгарија. Противници на нашата репрезентација во Д груата ќе бидат и Холандија односно Гвинеја. 32 репрезентации поделени во осум групи учествуваат на Светското првенство кое ќе заврши на 2.февруари. Денеска на ...

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Австралија опен. Во првото коло, со мали проблеми, го победи 107. играч на АТП листата, Американецот Нишеш Басавареди со 3:1 (4:6, 6:3, 6:4, 6:2). Десеткратниот шампион на гренд слемот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ по три часа игра го совлада 19-годишниот Басавареди. Имаше проблеми Ѓоковиќ со мотовираниот противник, кој наметна силно темпо од самиот старт. Еден брејк му беше доволен да го добие првиот сет. Ѓоковиќ ...

Монца на свој терен во рамките на 20.коло во Серија А, вечерва успеа со 2:1 да ја победи Фиорентина. Секако дека ова е изненадувачки резултат ако се знае дека и покрај оваа победа, тимот на Монца се наоѓа на последното место на табелата. Ова е само втор триумф на овој тим и тоа по 11 средби и прва победа на свој терен уште од март 2024 година. Чиуриа во 44.минута донесе водство на Монца, Даниел Малдини во 63.минута зголеми на 2:0. Белтран во ...

Иако и онака беше мала казната, само два меча во “аут“ заради инцидентот со Столе Димитревски, кога Винисус го удри Македонецот, сепак Реал Мадрид се жалеше на одлуката на Дисциплинската комисија на Ла Лига. Но таа жалба денеска Комсијата за жалби ја одби, па Бразилецот и дефитивно нема право да настапи на наредните два меча на “кралевите“ во Ла Лига. Да потсетиме дека пред две недели, на “Местаља“ на мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, Винисиус ...

Легендарниот Фабио Капело му одржа лекција на тренерот на Јувентус, Тиаго Мота со зборовите дека не знае како да го користи напаѓачот Душан Влаховиќ. Капело кој во кариерата ја освои Серија А со Јувентус и Милан, Ла Лига со Реал Мадрид, а Лигата на шампионите со Милан, ги коментираше и лошите резултати на „Старата дама“ во првиот дел од сезоната. Јуве има 14 поени помалку од лидерот Наполи, тимот на Мота 12 пати ремизираше во 19 натпревари. „Не ...

Кристијано Роналдо е блиску до потпишување на повеќемилионско продолжување на договорот со Ал Наср. Според тамошните медиуми, пренесени од „О Жого“, португалскиот ветеран ќе го продолжи договорот со Ал Наср до јули 2026 година. За потписот ќе добие неверојатни 200 милиони евра. Роналдо на 5. февруари ќе наполни 40 години, но тоа не ги спречи богатите газди на клубот да му понудат нестварна сума пари за да остане во Ријад по истекот на неговиот ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
73%
1015
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.22
61%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
1.54
34%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
53%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
75%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61